
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Иницијативата „Збогум Буково“, којашто доби поддршка од 50 невладини организаци и месни заедници коишто гравитираат околу депонијата, не се откажува од барањето за итно затворање на охридската депонија Буково и изградба на регионална депонија, каде што ќе се складира отпадот. Тие досега имаат собрано бројни потписи на петицијата чија цел е гласно да се проговори за проблемите коишто ги тиштат граѓаните поради секодјевното загадување на воздухот ...
Шефот на Кремљ Владимир Путин предизвика огорчување со употребата на нова ракета со среден дострел во Украина. Тој ликува поради тоа и сака да започне со сериско производство на оружјето. „Никој друг во светот нема вакво оружје“, изјави рускиот претседател на состанокот со високи воени претставници и претставници на индустријата за оружје. Одлуката за сериско производство била донесена и таа практично веќе е организирана. Москва ќе продолжи со ...
Подводниот комуникациски кабел Cinia C-Lion 1 што го поврзува Хелсинки, Финска, со околу 1.200 километри оддалечениот Росток, во Германија, на дното на Балтичкото Море, не изгледа многу посебно. Станува збор за кабел со дебелина слична на противпожарно црево, во кој има осум пара високопропустливи стаклени влакна, заштитени со челична обвивка и, секако, е водоотпорен. При неговото поставување во Балтичкото Море, е користен плуг за работа под ...
Вулканската пукнатина Сунднукагигар во близина на Гриндавик, за која се проценува дека е долга три километри, исфрли огнена лава и чад во четвртокот. Евакуирано е блиското рибарско село Гриндавик. Лава се излеала и на паркингот на познатата термална бања Сина лагуна. Како што се гледа на сликите во исландските медиуми, портокалово-црната маса го покрила целиот паркинг за 350 автомобили на најпознатата туристичка атракција во земјата. Зграда во ...
Х.Р. Мекмастер, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, пензиониран генерал-полковник и воен историчар, во интервју за ДВ вели дека се надева оти старо-новиот претседател на САД ќе ја продолжи поддршката за Украина. „Со Трамп е навистина важно да се постави сè во контекст на интересите на САД. (…)Се надевам дека некои од неговите советници ќе му помогнат да разбере дека постојаната поддршка за Украина е од ...
Црвен отпечаток од дланка и порака: „Убијци, рацете ви се крвави“. Тоа е печатот што демонстрантите во Србија веќе три недели го оставаат на улиците и пред институциите. Бараат одговорност за 15 загинати и двајца тешко повредени во несреќата што се случи при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Помеѓу обврските на универзитетот и стручната пракса, студентката Мила Пајиќ неуморно работи со своите колеги на смислување нови ...
Од корупцијата е погодена секоја земја, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Успехот во борбата за нејзино искоренување зависи од соработката меѓу институциите. Ова е пораката којашто ја испратија претставници на Јавното обвинителство, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата коишто учествуваа на тркалезната маса „Соработка на институциите при борбата со корупцијата“, во организација на Амбасадата на САД, ...
Новата руска ракета може да биде опремена и со нуклеарни боеви глави, изјави шефот на Кремљ, Владимир Путин во телевизиски говор. Употребата на оружјето може да се сфати како закана за западните земји кои ја снабдуваат Украина со ракети со поголем дострел и ѝ дозволуваат да го користи ова оружје на руска територија. За каква ракета станува збор? Киев првично ја обвини Москва дека за првпат во историјата испукала интерконтинентална ракета во ...
Министерот за одбрана Борис Писториус нема да биде кандидат на СПД за канцелар. Ова му го соопшти на раководството на партијата и пратеничката група во четвртокот вечерта, а тоа го кажа и во видео објавено на Инстаграм. По контроверзната јавна дебата, отворен е патот за повторна кандидатура на канцеларот Олаф Шолц. Граѓаните го сакаат Писториус Меѓутоа, ако се прашаат граѓаните на Германија, Борис Писториус би бил најсоодветен кандидат на СПД за ...
Автобусите на ЈСП од изутринава се вратија на скопските улици, откако им беше доставена нафта од државните резерви. Со тоа се надмина проблемот со недостиг на гориво, кој доведе до редуциран јавен превоз и хаос во сообраќајот во изминатите два дена. Директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски во изјава за МИА вели дека автобускиот сообраќај во Скопје е нормализиран, иако не се испорачани целосно потребните количини на нафта. „Сите линии ...
Денот на албанската азбука, 22 ноември, годинава се одржува во екот на жестоки полемики и дебати меѓу албанскиот политички блок во земјата, во коишто се вклучи и косовскиот државен врв. Владата организираше Свечена академија по повод Денот на албанската азбука, на која го потенцираше значењето на Конгресот во Битола, одржан во 1908 година. Демократската унија за интеграција, пак, Денот на албанската азбука го прослави со дебата за службениот ...
ДУИ и Исламската верска заедница (ИВЗ) се огласија со реакции изразувајќи ја нивната „длабока загриженост' откако Националната установа Завод и Музеј Битола синоќа во градот на конзулите го отвори Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Јени џамијата, под која беа откриени и темели на црквата „Св. Ѓорѓи“. Тоа е и еден од проектите со кои НУ Завод и Музеј Битола го одбележува својот јубилеј - 90 години од формирањето. ...
Македонската Влада се вклучува во решавање на проблемот сојавниот превоз во Скопје.На вонредна седница донесена е одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. На тој начин се овозможува да му се позајмат на Градот Скопје дел од нафтените ...
Илјадитиот ден од војната во Украина ни презентира еден Запад и свет уморни од војната. Секако уморни се и Украинците, нивните војници и нивното раководство кое знае дека без Вашингтон никогаш не може да стигне до победа. По илјада дена војна Западот и светот се повторно заплашени од нуклеарните закани на Путин, се почесто слушаме за „мир“ и преговори кои треба да отидат на штета на Украинците и на целата Европа. По илјада дена повторно гледаме ...
Во зоолошката градина во Софија, на повредениот бел штрк му е дадена втора шанса да преживее благодарение на 3Д отпечатениот протетски клун. Во Бугарија белите штркови се сметаат за симбол на среќа и на нови почетоци - нивната заштита има традиција. Но, губењето на живеалиштата, далноводите и несреќите го загрозуваат нивното постоење. Благодарение на невладината организација Зелен Балкан и модерната технологија, овој штрк повторно може ...
Доналд Трамп, победникот на претседателските избори во САД, сѐ уште нема претставено официјален план за запирање на руската војна против Украина. За време на предизборната кампања, уверуваше дека може да ја заврши војната „во рок од 24 часа“. Според наводите во медиумите, во моментов во рамки на неговиот тим се водат дискусии околу ова прашање. Како што неодамна објави Вол Стрит Џурнал повикувајќи се на три извори блиски до Трамп, еден од ...
На 21-ви ноември Скопје се разбуди без јавен градски превоз, чиј колапс се случи вчера. Во училиштата се пребројуваат - кој дошол, кој не дошол, како што беше и во вчерашната попладневна смена. Поради недостиг на гориво, вчера во сообраќај беа само 25 автобуси, а останатите останаа паркирани во автобазите на ЈСП во Автокоманда и Ѓорче Петров. Граѓани уште од синоќа се саморганизираа во групи со заедничко користење приватен превоз за да стигнат ...
Рускиот претседател Владимир Путин ја потпиша ажурираната нуклеарна доктрина, со која се проширува списокот на услови под кои е дозволен нуклеарен напад од страна на Русија. Во новата верзија се наведува дека Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје и како резултат на агресија од страна на држава која не располага со нуклеарно оружје, но ја ужива поддршката на нуклеарна сила. Таков - дури и конвенционален – напад ќе се смета за ...
Со зајакнати контроли и забрани, Владата ќе се бори против енормното загадување во Северна Македонија. Со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните и намалување на емисиите на загадувачки супстанции при алармантно загадување на воздухот, усвоен е Акциски план со краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции. Исто така донесена е наредба за воведување на десет мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции ...
Се работи за незаборавни средби за време на нејзиниот мандат. За Папата, за Трамп, за поранешниот канцелар Шредер – но, и за нејзината политика кон Русија. Поранешната канцеларка Ангела Меркел ги напиша своите мемоари. Неделникот „Ди Цајт“ сега објави извадоци од книгата со наслов „Слобода“. Изгледа најактуелна референца е описот на Меркел како за време на нејзиниот мандат се обидела да ја закочи желбата на Украина за брзо членство во НАТО, ...
Третиот меѓународен саем на вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што ќе се одржи од 22-ри до 24-ти ноември во Белград, повторно го отвори прашањето за одржливоста на таа инцијатива. Во неа од почетокот до денес учествуваат само три земји од регионот Западен Балкан - Србија, Албанија и Северна Македонија. Иако претставници на Црна Гора на некои средби присуствуваа како гости, сепак таа земја, БиХ и Косово не се приклучија на ...
Оние кои очекуваа средба на лидери, на крај требаа да се задоволат со фото-сесија на два политичари со обемна размена на „драг мој, драг твој” тупкања по рамо и тапкање во место. И она малку кое се очекуваше од посетата на Христијан Мицкоски на Албин Курти, на крај се сведе на облак кој личеше на чад без искра, но мирисаше на грав. Оттаму, гледано отстрана и согледано низ конкретностите а не изјавите, средбата не ги исполни намерите на двата ...
На најпознатата московска улица Стар Арбат со месеци се истакнуваат плакати со кои се величи „специјалната операција“ - „војна“ сѐ уште е забранет термин. Целата низа ја величи „непобедливоста“ на руското оружје: на плакат со хеликоптер пишува „Тој ќе те најде. Тој е зол. Тој е наш грабливец“, под сликата на тенк пишува „Дали го слушаш? Бучавата на неизбежната одмазда?" Има и постер на група руски војници стилизирани како икони, дури и со аура ...
Црниот дроб работи деноноќно: како метаболичка централа, фабрика за протеини и орган за детоксикација. Тој е доста моќен и робустен. Она што ретко кој си помислува е дека додатоците во исхраната може да му наштетат. Опасно, затоа што црниот дроб не произведува болка. Националното истражување за здравјето и исхраната (НХАНЕС) во САД ги испитуваше ефектите на шест растителни екстракти во додатоците во исхраната врз црниот дроб. Во САД, околу едно ...
Се поголем број млади во Северна Македонија се „зависници“ од игри на среќа. Дури 71% од 214 учесници во онлајн истражување на Здружението ХОПС - Опции за здрав живот - Скопје, се изјасниле дека играле игри на среќа, а 17,8% од нив рекле дека се зависни од играње. Дури 50% од испитаниците од фокус групата играат игри на среќа секој ден. „Ова укажува на голема веројатност дека значаен процент од младите во Северна Македонија веќе стекнале ...
Според најновата статистика, 45 отсто од македонската популација посегнува по тутун, со што земјата е лидер во консумирање цигари на Балканот. „Тоа е многу висок коефициент на луѓе кои консумираат тутун“, вели директорот на Клиниката за пулмологија, Оливер Зафировски. Тој советува да се остават цигарите, посебноелектронските цигари. „Моментално има голем маркетинг дека не се штетни, напротив, последните испитувања укажуваат дека се многу ...
Црниот дроб работи деноноќно: како метаболичка централа, фабрика за протеини и орган за детоксикација. Тој е доста моќен и робустен. Она што ретко кој си помислува е дека додатоците во исхраната може да му наштетат. Опасно, затоа што црниот дроб не произведува болка. Националното истражување за здравјето и исхраната (НХАНЕС) во САД ги испитуваше ефектите на шест растителни екстракти во додатоците во исхраната врз црниот дроб. Во САД, околу едно ...
Владата ја поддржала кандидатурата на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО и најавува соработка во интерес на македонската армија и безбедноста на македонските граѓани. Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Скопје рече дека за нив националното единство и интереси се над партиските. „Немавме никаква дилема дека треба да ја поддржиме Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Затоа што често ...
Сите службени возила ќе бидат обележани со специјални регистарски таблици во боја за да се избегне нивната злоупотреба. Ќе се воведат и телефонски линии на кои граѓаните ќе може да пријават злоупотреба на автомобилите, по кои потоа ќе се постапува. Ова го најави директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски. „Одлучивме да воведеме специјални таблици во боја, а регистарот паралелно да го работиме во текот на годината. ...
Украина со месеци бараше зелено светло од САД и другите партнери за употреба на ракети ATAЦМС (Армиски тактички ракетен систем) со дострел од 300 километри против цели во внатрешноста на Руската Федерација. Барањето е дел и од победничкиот план што украинскиот претседател Володимир Зеленски во октомври го претстави во САД и други земји. Сепак, граѓаните и украинското раководство сѐ уште внимателно реагираат на веста за укинување на ...