Со осум партии кои влегоа во бугарското Собрание по парламентарните избори минатиот викенд -втори по ред годинава, и седми во период од три години - повторно е неизвесно дали ќе се формира влада во Софија. Парламентарната математика покажува дека ќе биде нужна трипартитна коалиција за да се обезбеди мнозинство, но партиите кои го имаат најголемиот потенцијал за тоа имаат и свои услови и црвени линии, а тоа се истите услови поради кои ни по ...

Деновиве сѐ повеќе се зборува за некаков пробив во односите помеѓу Македонија и Бугарија, односно можно откочување на европските интеграции на земјата, преку наводно креативно решение за уставните измени. Овој вид „оптимизам за појадок“ е послужен во вид на апстрактна, неодредена мантра, без конкретни идеи и чекори, но со безброј услови: стабилна влада во Бугарија, компромис од ЕУ, измени на постојните услови за продолжување на преговорите, и ...

Обврската за уставни измени останува како една од главните пречки за патот на Северна Македонија кон Европската Унија. Но, премиерот Христијан Мицкоски нема да брза - ќе чека да се формира стабилна Владата во Бугарија со цел да се добие јасен сигнал како ќе се движат работите понатаму. Доставување на предлог уставни измени до Собранието пред да биде формирана влада во Бугарија, според премиерот, би било „наивно“. „Таков унилатерален потег би ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на почетокот на неделава отпатува во Тбилиси за да ѝ ја честита изборната победа на владејачката партија „Грузиски сон“, која е сојузник на Русија, додека пак десетици илјади луѓе во градот излегоа на протести, заради нефер избори, како што опозицијата ги оквалификува во текот на викендот. Во извештајот објавен во неделата од Организацијата за безбедност и соработка во Европа, се наведува широко распространета ...

Поранешната германска амбасадорка во Скопје и заменик-амбасадорка во Софија, Гудрун Штајнакер во интервју за бугарската редакција на ДВ зборува за кризата во односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија. На прашањето дали изборните резултати во Бугарија некако можат да помогнат за излез од оваа криза, Штајнакер одговара: „Поверојатно не. Се разбира, никогаш не треба да кажеме никогаш. Но, во Скопје на власт е повторно партијата која ги доведе ...

Случајот со новиот шеф на тајната служба, Бојан Христовски и дилемите како се стекнал со сертификати, добива пошироки размери. Откако Антикорупциската комисија почна да врши детални проверки на спорната документација, околу расветлувањето на случајот се вклучува и Обвинителството, по допрен глас во јавноста. По информациите дека две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ-сертификат издаден од ...

30/10/2024 09:16 - Deutsche Welle

Творец на ликот Ла Катрина е непознатиот уметник Хозе Гадалупе Посада, го создал пред 100 години. Овој лик станал популарен по Втората светска војна, прво во САД, благодарение на муралите на најпознатиот мексикански уметник Дијего Ривера. Инаку, според верувањето во Мексико, мртвите ноќта меѓу 1 и 2 ноември доаѓаат во посета и слават повторно видување со живите. Затоа се украсуваат не само гробиштата, туку и луѓето. Обичајот од 2008 година е дел ...

Во парламентот вчера (29.10.) се случи чудо. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја одржаа првата вежба за консензус. Заеднички ја донесоа Националната развојна стратегија (НРС) за периодот 2024 - 2044 година. По подолго време ова е прво синхронизирано позитивно гласање на двете завојувани партии кои го поделија и раскараа општеството во Северна Македонија. Тоа не е ни налик на стратегијата што ја најави шефот на Владата Христијан Мицкоски, која треба да се ...

Односите меѓу Германија и САД не беа најдобри за време на претседателствувањето на Доналд Трамп. Кога Џо Бајден ја презеде функцијата во 2021 година, двете земји се обидоа да ги обноват односите, потпирајќи се на нивните историски врски, заеднички безбедносни интереси и вредности. Но, не беше лесно. САД отсекогаш биле многу критични кон проектот за гасоводот Северен тек 2, кој требаше да носи природен гас директно од Русија во Германија. Тоа ...

Околу 60 компании со фиктивни или „фантомски“ проекти кои никогаш не се реализирале испумпувале пари од државата за иновации и развојни проекти. Тие, според новото раководство, го оштетиле буџетот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 192.888.642 денари или околу три милиони евра, добивајќи грантови за поддршка на овие проекти. До вакви сознанија е дојдено по внатрешната ревизија во ФИТР. В.д. директорот Никола Додов на ...

Младите во Црна Гора, Северна Македонија и во Хрватска тешко се одлучуваат да го напуштат родителскиот дом. Статистичките податоци покажуваат дека младите во Црна Гора во просек на 33 години, а во Северна Македонија на 32 години сè уште живеат со „мама и со тато“. Анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат, укажува дека младите на Балканот најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители. За ...

Според Работничкиот совет во Фолксваген, загрозени се три фабрики на концернот, како и десетици илјади работни места во Германија. Оваа порака шокираше голем дел од германската јавност. Сепак, експертите од индустријата не се изненадени од најавите. „Ова се најавува со месеци“, вели за tagesschau.de Хелена Визберт, директорка на ЦАР - Центарот за автомобилски истражувања во Дуизбург. Јасен знак за рано предупредување: во септември, компанијата ...

Економските последици од случувањата во Германија би можеле да се почувствуваат идната година во Северна Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е можно во вториот квартал на 2025 година да има негативни ефекти, не само врз земјата, туку иво Европа и светот. Затоа целта на Владата е да даде поттик на економијата преку инвестиции, реализација на капитални инвестиции и вложувања од страна на компаниите во сопствени основни средства за ...

Владата неодамна најави три нови летови од скопскиот аеродром со компанијата „Визер“, а со стапување на сила на зимскиот распоред, оваа унгарската нискобуџетна авио-компанија укинува три авиолинии од Скопскиот аеродром, и тоа за Келн, Копенхаген и Стокхолм. „Визер“ се повлекува од Келн поради високите цени за услуги и давачки што ги воведе аеродромот Келн-Бон. За да се надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ги зголеми ...

Од хронично недоволно финансирање до обвинувања од страна на израелските власти дека го продолжува раселувањето на Палестинците, Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) со децении се соочува со закани по нејзиното постоење. Израелскиот парламент - Кнесетот вчера усвои два закони за спречување на УНРВА да дејствува на израелска територија, со тврдење за вмешаност на персоналот на агенцијата во терористичките ...

29/10/2024 08:29 - Deutsche Welle

Модната креација на оваа фотографија е дело на дизајнерката Ангела Руиз, претставена на модната ревија BioFashion во Колумбија. Станува збор за еколошка иницијатива која за цел има развивање на свеста за зачувување на природните ресурси и управување со нив и каде нови дизајнери креираат облека направена од живи растенија, цвеќе и органски елементи. А ако некој од моделите е гладен – нешто од она што го носат може и да се јаде, без готвење. ...

Општо е познато во сиот свет, па и во најразвиените демократии дека во мирно време најмногу се лаже пред избори. Тоа веќе одамна не се смета ни за голем грев. Ветувањата во предизборните кампањи и пропаганди колку и да се неверојатни, граѓаните сакаат да ги слушнат. Многумина веруваат во тоа, а не мал број луѓе кои не веруваат, сепак, ги сметаат како дозволена политичка и партиска тактика за освојување на власта. По изборите, и остварената цел ...

Долго време, САД се сметаа за пример за демократија - другите нации можеа да угледаат на нив кога ги градат сопствените демократии по станувањето независни, или по ослободувањето од авторитарни режими. Политичари од Џон Ф. Кенеди до Барак Обама САД ги нарекуваа светилник кој ги привлекува погледите од целиот свет. И на 6 јануари 2021 година, очите на светот беа вперени кон САД. Дента толпа десничарски екстремисти, поттикнати од тогашниот ...

Опозицискиот СДСМ го повикува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да поднесе кривична пријава против Бојан Христовски директор за Агенцијата за национална безбедноста (АНБ), за кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик. Исто така партијата очекува од Јавното обвинителство да спроведе транспарентна истрага која „точно и непристрасно ќе утврди одговорност за скандалот“. ...

Кога во Волфсбург ќе пристигнете со воз, прво ќе видите четири огромни оџаци од тули над фабриката на Фолксваген (ФВ). На зградата има голем сино-бел знак на ФВ. Тука е една од најголемите фабрики за автомобили во светот. Волфсбург е изграден плански, во првата половина на дваесеттиот век, на чиста ливада во близина на градот Фалерслебен. Денес Фалерслебен е дел од Волфсбург. Нацистите на 1 јули 1938 година новооснованиот град го нарекоа „Град ...

По израелските воздушни напади врз ирански цели во раните утрински часови од изминатата сабота, многу луѓе во Иран својата фрустрираност ја искажаа во објави на социјалните мрежи. Но, тие се обидуваат и подобро да ја разберат ситуацијата. Израел в зори бомбардираше воени цели во Иран како одмазда за иранското гранатирање на Израел претходно месецов. Иран се соочува со сериозни економски проблеми. Според информации на информативната платформа ...

Договорот со компанијата„Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите станува приоритет и за Владата на Христијан Мицкоски. Владина делегација денеска го најави започнувањето на изградба на автопатот Гостивар - Букојчани, со што, според нив, по 50 години се гради нов модерен автопат на Коридор 8. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, при увид во градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најави дека од Скопје до ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во понеделникот потврди дека севернокорејските трупи кои беа испратени во Русија се стационирани во регионот на Курск. „Продлабочената воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана за Индо-Пацифичката и за Евро-Атлантската безбедност“, изјави Руте откако претставници на НАТО добија брифинг од делегација од Јужна Кореја. Украинските трупи упаднаа во регионот Курск во август годинава, и се уште ја ...

Вкупно 327 бугарски државјани на пет локации во Северна Македонија гласале на седмите последователни предвремени парламентарни избори во Бугарија, што е најмала излезност во споредба со оние што гласале на изборите во последните три години. Бугарските медиуми оценуваат дека гласањето поминало мирно, но со многу мал одзив на гласачите. До крајот на изборниот ден, 158 лица гласале во бугарската амбасада во Скопје, 40 во конзулатот во Битола, 40 на ...

Старосната граница за пензионирање во Северна Македонија нема да ги следи европските трендови и засега останува иста. И покрај тоа што финансиските институции како ММФ и Светската банка во повеќе наврати препорачуваа да се разгледа опцијата да се зголеми старосната граница за пензионирање, со цел да се обезбеди одржливост на пензискиот систем, ова прашање досега не било ставено на маса на новиот владин состав. Од Владата за ДВ велат дека не се ...

Бугарија повторно ќе има парламент за кој гласаше малцинството избирачи - под 38%, со уште поголема фрагментација на политичкиот систем и зајакнување на популистичкиот глас. Девет политички сили ќе имаат застапеност во 51. Народно собрание - ГЕРБ-СДС (26,15%), ПП-ДБ (15,14%), „Преродба" (13,7%), ДПС-Нов почеток (10,36%), БСП-Обединета левица (7,68%), Алијанса за права и слободи (7,02%), „Има таков народ“ (6,97%), MEЧ (4,65%) и „Величие“ (4,08%). ...

Одговорот на Израел на иранскиот напад на 1 октомври се чекаше со недели. Режимот во Техеран тогаш истрела околу 200 балистички проектили врз Тел Авив и други градови. Денеска, во раните утрински часови на Шабат, следуваше реакција: Израелската армија соопшти дека со борбени авиони нападнала околу 20 воени цели во Иран. Операцијата траеше четири часа, објасни армискиот портпарол Даниел Хагари, а нападите беа извршени во три бранови непосредно ...

Володимир Зеленски отпатува во САД со „план за победа“, но во Вашингтон не ја доби очекуваната поефикасна воена поддршка од Западот. Според желбите на украинското раководство, оваа поддршка требаше да биде договорена на самитот на Украина и земјите од НАТО на 12 октомври во Рамштајн, американската воена база во Германија. Украина со месеци врши притисок врз своите западни партнери да ги укинат ограничувањата за употреба на западно оружје на ...

Долгонајавуваниот израелски контранапад врз Иран се случи ноќта меѓу петокот кон саботата. Израелската војска објави дека биле извршени „прецизни напади“ врз воени цели во Иран. „Како одговор на повеќемесечните континуирани напади на режимот во Иран против Израел, токму сега израелските одбранбени сили изведуваат прецизни напади врз воени цели во Иран. Режимот во Иран и неговите застапници во регионот немилосрдно го напаѓаат Израел од 7 октомври ...

Еве две изјави од оваа недела кои за некого се политичка гимнастика, за друг политички опортунизам, за трет јавна измама, за четврт најава за нешто што би можело да се случи, за петти внимателна стратегија, за шести празни зборови... Протолкувајте сами. Првата е од премиерот Христијан Мицкоски кажана во говорот по повод одбележувањето на празникот 23 Октомври: „Времето не работи за нас. Секој кој ќе ви каже така ве лаже. Како што поминува ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
55%
1022
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
67%
1022
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1022
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.8
56%
1021
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
79%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.63
48%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
27%
1020
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
57%
1020
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 14ᴼ
0.89
49%
1021
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
60%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62