
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Не стивнуваат реакциите за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност. За случајот се заинтересира и Државната комисија за спречување корупција, до којашто пристигнала анонимна претставка со наводи дека Христовски е незаконски именуван на позицијата. Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска за ДВ вели дека веќе се постапува по овој случај. „Предметот е прераспределен кај член на ...
Во Клиниката за радиотерапија, три линеарни акцелератори активно обезбедуваат услуги за 180 до 200 пациенти дневно, додека два дополнителни акцелератори остануваат неупотребувани. Едниот од нив веќе осум години се чува во царинско складиште и за него годишно се плаќа голема сума на пари. Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година, препорачуваат да се изнајде соодветно ...
Официјалното мото е малку преопшто: Зајакнување на различноста за правичен глобален развој и безбедност. Од денеска (22.10) во светот ќе се испраќаат позитивни пораки - на терен работат околу 2.000 новинари. Дури и претседателот Владимир Путин ја ублажи својата вообичаена антизападна реторика: „Она што ја разликува БРИКС од многу други меѓународни организации: БРИКС никогаш не била насочена против никого. Индискиот премиер Моди неодамна кажа ...
Прочуениот квалитетен компир од Вејце се вари за 15 минути и е исклучително вкусен. Медиумските дезинформации тешко се варат, но лесно се пласираат - без факти и професионална одговорност. Ова го покажа односот на одредени медиуми кон фолклорниот дел од манифестацијата „Денови на тетовскиот грав“ и на „Компирот од Вејце“, што вчера ја организираше Задругата за традиционално сточарство „Шарри“ од Тетово. Во атарот на село Вејце, Тетовско, на ...
На прв поглед, понудата звучи речиси безопасно: секој што ќе се регистрира може да добие награда. Овој концепт е особено распространет во онлајн маркетингот, често комбиниран со регистрација за „њуслетер“. Но, конкретната понуда на милијардерот Илон Маск е проблематична. Што прави Маск и каде е проблемот во тоа? Наградата е примамливо висока - најбогатиот човек на светот сака да подарува по милион американски долари секој ден до денот на ...
Долго исправената кичма што не се витка предизвикува голема болка. Човек не може да се наведне. А, и кога ќе се наведне едвај може да се подисправи, лесно се паѓа на колена. Неопходна е физикална терапија, вежбање под надзор на физиотерапевт со често наведнување, исправање и масажи, а помага и пливање. Добро е што челниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните партнери во владата ВРЕДИ и ЗНАМ почнаа да вежбаат склекови и да пливаат, па час се исправени, час ...
Про-европската претседателка на Молдавија, Маја Санду во понеделникот го поздрави исходот на референдумот оценувајќи дека нејзината опција „победила праведно во неправедна битка“, нагласувајќи го руското мешање како клучен фактор за тесниот исход. Надежите во Брисел за убедливо мнозинство во корист на ЕУ на референдумот паднаа во вода, и покрај најавената економска помош за Молдавија од 1,8 милијарди евра. Молдавија, која географски се наоѓа ...
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) предлага измени и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предвидува покачување на минималната плата на 27.700 денари. Според пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче, со ваквото покачување не само што ќе се обезбеди финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијае на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата. ...
Според резултатите од пописот што го спроведе црногорската Управа за статистика (МОНСТАТ) во декември минатата година, во Црна Гора мнозинството се Црногорци со удел од 41,12 отсто (256.436 граѓани), Срби со 32,93 отсто (205.370), а Бошњаци со 9,45 отсто (58.956) од населението. Најмногу граѓани зборуваат српски јазик - 43,18 отсто (269.307), а црногорски со 34,52 отсто (215.299) е на второ место. Ова е прв попис на населението по смената на ...
Скопската зоолошка градина останува под клуч во наредните 20-тина дена, откако беше откриен случај на птичји грип кај угината птица. По првичните мерки за заштита преземени од Агенцијата за храна и ветеринарство, се прават тестови и на птиците и на вработенте коишто имале контакт со нив. Од четворица од вработените, според најавите на ИЈЗ, ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на ...
Во поранешната советска Република Молдавија проевропската претседателка Маја Санду се жали на напад врз изборите без преседан од страна на антидемократски сили. Криминалните групи заедно со една странска сила според неа се обиделе да ја дестабилизираат ситуацијата во Молдавија. Раководството на оваа сиромашна аграрна држава се стреми кон членство во ЕУ и во Русија гледа најголема закана за стабилноста на републиката. На референдумот кој беше ...
Да пишам, да не пишам? Да пишам, да не пишам? Да пишам, да не пишам? Вакви дилеми изгледа го мачат македонскиот премиер откако се врати од самитот на Берлинскиот процес во Берлин. Пред да отиде на лидерската средба беше сигурен дека ќе напише писмо до европските лидери за да им ја објасни позицијата на новата влада за одблокирање на европскиот пат и како да се избегне условот за уставните промени. Му требала само уште една мала навигација која ...
Облачен ден, но околу Ајфеловата кула во Париз врие од туристи, улични продавачи и ситни измамници. Пред тој метеж, активистки лежат на плоштадот Трокадеро во знак на протест против фемицид, односно убиства на жени, што најчесто се случува при семејно насилство. Минатата година во светот биле убиени речиси 89.000 девојчиња и жени, рекорд во последните 20 години, како што произлегува од податоците на ОН. Црната бројка сигурно е многу повисока. ...
„Испораката на голем број стоки за нас е ограничена, така што можеби треба да размислуваме и за одредени ограничувања, на пример кај ураниумот, титаниумот и никелот“, рече рускиот претседател Владимир Путин во септември. Тој и наложи на Владата да ги разгледа можните ограничувања за извозот. Во 2022 година, Кремљ се обиде да ја притисне Европа со испораки на гас. Целта беше да се поткопа помошта на Западот за Украина, која се брани од руската ...
Затегнати и оптоварени или полни со доверба и солидни? 100 години по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Германија и Турција, речиси е невозможно односите меѓу двете земји да се доведат до една дефиниција. Ако го прашате политикологот Јенс Бастијан од Центарот за применети турски студии CATS, тој зборува за „бројните нијанси“ кои ја обликуваат сликата. „Тоа не може да се опише само на ниво на владините елити во Анкара и Берлин. ...
Со децении, Република Молдавија беше малку забележана земја на југоисточната периферија на Европа: мала и сиромашна, управувана од корумпирани елити и растргната од конфликт со проруските сепаратисти. Таканаречениот Придњестровски конфликт започна во 1992 година. Тоа беше прва војна на Русија против поранешна советска република која сакаше да се ослободи од челичната прегратка на империјата. Војната на Русија против Украина од 24 февруари 2022 ...
ДВ: Во јули 2024 година, за време на самитот на НАТО во Вашингтон, фотографијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони стана вирална. Таа шокирано гледа во унгарскиот премиер со очигледна одвратност. Колку оваа фотографија е симболична за имиџот на Орбан во Европа? Андраш Хетеј: Тоа е апсолутно симболично. Унгарија е целосно изолирана во рамките на сопствените сојузнички системи, и во НАТО и во Европската Унија. Ова важи без оглед што Орбан ...
Израел соопшти дека во напад со дрон е погодена резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој не се наоѓал во објектот во моментот на нападот и нема други повредени лица, изјави портпарол на израелската влада. Резиденцијата се наоѓа во градот Кесарија, на северот од Израел. Претходно, израелската армија соопшти дека дрон, кој бил лансиран од Либан, погодил објект, а други два дрона биле пресретнати на израелска територија. Во септември ...
Италијанската десничарска влада на Џорџа Мелони доживеа голем пораз во врска со првата група мигранти во кампови надвор од Европската унија. Судот во Рим нареди враќање во Италија на дванаесет мажи од Египет и Бангладеш, кои од средата (16.10) се сместени во камп во Албанија. Италија и била нивна вистинска дестинација кога побегнале од Либија со брод преку Медитеранот. Судот го прогласи за недозволиво сместувањето на дванаесетте мигранти надвор ...
Немаме никаков проблем со тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но, очекуваме гаранции дека веднаш потоа нема да има следен услов, порача од Берлин претседателот на македонското Собрание Африм Гаши. Во разговор за ДВ, Гаши вели дека во владата нема дилема дека треба да се продолжи европскиот пат на земјата што побрзо. Откако Албанија изминатата недела и формално ги започна преговорите за членство во ЕУ, Гаши вели дека и официјално Скопје сака ...
Електрична енергија вчевечер повторно имаа делови од Хавана и некои од најголемите болници во главниот град, но големото мнозинство од жителите на Куба сѐ уште беше во темница. До колапс во снабдувањето со струја дојде по дефект на најважната термоцентрала во земјата. Куба добива струја од осум стари термоцентрали, кои понекогаш се во дефект, како и седум пловечки електрани. Кубанските власти поради проблеми со снабдувањето со струја уште пред ...
Постојаните војни, сè подраматичното влијание на климатските промени и растечката политичка поларизација се само дел од грижите што ги мачат младите луѓе во Германија, покажува најново истражување. Со наслов „Прагматизам помеѓу разочарувањето и прифаќањето на различноста“, студијата за млади на Шел од 2024 година анкетираше 2.509 адолесценти на возраст меѓу 12 и 25 години. Темите беа политика, општество и животна средина. Авторите на студијата, ...
„Би сакалa да ги повикам моите колеги од Република Северна Македонија да ги читаат со поголемо разбирање европските вредности, бидејќи тогаш, кога ќе започнат вистинските преговори за пристапување во ЕУ, има едно основно, прво поглавје, а тоа се нарекува 'Основни права'. Тие основни права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една држава, која смета дека не се почитуваат човековите права, особено тие на претставниците на ...
Владата тактизира со писмото коешто го најави дека ќе се испрати до ЕУ со предлози како да се одблокира процесот на евроинтеграциите. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека уште се прават анализи и дека избрзани чекори би можеле да бидат лош потег. Тој замоли за малку трпение, за да „можеме со ладна глава да отспиеме и да донесеме вистинска одлука“. „Сѐ е во оптек. Патувам викендов во Австрија, ќе бидам дел од еден настан во Салцбург, потоа ќе ...
Европскиот совет успеа да се подели уште пред почетокот на Самитот во Брисел, каде клучна беше дебатата за политиката за азил и миграција. Поделбата конкретно беше предизвикана од контроверзниот договор помеѓу Италија и Албанија за аутсорсинг на сместувањето на барателите на азил во земја која не е членка на ЕУ, или поточно од фактот што Италија деновиве го отвори својот екстратериторијален камп за процедури за азил во Албанија. Нервозата и ...
Шефовите на држави и влади одржаа „стратешка дебата“ за миграциската политика. Така се вели во завршната декларација на самитот во Брисел објавена вечерта. Дебатата за заострување на политиките за азил и депортација траеше многу часови, а ништо конкретно не беше решено. „Европскиот совет повторно ќе го разгледа прашањето“, е последната реченица во декларацијата за миграција. Темата всушност треба итно да се реши, изјави сојузниот канцелар на ...
Северна Македонија и Бугарија вчера ја потврдија својата посветеност за продолжување на изградбата на железничкиот Коридор 8, соопшти Генералниот директорат на Европската комисија за соседски прашања и преговори за проширување. Иако исходот од средбата беше оценет како „одличен“, според соопштението на македонското Министерство за транспорт по состанокот, проблем останува трасата во тунелот и високата цена на проектот. Вчерашната средба со ...
Големи количества дожд предизвикаа поплави, евакуации и затворени автопати и железнички линии во делови од Франција. Во Париз, маж загина од паѓање на дрво, а повредени се две деца на возраст од 3 и 5 години, јавуваат француските медиуми. Метеоролошката служба Метео Франс издаде највисоко ниво на предупредување - црвено - за шест департмани во јужниот дел на земјата, а портокалово ниво на предупредување е издадено за 34 департмани. Во регионот ...
На американскиот претседател Џо Бајден му преостануваат само уште неколку месеци на функцијата, па дојдено е времето за проштална турнеја. Откако мораше да ја одложи посетата поради ураганот „Милтон", Бајден во Германија ќе престојува денеска (петок, 18.10.). По Џорџ В. Буш, Бајден ќе биде првиот претседател кому сојузниот претседател на Германија, во случајов Франк-Валтер Штајнмаjер, ќе му го додели Големиот крст на сојузниот орден за заслуги. ...
„Кога го гледам 'планот за победа' на Украина, гледам пред се тоа што ние, Западот, не го решивме во последните неколку месеци или дури и години“, рече претседателот на Литванија, Гитанас Наузеда на почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел. Украинскиот претседател Зеленски имаше еден час пред 27-те шефови на држави и влади на ЕУ, за да го промовира својот „план за победа" во борбата против рускиот агресор. Зеленски ги повтори петте точки кои вчера ...