
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Владејачката коалиција во Германија составена од СПД, ФДП и Зелените е во криза. Сите три партии во коалицијата предлагаат различни мерки за зајакнување на германската економија - независно една од друга и без меѓусебен договор. Иако до следните редовни избори за Бундестагот остануваат само единаесет месеци (28 септември 2025 година), канцеларот Олаф Шолц, министерот за економија Роберт Хабек, министерот за финансии Кристијан Линднер, како и ...
Според информации на „Политика“, 45-годишниот Васко Саздовски работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Директорот на „Биосенс“, Владимир Црнојевиќ, ја потврдил веста за „Политика“. „Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработи во водечка европска институција како искусен научник. Претходно имаше научна кариера", изјавил Црнојевиќ за весникот. ...
Т.н. „одмаздничка порнографија“ е сѐ почеста појава во Србија. Станува збор за споделување на всушност приватни, експлицитно сексуални фотографии и филмови преку месинџер или на платформи на социјалните медиуми - без согласност на протагонистите. Покрај тоа, има и фалсификувани содржини генерирани со вештачка интелигенција на кои луѓе кои вистински постојат се прикажани при сексуални дејствија кои реално никогаш не се случиле. Тримесечно ...
Забелешките на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски, околу железничкото поврзување со Бугарија се покажале како аргументирани. Претставници на Бугарија и на Македонија на вчерашната работна средба во Софија се согласиле дека трансграничниот тунел Деве Баир е поцелисходно да биде изграден од еден изведувач. Според македонското Министерство за транспорт, биле прифатени аргументите на Николоски - дека мора да има ...
На претседателските и општите избори во САД се вложуваат многу време, труд и пари, а оваа година не е исклучок. Но, погледот на податоците од 2009 година покажува дека, без разлика кој бил на власт, економијата е подеднакво погодена од глобалните настани, демографските трендови и одлуките на Белата куќа. Периодот од 2009 до 2024 година ги опфаќа двата мандати на Барак Обама како и мандатите на Доналд Трамп и Џо Бајден, чиј претседателски мандат ...
Најмалку 14 лица загинаа при уривање на настрешница на железничка станица во Нови Сад, Србија. Меѓу загинатите има и дете, изјави во петокот вечерта претседателот Александар Вучиќ. Toj во телевизиски говор најави дека виновниците за несреќата ќе бидат казнети. Несреќата се случила во петокот околу пладне на главната железничка станица во Нови Сад. Под настрешницата додека го чекале својот воз биле присутни многубројни патници. Во петокот ...
Во првите три недели по почетокот на стационарни контроли на сите германски копнени граници, полицијата открила околу 13 отсто помалку неовластени влегувања отколку во трите недели претходно. Ова го покажуваат прелиминарните податоци на Сојузната полиција до кои дојде новинската агенција ДПА. Одговорот на сојузната влада на прашање од левичарската пратеничка во Бундестагот, Клара Бингер, покажува дека од 16 септември до 6 октомври полицијата ...
Германските државјани на возраст над 18 години од 1 ноември ќе можат официјално да го променат своето име, пол или да одбијат да го пријават својот пол. Ова го предвидува Законот за самоопределување. Малолетниците на возраст над 14 години ќе можат да го сторат истото со родителска согласност или судски процес. Родителите можат да ја променат ознаката за полот за помали деца, но детето мора да биде присутно и да се согласи. Мислењата на најмалку ...
СДСМ најавува иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен услов, премиер, вицепремиери, министри и пратениците да можат да бидат лица кои поседуваат само македонско државјанство. Ваквата иницијатива следи откако во јавноста се појавија информации дека министерката за енергетика Сања Божиновска наводно има бугарско државјанство, што таа во неколку наврати го демантираше. Во одбрана на Божиновска застана и премиерот Христијан ...
Политичките сили во Северна Македонија треба да се обединет за да се спроведат уставните измени. Ова е пораката којашто ја повтори во Скопје, еврамбасадорот Михалис Рокас, по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Тој на прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ја цитираше претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која пред само една ...
Обвинителството отвори предистрага за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата на национална безбедност, по сомнежот кој се отвори во јавноста околу сертификатите коишто ги поседува за да ја извршуваа оваа одговорна функција. Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека до нив е доставена анонимна кривична пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува. Пријавата се однесува на сертификатот ...
Во шпанската провинција Валенсија има натрупани автомобили, спасувачките екипи бараат исчезнати луѓе и се обидуваат да ги направат патиштата повторно употребливи. Дел од жителите се обидуваат да го спасат она што може да се спаси, други ги напуштаат најтешко погодените области. Многумина бараат засолниште кај пријатели и роднини. Регионалната влада на Comunitat Valenciana стави на располагање засолништа за луѓето чии домови беа уништени од ...
Со меѓусебни обвинувања и остра реторика се одржа првата седница со парламентарни прашања на новиот парламентарен состав во Северна Македонија. Прашањата на пратениците од власта и од опозицијата беа насочени кон премиерот Христијан Мицкоски - а во фокус на нивниот интерес беа уставните измени и Преспанскиот договор, сертификатот на шефот на тајната служба, националната стратегија, безбедносната ситуација во земјата и бројни случаи кои ...
Иако е разбирливо дека проблемот на ЕУ со Истокот и војната во Украина не е од вчера, сега проблемот со руското мешање и империјалната реконструкција насочена кон екс-СССР земјите како Молдавија и Грузија, создаваат сосема нова главоболка за Брисел. Тоа само ни потврдува дека големиот план на Путин за доминација и реставрација на териториите, некогаш под Царевите, а потоа и под Советите, нема да запрат само со Украина. Традиционалната војна со ...
Кога Џо Бајден во 2020 година победи на претседателските избори во САД против тогашниот претседател Доналд Трамп, во Берлин се почувствува олеснување. За разлика од Трамп, Бајден беше сметан за трансатлантичар од старата школа, додека Трамп го доживуваа како пречка и голем фактор за несигурност. Републиканецот Трамп сега сака да постигне реизбор, додека кандидатка на Демократите е актуелната потпретседателка Камала Харис. Таа е преферираниот ...
Повеќе од 70 основни прехранбени производи од денеска, 1.11.2024, ќе добијат нови цени откако заврши владината мерка за „есенска потрошувачка кошница“. Целта на мерката беше да се ограничат профитните маржи на 73 основни прехранбени производи на 10%. Додека владини преставници беа задоволни од резултатите коишто ги дала оваа мерка, синдикатите алармираа дека е потребно и зголемување на платите за да поднесе товарот на големите трошоци со коишто ...
Документи од „свиркачи“ потврдуваат дека првиот човек на тајната служба, Бојан Христовски е незкаонски поставен на функцијата, посочи лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој од собраниска говорница презентираше документи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, кои наводно посочуваат дека Христовски не го исполнува главниот услов за да биде директор на АНБ - нема 5 години стаж на раководна позиција. „Ова се документи ...
Среде сите големи теми од насловните страни и ударни ТВ минути, помина незабележано „малата вест”, всушност вчерашната објава на Амбасадата на САД во Будимпешта за средбата на амбасадорите и воените аташеа на НАТО членките одржана во Амбасадата на САД. Тема на состанокот: „дискусија за безбедносните аспекти на неодамнешната објава на Владата на Унгарија за политиката на економска ‘неутралност’”. Обраќајќи се во национален капацитет, амбасадорот ...
Некои луѓе со недели со нетрпение го очекуваат празникот и си ги украсуваат становите и градините со тикви, свеќи и секакви морбидни предмети. За други пак, целиот празник е хорор. Католичката новинска агенција (КНА) одговара на прашања во врска со Ноќта на вештерките. Празникот се слави секогаш на 31 октомври. Нејасно е од каде потекнува, но корените се поврзуваат и со келтската и со христијанската традиција. Некои Ноќта на вештерките ја ...
Среде сите големи теми од насловните страни и ударни ТВ минути, помина незабележано „малата вест”, всушност вчерашната објава на Амбасадата на САД во Будимпешта за средбата на амбасадорите и воените аташеа на НАТО членките одржана во Амбасадата на САД. Тема на состанокот: „дискусија за безбедносните аспекти на неодамнешната објава на Владата на Унгарија за политиката на економска ‘неутралност’”. Обраќајќи се во национален капацитет, амбасадорот ...
Неосновано е тврдењето дека терминот „градби од стратешки интерес“ е недефиниран, а отсуството на законска рамка која ќе го регулира прогласувањето на одредени проекти од национално или стратешко значење доведува до правна несигурност, оцени Уставниот суд. Судот вчера реши да не поведе постапка по две иницијативи - една од Хелсиншкиот комитет, друга од адвокат од Прилеп, кои оспоруваа членови од Законот за изменување и дополнување на Законот за ...
По катастрофата со најмалку 95 загинати лица во Шпанија, потрагата по смртно настраданите, исчезнати и луѓе отсечени од светот продолжи. „Поради мракот сепак многу од активностите мораа да бидат прекинати сѐ до разденување“, изјави синоќа за државната телевизија РТВЕ шефот на итната служба на шпанскиот Црвен крст Ињиго Вила. Според информации на шпанските медиуми, меѓу загинатите има најмалку четири деца и шест лица од старечки дом. Се стравува ...
МВР поднесе кривична пријава против поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска поради тоа што не распишала нов тендер за реконструкција на Универзалната сала, туку ги презела обврските што ги имал Град Скопје. Со тоа, како што се вели, таа ја „злоупотребила службената положба и овластување“. Пријавата до Основното јавно обвинителство Скопје ја поднесе Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и ...
Во последните неколку дена од кампањата за претседателските избори во САД, многу работи се вртат околу зборот „ѓубре“. Републиканците критикуваат дека сегашниот актуелен претседател Џо Бајден ги нарекол поддржувачите на Доналд Трамп „ѓубре“. Она што Бајден сакал да го каже со својата незгодна изјава е прашање на толкување. Но, кампањата на Трамп сака да ја искористи можноста да ги мобилизира гласачите со предизвикување бес поради коментарот. ...
Северна Македонија треба да ги спроведе суштинските реформи поврзани со членството во ЕУ, да одржува добри односи со другите земји опфатени со процесот на проширување, како и да го продолжи својот ангажман во регионалните иницијативи. Ова се наведува во најновиот годишен Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата на европскиот пат. Покрај потребата од усвојување на уставните измени, во Извештајот се нагласува дека со „добра волја“ ...
Илон Маск се чини дека целосно се посвети на изборната кампања на МАГА. Милијардерот постојано се појавува на изборните митинзи на Доналд Трамп, - а исто така и преку интернет агитира за поддршка на републиканскиот претседателски кандидат. Посебно внимание предизвика лотаријата во Пенсилванија, клучна држава во изборите. Поради оваа акција, дневната поделба на милион долари на запишаните гласачи, Маск ќе мора многу брзо да одговара пред судот во ...
Исходот од претседателските избори во САД не само што ќе го трасира патот за иднината на земјата, туку ќе има егзистенцијално влијание и врз Украина. САД се најголемиот поддржувач на Украина во нејзиниот обид да се одбрани од руската инвазија од 2022 година. За време на мандатот на Џо Бајден, САД ставија на располагање воено разузнавање, готовина и оружје во вредност од речиси 175 милијарди долари (161 милијарди евра) за помош на Украина. Кој и ...
Од глава до петици во чоколадо - и во исто време витки: на актуелниот саем за чоколада во Париз, моделите презентираа фустани направени од слаткиот деликатес. Овој модел го претстави мароканската учесничка во изборот за Мис на светот 2023 година, Соња Мансур. На чоколадната ревија во Салонот на чоколадо секој фустан е уникатен. Пет дена сè се врти околу чоколадото и неговата суровина, какаото, кое станува сè поретко и поскапо. Глобалното ...
Два дена откако седна на премиерското столче, Христијан Мицкоски на 25 јуни годинава најави инвестиција во областа на енергетиката вредна над 500 милиони долари, која ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните во Македонија. Станува збор за изградба на ветерен парк со 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават час (1.000 Gwh) електрична енергија. Ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш. Изградбата се очекува ...
Преминување на улица додека семафорот свети црвено во Њујорк стана официјално легално. Законот кој тоа го овозможува стапи на сила, откако градоначалникот Ерик Адамс не стави вето во за тоа предвидениот рок. Според законот, пешаците во Њујорк сега смеат да преминуваат улица кога и каде сакаат, без притоа да ризикуваат плаќање казна. Досега тоа беше забрането и оној кој ќе направеше таков прекршок во Њујорк беше соочен со казна до 300 долари ...