Шел со задоволство го најавува отворањето на нова бензинска станица на влезот во Кавадарци, лоцирана на улица „Методија Андонов Ченто“ бр. 27. Ова ја означува четвртата малопродажна локација под брендот Шел во Северна Македонија и ја зајакнува посветеноста на компанијата да го прошири своето влијание во регионот. По отворањето на бензинската станица на булеварот „Борис Трајковски“ во Пинтија пред две години и успешното работење на двете ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2024 година (петок), Ден на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на ...

Четириесет и пет годишниот Р.Т. од село Клуковец додека работел со земјоделска машина, во сопствениот двор, се повредил и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Интервенирале и пожарникарите од Територијална противпожарна единица Велес при одглавувањето на ногата на човекот од земјоделската машина во неговиот двор. -Според пријавеното во СВР Велес,во саботата, на 16 ноември, во 16:20 часот, машината му го фатила ...

ЕВН Македонија, вчера, во 10:45 часот, пријавила кражба на електрична енергија на улица „Клинска“ во Кавадарци и побарала од Одделението за внатрешни работи во Кавадарци полициска асистенција. Полициски службеници од увидна екипа заедно екипа на ЕВН биле на лице место и констатирале дека од страна на непознати лица со повеќе кабли директно од бетонски столб на електричната мрежа, без мерен уред, биле поврзани неколку куќи. Три дена претходно, ...

Ефективната комуникација е основа за успешна интеракција во различни животни области, како што се професионалниот, академскиот, личниот и интеркултурниот контекст. Способноста да се пренесат пораки на јасен и разбирлив начин, прилагодувањето на стилот според соговорникот, ситуацијата и вештината за слушање се клучни за постигнување на ефективна комуникација. Во личните односи, комуникацијата е основа за меѓусебно разбирање и доверба. Активното ...

„Цветен пат за Рацин“ беше мотото на годинешното дефиле во кое чекореа сите ученици кои се учесници на годинешните Детски Рацинови средби. Домаќините од основните училишта во Општина Велес како и гостите од повеќе градови во Македонија. Тие во чест на поетот и основоположник на современата македонска литература чекореа од споменикот во парк пред Гимназија Кочо Рацин до споменик во центар на градот кај Градски паркинг откако децата од Градинката ...

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера вечер, околу 23:25 часот, го привеле М.И.(20) од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на Х.Ј.(22) од Кавадарци агресивно се однесувал кон неа и кон другите присутни гости и се обидел и физички да ги нападне. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Девет ипол часа претходно, 34 ...

Прочитајте ги десетте афоризми коишто денеска за Вас, читателите на Дума.мк, ги објавуваме и чии автор е афористичарот и сатиричарот Атанас Крлевски. „И судот на историја секогаш не е праведен.“ „Пожар од две вжештени глави, тешко се гаси.“ „Си измислува непријатели… за оправдување на грешките.“ „Пеењето во кафез е сокривање на вистинската расположба на птицата.“ „И лошите имаат најдобар.“ „Да не бев интелектуалец ќе верував барем некогаш. Вака, ...

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Д.Ј.(21) од село Сливник. -Полициските службеници, во содејство со преставници од Шумска полиција Велес, а по претходно одобрение од Д.Ј., влегле во дворот од неговиот дом, каде што пронашле огревни дрва без документација. Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе ...

Сообраќајната незгода се случила на регионалниот пат помеѓу селата Извор и Јасеново, во општина Чашка, вчера, во 13:30 часот. Таму се судриле мопед марка „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од с.Извор, велешко и патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(77) од Скопје. -Примени се две малолетни лица повредени во сообраќајна несреќа, Б.Т (14) која е прегледана од специјалист по ...

Мечалов својата кариера во Министерството за Внатрешни работи ја започнал во 2008 година како полициски службеник во Полициската Станица од Општа Надлежност-Велес како помлад полицаец. Од 2014 до 2020 година е распореден во Полициската Станица за Безбедност на Патниот Сообраќај Велес движејќи се во службата од Полицаец за БПС, и Полицаец за вршење на увиди на сообраќајни незгоди, до раководител на групата за увиди на сообраќајни незгоди. Во ...

Сто и шест ученици од основните и средни училишта во Велес заедно со 58 ментори – наставници, денеска од страна на градоначалникот Марко Колев беа наградени со признанија. Сите тие општинската награда ја добија по повод 9 Ноември, денот на ослободувањето на Велес од фашистичкиот окупатор, за своите освоени први, втори и трети места на државни и меѓународни натпревари во учебната 2023/24 година. „Општината одлучи да ги награди овие ученици за да ...

Државата е подготвена за претстојната зимска сезона и врнежите од снег, а граѓаните да користат зимска опрема на своите возила и доколку немаат неопходна потреба да не патуваат при најави за обилни врнежи, истакна директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференција по состанокот со претставници на координативното тело. Тој упати апел до граѓаните да ги раздвојат фактите од вообичаените мислења на социјалните мрежи ...

Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, во четврток на 14 ноември, премиерно ќе ја изведе претставата за деца “Доживувањата на Пинокио“ работена според текстот на Карло Колоди. Актерите преку игра ќе ја раскажат добро познатата сказна за Мајсторот Џузепе кој што пронашол парче дрво што плаче и се смее како бебе. Тој му го подарил дрвото на мајсторот Ѓепето, кој сакал од дрвото да направи кукла, која ја нарекол Пинокио. ...

На малата сцена на велешки Театар , вчера вечер, дипломираната актерка Ангелина Стојановска од Куманово ја раскажа на свој начин приказната којашто оптоварува многу жени на денешницата а тоа е срамот од сопствената тежина. Стојановска, во авторски проект поточно монадрама ,,Срам – Погледни се во огледалото” на иновативен начин, пред импровизирана работна маса на кујна и подготвувајќи „Касато торта“, раскажа приказна во која централен лик беше ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува непрофесионалното и недолично однесување на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој денеска ја попречувал новинарката од онлајн медиумот СакамДаКажам.мк, Соња Делевска, додека ја вршела нејзината професионална работа во Собранието. Новинарката Делевска, како што известува во дописот до ЗНМ, ја извршувала својата професионална должност и поставувала легитимни прашања до директорот на ...

Сообраќајната несреќа се случила, вчера вечер, околу 19:00 часот кога на регионалниот пат Р1102 во правец од село Отовица кон Велес,излетало надвор од коловозот, патничко возило марка „рено“ со велешки регистарски ознаки. Возилото го управувал Р.Т.(71) од Велес. Во несреќата била отребна асистенција на пожарникарите на Територијалната против пожарна единица. Пет пожарникари спасители го извлекувале повредениот маж од излетаното возило од патот „ ...

Сообраќајната несреќа се случила вчера, доцна попладне, околу 18.40 часот, на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија. Во сообраќајката учествувало товарно возило марка „ман“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од с.Инџиково, скопско. Возилото удрило во заштитната ограда на автопатот и на местото на настанот починал возачот. -Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта на ...

Пријавите за учество се отворени од 24 октомври до 21 ноември до 12:00 часот . Пријавувањето е преку сајтот www.24satnocrtanjestripa.com/prijava/ . На овој сајт сите заинтересирани можат да се информираат за техничките услови поврзани со поднесување на авторски стрипови. Томе Трајков, програмски координатор на Стрип центар на Македонија потсетува дека, на светско ниво, настанот го подготвува реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во ...

Крадците завршиле во полициска станица а дрвата, тракторот и моторна пила кај Шумска полиција. Кражбата на огревно дрво се случила вчера, напладне, во атар на село Мелница, во општина Чашка. Таму полициските службеници од Одделението за криминалистички работи при СВР Велес ги лишиле од слобода Е.М.(50), Е.М.(57) и Е.Ф.(55), сите од село Мелница. На лице место била и екипа на Шумска полиција Велес. Тоа се случило откако бил запрен трактор марка ...

Седумте афоризми на афористичарот Никола Бошковски Коки за оваа седмица гласат: „Една лага, е една лага, но повеќе лаги се систем.“ „Се стекнува впечаток дека на нашата политичка трпеза менито е се посиромашно, можеби затоа политичарите започнаа секојдневно, меѓусебе да се “јадат”. „Додека некои жени читаат книги до доцна во ноќта: други…бројат.“ „Понекогаш посакувам да се поистоветам со Дон Кихот, но наместо кон ветерниците, своето „копје” да ...

Дваесет и шест годишната поранешна сопруга на Ш.И (34) го пријава во Полициска станица Велес затоа што кога ја пресретнал на улица „Ангел Мишев“ во Велес тој и се заканувал, физички ја нападнал и го скршил мобилниот телефон. -Полициски службеници на станицата во Велес, вчера вечер, во 21:30 часот во Сектор за внатрешни работи извршиле службен разговор со Ш.И.(34) од Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен ...

Сочуваните и обработени архивски материјали како што се фотографии, значајни и помалку значајни документи од локалниот живот, од институциите, како и белешки од страна на Одделението во Велес на Архив на Македонија заедно со архивата од примероци на поранешниот локален весник „Вардарски глас“ во Градска библиотека „Гоце Делчев“ овозможија на 80 роденден, Велес, да го добие првиот јубилеен документарен филм. Во него е прикажан животниот пат на ...

Одделението за внатрешни работи Неготино, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, денеска поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „демнење“ од Кривичниот законик. По преземените мерки и активности од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино било утврдено дека пријавениот подолг период го следел и прогонувал, се мешал во личниот и приватниот ...

Афоризмите на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски за неделата гласат: „Маѓу плитките, мисли длабоко!“ „ Модерни времиња: инфериорните се супериорни!“ „ Бумерангот е направен да ти се врати, но тоа не е доволно.“ „ Вечен талент – чиста загуба!“ „Афоризам? Пет збора – рој мисли!“ „Богаството со пари не се купува – рече крадецот.“ „Крајно непромислена е одлуката на мајмунот да стане човек.“ „Сончогледи, секој ден не е сончев!“ „Вештачка ...

Православние верници денес одбележуваат празник Митровден, посветен на Св. великомаченик Димитриј. Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за ...

Во својот долг и плоден творечки живот Димитар Андонов Папрадишки насликал 1.200 икони за околу стотина цркви во Македонија и во Србија со што се смета за еден од најпродуктивните македонски зографи. Смртта го затекнала на 95 годишна возраст додека во неговото атеље во Скопје , во 1954 година, останале недовршени дела со профана и религиозна содржина. Вчера вечер, во предвечерјето на одбележувањето на јубилејниот 80 роденден на градот Велес, 9 ...

Сектор за внатрешни работи Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои ...

Одделението за внатрешни работи Кавадарци до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.В.(41), Н.В.(43) и Р.В.24) сите од Кавадарци кои краделе и против З.К.(64) од Кавадарци за поттикнување на крадците да крадат. -Сите осомничени кражбата ја извршиле на 14 септември годинава кога полициски службеници од ОВР Кавадарци ги затекнале С.В., Н.В. и Р.В. како берат грозје од лозов насад во атар на село Возарци, ...

Патничкото моторно возило се запалило на автопатот Велес – Скопје, вчера попладне, за коешто во Територијалната против пожарна единица Велес дојава стигнала во 17:05 часот. Четворица пожарникари со едно против пожарно возило веднаш се упатиле на местото на пожарот. Брзото пристигнување и брзата интервенција овозможиле пожарот во возилото да биде изгаснат. Исто така пожарникарите спречиле огнот да се префрли на сувата трева и блиската шума покрај ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
35%
1020
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
56%
1020
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1023
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
55%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.55
75%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 16ᴼ
3.09
84%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.54
55%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
83%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.66
38%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
53%
1018
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 12ᴼ
0.89
57%
1023
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
8.75
73%
1015
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60