Од вторник, 6 мај, територијата на југоисточна Европа, секако вклучувајќи ја и Македонија ќе подпадне под влијание на плитка фронтална долина или висински циклон, прогнозира метеопрогнозерот Славчо Поповски. „Во ваква ситуација очекувам постепено дестабилизирање на атмосферата во државата, создавање и растење на услови за локален развој на грмотевични облаци појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак, атмосферските процеси може ...

Вработени од фабриката за шински возила „Колска“ како и членови на гранкови синдикати на ССМ како што се образование, полиција, здравство и други од Велес, денеска, земаа учество на Првомајскиот протест којшто Сојуз на синдикати на Македонија го организираше во Скопје под мотото „„Ако не ние, кој? Ако не сега, кога?“. Велешани во голем број сепак ја избраа втората опција празникот на трудот да го одбележат со посета на двете најпосакувани места ...

Екипа на Итна медицинска помош го затекнала повреденото дете како , на коловозот на улица „Благој Ѓорев“ спроти Младински парк помеѓу два автомобили и непосредно до тротоарот. -Неговата здравствена состојба беше исклучително тешка. Детето на возраст од три години ја имаше изгубено свеста. Прво што сторивме беше интервенција во која го обезбедивме дишниот пат а потоа го мобилизиравме и веднаш го транспортиравме на Ургентен центар во Општа болница ...

Основниот суд во Велес ги одобри обвинителниот акт за едно физичко лице коешто е обвинето за уривањето на зградата на Работничкиот универзитет „Благоја Страчковски“ во Велес. Одобрувањето на обвинението, од страна на судот, објавено е на неговата веб страна, вчера, на 29 април. Исто така поднесен е и обвинителен предлог за едно правно лице. „Предметот К-ООА.бр.17/25 е формиран по поднесен oбвинител акт спрема физичко лице и oбвинителен предлог ...

Основниот суд во Велес ги одобри обвинителниот акт за едно лице и обвинителен предлог за една фирма коишто се обвинети за уривањето на зградата на Работничкиот универзитет „Благоја Страчковски“ во Велес. Одобрувањето на обвинението, од страна на судот, објавено е на неговата веб страна, вчера, на 29 април. „Предметот К-ООА.бр.17/25 е формиран по поднесен oбвинител акт спрема физичко лице и oбвинителен предлог спрема правно лице. Во наведениот ...

Во пресрет на матурските прослави, учениците од завршните години во ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“ во Велес учествуваа на превентивно-едукативна работилница, организирана во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“. Настанот, спроведен од полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, имаше за цел да ја подигне свеста кај младите за ризиците поврзани со несовесно однесување за време ...

Во духот на Меѓународниот ден на џезот, Јуроп хаус Велес заедно со Здружението „Арт Генератор“ и учениците од Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ приредија џез работилница полна со ритам, импровизација и искрена детска енергија. Просторот на Јуроп хаус се претвори во мала сцена каде младите музички таленти преку свирење, слушање и интеракција го запознаа светот на џезот. Работилницата ја водеше младиот џез пијанист Гордан Спасовски, член ...

Сообраќајната незгода се случила вчера, доцна попладне, поточно во 18:05 часот во населба Чашка на крстосницата од улиците .„Илинденска“ со „Коста Рацин“. Во незгодата учествувале патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка. Малолетничката била пренесена во Општа болница Велес. Според портпаролот на велешка болница, др Ванчо Граматов по ...

Велес и годинава ќе биде домаќин на атлетската трка „Трчаме за Рацин“, спортски настан што прераснува во традиција посветена на бесмртниот поет и револуционер Кочо Рацин. Трката ќе се одржи на 8 јуни, а подготовките се во полн ек, под организација на Здружението АК „Борец“. Трката вклучува две главни категории – на 5 и на 10 километри – на кои ќе можат да учествуваат и професионални и рекреативни атлетичари. Освен натпреварите за возрасни, ќе се ...

Оваа 2025 година месец мај, во Македонија и во регионот, ќе биде просечно топол гледано по температурите, иако, повремено е можно и негативно отстапување од просечните со поладно време и со потпросечни температури, гласи прогнозата на метеопрогнозерот Славчо Поповски. „Да не не изненади доколку и во мај се појават слаби утрински мразеви. Што се однесува до врнежите, мај ќе биде поврнежлив месец за разлика од изминатите неколку години, односно ...

Учениците од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ организираа филмска проекција на својот краток филм насловен како „Неизговорено“, дело што на исклучително чувствителен и автентичен начин проговорува за потребата од безбедна и поддржувачка училишна средина. Овој креативен труд на младите не користи многу зборови – туку дозволува тишината да ја пренесе најсилната порака. Филмот испраќа силна порака дека секое дете и секој млад човек има право да расте, ...

Љубителите на театарската уметност и овој мај ќе имаат можност да уживаат во богата програма на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес. Репертоарот започнува со познатата комедија „Вечера за глупаци“ на 6 мај, која повторно ќе ја насмее публиката на големата сцена и истата претстава два дена подоцна како дел од гостувањето ќе се изведе и во Гевгелија. Публиката потоа ќе може да ја проследи комичната драма „Госпоѓа министерка“ на 10 ...

Пионерка во истражувањето на вселената, која што претставувајќи ја Северна Македонија на глобално ниво како NASA договорен истражувач, аналоген астронаут и јавна личност Мартина Димовска гостуваше во Велес и во Јуроп Хаус реализираше две преставувања на професијата која ги поврзува планетата Земја и Космосот. Триесет и едногодишната Димовска пред младите и видно возбудени средношколци и ученици во деветто одделение во велешките училишта, многу ...

Противпожарната единица од Велес доби донација од 30 класични јакни за дожд, наменети за потребите на пожарникарите при справување со интервенции во неповолни временски услови. Донацијата лично ја предал градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, во просториите на ТППЕ Велес и во присуство на сменските пожарникари заедно со командирот на единицата Димче Јованов. -После минатогодишните пожари кои ја зафатија територијата на Општина ...

„Под влијание на висок воздушен притисок, Антициклон, и на топла воздушна маса од југ, од денес, вторник, 29 април, до четврток,1 мај, времето во Македонија ќе биде сончево и топло преку ден со мала локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, најизразен во четврток на 1 мај. И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период времето ќе биде стабилно, суво, топло и сончево. Повремено ќе дува засилен ...

Во координирана акција помеѓу РЦ за ГР Југ – ОПКМСР, ПС за ГН Михајлово, ОВР Неготино – НК за КР, Оддел за криминалистичка полиција при БЈБ и СВР Скопје, вчера 27 април, во Неготино беа откриени и запленети 283 килограми тутун, спакуван во пакувања од по 450 грами. Притоа приведени се три лица осомничени за кривично дело по член 278 – б „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 279 – б „Избегнување на ...

Со медали и дипломи во рацете, и со безброј спомени во срцето, дваесет и осум млади фолклористи од Велес се вратија од учество на Меѓународниот фолклорен фестивал за деца што се одржа во областа Сакарија, Република Турција. Нивните настапи беа крунисани со заслужено признание за секое одиграно оро, за вложениот труд и за успешно претставување на македонскиот фолклор пред интернационална публика. На фестивалот, велешките фолклористи од Ансамбл ...

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакр кај селото Вејце, тетовско, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица паднаа во подмолна заседа и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени од страна на припадници на УЧК. Во масакрот кај Вејце беа убиени припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан ...

Во текот на изминатиот викенд, од страна на полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, биле извршени контроли во угостителски објекти на подрачјето на Велес. – Притоа, во два угостителски објекти, при извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, било констатирано дека ја надминуваат дозволената јачина, односно со музика погласна од дозволеното, го нарушуваат јавниот ред и мир, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ ...

Инвестицијата од сопствени средства во висина од 224 илјади и 200 денари со ДДВ вложи јавното водостопанско претпријатие „Лисиче“ во набавка и поставување на Метеоролошка станица во дворот на браната на локација над истоименото село во Општина Чашка. Метеоролошката станица функционира од почетокот на месец март, годинава и евидентира податоци на база на моментални како и измерени вредности на параметри коишто се од суштествена потреба за ...

Преку истражување како економската криза влијае на еднаквите можности и родовата еднаквост во осум општини во Северна Македонија, Здружението на Новинари за човекови права, Скопје донесе заклучоци и препораки за подобрување на Родово одговорното буџњрирање во Општина Демир Капија. Според препораките општина Демир Капија има потенцијал да стане поинклузивно и родово чувствително место, но за ова е потребно систематско инвестирање во ...

Понеделничниот афористички поздрав од Никола Бошков Коки и денска го сочинуваат седум афоризми инспирирани делумно од актуелни случувања во државата како и од секојдневниот живот на граѓаните. Афоризмите напишани за заедницата на читатели на Дума.мк гласат: „Најтешкиот чекор во животот на секоја девојка несомнено е оној, кога треба да го направи првиот – расчекор.“ „Мошне стресно и ризично по вашето здравје е ако без уреден кардиограм се ...

Во Македонија уште денеска, понеделник, 28 април, времето ќе биде променливо облачно со појава на локален дожд. Од утре, вторник, 29 април, се до четврток,1 мај, времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност со пораст на денските температури, прогнозира Славчо Поповски. „Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопскиот регион денеска времето ќе биде променливо облачно со ...

Дваесет и пет акцијаши ветерани на Работна бригада „Кочо Рацин“ денеска беа волонтери и спроведоа доброволна акција во дворот на црква „Свети Атанасиј“ во село Војница. Од ЗГ„Акцијаш ветерани“ помош побарал манастирскиот од Војница. Управните тела на граѓанското здружение веданаш одобрија додека акцијашите ветерани ја изведоа денешната акција. –Доброволно работевме на подготвување на бетон за дел од ѕид, поточно цокле, во должина од 40 метри, ...

Охрид, градот на водата, беше домаќин на два клучни изборни натпревари во кајак спринт на мирна вода, каде кајакарите од Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“ повторно ја покажаа својата сила и посветеност. На првиот изборен натпревар постигнати се исклучителни резултати. На 500 метри за сениори, Љубомир Спасиќ не остави ништо на случајност и го освои првото место со извонредна брзина и техника. Александар Златаров го освои третото место, додека ...

Шаховски турнир по повод патрониот празник на училиштето „Стојан Бурчевски Буридан“ од село Иванковци се одржа во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес. Државното средно училиште во Велес, како соработник, ја отвори својата сала за сите пријавени 60 ученици од основните училишта во Општина Велес. Учениците се натпреваруваа во две категории, прва којашто ги опфати играчите на најинтелектуалната спортска игра од I до V одделение и втора, во која ...

Владата соопшти дека при посетата на премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација на Обединетите Арапски Емирати било побарано укинување на визите и тоа барање е прифатено. “Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја. Наскоро со конкретната примена на одлуката за без визното патување ќе се влијае на посилна ...

Афоризмите за овој петок на велешкиот афористичар и сатиричар Атанас Крлевски за читателската заедница на Дума.мк гласат: „Предуслов да бидеш среќен во животот е безусловно да ги сакаш луѓето.“ „Мрзеливоста останува неизлечива болест. Медицината не ја изучува.“ „Во моите кругови сѐ е под конец!“ „Мојата мрзливост не е убава, ама е шармантна!“ „Со жените имам разбирачка. Им дозволувам да ме разберат на почек!“ „Јас сум за 24/5. Не е лесно седум ...

Бурни атмосферски процеси, поради влијанието на плитката фронтална долина која се наоѓа над делот од Европа во којшто припаѓа Македонија, се прогнозира за време на претстојниот викенд, 26 и 27 април од метеопрогнозерот Славчо Поповски. Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. „Локално Атмосферските процеси ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен ...

Авторот Ѓорги Минов со коавторскиот истражувачки тим составен од двајца стручни соработници Томислав Шескокалов и Ристо Сугарев како и рецензентот м-р Димитррија Андонов за прв пат на Велес му подарија исклучително значајно пишано дело поточно Монографија за најмасовната спортска дисциплина, фудбалот во Велес. На 206 страници, во колор техника, оваа значајна книга, опширно и сеопфатно го обработува во детали фудбаскиот живот на десетици ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
77%
1018
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
1.49
68%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 21ᴼ
3.6
52%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.27
66%
1014
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.51
87%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
1.34
56%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
60%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
66%
1013
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
4.63
53%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
56%
1014
Currency

61.525

Currency

53.6163

Currency

71.9023

Currency

34.7962

Currency

39.1219

Currency

65.4569

Currency

7.45638

Currency

0.68288

Currency

0.37007

Currency

0.52495

Currency

1.35672

Currency

0.62017

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60