Во атар на Старо Градско, велешко, покрај брегот на река Вардар, вчера утро, во 09:30 часот полициски службеници од Полициската канцеларија Градско пронашле експлозивни направи. -Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал експлозивните направи и констатирал дека се работи за една минофрлачка граната 75мм, една артилерска граната 75мм и две артилерски гранати 85мм, кои потекнуваат од Првата светска војна,“ соопшти Биљана ...

Светата маченица Марина е родена во Антиохија и е ќерка на жрец-идолопоклоник. На 15 годишна возраст по свирепо мачење и била отсечена главата, околу 270-та година. Тогаш се убиени и 15000 луѓе што поверувале во Христа и ја прифатиле неговата вера, кога на небото виделе знак додека била мачена Света маченица Марина. За спомен на нејзините страдања светата православна црква нејзиниот ден го празнува на 30 јули, а во народот е позната и како ...

„Според најновото ажурирање на прогностичките модели, како што се Европскиот модел ECMWF и Глобалниот модел GFS, во првата седмица од месец август, односно, во периодот од петок,1 август, до следниот четврток 7 август, во Македонија ќе имаме нестабилно, посвежо и променливо време со почеста појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и со услови за појава на град. Што ...

По кратко боледување, рано утринава, во Велес почина Јордан Ацков Чачо, бригадир ветеран на велешките граѓански здруженија како и пензиониран работник на фабриката за шински возила „Колска“. Осумдесет и шест годишниот Ацков до пред само еден месец активно учествуваше во доброволните работни акции кои се изведуваа во општините Велес и Чашка за собирање на смет, пошумување, бетонирање на паркинг простори и приоди кон духовни објекти како и во ...

Полициски службеници на Одделението за криминалистичка полиција Велес, вчера попладне, го лишиле од слобода А.Џ.(25) од село Бузалково, велешко. „При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“, пиштол „АГ-9“ и 100 парчиња огномет. Исто така, тој се сомничи дека претходниот ден во село Горно Оризари, велешко, додека се движел со патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ...

Државните институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Одлуката донесена е на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Со оваа мерка ќе се зголемува транспарентноста, отчетноста и воспоставувањето на контрола во користењето на службените возила. ...

На 31 јули ќе заврши 15-дневниот рок за електронско пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската 2025/2026 година за студентите од втора и повисоките години на додипломски студии и за апсолвенти. Рокот за пријавување за прием во студентските домови за студентите од прва година ќе почне по завршувањето на уписниот рок на факултетите во август, и ќе трае од 10 до 17 септември 2025. Студентите ...

Овие три млади Велешани имаат по 15 години и искуство во доброволна работа кога од смет се чисти или за почист воздух се пошумува родниот град. Гоце, Бојан и Васко посветено им помагаат на акцијашите ветерани и во потешките работи, за нивна возраст, на локации кога возрасните акцијаши ветерани изведуваат акции, поточно доброволно градат. Сите тројца добро знаат кои се придобивките на акцијаштвото, работните бригади и доброволната работа или ...

Жителите на село Извор, Општина Чашка, имаат значително подобрено водоснабдување, благодарение на пуштањето во функција на нова бушотина, со што се обезбедува поголема издашност и стабилност на водата за пиење, особено во летните месеци. Проектот опфати изградба на нова бушотина, доизградба на крак од примарната водоводна мрежа кој води кон селскиот резервоар, поставување електрична мрежа, како и изградба на пумпна станица со вградување на ...

Пожарот кој избувна кај село Ореше, во Општина Чашка, и кој зафаќа ниска вегетација и букова шума е сè уште активен, а надлежните служби работат на негово ставање под контрола и спречување на понатамошно ширење. Според информациите за состојбата со пожарите на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум се сè уште активни, три се ставени под контрола, а седумнаесет се изгаснати. Освен во Чашка, ...

Во текот на изминатиот викенд полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи низ државата спроведоа редовни сообраќајни контроли, при што беа издадени вкупно 1.148 платни налози за различни прекршоци во сообраќајот. Најзастапени прекршоци биле пречекорување на дозволената брзина на движење, за што биле казнети дури 458 возачи, додека 128 возачи се фатени како управуваат возило без важечка возачка дозвола. Алкотестот покажал ...

Театарската група при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци се врати со две престижни награди од Меѓународниот театарски фестивал „Фестивал на фестивалите“ кој по 68-ми пат се одржа во Требиње, Босна и Херцеговина. Претставата „Жена ми се вика Борис“, во режија на Диме Боцев, ја освои наградата „Златна маска“ за најдобра колективна игра, што е едно од највисоките признанија на фестивалот. Дополнително, режисерот Боцев доби и ...

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во Македонија следува променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денес, вторник, 29 јули, повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен, а долж Повардарието од северен правец,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски. „Нестабилно на повеќе места со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со ...

Рекреативци, кои во текот на вчерашниот ден, во претпладневните часови, биле на пешачката патека од источната страна на езеро „Младост“ со намера да пешачат, автори се на фотографиите и сведочат за угинат поголем крап и количина на помали риби во бизина на брегот. -Станува збор за поголемо парче на крап и јато од помали риби кои плутаа на површината на водата. Ги фотографиравме и ви ги испраќаме за да ги објавите. Ние сме големи почитувачи на ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32% во однос на одлуката од 21 јули. Од 29 јули од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: -моторен бензин Еуросупер БС-95 – 74,00 (ден/л) -моторен бензин Еуросупер БС-98 – 76,00 (ден/л) -дизел ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32% во однос на одлуката од 21 јули. Од 29 јули од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: -моторен бензин Еуросупер БС-95 – 74,00 (ден/л) -моторен бензин Еуросупер БС-98 – 76,00 (ден/л) -дизел ...

Дваесет и осум годишниот Ј.Д од село Башино село, велешко, вчера наутро управувајќи електричен велосипед изгубил контрола и паднал на патот на улица „Раштански пат“. Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Општа болница Велес. Портпаролот на велешка болница соопшти дека пациентот се здобил со скршеница на лево рамо, направена му е опсервација и испратен е на клиниката за ортопедија. Во Сектор за внатрешни ...

Ноќеска, три часа по полноќ во Одделение за внатрешни работи Неготино било пријавено исчезнување на жена од селото Војшанци, општина Неготино. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Велес, пријавата ја поднел шеесет и три годишниот П.А. кој известил дека од нивниот семеен дом се оддалечила неговата сопруга педесет и шест годишната В.А. Случајот е евидентиран и веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на лицето. Дума.мк Сподели: ...

Пожар на сува трева кој избувна во близина на игралиштето на Бабуна беше успешно изгаснат благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Велес и помошта од група излетници кои се затекнаа на местото. Дојавата за пожарот била примена на 27 јули во 15:27 часот, по што веднаш интервенирале едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители. По пристигнувањето на терен, екипата веднаш пристапила кон гаснење на ...

Македонската стрип заедница ова лето забележа значајно меѓународно учество на два реномирани регионални настани – Интернационалниот фестивал за анимација и стрип „Супертјун“ во Шибеник, Хрватска, и Меѓународната стрип колонија „Рашка 2025“ во Јошаничка Бања, Србија. Приморскиот град Шибеник по петнаесетти пат беше домаќин на фестивалот „Супертјун“, кој понуди богата програма на повеќе градски локации – со проекции, изложби, промоции и дискусии ...

Понеделнички Дума.мк Ви ги претставува новите 7 афоризми од познатиот афористичар Никола Бошков – Коки, кој и овојпат со остро перо и прецизна мисла ја коментира нашата секојдневна реалност. -Лето е, некои брачни двојки ги носат децата на море, а некои…идното дете од море. -Некои политичари можат да се поистоветат со упатствата за употреба на лековите: за да не ви се случат некои несакани дејства и алергични реакции, најпрвин треба мошне ...

Под влијание на значително посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа недела во Македонија ќе имаме значително попријатно и посвежо време, а особено посвежо ќе биде во ноќните и во утринските часови кога температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, додека на повисоките и на планинските места температурата има услови да се спушти и под 10 степени, гласи временската прогноза на метеопрогнозерот Славчо ...

Единаесет годишното девојче и неговата мајка биле пренесени на Хирушко одделение во Општа болница Велес. По извршени прегледи и добиени резултати лекарите, специјалисти по хирушки болести одлучиле девојчето веднаш да се пренесе на Клиника за детска хирургија во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. -Кај малолетната пациентка, на 11 годишна возраст, констатирана беше тешка телесна повреда поточно скршеница на бутна коска. Поради сериозноста ...

Под влијание на значително посвежа воздушна маса од север, во текот на новата седмица која што ни претстои, температурите во Македонија ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои што ги имавме вчера, сабота, 26 јули. Особено од вторник, 29 јули ,максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, во Скопскиот регион исто така температурата ќе биде пониска за околу 10 ...

Пред бистата на македонската хероина, наставничката Мирка Гинова и спомен обележјето посветено на загинатите Македонци, борци на Демократската армија во Грција во Граѓанската војна, денеска во Велес, се одржа комеморација. Комеморативното одбележување на 79 годишнината од погубувањето на Мирка Гинова и загинатите борци започна со интонирање на Химната на Македонија и на градот Велес. Пред присутните пратеници, претставници на Совет на Општина ...

Најголем број на исселеници со потекло од село Мелница има во Турција, потоа во Швајцарија, па во Германија, Шведска и Соединетите американски држави и целта на културната манифестација е тие да се поттикнат да дојдат во родниот крај, да се видат со најблиските како и да се дружат меѓусебе, рече вчера вечер на свеченото отворање на III „Мелничка исселеничка средба“ Ердован Еки Етовски. Како претседател на Здружението на граѓани „ „Мак Мел“ од ...

Од понеделник, 28 јули, во Македонија, поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме значително освежување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец и пад на температурите на воздухот за и повеќе од 10 степени, прогнозира Славчо Поповски. . „Од понеделник на многу места низ државата температурите ќе бидат под 30 степени, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе бидат за неколку степени над ...

Фирмата „Реал градба“, сопственикот Тасе Илиевски (61) и вработениот Марјан Ангелов (58) виновни се за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за предизвикување на пожарот на езеро „Младост“ кај Велес, пресуди Основен суд Велес. Судот во пресудата исто така одлучи дека обвинетите кривичното дело го сториле со умисла и им изрече казна затвор во времетраење од по 5 години на Илиевски и Ангелов, засметувајќи го времетраењето на притвор. ...

Продолжи потрагата по 16 годишното девојче, коешто вчера попладне влезе за да се капе во водите на река Вардар, кај село Уланци, во Општина Градско и нејзиното тело беше одвлечено од водата. Од Сектор за внатрешни работи Велес само што соопштија: „На 24.07.2025 година, околу 16:30 часот, во СВР Велес било пријавено дека К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во село Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од село Уланци, додека се капеле ...

Исчистен од трева и грмушки е просторот околу спомен обележјето на починатите Македонци и Грци, борци на ДАГ во дворот на Специјализираната болница за белодробни заболувања „Јасеново“ во Општина Чашка. Пред утрешното одбележување на настанот четворица акцијаши ветерани на Работната бригада „Кочо Рацин“ на ЗГ „Акцијаши ветерани“ рано утринава изведоа четири часовна акција за уредување на овој простор. Исто така, вчера рано утро, 10 ветерани ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1029
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1028
weather icon

Загреб

15ᴼ / 10ᴼ
0.0
85%
1028
weather icon

Софија

15ᴼ / 7ᴼ
1.54
44%
1029
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.62
55%
1027
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
57%
1023
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
48%
1024
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
59%
1025
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 16ᴼ
1.59
79%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
37%
1024
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976