Маркетот на познатиот трговски ланец „Рамстор“ ќе биде сместен во деловен простор на приземјето на комплексот на поранешна „Стоковна куќа НАМА“. Просторот на маркетот во моментов се доуредува, соопштија од „Рамстор“. Исто така додадоа дека избрани се вработените коишто се обучуваат. Од „Рамстор“ најавија дека Велешани ќе почнат да пазарат во маркетот, во центар на Велес, веќе на почетокот на месец јули, годинава. Убавка Јаневска Сподели: ...

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва на полноќ, се зголемуваат цените на горивата и нафтените деривати. Од 17.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар) Мазут М-1 ...

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по ...

Дваесет и три годишниот С.У. од Велес, за кој пред два дена пишуваше Дума.мк дека нападнал малолетничка и се зканувал со метален предмет, ноќеска, половина час после полноќ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес. По неколкудневна потрага, С.У. бил пронајден во домот на 61-годишниот Е.Х. од Велес, кој го сокривал и кој е лишен од слобода бидејќи го криел велешанецот. Двајцата се задржани во ...

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година денеска беше презентиран во салата на Општина Велес. Оваа година, младите невработени граѓани до 29 години може да аплицираат и да добијат 10.000 евра неповратни средства или ако се над 29 години 7.000 евра, исто така, има можност и за здружување каде две млади лица до 29 години кои имаат добар бизнис план може да добијат 20.000 евра ...

Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки овој понеделник со нова серија од седум афоризми. Со својот препознатлив хумор и острина, тој повторно нè потсетува дека малку зборови се доволни за голема порака. -Во битката на главата со ѕидот, ѕидот секогаш е во предност. -Многу контраверзни политичари кои воопшто немаат чувство и почит кон сопствениот народ, на секои нови локални и парламентарни избори одново, бесрамно бараат…НОВ МАНДАТ. -За жал, ...

Станува збор за монодрамата „Кротка“ која е копродукција на Театарот при Домот на културата и Комисијата за еднакви можности при Локална самоуправа Кавадарци. Монодрамата „Кротка“ е драмска адаптација на истоимената новела од Фјодор Михајлович Достоевски, која се базира на длабока психолошка анализа на еден човек што се соочува со ненадејната смрт на својата сопруга која што е млада, тивка и кротка девојка. Монодрамата претставува исповед на ...

Поради продор на поладен воздух од север на висина, од утре,вторник, 17 јуни, во Македонија ќе дојде до постепена дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација, ќе имаме повеќе облачност, особено во попладневните и во раните вечерни часови, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски. „Локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на ...

Вечерта на свеченото затворање на 62 Рацинови средби во Велес започна со врачување на наградата „Почесно Рациново признание“, коешто се доделува за ширење на македонската литература и култура во странство, на годинешната добитничка проф. д-р Намита Субиото од Република Словенија. Вонредната професорка по македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија која исто така 21 година ја води Катедрата за ...

Вчера вечер, околу 19:30 часот во СВР Велес е пријавено било дека на делницата од автопатот Велес кон Неготино, поточно после клучка Велес, патничко возило „Фолксваген поло“ со српски национални ознаки, управувано од Т.С.(42) од Република Србија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.С., констатирани во Општата болница Велес, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни ...

Првата интервенција на Територијалната против пожарна единица била на Градската депонија по дојава примена вчера претпладне, во 11:33 часот, по што веднаш на лице место се упатиле двајца пожарникари со едно противпожарно возило. По пристигнување на лице место пожарникарите гаснеле и внатре и надвор од депонијата бидејќи пожарот веќе се проширил на површина околу 2 декари. Со брза интервенција пожарот е изгаснат. И покрај тоа што во 14:50 часот ...

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, од вторник, 17 јуни, во Македонија ќе дојде до делумно дестабилизирање на атмосферата и создавање на услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци, појава на краткотрајни, но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Во ваква ситуација, можна е и локална појава на град, гласи прогнозата на метео прогнозерот Славчо Поповски. „Што се ...

Германскиот град Ајзенхутенштат, којшто се наоѓа на границата со Полска, нуди 14 дена бесплатен престој, сместување и можности за работа, со цел да привлече нови жители и да ја обнови заедницата, пренесува „Н-1“. Апликациите се отворени до почетокот на јули. „Проектот е наменет за сите заинтересирани да се преселат во Ајзенхутенштат – како што се патници, луѓе заинтересирани да се вратат во градот, квалификувани работници или самовработени луѓе ...

Првото електронско пријавување, во јунскиот рок, за запишување ученици во прва година во државните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година започна денеска. Рокот завршува на 17 јуни на полноќ. Четирите средни училишта во Велес, „Гимназија Кочо Рацин“, хемиското „Димитрија Чуповски“, економското „Јовче Тесличков“ и машинско техничкото „Коле Неделковски“ ги очекуваат пријавите на деветооделенците. Освен од Велес се очекува упис на ...

На регионалниот патот Кавадарци -Росоман, во близина на стопански објект, вчера, во 15:00 часот, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (40) од Кавадарци и патничко возило „Фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.Б.(31) од село Трстеник, општина Росоман. -Во несреќата сопатничката од возилото „опел“ П.Д. (42) се здобила со тешки телесни повреди, ...

Велешанецот Е.Х.(25), вчера, доцна попладне, во 18:00 часот во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил дека на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23) од Велес, при што напаѓачот употребил и метален предмет, а откако неговата 27 годишна сопруга дошла на местото на настанот таа добила закани од напаѓачот. – Од страна на полициски службеници С.У. бил затекнат како во рацете држи остри предмети, ...

Оваа година, на 59 Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за прв пат беше доделена наградата за музика „Филип Стевановски“, насловена по трагично починатиот музичар Стевановски, кој животот го загуби во пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани, во време кога беше директор на НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип. Прв добитник на наградата „Филип Стевановски“ е Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“ во изведба на велешки НТ „Јордан Хаџи ...

Вечерва, со почеток во 19:00 часот и во понеделник, на 16 јуни со почеток во 20:00 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, по барање на театарската публика репризно, по шести и седми пат, ќе ја изведе претставата “Жена ми се вика Борис“ работена според текст на Рафи Шарт, а во адаптација и режија на Диме Боцев. Во урнебесната комедија играат: Видан Станоев, Диме Боцев, Благица Боцева, Анастасија Данаилова, Саше ...

Метео прогнозерот Славчо Поповски во месечната прогноза за наредниот, месец јули, годинава соопшти дека во Македонија ќе има поумерени температури на воздухот. „Тоа значи дека екстремно топли долготрајни бранови нема да има во Македонија. Сепак, нормално е да очекуваме продори на Африканска топлина, што е и вообичаено за месец јули. На метеоролошката карта може да се види дека кај нас нема некоја голема температура аномалија, иако за 0.5 степен, ...

Во ова време на вештачка светлина и дигитална присутност, вистинското „бидување” сè повеќе исчезнува. Луѓето се чувствуваат отсечени од природата, од себе, од другите. Се јавува внатрешна празнина, немоќ да се почувствува ентузијазам, воља или инспирација. Летаргијата не е слабост на поединецот, туку крик на еден изморен колектив. Интересно е што, иако имаме пристап до сè: култура, знаење, забава, комуникација, никогаш не сме биле поуморни. И не ...

Талентот, трудот и уметноста на младите балерини од Велес повторно добија меѓународно признание. Балетско студио „Анабела“ и оваа година блесна на сцената на Меѓународниот детски карневал во Херцег Нови, Црна Гора, кој од 6 до 8 јуни се одржа по 16. пат. Велешанките беа единствени претставници од Македонија и веќе шести пат го носат македонското знаме на овој престижен фестивал со ревијален карактер. На сцената во Херцег Нови, „Анабела“ се ...

Со цел подобра грижа за здравјето на жените и рана детекција на потенцијално сериозни заболувања, во Општина Градско се спроведе акција на бесплатни гинеколошки прегледи. Прегледите се одвиваа во адаптирана сала во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“, каде што беа опфатени 120 жени од Градско и околните населени места. Акцијата се реализираше во текот на десет дена, со претходно закажани термини и со поддршка од стручни медицински лица. ...

Во просториите на Јуроп Хаус во Велес, денеска се одржа тематска работилница на тема „Улогата на граѓанското општество и локалните институции во процесот на пристапување кон ЕУ“, организирана од АДРР СОНЦЕ, Лулуди, Ромски Ресурсен Центар и Симплексис – Грција. Пред присутните граѓани и претставници на граѓански организации беа презентирани клучните аспекти од пристапниот процес кон Европската Унија, важноста на реформите и улогата што ја имаат ...

Рациновиот Велес, деновиве, во чест на човекот што стана симбол на македонскиот идентитет и македонската интелектуална мисла домаќин е на 62 „Рацинови средби. Манифестацијата посветена на македонскиот најголем поет, револуционер, борец, филозоф, романтичар, виртуоз на пишаниот љубовен збор вчера вечер беше свечено отворена. Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, ги прогласи за отворени годинешните средби порачувајќи Рациновите мугри да ...

Под мотото „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“, вчера на повеќе локации во Велес беше спроведена сообраќајна превентивно-едукативна активност во организација на Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес. Акцијата беше насочена кон подигнување на свеста за безбедноста на пешаците, но и на другите учесници во сообраќајот. Главен акцент беше ставен на пешаците, ...

Ревијата „СТРИП КРЕАТОР“ бр. 38, во издание на Стрип центарот на Македонија од Велес, е едно од седумте стрип списанија избрани за официјалната селекција на престижниот фестивал Supertoon, кој ќе се одржи од 21 до 25 јули во Шибеник, Хрватска. Ова издание е финансиски поддржано од Министерството за култура и туризам на Македонија, а влезе во конкуренција со 21 пријавено списание од Европа и пошироко. -Изборот на нашето списание на еден од ...

Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, особено денес и утре, најизразен во Повардарието, гласи прогнозата на Славчо Поповски. „Сепак, во попладневните часови ќе има сосема мали исклучоци, односно, локално можна е сосема мала нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Што се однесува до температурите, тие и ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Измама преку компјутерски систем“, казниво по член 251-б став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Според информациите од МВР, пријавениот во текот на месец февруари креирал лажен профил на социјалната мрежа Инстаграм, со цел да се ...

Поетот Кочо Рацин и годинава беше во фокусот на научната и културната јавност, откако во рамките на 62. Рацинови средби во Велес се одржа значајна научна конференција посветена на неговото влијание врз современиот македонски јазик и книжевност. Настанот се одржа во фоајето на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, а го организираа Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Општина Велес. На конференцијата беа презентирани ...

Во непосредна близина на касарната, од утре, петок ќе започнат градежни работи кои ќе го отежнуваат сообраќајот. Работите се однесуваат на реконструкција на металната решетка од шахтата за атмосферска канализација, која се наоѓа во многу лоша состојба и претставува потенцијална опасност за учесниците во сообраќајот. -Поради изведбата на градежните активности, на самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а сообраќајот ќе ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
45%
1013
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
6.17
82%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
49%
1019
weather icon

Софија

27ᴼ / 25ᴼ
0.36
55%
1015
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.23
41%
1015
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.18
53%
1020
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
5.14
39%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
48%
1013
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
33%
1014
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
4.12
28%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
4.63
61%
1017
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
7.2
100%
1013
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71