
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



На 28.04.2025 во 11.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.У.(49) од Радовиш. Тој бил затекнат на ул. ,,Шаин маале“ во Радовиш како се движи во воена униформа и на себе имал ремен со пиштол, лисици и дрвена палка, а во рацете имал пушка. При обид да биде лишен од слобода, А.У. се дал во бегство и ги фрлил предметите кои ги носел во себе, но по преземени мерки, бил фатен и лишен од слобода. Од ...
Одбојкарите на Струмица вторпат славеа против Штип УГД во финалната завршница од шампионатот и се на чекор до нова титула.Во драматичен натпревар со многу пресврти по сетови, струмичани лавовски се изборија во финишот за победа од 3:2 и потврда на амбициите за нов ШАМПИОНСКИ ПЕХАР. Потврда ќе се бара на теренот во Штип неделава или во Струмица идната. Променлива игра на двата тима. Се играше сет за сет. Струмичани поведуваа по сетови а штипјани ...
Општина Струмица го објави повикот за субвенционирање на граѓаните за купување велосипед или велосипед со заштитна опрема како што се кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло за оваа година. Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот или велосипедот со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), но не повеќе од 10.000,00 денари по лице, со вклучен персонален ...
Првиот човек на ЈЗУ Здравствен дом Струмица – Кирил Манчев ќе работи на добивање согласност за вработување на дополнителен персонал неопходен за нормално функционирање на службите при ова здравствена установа. Како што нагласи во контуинитет се чувствува потребата од дополнителен кадар во Здравствен дом, поради што вработените постојано се вклучени во давањето здравствени услуги на граѓаните. Тој деновиве беше вклучен во мобилната екипа на ...
Oпштина Гевгелија ги известува жителите на општина Гевгелија дека остануваат уште 16 слободни места за добивање субвенции за набавка на велосипед. Од објавувањето на Повикот за 2025 година, по донесената Одлука на Советот на Општина Гевгелија, досега барања за субвенции поднеле 84 граѓани. Право на аплицирање имаат граѓаните на општина Гевгелија, кои купиле велосипед во периодот од 1 април сè до потрошувањето на средствата во висина од 500.000 ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп посети тутунопроизводител при што разговараа како помина минатата реколта и за подготовките за идната реколта 2025. ,,Во текот на вчерашниот ден ги исплативме субвенциите за реколта 2024 година, станува збор за околу 40 милиони евра субвенции кои што легнаа на сметка на околу 14.500 тутунопроизводители од цела држава. Ова е една рекордна на исплата на субвенција ...
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Т. (32), У.К. (24), Л.А. и В.Т. (50), сите од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. „На 17.04.2025 во својство на водач, првопријавениот на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, од кои едно дете од Кина и ги предал на второпријавениот. Додека, третопријавената, ...
Одбојкарите на Струмица го матираа УГД Штип со 3:1 во сетови и дојдоа до предност од 1-0 во финалната серија со бранителот на КУП титулата кој ја имаше предноста од домашен терен. Струмичани борбено го издржаа притисокот на Штип УГД и не се откажаа од целта одбрана на титулата, што го најавија уште во првиот сет. Тимот на Струмица предводен од искусниот Владо Милев буквално знаеше што сака во натпреварот па го принуди домашниот состав на многу ...
Две противпожарни возила целосно опремени со капацитет од 5 и 2 тони литра вода како и теренско возило за брза интервенција доби Општина Василево како донација со што и официјално ја почна постапката за формирање на Доброволно поротивпожарно друштво. Како што кажа градоначалникот Славе Андонов потребата од противпожарно друштво е голема бидејки Општина Василево територијално е огромна и контуинирано има пожари на на отворен и затоврен простор ...
Регионалниот проект „Зајакнување на одговорноста и родово чувствителните одговори на локалните власти на кризи во 3 земји“ беше имплементиран од 3 граѓански организации: Здружение на жени Природа-Братунац, Босна и Херцеговина и Младинско здружение Бечеј-Бечеј, Србија и Новинари за човекови права, Скопје-Северна Македонија. Проектот беше спроведен во 24 локални заедници/општини или 8 општини восекоја проектна земја. Општата цел на проектот е да ...
ООУ „Никола Карев“ од Радовиш доби биста на својот патрон – револуционерот и македонски војвода Никола Карев. Станува збор за дело изработено од академскиот вајар Далибор Николовски Дачо, кој заедно со директорот на училиштето Кире Јанковски , градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов ја открија бистата на Никола Карев во рамките на одбележување на патрониот празник. На церемонијата за октривање на бистата, ученици го прочитаа Крушевскиот Манифест а ...
Гевгелискиот бизнисмен Томица Главчев ќе биде новиот претседател на КФМ – Кошаркарската федерација на Македонија, објавија дел од спортските портали. Неговиот избор се очекува да биде потврден идната недела на закажаното вонредно собрание на КФМ на 30 ти април на кое се очекува да му биде изгласана недоберба на актулениот претседател Перо Антиќ. Иако за оваа позиција се споменуваше името на Младен Ѓуроски, спортските портали пренесоа дека тоа ќе ...
Струмица и Кочани ќе соработуваат откако денеска градоначалниците на овие две Костадин Костадинов и Венко Крстевски потпишаа Меморандум за соработка, кој треба да биде потврден и од Советите со официјален Договор за меѓуопштинска соработка. Со истиот се очекува Општина Струмица да дава помош и поддршка на општина Кочани, бидејки после големата трагедија на ова општина и е потребна институционална поддршка. ,, Секторот за инспекциски служби на ...
Општина Струмица организира јавна презентација и јавна расправа за План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025 -2029 година. Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025 -2029 година. План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025 -2029 е ...
На 22.04.2025 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 07.04.2025 извршил кражба на подрачје на Струмица, а на 22.04.2025 извршил кражба на подрачје на Радовиш. Во службен разговор, тој ги признал делата и кај него биле пронајдени пари, кои ги одзел при кражбата во Радовиш и ќе бидат вратени на сопственичката. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно ...
По повод Денот на македонската полиција – 7 Мај, Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица во соработка со Секторот за внатрешни работи – Струмица, распишува Конкурс за литературна творба или илустрација на тема: „Хероите носат униформа – но и срце“. Преку пишан збор или цртеж, сите учесници ќе имаат можност преку креативно и уметничко изразување да покажат што значи за нив храброста, како изгледа еден херој, како ...
Различно го празнуваат Велигден, жителите од подбеласичкото село Колешино во општина Ново Село. Едни вапсаат велигденски јајца, други не.. Едни Христовото воскресение го најавуваат и пречекуваат во сабота вечер, други во недела а трети воопшто не одат на црква и за нив Велигден е обичен ден. Во Колешино има повеќе верски заедници и секој Велигден го слават според своите религиозни верувања. Во ова село има православни верници, методисти, ...
Денеска (19.04.2025) околу 04 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека на регионален пат с.Миравци- с.Давидово, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(19) од с.Миравци, гевгелиско, излетало надвор од коловозот. На местото на настанот починал Т.П., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Гевгелија. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен ...
Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев присуствуваше на Граничниот премин Дојран каде се поставени, оспособени и од денеска функционираат две нови контролни точки, а истовремено се отворени и две нови линии за премин. Со двете нови линии за премин – влез и излез од земјава, драстично ќе се забрза протокот на возила и патници на граничниот премин Дојран на македонско грчката ...
СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Е.(38) од Радовиш поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон.На 17.04.2025 врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш извршиле претрес во стан и помошни простории ...
На 17.04.2025 во 20.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Х.(43) од село Просениково, струмичко. Тој, околу 17.00 часот со неговиот трактор насилно влегол во шумски склад на ЈП „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица и оштетил возило, кое претходно било одземено и паркирано во складот. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од ...
Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден ...
ООУ „Мануш Турновски“ од Ново Село денеска во паркот пред Домот на културата организираше Велигденски базар на кој доминираше детската креативност, позитивната енергија но и хуманоста. Имено учениците и наставниците од одделенска настава од сите подрачни училишта на ООУ „Мануш Турновски“ се собраа на едно место и во пресрет на големиот христијански празник Велигден другаруваа, играа, бојадисуваа велигденски јајца, правеа уметнички изработки и со ...
Почна да се гради паркот во населбата Карпош во Струмица кој треба да биде на површина од околу 40 илјади квадратни метри i и ќе преставува место за одмор и релаксација наспроти првичната идеја на тааа локација да се гради трговски. Првиот дел од паркот ќе се гради со пари од ЕУ од Програмата за прекугранична соработка со Бугарија за што ќе бидат инвестирани околу 350 илјади евра пари кои граѓаните на Струмица немаат обврски да ги враќат, оти се ...
24 правни лица во Струмица ќе добијат забрана за користење на јавна површина и најверојатно ќе мора да ја ослободат истата од евентуални платформи или објекти на свој трошок. Станува збор за угостители и дуќани кои користат јавен простор а кои не постапиле според законските одредби кои се на сила изречени од страна на инспекциските органи на општина Струмица откако градоначалникот на Струмица на 21 март донесе наредба за вонредни надзори. ,, За ...
На 15.04.2025 во 20.20 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Т.Г.(28) од село Колешино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 120 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на ...
Во близина на мостот на Серменинска река во гевгелиското село Мрзенци, синоќа во 20.00 часот на земјен пат полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица лишиле од слобода малолетник од Скопје. При контрола во возило хјундаи, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет. ...
Подрачното училиште „Гоце Делчев“ во селото Ангелци каде се школуваат ученици од прво до петто одделение од Ангелци и Градашорци доби целосно опремена библиотека. Станува збор за школо кое функционира во рамките на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево а библиотеката која е сместена во една од просториите на објектоте ќе даде дополнителен инпут за нови знаења и љубов кон книгата. Како што објави градоначалникот на Василево Славе Андовно, библиотеката е ...
Во пресрет на големиот христијански празник, Фондацијата ,,Елеуса“ од Струмица подготви и дистрибуираше 200 пакети до семејства кои што тешко доаѓаат до пристојна трпеза и секој месец едвај врзуваат крај со крај. Како што не информираше Наташа Василевска Трајчевска станува збор за пакети подготвени со помош на фирми кои донираа прехрамбени производи. ,, За разлика од изминатите години, ова година испративме директни барања до фирми и комапнии и ...
Лицата со попреченост и вработените во ТППЕ Струмица се ослободуваат од плаќање на јавен превоз, ваква одлука донесоа членовите на Советот на општина Струмица на редовната 50-та седница. Оваа одлука е само една од усвоените предлог одлуки од повеќе области, програми, решенија и извештаји. Меѓу нив се одлуките за проширување и измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Струмица за 2025 година, за давање на користење деловни ...