На 26.02.2026 во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Ј.Т.(53) од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра. Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски ...

Струмичани реагираат и на локациите каде се поставени патоказните табли во рамките на проектот поставување на туристичка сигнализација (знаци и патокази) во Општина Струмица што го имплементира Заводот и Музеј Струмица. Тврдат дека треба да бидат повидливи и да има соодветно растојание меѓу поставените патокази. „Добро е да има патокази за да знаат каде се наоѓаат нашите културно историски места, локалитети и цркви но не требало да бидат ...

Поради граматички грешки и несоодветна транскрипција на англиски јазик, знаците и патоказите што беа поставени во Струмица од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица наидоа на остри реакции во јавноста. Граѓаните почнаа да споделуваат фотографии од таблите со забележаните грешки, кои се дел од проектот за набавка на туристичка сигнализација во општина Струмица. Станува збор за проект со кој на повеќе локации во ...

Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија . Тој ќе се протега на површина од 2.356 квадратни метри, со продажен простор од 1.507 квадратни метри. Дополнителна придобивка за купувачите ќе бидат и предвидените 130 паркинг места, што ќе овозможат удобно и практично пазарење. Со реализацијата на овој проект Lidl ја ...

На 25.02.2026 година во 01:35 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во с. Турново, општина Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки и товарно возило „ивеко“ со полуприколка со струмички регистарски ознаки. „Со мопедот управувал И.Ј.(45) од с. Бориево, додека товарното возило го управувал В.Г.(64) од Струмица. По несреќата, возачот на товарното ...

Општина Дојран беше дел од македонскиот штанд на 47 –от Меѓународен саем за туризам во Беград Србија каде ги презентираше своите убавини и туристички потенцијали. Станува збор за реномиран турстички саем каде се присутни голем број туристички места, тур оператори, агенции, хотели, туристички организации кои нудат можност за организирање на патувања, престој и туристички рути. ,,Имавме можност да ја промовираме природната убавина, културното ...

Од годинава има Нова уредба со кои се утврдуваат поблиските критериуми за директни плаќања, односно кои се може да бидат корисници, кои се максималните износи но и начинот на директни плаќања за 2026. Конкретно станува збор за измена на начинот на распределба на субвенциите од државата кон земјдоелците односно лицата кои се носители на земјоделско стопанство. За подмерката 1.3 – Директни плаќања по обработливa површина за градинарски култури ...

Општина Василево во соработка со лиценцираната компанија Еко-текс од Скопје поставија контејнери за собирање на текстилен отпад. Контејнерите се поставени на пет локации од кои три во општинскито центар Василево и по еден во училишните дворови во Нова Маала и Ангелци „Општина Василево воспоставува функционален и одржлив систем за селектирање и рециклирање на текстилен отпад. Контејнерите се поставени претежно пред основните училишта и ...

Општина Радовиш ги прогласи најдобрите во спортот за минатата година. Признанието за спортист му припадна на Кристијан Илиев од населеното место Јаргулица инаку одбојкар за шампионскиот состав Струмица и одбојкарски репрезентативец на Македонија. Ова е прво признание на Илиев кој со макотрпна работа успеа да го облече и дресот на одбојкарската репрезентација на Македонија Останатите индивидуални награди заминаа за најдобар спортист кај ...

На 21.02.2026 и 22.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од село Владевци, струмичко, А.Т.(26) од село Еднокуќево, струмичко и К.Г.(19) од Струмица поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со настанатиот пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавено во Струмица што се случи за време на одржувањето на карневалското дефиле. На 22.02.2026, врз ...

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал размислува да ги зголеми стиумлациите и наградите за карневалистите но и да се разграничи вреднувањето на групните маски кои доаѓаат од граѓански здруженија и институции т.е. училиштата. Вака денеска одговорија на прес конференцијата Љупка Галаска Василев и Катерина Палифрова на новинарското прашање на Дрнка МК дали размислуваат во иднина да го кореиграат Правилникот за доделување награди. ...

Веќе извесен период Општинската комисија на Струмица врши проценка на штетите од поплавите во населените места Муртино, Сачево и Банско. Таму беа поплавени пластеници и дворови во непосредна близина на реката во која се влеаваат најдојдените води од Тркања. Поплавите се случија на 26 и 27 јануари а до 10 ти февруари беше рокот за пријавување штети. „До Општинската комисија за проценка на штети стасаа 140 пријави. Станува збор за пријави од ...

На 21.02.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во времето од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки, кој се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд“ со струмички регистарски ознаки. Возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а ...

Студеното време не ја растури карневалската магија по улиците на Струмица каде околу илјада учесници ги презентираа своите креации упатувајки разновидни пораки преку своите костими, маски, настапи. Цели четири часа траеше дефилето во кое струмичани доминираа со своите маски и огромни возила кои наликуваа на оние во Рио. Секој со своја енергија, приказна, импозантност во музичко сценските точки. Ликови од митологијата, сегашноста – разиграни ...

Вкупно 15 планинари членови на ПК Ентузијаст од Струмица во наредните пет дена ќе пешачат до Скопје со цел да му одадат почит на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски на гробиштата во Бутел. Тргнаа од пред споменикот ,,Македонија“ подигнат во чест на Трајковски во Струмица и по однапред утврдена рута со ноќевања кај Дедино општина Конче, Љуботен кај Штип,Ѓуришки манастир кај Свети Николе и Маџари кај Скопје, планинарите во четврток ...

Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал. Тие синоќа на маскенбалот кој се одржа во “Сириус“ беа избрани за оваа улога и веќерва ќе го предводат големото дефиле по струмичките улици. Тие се дел од маската „Диско забава – кралеви на подиумот“ со која се забавуваа на маскенбалот ,,Нашата порака е масовно да ја пренесеме оваа традиција која трае со векови ба бапуте деца и тие да учествуваат на струмичкиот ...

Зоран Јовановски од Ангелци Општина Василево е првиот македонски спортист кој ќе настапи на зимски параолимписки игри, објави Скијачката федерација на Македонија (СФМ). Зимската параолимпијада во Милано и Кортина ќе трае од 6 до 15 март. Зоки преку Здружението на лицата со инвалидитет Мобилност од Струмица се има истакнато во повеќе спортови а последниве години храбро се справува и со скијањето. „Ова е историски чекор за скијачките спортови ...

Планинарскиот клуб “Ентузијаст“ од Струмица во периодот од 22 до 26.02.2026 година по 21 пат ќе го организира меморијалниот марш-маратон (трансверзала) по повод загинувањето на Претседателот на Р.Македонија, Борис Трајковски, на релација Струмица – Скопје (гробишта Бутел). Целата патека е во должина од 200 км. Собирањето и Поаѓањето ќе биде во 9 часот од Плоштадот Гоце Делчев во Струмица, од каде поворката ќе се движи до споменикот на Борис ...

На 19.02.2026 во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода П.Ш.(29) и С.Д.(24), двајцата од Струмица. При претрес во домот на П.Ш., извршен со судска наредба, во кој била затекната и С.Д., е пронајдено пакување со околу 100 грама кокаин. Во 14:30 часот во Струмица е лишен од слобода и И.Б.(55) од село Чифлик, тетовско, од кого П.Ш. и С.Д. го купиле кокаинот. Лицата се задржани во Полициската станица ...

Вкупно 17 илјади и 67 дивоградби има во Југоистокот кои чекаат на легализација. Овие податоци се од средината на 2024 година кои ги има Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Станува збор за бесправно изградени објекти до 3 март 2011 година а за кои Владата упати апел за нивна легализација по евро за метар квадратен. Сосптвениците на објектите изградени до таа дата требаше да поднесат барање до општините, да изработат елаборат од ...

„Наредните седум дена очекувам голема посетеност на Струмица и секој добронамерник да ужива во позитивната енергија, добрите забави и програмата што ја нуди Струмичкиот карневал“. Така потенцираше градоначалникот на Струмица Петар Јанков во изјава за МТВ подвлекувајки дека годинава има и новитети кои носат дополнителна можност за уживање како што е концертот на Џајковски. Според него карневалот е добар за локалната економија со оглед на ...

Од синоќа Струмица пулсира под маски. Клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков беше предаден кај карневалистите кои ќе ,,владеат“ во наредната недела. ,,Деновиве не очекува интересна програма организирана од Карневалскиот одбор и поддржана од Општината. Се надевам дека ова карневалско издание ќе биде едно од најуспешните и им посакувам добра забава и пријатна атмосфера на сите учесници во ова наше струмичко карневалско чудо, рече ...

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска во Струмица имаше работна средба со земјоделци, трговци, откупувачи за и околу престојната откупна сезона на пролетната зелка. Од земјоделците слушна за и околу засеаните површини под оваа култура и можните количини што ќе се произведат, додека од трговците откупувачи побара информација каков е интересот од странските пазари. Целта е да се направи акционен план за и околу динамиката на ...

Агенцијата за недвижности Дора Инвест во Струмица го одржа настанот во рамки на Националниот караван за недвижности „Дом во секој град“ – стратешка иницијатива насочена кон јакнење на професионалните стандарди, транспарентноста и довербата на пазарот на недвижности. Преку директна комуникација со граѓаните и соработка со локалните институции и професионалци, караванот има за цел да поттикне одржлив урбан и економски развој во секој регион од ...

Новинарот од Струмица, дописник на МИА – Ристо Тасев ја доби Наградата за животно дело ,, Крсте Петков Мисирков“ на ЗНМ кое годинава одбележува 80 години постоење. Синоќа во Скопје ЗНМ ги додели наградите на новинари и фоторепортери за најдобри истражувачки стории и известувања од локално ниво Ристо Тасев во новинарството е од 1982 година. Својата кариера ја започнува во спортската редакција на Вечер а е бил и репортер на спортската програма ...

Околу 1000 домакинства од општина Босилово ќе добијат посебни канти за селекција на отпад, односно во нив да се депонира пластика. Првиот човек на општината Ристо Манчев објави дека 500 канти веќе се поделени низ селата каде има организирано собрање на отпадот, каде жителите депонираат се што е од пластика. Кантите за селекција отпад, Општина Босилово ги обезбеди во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). До крајот на ...

Општина Василево доби известување од Министерството за транспорт дека се завршени сите административни постапки околу Договорите и средствата за реализација на Основниот проект – Партерно уредување на школски двор во ООУ „Гоце Делчев“ ПУ с. Ангелци со кој општината аплицираше од Проектот за поврзување на локални патишта компнента 2.2 – проекти од значење на заедницата. Битолската фирма Стентон градба ќе ги извршува работите на терен со која ...

Карневалската група „Мулен руж“ годинава на Струмичкиот карневал ќе се престави со маската ,,Меѓу мудроста и силата“. Речиси еден месец ја работат маската во која мажите ке бидат кентаури и ќе ја отсликат грчката митологија на еден нов современ начин. На едно место се конструираат, шијат и дотеруваат сите модели. Се користат ПВЦ цевки, тркала, сунѓери, тврда харија, перики но и голем избор на блескави декоративни елементи „Преку оваа маска ...

Организацискиот одбор на Струмички карневал го објави редоследот на маските за саботното карневалско дефиле. Годинава како што објавија организаторите ќе настапат вкупно 39 маски со околу 1025 учесници. Според доставената табела на големото интернационално карневалско дефиле во Струмица ќе има 28 маски од земјава и 11 од странство. Од Македонија пријавени се 24 групни и 4 поединечни маски додека од странство доаѓаат групи од Бугарија, Србија, ...

Во три работилници во Струмица, карневалското здружение „Струма“ ја работи годинашнава маска за Струмичкиот карневал. Во едната се прават последните детали односно финеси, во друга пак се шијат маските од глава до петици , додека во третата мажите го работат возилото за да ја илустрира пораката што сакат да ја испратат. Маската е насловена „Аманет“ во чест на починатиот член Бранко Достинов еден од основачите на групата „Струма“. Тој ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
34%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
3.6
37%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
56%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
31%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
0.81
41%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
5.14
46%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
64%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
39%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
6.69
43%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
51%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Иридиум

253540.09

Цинк

3.35

Родиум

319899.93

Злато

166450.52

Калај

50.03

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84