Граѓанската „Милиеуконтакт Македонија“ отпочна да го реализира проектот „AgriSHIFT – одржливо земјоделство“ кој има за цел да даде поддршка на земјоделците да се справат со последиците од климатските промени и одржливи практики. Со истиот се опфатени и земјоделци од Југоистокот кој има за цел стекнувања знаења и давање можности да се изградат поотпорен и поодржлив земјоделски сектор, подготвен да одговори на предизвиците од климатските ...

Во одлична состојба е површинската вода за капење во Дојранското Езеро, согласно микробиолошките индикатори, посочуваат најновите резултати од земени мостри од Езерото, кои Општина Дојран ги објави денеска. Резултатите се од извршените анализи на три мерни места, соопштија од Општината, и тоа – „Градската плажа“, плажата „Гранико“ и плажата „Полин“. Општинските власти велат дека анализите се спроведени согласно Националната годишна програма ...

ШК „Цареви кули“ од Струмица ќе игра во Првата шаховска лига на Македонија откако во кфалификациите во женска конкуренција на Втората лига го освои второто место. Ова е голем успех за клубот кој е најмлад на шаховската карта на Македонија и успеа да се докаже во младинските категории. Спроед Крсте Танчевски претседатал на клубот ова е резултат на упорноста и професионалноста на сите инволвирани во „Цареви Кули“ кои во последните години ...

Членовите на Доброволното противпожарно друштво Струмица извршија наводнување на садниците од чемперс и црн бор кои минатата година беа засадени во рамките на проектот ,, Едукација во средните училишта за шумски пожари – Да се едуцираме за пожари да ја заштитиме природата“ што го поддржа Општина Струмица. Ова е втор пат како ги наводнуваат садниците кои имаат пуштено коренов систем и се во вегетација. „За нас, ова не е само обврска, туку и ...

Денеска (03.08.2026) во 04:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35 годишно лице од Ресен (полициски службеник), постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 и 02.08.2026 година во Стар Дојран физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп со кој бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се ...

Фолклорниот ансамбл „Цветови“ од Дедино Општина Конче ја понесе првата награда за најкомплетна и најоригинална изворна народна носија на годинашново 26 тото издание „Илинденски денови“ во Битола. На ова манифестација која траеше повеќе денови учествуваа 35 ансамбли и фолклорни групи со над 1300 учесници кои го презентираа својот фолклор, песна и игра. Жири комисијата во состав д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана ...

Вистинска драма се одвивала рано утринава во близина на трим-патеката кон манастирот „Св. Илија“ кај Струмица, каде мајка и дете паднале во провалија и морале да бидат спасувани од пожарникарите.Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираа дека повикот за интервенција бил примен околу 05:15 часот, по што на местото веднаш бил испратен тим од пожарникари-спасители. Од ТППЕ Струмица посочија дека благодарение на брзата, ...

Општина Струмица објави известување за жителите на Вељуса со кое ги информираат дека водата не е здравствено исправна за пиење. „Овој наод е констатиран по извршените анализи на земените мостри од чешмата пред училиштето од страна на Центарот за јавно здравје – Струмица. Забраната важи се до добивање на негативни резултати од следна анализа“, стои во известувањето од Општина Струмица Известување има и од ЈПКД Комуналец за жителите на Водоча ...

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се менува времето: до пладне е лето, од пладне есен, па затоа на неговиот ден не се капат (бањат) во реката. Неговото име на еврејски значи сила Господова. Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...

Комуналните инспектори и инспекторот за улици и патишта при Општина Струмица, при вршење на надзор на ул.„Кољо Орцев“ затекнале голема количина на отпад од градежни материјали, произлезен од реконструкција и преуредување на станбена единица, во колективен објект за домување. Како што објави Општина Струмица отпадот бил оставен на тротоарот на ул.„Кољо Орцев“ во Струмица при што го загрозил движењето на пешаците по тротоарот но и везбведно ...

На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а од ...

Пионерите на транс музиката диџеите Пол ван Дајк и Пол Окенфолд ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на празникот 2 Август-Илинден во Битола, а завршува на Денот на независноста, 8 Септември во Скопје. Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопштиja Бобан Милошески од „Авалон продукција“ и портпаролката на Владата Марија ...

Јавното претпријатие „Национални шуми“ и Казнено-поправната установа „Затвор“ – Струмица соопштија дека потпишале меморандум за соработка, со кој се предвидува ангажман на осуденици во општокорисна работа. Договорот го потпишале директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, и директорот на КПУ „Затвор“ – Струмица, Зоран Ристов, во присуство на директорот на Подружницата за шумарство „Беласица“ – Струмица, Никола Тренчовски. „Предвидено ...

Членовите на Ротари клуб Струмица донираа два ЕКГ апарати за потребите на Општата болница Струмица. Со оваа донација ќе се овозможи подобрување на условите за дијагностика и поквалитетна здравствена услуга за пациентите. „Донацијата е реализирана во соработка со раководството на болницата, а особено ја истакнуваме заложбата на директорот Гоце Христов, кој континуирано работи на унапредување на условите во Општата болница Струмица и ...

Хуман гест на учеснички на годинашнава Црешијада во струмичко Вељуса. Собраните средства од продажба на слатки од цреши одлучија да ги донираат. Наталија Арламова и Маре Ефтимова кои на првата Црешијада подготвија и продаваа разновидини специјалитети од цреши собраните пари одлучија да ги наемнат за набавка на клима за потребите на ЈУ Завод и заштита и рехаблитиција во Банско На иницијативата се приклучи и Кире Михаилов член на ...

На 29.07.2026 околу 02:40 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на општински пат с.Калуѓерица – с.Подареш, во атар на с.Подареш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(51) од с.Ораовица, радовишко и трактор со приколка, управуван од Г.М.(56) од с.Подареш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од тракторот, Ф.И.(39), А.И.(41) двете ...

Олимпија Љубљана на местото од Мишо Бречко Тренчовски минатата сезона остави одличен впечаток како тренер на Радомље, тим со кој беше хит во словенечкото првенство. Тој сега ќе има нов предизвик, да ја преводи Олимпија Љубљана каде настапува и македонскиот интернационалец Димитар Митровски. Југoслав Трeнчовски долго време беше на чело на Академија Пандев па отиде на печалба на блискиот исток и азија по што се префрли во Словенија каде ...

СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 и „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 од Кривичниот закон. На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица и патничко возило „киа“, ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти во однос на претходната одлука од 20 јули. Новите цени ќе важат од 28 јули во 00:01 часот. Согласно одлуката, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 95 денари за литар, што претставува поскапување од 3 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ...

Царинските службеници на грчките гранични премини денеска го започнаа предупредувачкиот штрајк, и не работат одноносно штрајкуваат во периодот од 5 часот до 9 часот наутро. Според најавите, трите гранични премини со Македонија се затворени, а возила се пропуштаат на секои десет минути. Штрајкот се одржува од 05:00 до 09:00 часот по македонско време и ги опфаќа сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони кај Богородица, Ники ...

Караванот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ го заокружи викендот со панел-дискусија во Струмица, од каде беше испратена јасна политичка порака, Македонија повеќе нема време за политики на изговори, поделби и лични интереси. „Додека народот се бори за секој денар, додека земјоделецот се бори за својот труд и својот производ, некои политичари се натпреваруваат кој ќе покаже ...

СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против Б.Д.(22), Т.Ј.(49), С.Д.(47), В.М.(36), Г.Т.(42) и М.Т.(21), сите од село Просениково, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, против Т.Ј. и Г.Т. поради сомнение дека сториле и кривично дело „противправно лишување од слобода“, против Б.Д. поради постоење на сомневање дека сторил и кривично дело „напад врз службено лице при вршење ...

Граѓаните од Струмичкиот регион кои претрпеа штети од невремето проследено со силен ветар кој наликуваше на ураган на 20 и 21 јули може да поднесат барање за проценка на штетите до матичните општини. Во Општина Струмица барањата може да се поднесуваат до 31 јули. Во Општина Босилово барањата ќе може да се поднесуваат од 27 јули до 5 ти август. Во Ново Село барања за проценка на штета до општина Ново Село ќе се поднесува од понеделник 27 јули ...

На 23.07.2026 во 22:30 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од село Банско, струмичко. При преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени кокаин и марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во домот на Е.И. во ...

Вкупно 16 јавачи од Радово и другите населени места од струмичкиот регион ќе тргнат за славното Крушево каде ќе стасат за големито семкаедонски празник ИЛИНДЕН. Приказната за коњаницата од Радово почна во 2021 година од Виктор Сирачев кога сам се приклучи на коњаницата ,, Бигорски манастир – патот на Чрешовото топче“ и пристинга на Мечкин Камне. Година подоцна заедно со уште 4 други јавачи тргна кон Крушево а веќе 2024 и лани да бројат 10 ...

Општина Василево постави ново ЛЕД паметно улично осветлување во населените места Радичево и Дукатино, со што општина Василево има целосна покриеност со вакво современо и пред се економично, енергетски ефикасно, улично осветлување. Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов на ФБ соопшти дека ова е едно од неговите ветувања пред граѓаните на овие населени места, кои сега е целосно реализирано „Ова беше мое ветување пред граѓаните на ...

Деновиве интензиво се работи на осветлување на спортскиот терен односно фудбалското игралиште со вештачка трева кај СРЦ Пандев во Струмица. Ова игралиште беше изградено пред пет година од програмата Хетр трик на УЕФА од страна на ФФМ и тогашна Академија Пандев. Таму веќе се подигнати столбовите за рефлектори со што ќе се овозможат услови и за ноќен тренинг и натпревари под светло. Реализацијата на овој проект на кој најмногу ќе се израдуват ...

Владата ќе ги обесштети граѓаните кои претрпеа штета од невремето, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ветерот кој дуваше во Скопје, Штип и во Струмица на 21 јули имал јачина на оркан/ураган, соопшти вчера Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. ...

Водата од градскиот водовод во Валандово е безбедна за пиење, покажуваат најновите резултати од вонредната анализа спроведена од Институтот за јавно здравје. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев кој го презентираше и лабораторискиот извештај според кој измерената концентрација на арсен изнесува 1,47 микрограми на литар што е значително под максимално дозволената граница од 10, утврдена со здравствените стандарди, ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.74
26%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
51%
1013
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.28
33%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.18
34%
1016
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.1
27%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
1.13
73%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
36%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.23
43%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.2
37%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
4.47
42%
1015
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
0.45
35%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.8
100%
1014
Currency

61.52

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Злато

130535.25

Паладиум

40445.64

Алуминиум

3.23

Сребро

1894.77

Иридиум

252383.36

Калај

55.44

Бакар

13.27

Родиум

265243.66

Платина

52855.83

Рутениум

53852.50