Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Безбедно е отстранета неексплодирана артилериска граната на брегот на Дојранското Езеро, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).Станува збор за артилериска граната со калибар 100 милиметри, тешка 13,6 килограмиГранатата потекнува од Првата светска војна и била наменета за хаубица М14 Гранатата безбедно ја отстрани Зоран Пејев, пиротехничар во ДЗС. „Станува збор за артилериска граната со калибар 100 милиметри, тешка 13,6 ...
Два ер трактори на ДЗС се вклучуваат во гаснењето на огнената стихија кај месноста Пирин Чешма во Валандовско. Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото гаснење е отежнато поради непристапниот терен, каде што механизацијата тешко може да интервенира. Од локалната самоуправа посочуваат дека, според првичните сознанија, не станува збор за случаен предизвикувач на пожар, туку за лице кое ...
Филмот, уметноста на филмот, актерот и уметноста на актерството на филмот, е онаа состојка која подвижните слики од информација ги трансформирала во приказна со која се идентификуваат сите луѓе на овој свет, без разлика на кој јазик зборуваат, од каде доаѓаат, колку се образовани или на која култура припаѓаат, само затоа што лицето на актерот зборува на единствениот и според се, за сите и насекаде разбирлив јазик на човечкото присуство и ...
Синоќа во 21:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.С.(22) од село Злеово, радовишко. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој е осомничен дека извршил тешка кражба во куќа во село Злеово, пријавена на 06.06.2026, при што одзел телевизор и златна нараквица. Во службен разговор лицето го признало делото, при што бил пронајден телевизорот. В.С. се сомничи и дека на 22.06.2026 во село ...
На 09.07.2026 во 19:00 часот на автопат А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Д.(31) од Струмица. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека З.Д управувал патничко возило „ауди“ со австриски регистарски ознаки, со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на ...
Завршивме неколку големи проекти во Гевгелија со што инфраструктурно градот доби нов лик, едно модерно место за живеење. Вкупно инвестираме преку 165 милиони денари, поддршката од Владата за Гевгелија ќе продолжи и во таа насoка ќе работиме на изградба на нов влез во градот, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Заедно со градоначалникот извршија увид во ...
Речиси два милиони евра или 119 309 822 денари било салдото со обврски на општина Струмица заклучно со 27 октомври 2025 година. Од тој датум досега општината контуинирано плаќа по повеќе основи како кон локалните јавни претпријатија така и за намирување заостанати долгови кон изведувачи и добавувачи, обврски кон вработените, како и различни договорни и законски обврски. Вака соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на Струмица ...
Фудбалска топка од моделот Тиенто со кое се играло едно полувреме од финалето на првото Светско првенство во Уругвај од далечната 1930 година произведена во Аргентина се чува во Завод и музеј Струмица. Таа е изложена во постојаната музејска поставка, благодарение на семејството Стефкови од Струмица кои во 2019 тата преку паравнукот Ванчо Стефков го имаат донирано овој експонат. Истражувањата констатирале дека топката е оригинал и произведена ...
Нема да дозволиме нашата татковина да се претвори во рударско решето и рударска колонија. Вака реагираат еколошките здруженија од Југоистокот откако во Службен весник излезе Одлука на Владата за започнување постапка за доделување на концесија за вршење на проспекциски геолошки истражувања на металични минерални суровитни во 27 општини во источна Македонија. Со ова одлука потпишана од вицепремиерот Љупчо Димовски се дава можност во наредниот ...
„СФЕСТ не е само уште еден музички фестивал. Тоа е идеја, визија и проект во кој вложуваме огромна енергија, ентузијазам и посветеност“. Така кажа Елена Запрова член на организациониот одбор на СФЕСТ кој оваа година ќе се одржи од 24 до 26 јули во градскиот парк. На трите фестивалски сцени ќе има повеќе од 30 музички изведувачи но и бесплатен влез за сите посетители. „Со особена чест денес ја споделуваме и најважната вест – Општина Струмица ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит, објави Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 2,50 ден/лит, (Д-Е V) и ќе изнесува 82,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ...
Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во регионот туку и во меѓународната ...
Општина Струмица упати известување до жителите на Габрово кои имаат штети од завчерашното невреме проследено со пороен дожд, ветар и град да поднесат Барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди до 20 ти јули. Барањето може да се подигне во просториите на Општина а истото може да се симне преку линк на општинската веб страна. Со бараљњето треба да се поденсе комплетна докуметнација и тоа ...
Во изминативе денови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа при гаснење на пожари на депониите во Добрашинци и Гечерлија. Сето тоа како што наведуваат струмичките пожарникари на ФБ бара голем ангажман, трошат вода, гориво, опрема и човечки ресурси кои во секој момент може да бидат потребни за спасување човечки животи и имот „Горењето на отпадот ослободува штетни и токсични гасови кои го загадуваат воздухот, ја загрозуваат ...
На 03.07.2026 во 18:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Џ.М.(29) од Струмица. Според пријавеното тој во повеќе наврати агресивно се однесувал кон неговата 28- годишна сопруга, а на 03.07.2026 година отишол пред домот на родителите на сопругата, каде била таа и нивните малолетни деца и упатувал закани. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од ...
На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Р.Л.(72) од Радовиш. Според пријавеното, на 02.07.2026 околу 22:00 на ул. „Благој Мучето“ во Радовиш се слушнал истрел од оружје, по што на улицата било забележано усмртено куче. По преземени мерки од страна на полициски службеници е утврдено дека во кучето пукал Р.Л., кој во службен разговор го признал делото, а од него е одземена ...
Напуштањето на помалите места во последните години стана секојдневие. Сe почесто слушаме како младите својата иднина ја гледаат надвор од родното место или во поголемите градови, барајќи подобри можности за работа и подобра перспектива. Но, не е секаде така. Ова најдобро го потврдуваат младите од струмичкото село Куклиш. Иако тука најголемиот дел од населението, па и поголем дел од самите млади, секојдневно се занимава со напорна работа во ...
Советот на Општина Ново Село донесе одлука формирање комисија за проденка на штети од елементарни непогоди – ветар, град и пороен дожд откако подбеласичкиот регион завчера беше погодено од силно невреме при што беа уништени земјоделски посеви. “Се известуваат сите граѓани кои имаат штети од невремето (ветер, град и пороен дожд) кое се случи на 01.07.2026 година во КО Колешино, КО Колешино вон град, КО Борисово, КО Мокриево, КО Мокриево вон ...
Младата оперска пејачка Сара Јанева од Сушица општина Ново Село, утре во црквата ,,Света Софија“ во Охрид ќе одржи солистички концерт насловен „Корени“ каде на програмата ќе бидат дела од македонски композитори. Станува збор за нов солистички концерт на младата Јанева која досега свои настапи имаше во Скопје, Битола, Струмица а била дел и од фестивали и концерти во Бугарија, Словенија, Италија и Германија. За Јанева концертот во Света Софија ...
Ова инфораструктура ќе овозможи похуман, посензитивен и попрофесионален пристап во постапувањето со децата, особено кога тие се жртви или сведоци на насилство. Заедно со веќе воспоставените капацитети во Битола и со просториите што ќе следуваат во Тетово и Скопје, градиме систем што ќе обезбеди еднаква заштита за секое дете, без разлика каде живее. Вака кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното пуштање во употреба на ...
Петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“, кој годинава за првпат се одржува во три града: Дојран, Струмица и Гевгелија носи исклучително филмско доживување. Иранската кинематографија е во фокус на фестивалот, а публиката ќе има ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера.Овие пет филма заедно ја илустрираат огромноста, ширината и амбицијата на современото иранско кино, секој од нив нудејќи ...
До крајот на годинава или окотмври идната година треба да заврши изградбата на атмосферската канализација во Просениково во вредност 48,6 милиони денари обезбедени од Минситерството за транспорт ,,Рокот за изградба е до октомври 2027 но разговаравме со изведувачот и општината дека Министерството за транспорт и врски има обезбедено пари за таа намена. Доколку успеат да го завршат до крајот на годинава од наша страна финансиски средства ќе има ...
Струмица е новата точка на инвестициската мапа на Lidl во земајва. Денеска беше поставен камен темелник на новиот маркет со што се проширува продажната мрежа во Македонија. Ова инвестифција е дел од стратешкиот равој на оваа компанија во земјава насочен кон создавање нови работни места, поддршка на домашното производство и воспоставување на најсовремени малопродажни стандарди. „Досега Lidl инвестираше повеќе од 200 милиони евра во модерна ...
Борче Серафимовски од Свети Николе кадар на ЗНАМ досегашен државен секретар во МЗШВ ќе биде новиот министер за земјоделство шумарство и водостопанство. Тој ќе биде на местото на Цветан Трипуновски кој изминативе две години беше прв човек на Министерството но го водеше овој ресор и како дополнителен заменик министер во два наврати ,,Станува збор за човек кој ги обединува академското знаење, менаџерското искуство и практичното познавање на ...
Собранието ги изгласа најновите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои го регулираа управувањето на електрични тротинети а за кои имаше силни реакции од јавоста. Со измените, електричен тротинет може да возат полнолетни односно лица со наполнети 18 години . Тротинетот треба дас е управува со маскимална брзина до 20 km/h Со изментие се заострува и казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во законот, ...
12 тото издание на „Мистериите на Беласица“ и искачувањето на Ѕвезден врв засекогаш ќе го паметат Стефанија Кљанкова и Андреј Стоилков – млади велосипедисти и планинари од Струмица. Тие речиси секоја година учествуваат во овој настан кој привлекува се повеќе учесници не само од регионот туку и пошироко. Но годинава Андреј и Стефанија се искачија како млади во врска а се вратија како свршена двојка. Андреј на Ѕвезден врв на височина од 1 877 ...
КУД Боро Џони и Октет Струмица ги понесоа првите награди на Меѓународниот фестивал на уметностите „Морско коњче“ во Бугарија. Октетот првата награда ја доби во категориајта пејачка група до 10 члена додека играорките од „Боро Џони“ за најдобра фолклорна група до 20 члена. Вака објавија од НУЦК Антон Панов од Струмица каде дејствуваат овие уметнички друштва а беа примени и од Христо Јанев прв човек на Општина Обзор кој беше организатор на ...
До 3 јули е аплицирањето за грантови од Оперативниот план за вработување за 2026 година. Станува збор за мерки со кои млади до 29 години може да отворат бизнис и да се самовработат при што ќе добијат грант од 10 илајди евра или пак повзрасни кои ќе добијат седум илајди евра. Грантови ќе бидат доделени и за здружување на два или повеќе лица за отворање бизнис кои може да добијат од 14 до 20 илјади евра. Новитет е што може да аплицираат и ...
„Владата МОРА да ги поништи концесиите за рудникот и конечно да го ослободи општеството од долгогодишната опасна тензија. Нагласуваме: ДА ГИ ПОНИШТИ, не да ги враќа на повторна постапка“. Ова е дел од барањето на активистите против рудници од девет граѓански здруженија кои упатија заедничко барање до македонската влада во врска со рудникот Иловица-Штука на Огражден. Ова ново барање произлезе откако Вишиот управен суд донесе пресуда со која ...
Мистериите на Беласица годинава обедини над стотина вљубеници на природата и планината кои со велосипед или пеш два дена уживаа на планината и го искачија Ѕвезден врв. Странува збор за 12 тото издание на овој настан кој секоја година по ред го организира ВК „Актив“ од Струмица. Учесниците во сабота тргнаа од селото Борисово и пристигнаа во камп зоната на ВК Актив на 1.100 метри надморска височина. Вечерта имаше заедничка вечера и забава а ...