Невремето го опустоши струмичкиот регион. Илјадници декари, пластеници и посеви, домови и механизација не само во околината на градот Струмица, туку и во општините Босилово, Ново Село и Василево, се уништени. За многу семејства ова не е само временска непогода – ова е уништена година, уништена егзистенција и неизвесна иднина. Вака кажа Тања Илијоска – членка на Извршниот одбор на СДСМ која подвлече дека актуелната власт доцни со реакциите на ...

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја извести јавноста дека во водата за пиење од градскиот водовод е утврдено зголемено ниво на арсен, покажале анализите извршени од Институтот за јавно здравје – Скопје. Поради тоа, од претпријатието препорачуваат водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање нови резултати кои ќе потврдат дека е безбедна. До тогаш, водата може да се користи исклучиво како техничка. Од ЈП ...

На 21.07.2026 во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.З.(29) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со радовишки регистарски ознаки, кој го управувал С.З. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува соодветна категорија. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По ...

На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија, З.Ц.(61) од Гевгелија пријавил дека во нива на место викано „Ќупот“, гевгелиско, пронашол граната. Од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување гранатата била подигната и било утврдено дека гранатата е со калибар 100 мм и потекнува од Прва светска војна На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија, З.С.(42) од село Давидово, гевгелиско, пријавил дека во нива во атар на село Давидово ...

Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина ...

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 62-годишен жител на струмичкиот регион, кој е осомничен за тешко кривично дело извршено врз малолетничка помлада од 15 години. Според информациите што ги соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за лицето А.С. (62), против кое е поведена постапка поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Од полицијата ...

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривични пријави против М.Ј.М.(19), мигрант од Авганистан и 17-годишен мигрант, исто така од Авганистан, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија П.М.(62) од село Негорци, гевгелиско пријавил дека околу 15:00 часот на место викано „Авлаќ“ во ...

Од 4 до 8 август во Струмица ќе се одржи 21. издание на Меѓународниот филмски фестивал АСТЕРФЕСТ. Годинашното издание, под мотото „Со отворени очи“, носи богата петдневна програма составена од натпреварувачки кратки филмови, долгометражни остварувања, специјални проекции, промоција на филмска литература и мини-работилница. Фестивалот ќе биде отворен во вторник, на 4 август, во 20:30 часот во Амфитеатарот во Струмица. Во натпреварувачката ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ значително се зголемуваат цените на нафтените деривати. Во просек, малопродажните цени ќе бидат повисоки за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули. Најголемо поскапување ќе има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од 21 јули ќе се продава по 94 денари за литар. ...

На 19.07.2026 во 21:35 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Љ.М.(67) од Гевгелија. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон неговата 66-годишна сопруга, а претходната вечер во семејниот дом и физички ја нападнал, при што и нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...

17 годишната Теа Ангелова од Радичево Општина Василево која заврши втора година на Интернационалното средно училиште „Нова“ во Скопје како дел од македонскиот тим, освои сребро и бронза на Меѓународната економска олимпијада во Кина. Таа своето основно образование го заврши во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево каде беше и првенец на генерацијата и меѓу најдобрите на сите регионални и државни натпревари . Теа Ангелова освои бронза на Меѓународна ...

На 18.07.2026 во 00:35 часот на раскрсница за село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Е.И.(35) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Е.И.. и по извршени проверки било констатирано дека не поседува возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на ...

Во тек е реализацијата на втората фаза од проектот „Конзервација и реставрација на одбранбената кула Пирго“ на локалитетот „Пирго Каљ’ната“ во село Мокриево, Општина Ново Село, објавија од НУ „Завод и Музеј Струмица“. Станува збо Кулата има маркантни димензии и се претпоставува дека била користена во периодот на Цар Самуил е со квадратна основа 10 на 10 метри, дебелина на ѕидовите некаде околу 3 метри. Изградена е во техника со добро ...

Општина Струмица започна со реализација на проектот за изградба на мултифункционално спортско игралиште во населеното место Куклиш. Проектот опфаќа изградба на армирана бетонска подлога со димензии 23×41метри или вкупна површина од 943 метри квадратни. Мултифункционалното спортско игралиште ќе биде оградено со метална ограда и врз неа ќе се постави пластифицирана мрежа и истото ќе располага со терени за мал фудбал и ракомет со две метални ...

Општина Ново Село го објави повикот за продажба на парцели за изградба на викендици во атарите на селата Смоларе и Мокрино. Станува збор за вкупно 13 парцели од кои 10 се во атарот на Смоларе додека остантите три се кај Мокрино. Паралелно има повик и за продажба на две парцели во Борисово и Ново Село за изградба на стамбени објекти за домување. Согласно објавата која ја има на општинската веб страна на Ново Село парцелите се со површина од ...

Десетина камиони со отпад собраа осудените лица кои издржуваат казна затвор во Струмица а се дел од седумдневната акција за почиста животна средина. Тие изминативе три дена по полициски надозро работат на државните патишта во струмичко и го собираат фрланиот отпад од несовесни граѓани и возачи покрај патиштата од Струмица кон Радовиш, Ново Село и Валандово. Како што е познати 18 осудени лица кои казната затвор ја издржуваат во КПУ Затвор ...

Сите 13 парцели за домување што беа понудени од општина Струмица кои се наоѓаат на влезот во градот од кај Радовиш се продадени, дознава Дрнка МК. На неодамнешното јавно наддавање се јавиле голем број физички и правни лица со намера да добијат парцела во областа Балабаница или парцели во Блок 41/1 каде веќе почнаа да се градат објекти за домување. Како што е познато Општина Струмица во јуни распиша јавен повик за продажба на парцели. Јавното ...

Вкупно 26 граѓански организации, движења и иницијативи од земјава бараат од Владата итно да ги повлече распишаните јавни повици за доделување концесии за проспекциски геолошки истражувања за металични минерални суровини. Станува збор за повици од декември минатата и јуни оваа година со кои Владата упатува повик до заинтересиранитекомпании да достават барања за истражувања на подрачјата на Север, Североисточна и Источна Македонија со цел да ...

На 14.07.2026 во 22:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Љ.Ѓ.(48) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со кокаин, хероин и марихуана, 400 семки канабис, шприц исполнет со течност, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на ...

Веќе пет години волонтерството е неизоставен дел од животот на Елена Георгиевска од Струмица. Од млад волонтер, годинава ја презеде улогата на дисеминатор во програмата ,, Црвен крст во акција , Промоција на хумани вредности,, пренесувајќи го своето искуство на новата генерација волонтери. Заедно со нив учествуваше во подготовката и реализацијата на малите ПХВ проекти преку кои младите своите идеи ги претвораат во конкретни активности од ...

Откупната цена за килограм винско грозје од сортата вранец ќе изнесува 21,8 денари, додека за смедеревката ќе изнесува 20 денари, соопшти денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски. „Овие цени се утврдени врз основа на реалните трошоци на лозарите и законски предвиденото зголемување од 25 отсто. Обезбедуваме фер, транспарентен и предвидлив процес, во кој трудот и вложувањата на лозарите се ...

Пожарот кај Бајково на планината Огражден во струмичко е ставен под контрола. Преставници на Противпожарната единица од Струмица и доброволното Рисови од Ново Село како и од ЈП Македонски шуми се на терен и дејствуваат на последните жаришта со цел целосна ликвидација на пожарот . Таму вчера попладне интервенираа и ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување. Се спаси Црквата Св апосотол Павле и Пеатр од иселеното место Бајково каде ...

Членовите на ФА „Мегдан“ од Богданци со своите кореографии им ги стоплија срцата на Хрватите во општина Калиновац . Тие викендов таму настапија во рамките на програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности (CERV) – Збратимување на градови“ финансирана од ЕУ. Ова програма има за цел градење пријателска соработка меѓу Македонија и Хрватска преку песна и танцови игри. Проектот за пријателство е инициран помеѓу Општина Калиновац и Општина ...

Ридван Мемедов од Висока Маала општина Василево е една од ретките млади личности од турската заедница која место во големите урбани средини се враќа во родното село за да го гради животот и кариерата меѓу своите. Никогаш не се откажал од својот сон да заврши високо образование и да биде пример за останатите млади од турската заедница во општинта бидејки само со образовани личност се прават промени во заедницата. Се школувал. Основно завршува ...

Општински комунални инспектори денеска извршиле вонреден инспекциски надзор на улицата „Антон Панов“ во Струмица која е детектирана како локација каде најчесто се врши нелегално складирање, постапување и трговија со отпад. Таму се затекнати три физички лица со две товарни моторни возила, натоварени со голема количина на отпад од стари електрични предмети од домаќинство. Отпадот бил наменет за понатамошно расклопување заради екстракција на ...

На 12.07.2026 во 21:15 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 26-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 17:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 51-годишен татко. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 20:45 часот во Радовиш, полициски ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59 проценти во однос на претходната одлука.Новите цени ќе важат од 14 јули, од 00:01 часот. Според одлуката на РКЕ, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 5,5 денари за литар и ќе изнесува 88 денари за литар. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 1,5 денар за литар, па новите цени ќе ...

Во август најдоцна септември треба да се изврши исплата на надоместоците на членовите на Општинската изборна комисија на Струмица кои беа задолжени за спроведување на Локалните избори 2025. Вака најави првиот човек на општината Петар Јанков на последната седница на Советот на општината на советничко прашање од СДСМ кога ќе се исплатат паушалите на избирачките одбори. Станува збор за сума од 11 300 000 денари или околу 184 илјади евра кои ...

На 73-годишна возраст вчера почина актерката Тинка Ристеска, која со своето повеќедецениско творештво остави силна трага во историјата на Струмичкиот театар и во македонската театарска уметност. Тинка на 16 годишна возраст за првпат застанала на сцената на Струмичкиот театар во 1969 година, со улогата на Донка во претставата „Бегалка“. Со оваа улога започнал нејзиниот актерски пат, кој траел 55 години и во кој остварила повеќе од сто ...

Струмица и регионот има што да понудат на гостите од земјава и странство како туристички производи но за жал не се доволно видливи, ниту пак добро „спакувани“. На оваа поле треба да се работи во иднина бидејки купувачите сакаат да знаат што купуваат на пазарот пред се на дигиталниот и колку тие производи се атрактивни. Ова значи дека е потребна едукација не само на туристичките работници туку и на локалното население и институциите бидејки ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.74
26%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
51%
1013
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.28
33%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.18
34%
1016
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.1
27%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
1.13
73%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
36%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.23
43%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.2
37%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
4.47
42%
1015
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
0.45
35%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.8
100%
1014
Currency

61.52

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Алуминиум

3.23

Родиум

265243.66

Калај

55.44

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Сребро

1894.77

Злато

130535.25

Платина

52855.83

Паладиум

40445.64

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Бакар

13.27