Мото ГП викендите постојано носат возбудувања, ризични ситуации и многу адреналин за учесниците и фановите, но она што го направи Марко Бецеки на денешниот спринт во Брно ќе остане како една од најсрамните епизоди во историјата на ова натпреварување. Бецеки кој во моментов е лидер во генералниот пласман, денеска излета на спринт трката во Чешка, а реши да се инволвира во реакцијата на редарите кои се обидуваа да го дислоцираат неговиот ...
Марко Бецеки заслужено заработи многу критики поради вчерашниот потег за време на спринт трката во Брно, а утринава реши малку да го поправи впечатокот и лично да му се извини на маршалот кој заработи физички напад извршувајќи ги своите обврски. Италијанецот излета од патеката за време на вчерашниот спринт и реагираше бурно во моментот кога маршалите го подигнуваа неговиот моторцикл, а еден од нив заработи и шлаканица од членот на Априлија. ...

