Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Рафаел Леао е дел од италијанскиот великан Милан од 2019 година, клуб со кој има договор до 2028 година, но токму ова лето може да биде негово последно на „Сан Сиро“. Во таборот на Милан долго време очекуваа Португалецот да преземе поголема одговорност, да биде вистински лидер, предводник и затоа е и најплатен играч во екипата, меѓутоа од сезона во сезона напаѓачот како да игра се полошо и полошо и „црвено-црните“ веќе се отворени за ...
Арсенал подолго време нема да може да смета на услугите на стандарниот првотимец Вилијам Салиба кој се повреди настапувајќи за Франција на Светското првенство. Се споменува пауза од неколку месеци и токму поради тоа англискиот шампион не сака да ризикува и ќе го искористи овој преоден рок да доведе соодветно засилување. Според медиумите на островот „топчиите“ целат кон две имиња, двајца англиски репрезентативци. Првата опција е Џон Стоунс, ...
Запонува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига и тоа со мечот во Кавадарци каде Тиквеш ќе го пречека составот на Арсими. Ова треба да биде интересно соочување од почеток до крај, битка за бодови, битка за победа која ја посакуваат двете екипи. -Поминавме одлични подготовки, каде игравме со тешки противници и имавме шанса да видиме каде треба да се поправам, а каде сме добри. Првенството сега почнува побрзо од минатите години, и ...
Во неделата официјално беше спуштена завесата на 23. Светско фудбалско првенство кое заврши со триумф на Шпанија која во големото финале беше подобра од Аргентина со 1-0 со погодок во продолженијата. Со ова беше комплетиран уште еден голем настан кој беше специфичен поради доста причини меѓу кои и најголемиот број на учесници (48). Сега вниманието постепено се насочува кон клупската сезона и летниот преоден рок, но во меѓувреме време е за ...
Македонската кошаркаска репрезентација до 18 години го започнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое се одржува во Ријека и Опатија (Хрватска). Нашите надежи се во група со Шведска, Босна и Херцеговина, Унгарија и Грузија, селекција со која ќе се соочиме вечерва од 20:30 часот. -Настапот на ова Европско првенство во Хрватска е привилегија и за мене, и за моите соиграчи. Голем предизвик е да бидеме дел од ова натпреварување ...
Германската фудбалска федерација официјално го затвори најважното прашања, новиот германски селектор, наследникот на Јулијан Нагелсман со кого беше завршена соработката по Светското првенство на кое „панцирите“ беа елиминирани во нокаут фазата од скромниот Парагвај. Германците целеа високо и на крај го добија она што го посакуваа, Јирген Клоп е назначен за предводник на националниот тим со догодот до 2030 година Јирген зема одмор откако ја ...
Шпанија успеа да стане светски шампион и тоа без некој конкретен учинок на фудбалерот кој требаше да биде клучен за нив на овој турнир-Ламин Јамал. Младата ѕвезда на Барселона постигна само еден гол на комплетното Светско првенство и тоа против Саудиска Арабија, но често знаеше и да направи разлика на теренот, со своите дриблинзи, визија иако конкретен придонес со бројки немаше. Повеќе од јасно е дека се очекуваше повеќе од офанзивецот, но ...
Италија е во потрага по нов човек, ново име, стратег кој ќе биде дел од новиот бран во италијанскиот фудбал, италијанската федерација која по назначувањето на Џовани Малаго за претседател ги доби уште легендарниот Паоло Малдини и Леонардо како негов советник. Прва задача на двоецот Малдини-Леонардо е да пронајде селектор и самиот Паоло откри дека целат највисоко, прво го контактирале Карло Анчелоти, а во изминатиов период преговараа, ...
Укинат е притворот за поранешниот прв човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и тоа откако судија на претходна постапка ја прифати понудената гаранција во вредност од над 1.150.000 евра. Според информациите од Судот, гаранцијата е обезбедена со засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено заради обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката, Судот определи мерка на претпазливост – ...
Челси го доведе Чаби Алонсо за нов предводник на екипата, но многумина имаа дилеми дали и како клубот ќе реагира во првата сезона во Шпанецот кога се во прашање инвестициите, засилувањата затоа што „сините“ нема да играта во Европа во престојнава кампања и воедно имаат доста играчи на располагање. Меѓутоа клубот од Лондон игра навистина сериозно на трансфер пазарот, прво ја затвори зделката за талентираниот Италијанец Марко Палестра, потоа ...
Вчера се играа мечеви од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, а на еден од нив се случи една необична ситуација која ретко се гледа и која беше пресудна за конечниот епилог. Имено на соочувањето меѓу Дунајска Стреда и Вележ домаќините славеа со 1-0 со еден бизарен пенал. Клучниот момент се случи во 59. минута, кога фудбалерите на составот од Мостар направија аматерска грешка, при изведување гол-аут, Рибиќ му ја додаде топката на ...
Интер никако не успева да ја реши таа десна позиција во екипата, играч кој ќе може да одговори на дефанзивните и офанивните задачи. Прво Челси му го „украде“ Марко Палестра, а потоа пропадна и договорениот трансфер на Анан Халаили од белгиски Ројал Унион Сант-Жилоас. Израелецот требаше да се пресели во Милано за сума од 30 милиони евра, ги мина медицинските прегледи, ама беа забележани некои неправилности кога е во прашање срцето и на крајот ...
Хајдук го оствари Пафос со 2-0 во првиот меч од второто коло од квалификациите за пласман во Лига Европа. Хрватскиот прволигаш на овој начин е многу блиску да го елиминира тимот кој минатата година играше во групната фаза на Лигата на шампионите со тоа што ќе треба соодветно и на ниво да го одработи и реваншот во Кипар. Двата гола за Хајдук паднаа во второто полувреме, а оној водечкиот беше ремек дело на Микеле Шего од слободен удар во 56 ...
Аргентина беше на чекор од одбрана на светската титула, нешто што во минатото им успеало само на две земји Бразил и Италија, меѓутоа популарните „гаучоси“ паднаа на последниот испит и загубија од Шпанија во големото финале во Њу Џерси. Овој пораз не е трагедија, но дефинитивно е разочарување и во исчекување на тоа дали Лионел Меси ќе продолжи да го носи националниот дрес еден искусен играч пресече и стави крај на репрезентативната кариера-тоа ...
Манчестер Јунајтед внимателно ги бира потезите во овој преоден рок, па иако навивачите можеби очекуваат некоја „бомба“, некое звучно засилување и новите најави говорат дека клубот цели кон играчи кои имаат прифатлива цена во исто време се квалитетни и ќе можат да помогнат да се остварат зацртаните цели. Премиерлигашот ги доведе Андреј Сантош и Јури Тилеманс, но истиот бара уште еден фудбалер на средината на теренот и тоа може да биде Мани ...
Педро Поро го почна Светското првенство како играч кој се чинеше дека ќе биде во сенка на Маркос Љоренте, но откако доби шанса на вториот меч против Саудиска Арабија, Луис де ла Фуенте почна да смета на него како на прв избор на десната бековска позиција. Играчот кој се спасуваше од испаѓање со Тотенхем одигра турнир од соништата и се прикажа во најдобро можно светло на мундијалот, но не самошто го направи тоа, дома се врати и со највредната ...
Елиот Андерсон експресно го привлече вниманието како играч на Манчестер Сити, бидејќи уште при првото обраќање не пропушти да го „чепне“ градскиот ривал Манчестер Јунајтед и да даде жешка најава за дерби средбите кои следат. Андерсон го нарече Сити како „крал“ на градот Манчестер и посочи дека го бира вистинскиот клуб од овој град, а покрај тоа што проговори за пресметките со Јунајтед кои ќе ги игра во иднина, издвои и една легенда на Сити ...
Карим Адејеми официјално беше претставен како второ летно засилување за шпанскиот великан Барселона. Офанзивецот пристигна на „Камп Ноу“ од редовите на Борусија Дортмунд, тим за кој настапуваше во претходните четири години. Ова за Адејеми ќе биде сосема нов предизвик, скок во кариерата и прво ќе има задача да ја оправда довербата на тренерот Ханси Флик и потоа на Барселона која вложи напори за да го доведе во своите редови по една сезона која ...
Алехандро Гарначо и во новата сезона ќе го гледаме на островот, но во друга средина и тоа во редовите на Астон Вила. Аргентинецот немаше добра прва сезона во Челси по трансферот од Манчестер Јунајтед, сезона во која доби доста критики, меѓутоа сега добива шанса да ја стави таа епизода зад себе и тоа во клуб во кој ќе настапува како позајмен играч со тоа што тука може и да направи перманентен трансфер под одредени околности. -Навистина сум ...
Дел од аргентинските медиуми пласираа неколку видеа на социјалните мрежи и циркулираат вести со кои се создаваат теории на заговор за големото финале на Светското првенство, односно се објавуваат вести со кои се прикажуваат илузорни приказни за неуспехот со Шпанија. Ваквата тенденција доби на значење и поради една сомнителна изјава на Лионел Меси од пред самото финале, па иако сето тоа се води само врз база на претпоставки и без никакви ...
Луис де ла Фуенте се врати во родната Шпанија како еден од националните херои кои вечно ќе бидат запишани во фудбалската историја на оваа земја, од едноставна причина што искусниот стручњак се претвори во само вториот селектор кој обезбеди светска титула за својата земја. По Висенте дел Боске, Шпанија доби наследник во Луис де ла Фуенте 16 години подоцна, а во моменти кога сите го доживуваат како голем лидер на генерацијата која бележи големи ...
Шкендија прикажа добар фудбал и во второто квалификациско коло во Конференциската лига, но македонскиот вицешампион се враќа дома со минимален пораз и ќе брка негатива од 2:1 против екипата на Браво. Гостувањето во „Стожице“ во Љубљана започна на најдобар можен начин, односно со досуден пенал и гол од Красниќи за водство од 0:1, но словенечкиот тим успеа брзо да одговори и преку Копатин израмни на 1:1. До крајот на првиот дел се играше доста ...
Арсенал денеска го претстави Христос Цолис како директна замена за Ленадро Тросар кој си замина во Бешикташ, но инвестирањето на 40 милиони евра ќе биде само најава за она големото што следи, а тоа е најпосакуваното засилување кое Микел Артета го бара од почетокот на месец јуни. Крајот на Светското првенство означува старт на главните возбудувања на трансфер пазарот, па откако Челси и Манчестер Сити активираа трансфер-бомби во вид на Морган ...
Лисандро Мартинез ја пронајде својата најдобра форма на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, но за жал уште во раната фаза мораше да го заврши финалето предвреме. Стоперот на Манчестер Јунајтед се пожали на мускулна повреда и му го отстапи своето место на искусниот Отаменди, а како играч кој е познат по тоа што знае да одговара на провокациите, Лича не ги заборави и хејтерите во својата завршна порака по повод новото мундијалско ...
Марк Кукурелја доживеа незаборавни фудаблски спомени во изминатите две години, а додека сите ја чекаат неговата тетоважа од Луис де ла Фуенте, во јавноста кружи видео кое не остава никого рамнодушен. Левиот бек успеа да стане европски и светски шампион во период од две години и одигра важна улога на двата турнири во тимот на Де ла Фуенте, но иако бележи огромни успеси на професионален план и си загарантира огромна заработка со трансферот во ...
Френки Де Јонг одигра 110 минути на 1/16 финалниот натпревар против Мароко на Светското првенство, но иако оттогаш поминаа цели три недели, дури денеска се дозна дека Холанѓанецот го играл мечот со потешка повреда. Имено, холандскиот играч за врска се најде на мета во јавноста поради сомнежи дека намерно ризикувал тешка повреда со настапот за националниот тим, но во ситуација кога беше потврдено дека ќе отсуствува со месеци, Френки реши да ги ...
На почетокот на месец јуни се говореше за Лука Модриќ како играч кој е пред последниот турнир во својата блескава кариера, но по крајот на Светското првенство дојде до пресврт и хрватскиот маестро ќе го гледаме на терените во Серија А уште една година. Оперативците на Милан и новиот тренер Рубен Аморим направија сериозни намери за да го убедат Модриќ да му даде „втора шанса“ на Милан, а откако клубот ја официјализираше новата соработка, ...
Работнички остави зад себе сезона за заборав во која заврши на деветтото место, а сето тоа ги натера одговорните луѓе да направат промена во раководните структури. Денеска од Работнички пристигна вест дека е извршена промена во најважните сектори во клубот, со тоа што за нов извршен директор на клубот е поставен Бранко Радевски. Досега оваа функција ја извршуваше Горан Веселиновски во изминатите три години, а Радевски го наследува со цел да ...
По две години со Антонио Конте, Наполи ќе почне целосно нов проект со Макс Алегри, а во период кога се чекаат дел од последните играчи кои треба да му се приклучат на тимот, спортскиот директор Џовани Мана излезе со изјава за двајцата Белгијци. Плановите на Ромелу Лукаку и Кевин Де Брујне се да си заминат од клубот по крајот на Светското првенство кое го одиграа, па иако околу напаѓачот не се очекуваат големи проблеми, ситуацијата со играчот ...
Френки Де Јонг заработи повреда на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но стана јасно дека проблемот е посериозен дури откако фудбалерот отпатува на лекарски прегледи во Барселона. Медицинскиот тим на Холандија не сигнализираше никаква посериозна ситуација и му дозволи на Де Јонг да игра со повредено колено, но таквиот потег сега му донесе многу големи проблеми на клубот. Барселона нема да може да смета на Френки на стартот на новата сезона, ...