Челси го реализираше најскапиот трансфер во овој летен преоден рок, операција вредна 137 милиони евра за услугите на англискиот репрезентативец Морган Роџерс. „Сините“ максимално го отворија ќесето за досегашниот фудбалер на Астон Вила за кого постоеше интерес и од англискиот шампион Арсенал, но голем знак прашање е дали клубот од Бирмингем ќе може да извлече толкава сума на пари од „топчиите“. Со ова Челси само продолжи да се издвојува на ...

Екипата на Алкалоид ги започна подготовките за новата сезона, сезона во која клубот ќе биде активен на четири фронта, домашното првенство и Купот, новоформираната регионална лига и ЕХФ Европскиот Куп. Клубот од Алкалоид не направи премногу промени во ростерот и доведе само три нови имиња како засилувања, тројца странски ракометари од кои на двајца и тоа како им е позната македонската ракометна сцена. Се работи за бековите Вуко Борозан и Нејц ...

Во пресрет на стартот на подготовките за четвртото во низа Европско првенство на машката сениорска репрезентација, селекторот Јошко Миленкоски го објави поширокиот список на кој се најдоа 18 одбојкари. Поголеми изненадувања или промени во изборот нема, а Миленкоски стандардно се потпира на оние репрезентативци кои го носеа товарот и досега. За разлика од настапот во Европската лига 2026 на списокот недостасуваат младиот среден блокер Митко ...

Вардар не успеа да победи и на вториот натпревар кој го одигра пред своите навивачи во Европа ова лето, бидејќи денеска загуби од Рига во второто квалификациско коло во Конференциската лига. По поразот од Купс во квалификациите од Лигата на шампиони, Вардар на моменти беше одново доста неизбалансиран и против Рига, а грешките во потесната одбрана на крајот го чинеа нов пораз во трилер со пет голови. Вардар прво поведе со мајсторијата на ...

Феде Валверде ќе биде прв капитен на Реал Мадрид и во ерата на Жозе Мурињо, без оглед на тоа што уругвајскиот играч за врска ја заврши минатата сезона со скандал од кој дел беше и Орелијан Чуамени. Тепачката меѓу двајцата беше расчистена уште пред почетокот на мундијалот, а бидејќи Феде веќе се приклучи на тренинзите во првиот тим, веќе можеше да се запознае со првите методи и со ставот на новиот тренер. Реал Мадрид го доведе Мурињо со цел да ...

Гостите од Летонија профитираа од пропустита во одбраната на Вардар и си заминуваат дома со победа од 2:3, триумф по кој тренерот на Рига нагласи дека е задоволен од играта која ја понудил неговиот тим. Адриан Гула нагласи го коментираше натпреварот од прес-центарот во „Тодор Проески“ и говореше за карактерот на Рига, тим кој денеска во два наврати брзо реагираше по голови на Вардар. Словачкиот стратег е импресиониран од реакцијата која ја ...

Вардар ќе мора да брка негатива на реваншот во уште едно квалификациско коло во Европа, овојпат во Конференциската лига во која за ривал го има тимот на Рига. Второто коло во третото по ранг европско натпреварување донесе дуел меѓу македонскиот и летонскиот шампион, а во натпревар во кој Вардар на моменти делуваше доста конфузно, Рига едноставно знаеше како да профитира и да искористи дел од грешките во потесната одбрана на нашиот првак. Иако ...

Жоан Лапорта вчера самиот најави дека денеска ќе биде претставено второто летно засилување во Барселона, но официјализирањето на трансферот на Карим Адејеми уште еднаш е одложено. Иако ги мина лекарските прегледи уште пред една недела, фудбалерот на Борусија Дортмунд мораше да чека неколку дена поради фактот што Лапорта и Деко беа во САД на финалето на Светското првенство, па иако вчера претседателот на Барса најави промоција за денеска, ...

Шпанија издоминира во големото финале на Светското првенство и сосема заслужено го освои вториот златен медал во историјата на мундијалите, а играчите на Луис де ла Фуенте сосема оправдано ги собраа и најважните индивидуални награди. Дури тројца шпански репрезентативци беа дарувани од страна на ФИФА по последниот судиски свиреж во Њу Џерси, па така покрај Унаи Симон и Родри кои беа избрани за најдобар голман и најдобар играч на турнирот, ...

Аргентина беше целосно неутрализирана во финалето на Светското првенство и покажа немоќ како на ниту еден друг натпревар на мундијалот, па тоа натера дел од аргентинските медиуми да се занимаваат и со теории на заговор поврзани за можен инцидент кој се случил пред одлучувачкиот натпревар. Повод повеќе за тоа беше и говорот кој го имал капитенот Лионел Меси неколку минути пред играчите да излезат на теренот, а бидејќи во јавноста се крена ...

„Жога бонито“ е термин кој ја означува фудбалската игра како уметност и нешто возвишено, а бидејќи овој суперлатив со години и децении се користеше за бразилската фудбалска репрезентација, навистина е чудно да се гледа како мундијалите веќе подолго време не се сцена на која воодушевуваат „кариоките“. Бразил е во голем фудаблски пад повеќе од две децении и искрените фудбаски фанови подзаборавија на традиционалната „Жога бонито“, а фановите од ...

Феран Торес стана национален херој во Шпанија поради тоа што го постигна голот кој донесе втора светска титула за „црвената фурија“, но неговиот погодок сепак не ја израдува цела нација. Три дена по големото финале на Светското првенство, денеска во Каталонија на големо се зборува за уништениот мурал кој беше посветен на голгетерот од Њу Џерси, и тоа од вандали кои оставиле и јасна порака на ремек-делото. – Шпанијо, сакаме репрезентација на ...

Томас Тухел разочара голем број ѕвезди со тоа што ги прецрта од мундијалскиот список на Англија, а една од нив дефинитивно беше и Фил Фоден. Офанзивниот фудбалер имаше лош крај на сезоната во Манчестер Сити каде го загуби своето место во стартната постава, факт кој направи Тухел да го изостави од својот тим и да го остави без сонот наречен мундијал. Англија освои историска бронза на турнирот во САД, Мексико и Канада и во ситуација кога дома ...

Светското првенство во САД, Мексико и Канада беше 23-то по ред и доби своја завршница во Њу Џерси во неделата, а три дена по одиграното финале, ФИФА го објави тимот на турнирот изгласан од страна на најверните фудбалски следбеници. Фудбалските фанови имаа можност да гласаат за најдобрите фудбалери кои прикажаа највпечатливи перформанси на турнирот, а на крајот изборот падна на 11-мина играчи. ФИФА ова попладне го објави идеалниот тим на 23-от ...

Крајот на Светското првенство традиционално затвора едно фудбалско поглавје кое сите со голема страст го следеа повеќе од еден месец, но од друга страна, отвора нови хоризонти за клубовите кои допрва треба да ги конструираат замислените тимови. Европските великани се очекува посебно да се активираат во раната фаза на месец август за завршната фаза од летниот трансфер пазар, но на другите страни во светот веќе се официјализираат големи ...

Жозимар Дијаш, или скратено Возиња е голманот кој направи вистински бум на ова Светско првенство, не само со извонредните изданија кои ги имаше во САД, Канада и Мексико, туку и поради неверојатната популарност која ја доби на социјалните мрежи. По првиот меч против Шпанија на Светското првенство, Возиња собра 7 милиони следбеници на Инстаграм во само неколку часа и стана вистински хит, но до крајот на мундијалот бројата достигна неверојатни ...

Алваро Арбелоа не се задржа долго во Реал Мадрид и навистина се покажа како привремено решение, но после интензивните пет месеци кои ги имаше во шпанската престолнина, си најде интересна работа во Премиер лигата. Фулам му се довери на младиот шпански стручњак и му овозможи прво искуство надвор од родната Шпанија, а бидејќи проектот на лондонскиот клуб расте од година во година, очекувањата ќе бидат доста амбициозни во новата сезона. ...

Марк Кукурелја има лето од соништата, бидејќи најпрво направи голем трансфер во Реал Мадрид, а еден месец подоцна стана и нов светски шампион. Левиот бек остави неверојатен турнир зад себе и беше еден од најконстантните во неверојатните изданија на „црвената фурија“, па сосема заслужено, беше еден од играчите кои добија најмногу внимание за време на прославата за паметење. Кукурелја целосно се опушти пред навивачите и ги потсети на ...

Иако беше сигурен стартер во воведната фаза од мундијалот, Педри западна во втор план и го загуби местото во почетните 11 од Фабијан Руиз, но и во такви услови, офанзивниот играч на Барселона беше многу важен за крајниот успех. Педри влезе во вториот дел од финалето со Аргентина и одигра повеќе од 60 минути во ситуацијата кога имаше и продолженија, а како еден од осуммината играчи на Барселона кои станаа светски шампиони, офанзивниот фудбалер ...

Роберто Фабијан Ајала повеќе од една деценија беше столб во одбраната на Аргентина и запиша повеќе од 100 настапи во репрезентативниот дрес, но во последните години, препознатлив е и како човек кој е дел од стручниот штаб на Лионел Скалони. Ајала веќе со години ја извршува асистентската улога во елитниот тим на Скалони, но токму тој ги расипа впечатокот како човек кој мораше да остане мирен по финалето во Њу Џерси. Во ревијата од невкусни ...

Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски успешно ја мина првата пречка на ИТФ фјучерсот во Олерсбах (Австрија) што се игра на земјени терени за награден фонд од 30.000 долари. Калин важеше за огромен фаворит на хартија на соочувањето со Александер Чајка, но мораше да се препоти за да дојде до посакуваниот резултат. Чајка најави дека ќе биде максимално незгоден ривал уште во првиот сет кој го доби во тај-брејк со 9-7. Ивановски соодветно ...

Шпанија успеа да го освои пехарот на 23. Светско фудбалско првенство и тоа откако во завршниот натпревар славеше со 1-0 со гол во дополнителните 30 минути. Ова беше нова лекција на „црвената фурија“ како тимот, тимската игра може да донесе успех, пехар на највисоко ниво, но во исто време овој триумф на Шпанците отвори една интересна дебата, тема кога е во прашање „Златната топка“. По навистина долго време нема да имаме фаворит затоа што ...

Пеп Гвардиола ја заврши приказната со Манчестер Сити, клуб во кој мина цела деценија и во кој успеа да остави неизвршлива трага освојувајќи ги сите можни трофеи. Гвардиола долго време работеше без одмор во Сити и очекувањата се, беа дека тој ќе направи пауза за да ги наполни батериите пред да прифати некој нов предизвик во кариерата. Токму поради ова изненадувачки беа информациите дека е еден од кандидатите за нов селектор на Италија, односно ...

Ливерпул остана без неколку важни играчи од минатата сезона, играчи кои беа стандардни првотимци како Мохамед Салах, Енди Робертсон и Ибрахима Конате. Сите си заминаа како слободни играчи и допрва ќе видиме што ова ќе значи за Ливерпул, дали клубот ќе пронајде соодветни замена, фудбалери кои ќе можат да одговорат со својот квалитет, но и лидерство на теренот и соблекуваното. И други играчи од Ливерпул се поврзуваат со можна преселба во друга ...

Морган Роџерс ја менува клупската средина и во новата сезона ќе го гледаме во Англија, меѓутоа во дресот на Челси. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ се одлучи да плати неверојатни 117 милиони фунти или околу 140 милиони евра, сума со која е поставен нов британски рекорд. Офанзивецот потпиша повеќегодишен договор со „сините“ сега пред него е обврска да се докаже, да покаже дека вреди за парите, но и да ја оправда довербата која клубот и пред се ...

Луис Назарио Де Лима Роналдо со големо внимание го испрати Светското првенство во САД, Мексико и Канада кое заврши со триумф на Шпанија. Шпанија дојде до втората ѕвезда на својот грб и тоа откако во завршниот меч на турнирот славеше над Аргентина со 1-0 по продолженијата. Шпанците доминираа, комплетно ги неутрализираа „гаучосите“ кои дуелот го завршија со само два упатени удари и тоа двата надвор од рамките на голот. -Беше историски ден ...

Велемајсторот Звонко Станојоски и член на ШК Алкалоид е првиот шампион на Македонија во конкуренција на ветерани, откако триумфираше на турнирот што се одигра во Негорски Бањи. Тој успеа да освои 6,5 поени од 7 партии, при што единственото реми се случи во мечот од второто коло против ФМ Александар Кралевски, кој на крајот се најде на втората позиција со 5,5 поени. Третото место со по 4,5 поени го поделија ФМ Александар Качаковски и Илија ...

На Генералното изборно собрание на Интернационалната Училишна Федерација за спорт (ISF), кое се одржува во Белград, а на кое присуствуваат претставници од земјите членки од целиот свет, претседателката на македонската федерација, Елена Мицковска е избрана во Извршниот одбор. Во текот на собранието таа ја претстави својата програма, визија, мисија и цели за иднината на училишниот спорт. Нејзината визија и посветеност беа препознаени од земјите ...

Зад нас е Светското првенство и сега фокусот ќе се префрли на клупските натпреварувања иако ќе мораме да почекаме до август за оние најдобрите со тоа што дотогаш ќе имаме мечеви во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига на УЕФА. Се очекува да биде доста интересно на трансфер пазарот, а особено треба да се внимава на оние кои имаат најмногу средства како Англичаните. Веќе видовме трансфери со луди суми за играчи за кои ...

Барселона ќе има сосема поинаков лик во новата сезона, си заминаа голем број на играчи, клубот досега ангажираше шест нови имиња, се очекуваат уште потписи, а во меѓувреме клубот конечно го затвори најважното прашање, тренерската позиција. Чави Пасквал не сакаше да продолжи и одлучи експресно да го заврши новиот мандат, па Барса во изминатиов период се мачеше да пронајде тренер. Се споменуваат повеќе опции за да на крајот изборот падне врз ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Калај

46.54

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32