Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Нејмар го одигра првиот натпревар за Сантош по крајот на Светското првенство, а уште на воведниот меч против Чапекоенсе ја покажа својата класа. Иако многу се збореше за неговиот пад во формата и незаслужениот повик кој го доби од Карло Анчелоти, Нејмар рано утрово им ги затна устите на дел од критичарите, а имаше и посебна прослава и „поздрав“ за сите оние кои велат дека покерот му е поважен од фудбалот. Откако постигна мајсторски гол по ...
Неделната програма во Првата македонската фудбалска лига понуди два натпревари, а на првиот видовме апсолутна доминација на тимот кој несреќно испадна од Конференциската лига. Силекс покажа моќ и квалитет против екипата на Башкими и ги испрати кумановци со „сет“ голови во својата мрежа, најава која ветува доста тешка сезона за зелено-црните. Башкими не можеше да парира во ниту еден момент и прими шест парчиња во својата мрежа, а поразот од ...
Феран Торес беше херојот на Шпанија на Светското првенство, човекот кој со својот гол во финалето против Аргентина и ја донесе втората мундијалска титула на „црвенета фурија“. Тој во моментов е на одмор, а во меѓувреме има доста шпекулации кога е во прашање неговата иднина во Барселона, клуб со кој е под договор до 2027 година. Напаѓачот веќе се поврзува со неколку клубови од најдобрите лиги на светот, но засега нема нема ништо конкретно и ...
Бредли Баркола е еден од фудбалерите кои највисоко котираат на трансферот пазарот во Франција, не само поради несигурниот статус кој го има во тимот на Луис Енрике, туку и поради фактот што самиот размислува за заминување надвор од Париз. По две титули во Лигата на шампионите во кои беше во втор план, Баркола смета дека заслужува да игра во клуб кој ќе му гарантира стартна улога, а бидејќи Луис Енрике не одобрува такво нешто со било кој ...
Многумина се сомневаа во Родри, но фудбалерот на Манчестер Сити уште еднаш покажа дека е светска класа и како капитен, лидер ја предводеше Шпанија до пехарот на Светското првенство. Родри беше главен на средината на теренот, држеше се под контрола во сите натпревари и на крајот беше и прогласен за најдобар фудбалер на 23. мундијал кој се одржа САД, Канада и Мексико. Шпанскиот селектор Луис Де Ла Фуенте не може да ги разбере оние кои се ...
Лионел Меси е на краток одмор по исцрпувачкото Светско првенство во кое одигра клучна улога во патот на Аргентина до големото финале каде Шпанија се покажа како пресилен ривал и славеше со 1-0 по дополнителните 30 минути. Ова дефинитивно беше силен удар за Лео и најдобар доказ за тоа беа неговите солзи по финалниот натпревар, емоции кои многумина ги протолкуваа како крај за напаѓачот во аргентинската репрезентација. Меси досега нема ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис е победник на единаесеттата трка од овогодинешниот Ф1 шампионат, трка за Големата награда на Унгарија. Актуелниот шампион вчера ја освои пол позицијата, а денеска потврди дека тоа не е случајот и најдобро се снајде на легендарната „Хунгароринг“ за прво славје во оваа кампања. Британецот го освои првото место пред Макс Ферстапен од Ред Бул и лидерот во генералниот пласман Кими Антонели. Трагичар пак беше Оскар ...
За месец август е закажан стартот на новата сезона во англиската Премиер лига што значи се уште има доволно време за да екипите се подготват, но уште поважно да направат потези во актуелниот летен преоден рок. Дел од екипите веќе се засилија, продадоа дел од играчите, меѓутоа допрва се очекува ова вистинското, клубовите да „згрмат“ затоа што се знае нивната финансиска моќ. Во исчекување на зделките, трансфер операциите пред се на големите ...
Светското првенство во САД, Канада и Мексико е веќе зад нас, но одредени ситуации и понатаму се коментираат и тоа од луѓе од највисоката сцена како што е американскиот претседател Доналд Трамп. Имено Трамп имаше што да каже за потегот на херојот на шпанската репрезентација Феран Торес кој на славјето на светската титула се појави со интересна капа, капа со натпис, слоган кој беше заштитен знак за кампањата, целото движење на сегашниот прв ...
Трката за големата награда на Бахреин од Формула 1 шампионатот ќе се одржи, но во Малезија, земја која денеска е потврдена како домаќин на откажаната трка од пред неколку месеци. Патеката Сепанг е потврдена од ФИА и Формула 1 како трка која ќе биде вметната меѓу две трки во Азија, а ќе го носи името ГН на Бахреин иако ќе се вози во околината на Куала Лумпур. Гран-при викендот во Малезија е закажан од 2 до 4. октомври, односно една недела пред ...
Њукасл веќе остана без двајца клучни играчи ова лето (Ентони Гордон и Сандро Тонали), а може да загуби и уште еден, капитенот Бруно Гимараеш. Бразилецот е посакуван од страна на Арсенал, информациите се дека веќе личните услови се веќе договорени и сега клубовите се на потег да пронајдат заеднички јазик. Засега сумата која ја нуди актуелниот шампион не е прифатлива за „страчките“, но тоа може да се промени во иднина и за тоа е свесен тренерот ...
Искусниот стратег Лино Червар се враќа на ракометната сцена и тоа во Македонија каде ќе го предводи поранешниот шампион Еурофарм Пелистер. Клубот од Битола му ја даде довербата на Червар и од него има големи очекувања, но Лино е човек кој не се плаши од предизвици и веќе има јасен план за тоа како треба да изгледаат „зелено-белите“. -Морам да кажам дека ми е чест да бидам тука и да го водам Пелистер. Тука ќе биде и крајот на мојата кариера. ...
Ерата на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити е завршена, а на жешкото столче сега седна италијанскиот стратег Енцо Мареска. Мареска е добро познато име во синиот дел од Манчестер, човек кој работеше во младата екипа, потоа беше и асистент на Гвардиола за да сега дојде да го води првиот тим што ќе биде најголем предизвик и мисија особено затоа што го наследува човекот кој постигна фанастични резултати, успеси, титули и остави неизбришлива трага во ...
Шкендија ја очекува реваншот со Браво во второто квалификациско коло во Конференциската лига, но пред максимално да му се посвети на тој предизвик има една домашна задача и тоа против Скопје. Се работи за дуел од првото коло кое ќе се одигра на комплексот на ФФМ во Скопје, со почеток во 19:00 часот. -Секако, ова е нова сезона и нов шампионат. Амбициите остануваат исти — одиме на шампионската титула и сакаме да започнеме успешно, онака како ...
Екипата на Еурофарм Пелистер и официјално ги започна подготовките за натпреварувачката 2026/2027, сезона во која македонскиот прволигаш ќе биде предводен од искусниот Лино Червар. Подготовките започнаа со работен состанок, Червар го претстави планот за работа и им посака добро здравје и успешна сезона на ракометарите. Тимот денес ќе има заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години го претрпе третиот пораз во исто толку натпревари на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во Ријека и Опатија. Вчера потлекнавме во последната четвртина против Босна и Херцеговина, во петокот загубивме од Грузија, а денеска немавме никаква шанса за позитивен резултат во соочувањето со Унгарија. Бевме надиграни во првата четвртина со 21:6, па иако во преостанатиот дел бевме ...
Македонскиот фудбалски интернационалец, Тихомир Костадинов и во иднина ќе настапува во Чешка, но во друга средина. Тој од 2025 година беше дел од Сигма Олумуц со тоа што вториот дел од минатата кампања го мина на позајмица во редовите на Словацко. Токму Словацко е тимот кој одлучи да го откупи неговиот договор, односно одлучи да му верува и го „врза“ до 2028 година. Во сезоната 2026/2027 настапи на 13 средби на кои постигна 1 гол и запиша 3 ...
Џермејн Дефо не се прослави со својот прв тренерски ангажман и доби отказ од англиски нисколигаш по само неколку месеци. За ситуацијата да биде полоша, раководството на Вокинг отворено им посочи на медиумите дека соработката со Дефо е прекината поради непрофесионалниот однос на поранешниот англиски репрезентативец. Дефо ја извршуваше функцијата четири месеци и го водеше тимот во Националната лига на само шест средби, а отказот го доби на две ...
Ипсвич сезонава ќе биде повратник во англиската Премиер лига, а во своите редови ќе го има амбициозниот Дајзен Маеда, досегашен фудбалер на шкотскиот шампион Селтик. Маеда пет сезони наназад го носеше дресот на шкотскиот премиерлигаш, постигна 79 голови во зелено-белиот дрес, а последната сезона ги одлучи клучните натпревари, на кои Селтик успеа да ја освои титулата во битката со Хартс. Ипсвич ќе плати 10 милиони фунти за Маеда, а Јапонецот ...
Поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети, во своето последно подкаст гостување зборувал и на темата „Златна топка“, потенцирајќи дека Хари Кејн не може да се надева на освојување на престижното индивидуално признание. Прашан за тоа што мисли за шансите на англискиот репрезентативец, кој собори голгетерски рекорди во Баерн Минхен, Пети излегол со цврст став дека Кејн не е меѓу најсериозните кандидати за наградата. – Хари Кејн нема ...
Андреа Пирло беше најавен како иден селектор на италијанската фудбалска репрезентација, но медиумите на „чизмата“ пренесуваат дека може да остане без функцијата поради неговиот контроверзен договор со руски букмејкер. Пирло беше изборот на Паоло Малдини и Леонардо за наследник на Џенаро Гатузо и двоецот очекуваше максимална поддршка од новото раководство на федерацијата, но претседателот Џовани Малаго е под притисок поради поврзаноста на ...
Милан вчера ремизираше со Селтик на пријателски натпревар, но она што го загрижи новиот тренер Рубен Аморим е повреда на засилувањето во дефанзивната линија. „Росонерите“ пред две недели го официјализираа трансферот на Марио Хила од редовите на Лацио, а тој вчера бил принудно заменет уште по дваесетина минути на теренот. Шпанскиот дефанзивец влегол во игра на стартот на второто полувреме, но е повлечен во 67. минута откако почувствувал болка ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас може да остане во Италија и во новата сезона, но сега е најблиску до дресот на Јувентус. По одличната соработка со Антонио Конте во Наполи и комплиментите кои ги добиваше од тренерот и фановите, Елмас очекува разрешница за неговата иднина, која дефинитивно не е поврзана со РБ Лајпциг, клуб со кој има договор на уште две години. Добро информираниот „Тутоспорт“ денеска на својата насловна страница излезе ...
Кошаркарскиот клуб Партизан прави нова реконструкција на ростерот, а последните најави од европските медиуми се дека покрај досега потврдените засилувања, „црно-белите“ договориле трансфер на поранешен играч на Црвена Звезда. Се работи за аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоса, кој доколку навистина се врати во Белград, ќе предизвика дополнителна тензија на дерби натпреварите меѓу српските ривали. Вилдоса минатата сезона потпиша тригодишен ...
Милан Илоски повторно беше клучен играч за Филаделфија, екипа која стигна до победа во МЛС против Сиетл. Напаѓачот со македонско потекло го постигна единствениот гол со атрактивна завршница, а натпреварот заврши со минимални 1:0 и пораз на Сиетл, во чии редови Дени Мусовски влезе во игра во финишот на натпреварот. Клучниот момент се случи во 31. минута, кога Илоски ја искористи одличната асистенција на Вестфилд и го совлада гостинскиот ...
Интер Мајами успеа да го победи Монтреал со гол од пенал, а минималниот триумф во МЛС беше одбележан и со дебито на Касемиро, но и една застрашувачка ситуација за сите на теренот и трибините. Гостите кои се ослабени поради отсуството на Меси и уште неколку други фудбалери, сметаа на Касемиро како стартер, нешто што беше неизвесно бидејќи Бразилецот во последен момент ја добил потребната виза, а со тоа и право на настап на овој натпревар. ...
Ливерпул го победи Сандерленд на првиот натпревар на својата американска турнеја, но менаџерот Андони Ираола по средбата најмногу зборувал за негативниот аспект на оваа средба во Нешвил. Џо Гомез побарал замена уште на почетокот на средбата и многу веројатно е дека ќе мора да направи одредена принудна пауза, што е сериозен удар за „црвените“, кои и онака се дефицитарни во одбраната. Засилувањето од Рен, Жереми Жаке, допрва треба да се ...
Кристијан Ромеро зад себе остави уште еден импресивен турнир како член на Аргентина, а после големото незадоволство кое го собра во себе за ужасната сезона која ја имаше Тотенхем во Премиер лигата, предвидувањата се дека Кути дефинитивно ќе си замине до крајот на летото. Тотенхем испорача неколку импресивни трансфер потези и потроши огромна сума на пари до оваа фаза на месец јули, но покрај засилувањата во средниот ред, ангажманите на Ван ...
Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов го постигна првиот гол во дресот на Актобе, погодок со кој ја најави победата на неговата екипа над Окжетпес во првенството на Казахстан. Јани стандардно беше во почетната постава, а веќе во 5. минута се најде на вистинското место и со прецизен удар донесе големо славје на трибините. Потоа Ерланов во 22 зголеми на 2-0, додека во 45 минута Умаров стрелаше за гостите за 2-1 што на крајот се покажа и ...
Ентони Џошуа го победи Кристијан Пренга со нокаут во втората рунда на борбата во тешка категорија која се одржа во Џеда, настан кој значеше емотивно враќање за Британецот во боксерскиот ринг. Џошуа ги облече ракавиците и се врати во рингот за првпат после трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа двајца негови пријатели од тимот, па иако важеше за апсолутен фаворит во дуелот со Албанецот Пренга, борбата започна на шокантен начин. Пренга ...