Алберт Риера имаше само четири дена да ги запознае фудбалерите на Црвена Звезда и да одработи неколку тренинзи пред натпреварот со Викторија Плзен, а оваа шок терапија во српскиот шампион донесе резултат на првиот од двата предвидени бараж дуели за пласман во Лигата на Европа. Звезда дојде на чекор од второто по ранг европско натпреварување откако на домашен терен го победи чешкиот тим со 3:0, а додека српските медиуми пишуваат за идиличното ...

Мохамед Салах го напушти Ливерпул после девет години и направи трансфер во Турција, но големата оддалеченост не го спречи неговиот најголем и најверен фан од Англија да пристигне во Истанбул. Во соработка со Трабзонспор како клуб, Салах имаше посебна посета од добро познатиот фан Исак Кирни, кој денеска имаше и свое шоу на стадионот пред натпреварот во Лигата на Европа. Трабзонспор доживеа шокантен пораз од Ференцварош со резултат 0:1 и ќе ...

Милан фати сосема поинаков правец со Рубен Аморим како лидер на проектот и ростерот на Португалецот ќе изгледа сосема поинаку од оној на Макс Алегри минатата сезона, па покрај тоа што прецрта неколку прекубројни фудбалери, новиот тренер во овој летен преоден рок ќе го памети и тоа што клубот за него ги испорача двата најскапи трансфери во историјата. После Гонсало Рамош за кого беа платени 74 милиони евра, Милан денеска ја комплетираше ...

Вардар имаше полесен тренинг на првиот натпревар на турнирот „Кристе Андоновски“ во Охрид и лесно го совлада Олимпијакос, но избраниците на Иван Чупиќ денеска мораа да се испотат за да стигнат до посакуваниот триумф. Хрватскиот стручњак повторно не можеше да смета на Лазаревски и на уште неколку важни играчи, а во воведната фаза од мечот, Нексе добро парираше и дури и ја презема иницијативата на крајот на првиот дел. Тимот од Нашице водеше со ...

Партизан беше на добар пат да извлече извонреден резултат од гостувањето во Шпанија со издание кое навистина ги задоволи сите фудбалски елементи, но лошиот влез и лошиот крај на натпреварот на крајот му пресудија на спрскиот вицешампион. Бараж натпреварот за влез во Конференциската лига донесе неочекувано изедначен дуел на „Колисеум“ стадионот во Мадрид, па иако Партизан заслужува пофалба за храбрата претстава, сепак мора да жали што се ...

Црвена Звезда направи огромна промена по болната елиминација од Хапоел Бер Шева во Лигата на шампиони, но беше јасно дека нема многу време за чекање и веднаш се доведе проверена опција како замена за Дејан Станковиќ. Раководството му се довери на Алберт Риера и Шпанецот вети дека Звезда ќе заигра многу подопадлив фудбал уште на првиот меч, а неговата најава беше спроведена на дело уште вечерва. Црвена Звезда заличи на тим кој може да игра ...

Франко Мастантунот како голем аргентински талент направи трансфер од Ривер Плата во Реал Мадрид пред точно една година, но после воведната сезона која не беше воопшто едноставна за него, младиот 19-годишен фудбалер брзо сфати дека нема да има место во тимот на Жозе Мурињо. Иако добиваше шанси на стартот на подготовките, Франко беше свесен дека ќе нема шанса да добие вистинска минутажа во силната конкуренција, па реши да направи трансфер во ...

Манчестер Јунајтед ќе сака да направи исчекор оваа сезона под водство на Мајкл Карик и останува да видиме до кој степен ќе успее во тоа, но јавноста на Островот верува дека „црвените ѓаволи“ може да имаат добра стартна точка во Премиер лигата поради поволниот распоред. Медиумите во Англија потенцираат дека Јунајтед има лесен почеток на сезоната и прогнозираат лесни шест бода во воведните две рунди, но бидејќи ваквите најави се пренесоа и на ...

Бразилската фудбалска легенда Роналдињо слета во Италија за да потпише за третолигашот Равена. Иако звучи неверојатно со оглед на тоа што има 46 години и последен пат играше професионален фудбал во 2015 година, тој одлучи да ја прекине пензијата за овој сензационален трансфер. Славниот бразилски фудбалер нема за цел да биде цела сезона дел од тимот на Равена, но доаѓа со јасна цел да го промовира тимот на најдобар можен начин, но и да одигра ...

По заминувањето на ЛеБрон Џејмс, Лука Дончиќ ја зазема улогата на главна ѕвезда во тимот на Лос Анџелес Лејкерс, а со цел да воспостави што подобра комуникација со своите соиграчи, словенечката ѕвезда се одлучи за потег кој јасно покажува за каков човек станува збор. Како добар домаќин од Балканот, Дончиќ ги повика големите НБА ѕвезди во својата родна Љубљана, па така најголем дел од играчите на Лејкерс денеска пристигнаа во словенечката ...

Симона Халеп повеќе од 60 недели беше на врвот на светскиот тенис во женска конкуренција и со своите настапи ја направи горда цела Романија, па иако во кариерата освои и две грен слем титули, за жал на крајот замина во пензија со една „црна дамка“. Иако успеа да ја намали својата суспензија од четири години на девет месеци за случајно внесување на недозволена супстанца во своето тело, допинг скандалот влијаеше крајно негативно врз Романката, ...

Карлос Алкарас последно го откажа учеството на Синсинати и со тој потег предизвика паника и кај своите фанови, а дел од медиумите почнаа со сигурност да пренесуваат дека Шпанецот нема да биде целосно подготвен за Ју-Ес Опен. После пауза од повеќе од четири месеци, Алкарас ќе се врати на терените и ќе заигра на последниот грен слем во годината, што за него ќе биде прв по оној во Австралија каде ја освои титулата. Поради повредата на зглобот во ...

Фудбалската Федерација на Македонија го одреди изгледот на натпревари во 1/16 финалната фаза во Купот на Македонија, а тоа го направи согласно пласманот на екипите во сезоната која измина. Силекс како освојувач на Купот има привилегија и ќе биде слободен во воведната рунда на најмасовното натпреварување во нашата земја, кое во првото коло ќе брои 15 натпревари: Овче Поле Свети Николе – Вардар Победа Валандово – Струга Трим Лум Крошу Спорт ...

Барселона брзо „спакува“ две засилувања во период од 24 часа, бидејќи после Родри, денеска го претстави и петтата летна аквизиција за тимот на Ханси Флик. Шпанскиот првак и даде предност на операцијата Родри поради фактот што имаше комлексни преговори со Манчестер Сити, а откако тоа се заврши, денеска службено беше потврдено дека петто летно засилување за тимот на Флик е Жоао Кансело. Португалецот го раскина договорот со Ал Хилал и пристигна ...

Денес започнува XV Меѓународен фестивал на спортски филм – Златибор 2026, традиционален фестивал кој веќе 15 години ги собира спортот и филмот и претставува приказни од светот на спортот. Големиот настан оваа година ќе биде побогат и за една интересна спортска приказна која се случи минатата година, а од „Спортско радио 90,3 фм“ порачуваат дека се посебно горди што нивниот 17-минутен додкуменатен фил е избран од официјалната фестивалска ...

Еден Азар прилично рано стави крај на играчката кариера и се препушти на уживање во слободното време како фудаблски пензионер, но сепак љубовта кон играта која му го одбележа животот не може да згасне така лесно. Азар е дел од различни фудбалски програми и често е дел од ревијални и хуманитарни акции, но сега реши да ги изненади вработените во фан-шопот на Челси со интересна акција. Еден најдобрите фудбалски денови ги имаше во Лондон и токму ...

Лионел Меси постигна гол на натпреварот против Филаделфија и истиот му го посвети на својот починат татко Хорхе, но бидејќи натпреварот изобилуваше со остра игра и доста тензија на теренот, на крајот и мирниот Аргентинец успеа да ги загуби нервите. Средбата која заврши 2:2 на крајот донесе по еден црвен картон на двете страни, а на сето тоа претходеше препирка на Меси со ривалот од Филаделфија кој беше исклучен. Квин Саливан се обидуваше да ...

Јан Диоманде ќе биде посебно етикетиран во јавноста како играч од кој многу ќе се очекува во новата сезона, не само поради квалитетот кој го покажа минатата сезона, туку и поради фактот што стана најскапо засилување во историјата на Реал Мадрид. Флорентино Перез го одврза ќесето за фудбалерот на РБ Лајпциг и целиот пакет го чини Реал Мадрид 140 милиони евра, па како фудбалер на кој јавноста нема да му даде многу време за адаптација, самиот е ...

Еден Азар прилично рано стави крај на играчката кариера и се препушти на уживање во слободното време како фудаблски пензионер, но сепак љубовта кон играта која му го одбележа животот не може да згасне така лесно. Азар е дел од различни фудбалски програми и често е дел од ревијални и хуманитарни акции, но сега реши да ги изненади вработените во фан-шопот на Челси со интересна акција. Еден најдобрите фудбалски денови ги имаше во Лондон и токму ...

Раководството на Лацио има многу проблеми во овој преоден рок, дел од фудбалерите се повлекоа од преговорите во нивната завршница, тренерот Џенаро Гатузо предолго чекаше за потребните засилувања, а денеска стана јасно дека римскиот клуб и се откажал од еден трансфер. Се беше договорено со сенегалскиот напаѓач Бамба Диенг за тој да игра на „Олимпико“, но Диенг не ги поминал лекарските прегледи поради проблем со коленото, а Лацио се повлекол од ...

Лаутаро Мартинез е сериозно приврзан за Интер и неколку пати потенцирал дека досега не ни размислувал да замине во друг клуб. Аргентинскиот репрезентативец стана миленик на фановите поради својот карактер и менталитет, а во меѓувреме и капитен на екипата, но сега следува период во кој и навивачите можат да стравуваат за одлуката на напаѓачот. Барселона е еден од ретките клубови кои можат да го натераат Лаутаро да размисли за одлука за ...

Германската фудбалска легенда Ули Хенес и натаму има големо влијание во својот поранешен клуб Баерн Минхен, а останува и посебно истакнат авторитет на фудбалската сцена во својата земја и пошироко. Хенес добро ја познава играта, но и фудбалскиот бизнис, а последната забелешка ја има за начинот на кој Јирген Клоп беше назначен за нов германски селектор. Никој, па и самиот Хенес нема дилеми околу квалитетите на тренерот Клоп, но смета дека ...

Микеле Ди Грегорио го загуби својот првотимски статус во Јувентус и до крајот на овој преоден рок речиси сигурно ќе има нов клуб. По две сезони во кои не блескаше и не ги убеди тренерот Спалети и менаџментот дека треба да ја задржи позицијата, Јувентус му испрати јасна порака со трансферот на Гилјелмо Викарио, додека Ди Грегорио сега е во потрага по нова средина. Најблиску до неговиот потпис е Олимпик Марсеј, клуб со кој Јувентус има одлична ...

Френки де Јонг се наоѓа во комплицирана ситуација во редовите на Барселона, а трпението со него го загубија и навивачите, чија реакција на вчерашната промоција на „Камп Ноу“ објаснува многу работи. Честите повреди на холандскиот репрезентативец никогаш не му овозможија да го искористи целосно својот потенцијал, а вчера се слушнаа и свирежи кога тој се појави на теренот пред дуелот со Ал Ахли. „Спорт“ тврди дека расположението на фановите е ...

Раководството на Милан летово се обидува да исправи дел од трансфер грешките од минатото и да доведе соодветен профил на играчи, какви што му се потребни на новиот тренер Рубен Аморим. Досега клубот договори разделба со неколку прекубројни играчи, дел се уште бараат нови клубови, а вчера беше промовирано и едно засилување. Можеби и најголемото изненадување во преодниот рок во Италија, Диего Мореира дојде од Стразбур и го избра дресот со број ...

Манчестер Сити веќе продаде неколку играчи во овој преоден рок и ја наполни клупската каса, а допрва се очекува да заработи многу милиони од разделбата со играчи како Савињо, Мармуш и други. Заминувањето на Родри отвори и простор во средниот ред, па англискиот клуб преговара со повеќе фудбалери, при што медиумите најавуваат дека Енцо Мареска планира да ангажира најмалку двајца квалитетни играчи во овој дел од тимот. Покрај досега споменатите ...

Џејми Карагер застана во одбрана на Маркус Рашфорд во подкастот на Гери Невил, а фудбалерот на Манчестер Јунајтед јавно му се заблагодари на социјалните мрежи. Во новото издание на подкастот, Невил побарал коментари од своите колеги во студиото за враќањето на Рашфорд во Манчестер Јунајтед, но Карагер одбил да го коментира англискиот репрезентативец и му замерил на Невил дека претерува со споменувањето на неговото име. – Може ли да направиме ...

Новата сезона во англиската Премиер лига започнува со дуелот меѓу Арсенал и Ковентри, а Пол Мерсон смета дека токму „топчиите“ ќе бидат шампиони и во новата сезона. Поранешниот англиски репрезентативец го прогнозирал распоредот на врвот во Премиер лигата за „Скај Спортс“ и како и многумина негови колеги, очекува дека Микел Артета ќе стане еден од ретките менаџери кои одбраниле титула во англиската елита. – Арсенал ќе заврши на првото место, ...

Интервјуто на Жозе Мурињо за „Ел Чирингито“ и натаму го привлекува вниманието на фановите, пред се поради конкретните и интересни прашања на Хозеп Педрерол, но и секогаш искрените, а понекогаш и контроверзни одговори на Португалецот. Мурињо бил прашан што мисли за Ламин Јамал и дали го посакува во редовите на Реал Мадрид, па тренерот на „кралскиот клуб“ предизвика многу коментари со својот одговор. – Не ми е потребен. Тој секако е фантастичен ...

Атлетико Мадрид вчера си ја заврши работата против Малага и влезе победнички во новата сезона, но проблем кој се провлекува за клубот е статусот на Хулијан Алварез. Аргентинецот вчера не беше во комбинација поради несоодветната физичка подготвеност, но навивачите не пропуштиле шанса да го навредуваат поради желбата да го напушти клубот. Алварез сака да реализира трансфер во Барселона, Атлетико не сака ни да слушне за такво сценарио, а ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58