Александер Зверев долго време ја бараше првата титула на грен слем турнирите и конечно тоа успеа да го направи оваа година кога славеше на Ролан Гарос. Уште како тинеџер и потоа кога влегуваше да води битка си сениорите Зверев важеше за играч со голем потенцијал, квалитет, знаење, но му беше потребно време да се пронајде, да испорача најдобар резултат на најзначајните турнири во тенисот. Германецот имаше можност да игра против Новак Ѓоковиќ, ...

Барселона засега останува мирна и не се впушта во сериозна офанзива на трансфер пазарот како одговор за лутиот ривал Реал Мадрид кој веќе затвори неколку зделки, а се најауваат и уште неколку операции. Каталонците ги доведоа Гордон и Адејеми, но тешко оди потрагата по „деветка“ каде прва желба е Алварез, играч кој Атлетико Мадрид не сака да го продаде и останува да се види до кога Барса ќе инсистира да го доведе. Во исто време има дилеми, ...

Ливерпул веќе ги одработува подготовките за престојната натпреварувачка 2026/2027, сезона во која тимот ќе биде предводен од нов тренер, шпанскиот стручњак Андони Ираола. Ова е многу важен период за секоја екипа, а така и за Ливерпул, период кој знае да донесе и одредени проблеми, повреди и со таква ситуација се соочува премиерлигашот. Имено дефанзивецот Џо Гомез се повреди на средбата со Сандерленд и тој дефинитивно нема да биде достапен ...

Италијанскиот, европскиот и светскиот фудбал останува без една од најголемите икони, легендарниот капитен на Милан Франко Барези кој почина во 66. година од неговиот живот. Дефанзивецот кој водеше жестоки битки на теренот низ активната кариера не успеа да ја добие оваа животна битка, односно неговото срце не успеа да се справи со здравствените проблеми кои ги имаше некое време. Франко беше висок 176 сантиметри, но и покрај недостатокот на ...

Џани Инфантино даде радикален предлог-план за тоа како ФИФА и Федерациите можат драстично повеќе да заработат со продажба на брендот наречен Светско првенство, но оваа идеја на првиот човек на најважната светска фудбалска асоцијација наиде на многу жестоки критики и предизивка вистински револт во цела јавност. УЕФА како најважно тело во Европа прва испорача рафал на сметка на Инфантино и изречно се дистанцираше од сите ставови на првиот човек ...

Реал Мадрид во текот на вчерашниот ден договори продажба на Гонсало Гарсија во Фулам за 40 милиони евра, но пред полноќ, „кралевите“ ја известија јавноста за операција која никој не ја најави и која целосно се реализирала во тајност. Шпанскиот великан официјално го потврди петтото летно засилување по Конате, Дамфрис, Бернардо Силва и Кукурел, а тоа е талентираниот 21-годишен напаѓач Карлос Еспи. Реал Мадрид ќе добие класична „деветка“ во ...

Карим Адејеми направи интересен трансфер ова лето и Борусија Дортмунд ја замени со Барселона. Брзоногиот офанзивец немаше добра сезона во таборот на „милионерите“ и тоа беше причина плус за тоа да овој трансфер биде изненадување, но Адејеми е квалитетен фудбалер, играч во кој тренерот Ханси Флик има максимална доверба дека може да му помогне на тимот. -Убеди“ е погрешен збор. Едноставно ме повика и ме праша дали сакам да дојдам. Му кажав, се ...

Арсенал по пауза од 22 години дојде до пехарот во Премиер лигата и во новата сезона ќе има задача да го одбрани тронот, да остане на врвот во англискиот фудбал. Со оглед на промените и ситуацијата во другите клуботи, „топчиите“ дефинитивно се фаворит број еден за пехарот, но тоа ќе мора да го потврдат на теренот, преку маратонот од 38 натпревари. Многумина го гледаат Манчестер Сити како тим кој би требало да биде најблиску до Арсенал, екипа ...

Сезоната 2025/2026 донесе доста мајстории од слободни удари во Премиер лигата, а кога истите ќе ги имате на едно место, во една компилација тоа е вистинсо уживање за секој вистински фан. Од ПЛ излегоа со супер видео, ремек делата на сезоната, рангирани од најкратката до најдолгата далечина, голови од прекини кои и тоа како вредат да се погледнат. Уживајте!!! Сезоната 2025/2026 донесе доста мајстории од слободни удари во Премиер лигата, а ...

Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид се согласи да го продаде Гонзало Гарсија во премиерлигашот Фулам, но за кратко време веднаш пронајде соодветна замена, класичен напаѓач по мерка на тренерот Жозе Мурињо. Се работи за 21-годишниот Карлос Еспи кој беше на пат за Англија, преселба во Премиер лигата во Брајтон или Хал Сити, меѓутоа од никаде се појави Реал и успеа експресно да го договори неговиот потпис. „Кралевите“ ќе ја активираат откупната ...

Македонскиот репрезентативец, Елмин Растодер од ова лето има нов клуб, поточно Швајцарија и Тун ги замени со Грција и Панатинаикос. Токму вечерва нашиот напаѓач се покажа како клучен за Пао и неговиот пласман во третото квалификациско коло во Конференциската лига. Тимот од Атина славеше на првото соочување со Пакс со 2-1, но денеска имаше проблеми на свој терен и губеше со истиот овој резултат до 85 минута која нововлезениот Растодер се најде ...

Екипата на Шкендија ја доби битката со словенечки Браво и избори пласман во третото квалификациско коло во Конференциската лига. Македонскиот прволигаш не заслужи да загуби на првиот меч во Словенија (2-1), но мораше да го остави тоа зад себе со тоа што и во Скопје доби удар во раната фаза и гостите во првата шанса дојдоа до водство преку Станковиќ во 17 минута. Ова ја натера Шкендија да вложи уште поголем напор, сила, па така во 36 минута ...

Интер се мачи да затвори зделки во овој летен преоден рок, неколку играчи му „избегаа“ во последен момент, а најдобар пример за тоа е Марко Палестра кој заврши во Челси. Италијанскиот првак долго време беше прв фаворит за неговиот потпис, беше блиску да ја комплетира зделката, меѓутоа премиерлигашот се вклучи на крајот, понуди повеќе пари и Палестра заврши во Лондон. Претседателот Џузепе Марота е свесен за ситуацијата на Интер и само призна ...

Славко Винчиќ ја доби довербата од ФИФА да го суди финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, битка која на крајот и припадна на „црвената фурија“ со 1-0 со гол во продолженијата. Ова за Словенецот беше најголем предизвик во кариерата, натпревар кој ќе го памети, натпревар по кој и реши да стави крај како активен судија. -На почетокот беше шок. Потоа почувствував огромна гордост за нашиот судиски тим кој ја претставуваше ...

Италијанскиот фудбалски великан Интер официјално комплетираше значаен трансфер, искусно и квалитетно име кое доаѓа на „Џузепе Меаца“ без трансфер обештетување. Нов член на составот од Милано е 32-годишниот англискиот репрезентаитвец Џон Стоунс. Стоунс претходните десет години ги мина во редовите на Манчестер Сити, тим со кој освои шест титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите и уште многу други пехари во тој период. Стоперот беше ...

Работнички почна да го составува тимот за наредната сезона, а дел од истиот ќе биде искусниот Дамјан Робев. Македонскиот репрезентативец и минатата сезона беше дел од таборот на центарци што значи дека ја продолжува соработката. Робев во натпреварувачката 2025/2026 имаше бројки од 9,7 поени, 4,8 скока и 4,5 асистенции по натпревар. Претходно поранешниот македонски шампион се засили со Дарин Говенс кој пристигна од редовите на ТФТ Скопје. ...

Ненад Белистојановски беше дел од втората екипа на Еурофарм Пелистер, но откако одговори соодветно на тој предизвик дојде промоцијата во првата екипа. Ова за Белистојановски е сериозен тест за кој верува дека е подготвен, односно дека ќе може да помогне да се остварат целите на клубот. -Мислам дека сум физички подготвен за предизвикот. Се чувствувам многу убаво со првиот тим на Пелистер, со сите репрезентативци и Червар како тренер. Подготвен ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја поддржува заедничката позиција на УЕФА, а пораката е јасна „Светското првенство не е на продажба“. УЕФА здружено против планот на Инфантино, ќе се бојкотираат сите натпреварувања! Ова е јасен и директен одговор до Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА и неговиот предлог за продажба на удели од Светското првенство на приватни инвеститори. Заеднички став на европското фудбалско семејство УЕФА и ...

Ливерпул долго време му даваше максимална поддршка на Арне Слот и даваше сигнали дека Холанѓанецот ќе продолжи да ја води екипата и во престојнава сезона, но дојде до пресврт, стратегит заработи отказ и неговата позиција беше пополнета со шпанскиот стручњак Андони Ираола. Ираола имаше одлични резултати со Борнмут, претходно заврши квалитетна работа во Шпанија во Рајо Валјекано, ама ова ќе биде најголем испит, најголем предизвик во досегашната ...

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино доста често беше во центарот на вниманието за време на Светското првенство, но и по тој голем настан што се одржа во САД, Канада и Мексико продолжува да ја „дрма“ јавноста и тоа со еден предлог, идеја за организација на мундијалите во иднина. Тој предложи нов проект во кој ќе се продаде дел од сопственичката структура за организација на Светските првенства на приватни инвеститори, потег кој наиде на доста ...

Маркус Рашфорд имаше „дабл-дабл“ (14 гола и 14 асистенции) сезона во Барселона, но и тој негов учинок, придонес за успесите на екипата во минатата сезона не беше доволно да направи перманентен трансфер на „Камп Ноу“, поточно за клубот да ја активира клаузулата и го откупи договорот од Манчестер Јунајтед. Тој како што стојат работите ќе се врати во Јунајтед затоа што е има потпишан договор до 2028 година, но дали ќе остане тука и по крајот не ...

Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за новата сезона, а пред обврските да се зголемат засилувањата добија можност да ги испратат првите пораки, првите импресии за клубот, но и градот Битола. Дел од новајлиите во екипата се Малик Татар и Едвин Џелиловиќ му се радуваат на новиот предизвик и се надеваат дека ќе помогнат да се остварат зацртаните цели. -Атмосферата е супер, сите имаме иста цел. Знаеме дека во Битола се живее за ракометот и ...

Офанзивецот Иван Глигоров е ново засилување за повратникот во најсилната домашна фудбалска конкуренција, екипата на Брегалница Штип. Глигоров во минатото беше дел од „сините“ што значи ова е камбек на добро познато место. -Од Глигоров очекуваме она што најдобро го знае – да “експлодира” во плавиот дрес, да ги тресе противничките мрежи и да донесе многу важни бодови за штипските сини. Му посакуваме добро здравје, одличен гол-ефект и многу ...

Артем Довбик досега ја носеше „9-ката“ на Рома и беше ударен напаѓач во проектот кој започна пред две години, но лошите перформанси кои ги прикажа на „Олимпико“ го натераа Џан Пјеро Гасперини да се откаже од него уште на полусезона. Искусниот стручњак побара нови напаѓачи и други опции во нападот на средина на сезоната, па иако Довбик ја доигра сезоната како член на Рома, сега остана без својот број иако неговиот трансфер се уште не е ...

Челси ќе има доста поинаков изглед под водство на Чаби Алонсо, а по крајот на Светското првенство кое заврши на 19-ти јули, лондонскиот клуб презема покрупни чекори на трансфер пазарот. Пред да заврши мундијалот, најзвучно засилување за Челси беше Марко Палестра од редовите на Аталанта, но откако Челси веќе го претстави Морган Роџерс како убедливо најскап британски трансфер во историјата, денеска претстави уште едно летно засилување. Станува ...

Македонија ќе биде слободна во првото коло од квалификацискиот циклус од втората рунда претквалификации за Европско првенство, но на 30-ти август ќе гостува во Австрија и денеска дозна каде ќе го игра овој натпревар. Домаќинот го одреди градот и терминот во кој ќе се одигра натпреварот меѓу Австрија и Македонија, па избраниците на Жозеп Марија Берокал дознаа дека ќе играт во Виена во попладневен термин од 16:05 часот. Македонија оствари шест ...

Осум играчи на Барселона станаа светски шампиони после успехот на Шпанија на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но ако некој треба да жали за тоа што не стави златен медал на својот врат, тоа е малерозниот Фермин кој се повреди пред самиот старт на турнирот. Офанзивниот играч за врска беше дел од списокот на Де ла Фуенте и за очекување беше да има важна улога во шпанскиот тим, но скршеницата на петтата метатарзална коска го принуди да ...

Роберто Де Ѕерби прифати исклучително тежок проект на крајот на минатата сезона и успеа во намерата да го одржи Тотенхем во англиската елита, а откако успешно го направи тоа, доби гаранција од газдите дека ќе му се достават големи парични средства за нови засилување и веќе двапати беше урнат клупскиот трансфер рекорд. Тотенхем потроши 237 милиони фунти за ангажманите на Матеуш Фернандеш (85), Сандро Тонали (100) и Ван Хеке (52), како слободни ...

Алваро Арбелоа го презема Фулам во текот на летото и беше избран за наследник на Марко Силва кои постави високи стандарди во Лондон, па англискиот премиерлигаш побрза за да исполни две желби на новиот менаџер кој има искуство со работење во Реал Мадрид. Пред да биде тренер на првиот тим, Арбелоа работеше со младинскиот тим на Реал Мадрид и познава голем број таленти од школата, а токму еден од нив ќе пристигне во Лондон во пакет со Гонсало ...

Македонската кадетеска репрезентација вчера доживеа колапс во второто полувреме и дозволи голем пресврт на Словенија на отворањето на Европското првенство во Белград, а денеска избраниците на Горан Кузмановски имаа уште потежок испит и претрпеа втор пораз. Ракометарите до 18 години добро го отворија мечот против фаворизираната Франција и парираа во воведните 20 минути до резултат 9:9, но потоа следеше голема серија на „триколорите“ кои во ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.84
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1012
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.3
53%
1013
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.0
44%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.63
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.6
81%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.85
48%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.35
48%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.9
53%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
1.24
62%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
42%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.83
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

274085.11

Бакар

13.51

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Цинк

0.00

Платина

56135.20

Иридиум

252383.36

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Калај

56.46