
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Сподели Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник, во семејниот дом во Крива Паланка, се обидел со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство. Во ...
Сподели Изложбата „Дијалог преку уметност“ на професори од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и професори од Националната уметничка академија од Софија вечер во 18:00 часот ќе биде отворена во галеријата „Академија“ во Софија. „Дијалог преку уметност“ е втор настан преку кој Националната ликовна академија и Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ...
Сподели Во Министерството за внатрешни работи беше извршено примопредавање на опрема за поефикасна истрага на местото на настанот во кривични дела кои вклучуваат оружје. Опремата ќе се користи првенствено од Одделот за форензички испитувања и единиците за истрага на местото на настанот во Секторите за внатрешни работи низ целата држава. Опремата е донирана во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага ...
Сподели ДУИ ја изразува својата најдлабока огорченост од невидениот и нечовечки говор на пратеникот од Влен во Собранието, кој употреби навредлива и неприфатлива реторика кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Овој говор не претставува само деградација на политичката дебата, туку ги потресе чувствата на многу граѓани кои со право вчера ја изразија својата огорченост и одбивност кон ваквото однесување. ДУИ го повикува Влен јасно и веднаш да се ...
Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вчера оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер. На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу нашите две пријателски земји вклучително и соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи и заедничката посветеност кон остварување на регионалната и глобалната безбедност. Како надоврзување на вчерашниот состанок во ЦУК една од главните теми ...
Сподели Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска имаше средба со делегација на ОБСЕ од Одделението за организираниот транснационален криминал и корупцијата, предводена од проектниот офицер, Мерима Абдиќ, на која беше разговарано за спроведување на проектот за зајакнување на напорите за поврат на имот во регионот на ОБСЕ. Госпоѓата Абдиќ го презентираше проектот и подвлече борбата против ...
Сподели Вчера на 83-годишна возраст почина познатиот македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, Коле Манев. Телеграма со сочувство до семејството упати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во која наведе дека делата што тој ги создаваше претставуваат значаен придонес во богатата македонска уметничка ризница. „Неговото долгогодишно творештво и посветеност на уметноста оставија неизбришлива трага во ...
Сподели Во Понеделник, 27 Јануари, во 20 часот, во Кафе-книжарница Буква ќе се одржи мултимедијална промоција на новиот роман на Натали Спасова, именуван “Не ѝ верувај на баба ти”. Ова е четврт роман на Натали, по Прва љубов во розевата улица, Запалка и Двете Принцези, кои се веќе преведени на Украински, Српски, Бугарски и Англиски јазик. Спасова се јавува исто така и како драматург на театарските претстави The Visitor, Dreamcatcher, The ...
Сподели Под мотото „Создавање на ликовите од страна на читателот“, денеска (22 јануари) во 18:00 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи промоција на книгата „Дијалози“ од Коста Бојчески. Промотор ќе биде Виктор Јованоски, а водител на настанот е Александар Еленин. Со своја автентична сценска изведба на некои од дијалозите, настанот ќе го облагородат прилепските актери Даниела Иваноска и Димитар ...
Сподели Вчера, елегитимната Влада го прекрши не само Уставот на Република Северна Македонија, туку и Охридскиот договор и Законот за јазиците. Усвојувањето на измената на Законот за заштита на децата, во која се утврдува дека лиценците ќе се издаваат на албански јазик само на барање на корисникот, е акт кој ја минимизира важноста на албанскиот јазик, намалувајќи го од службен и задолжителен јазик до опција што се нуди само на барање, со што ...
Сподели Во Охрид се во тек обемни зафати за санација и реставрација на „Куќата на Робевци“, еден од најзначајните и најрепрезентативни објекти од старата градска архитектура. Станува збор за еден од најголемите проекти на НУ Завод и музеј – Охрид, за кој досега се издвоени три милиони денари, а реконструкцијата е предвидено да биде заокружена некаде до крајот на март годинава. Директорот на охридскиот Завод и музеј, Горан Патчев, појаснува ...
Сподели Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освенна злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информирамејавноста за едно важно прашање поврзано со економскатаактивност на компанијата “Еверест ЈД“ ДООЛ, која е восопственост и управувана од Дрин Ахмети, внук на лидеротна ДУИ нон грата, Али Ахмети. Според достапнитеинформации, ова компанија не го платила концесискиотнадоместок за експлоатација на минерални суровини налокацијата ...
Сподели Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во скопските општини Кисела Вода, Центар и Чаир. Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците Фредерик Шопен, Димо Хаџи Димов и Томе Арсовски, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини. Во општината Чаир се отстранети ...
Сподели Министерството за здравство информира дека во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Монтирани и инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема). Исто така, ...
Сподели “Борбата дома е борба којашто ние ќе ја водиме, борба за подобра инфраструктура, подобро здравство, поквалитетно образование, конкурентна економија, и тоа го правиме откако сме избрани како Влада, но таа борба за еден од нај малубројните народи во Европа, не е доволна. Треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи ...
Сподели Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар донесе низа препораки кои основните општински училишта имаат прифатено да ги спроведуваат со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес во центарските училишта. „Сите основни училишта на територија на општината прифатија да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, а носењето на втор мобилен телефон ...
Сподели На 21.01.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(37) од с.Пирок, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 21.01.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за ...
Сподели Во текот на изминатата недела царински службеници и мобилни тимови спречија обиди за криумчарење лекови, медицински игли, облека и обувки. -Мобилен тим спречи обид за шверц на 2220 парчиња лекови и тоа: таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња. -1.100 медицински игли за мерење шеќер во крвта се откриени од ...
Сподели На концертот „Филхармонија на кирилица“ во Скопје, што ќе се одржи на 23 јануари од 20 часот, нема да свири пијанистката Нина Костова, која го откажа својот настап од здравствени причини. „Сите кои имаат купено билети за првичната програма на овој концерт, а не сакаат да присуствуваат на променетиот концерт, можат да ги вратат на билетарницата на Филхармонијата. Поради краткото време за наоѓање друг солист, на овој концерт ќе биде ...
Сподели Македонскиот народен театар со особена чест и задоволство ве поканува на сеќавањето во чест на актерот Кирил Псалтиров, што се одржува во рамките на чествувањето на 80 години Македонски народен театар. Кирил Псалтиров беше актер кој долги години беше дел од театарот и за чија харизма и вештина останува да се зборува и денес. Сеќавањето ќе се одржи денес, во 12:00 часот, во фоајето на Македонскиот народен театар. Тој беше еден од ...
Сподели Утре, на 22 јануари во 12 часот во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани ќе биде промовирано изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М.Селишчев (историја на една мистификација)“ од еден од авторите, д-р Бранислав Светозаревиќ. После промоцијата ќе биде отворена изложбата „АСНОМ-израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“ од д-р Јасмина Дамјановска, една од авторите. Изложбата ...
Сподели Деведесет Јавни комунални претприја, преку АДКОМ-Здружение за даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија со дописи до Владата на РСМ, Регулаторната комисија за водни услуги и услуги за управување со отпад и Министерство за енергетика упатија барање за повластена цена на електричната енергија за Јавните комунални претпријатија. Овие претпријатија се најголеми чувари на здравјето на луѓето и заштитници на животната ...
Сподели Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Б. – началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци ...
Сподели За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот. Претседателот на Владата Мицкоски имаше вечера со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов ...
Сподели Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Инаугурацијата ја следеше од ВИП ложа заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. “Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател”, ...
Сподели За јапонската култура македонската публика знае многу малку, а јапонските прозни и драмски дела се ретко поставувани на македонската театарска сцена. Иако прекрасната новела „Снег“ е дело на францускиот автор Максанс Фермин, таа во себе ја содржи срцевината на јапонската култура во најширока општествена и историска смисла. Освен тоа, таа е новела-мост помеѓу двете култури, онаа на Далечниот Исток и онаа на Западот. Во таа смисла, ...
Сподели На 19.01.2025 околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, од кои три од Непал и три од Индија. Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на ...
Сподели РЦУК Кавадарци, известува од ТППЕ Кавадарци, МВР ОВР Кавадарци, ЈП „Градски Превоз“ – Кавадарци и од Градоначалник на Општина Кавадарци дека пожарот на старечки дом с.Чемерско(Опш.Кавадарци) интервенираат ТППЕ Кавадарци со 12 пожарникари и 3 ПП возила и едно возило за прва помош, МВР ОВР Кавадарци 7 полицајци, 2 возила на Итна медицинска помош, и два минибуси на ЈП „Градски Превоз“ Кавадарци за транспорт на лицата. Првични податоци е ...
Сподели Нови 200 милиони евра задолжувања-власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни. Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци. Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и ...
Сподели Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и незадоволство од последните изјави на Претседателката на Република Северна Македонија за време на приемот за дипломатскиот кор, каде што непровоцираната и насилна руска агресија врз Украина беше опишана како „војна операција“. Ваквата реторика е неприфатлива и е во спротивност со ставовите на нашата држава како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија. ...