
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Сподели Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, поради основано сомнение дека пријавениот при вршење семејно насилство ја повредил неговата сопруга со која не живее заедно затоа што во тек е бракоразводна постпка. Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, ...
Сподели Со едноминутно молчење и полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, денеска 12 јануари, беше одбележана седумнаесет годишнината од трагичното загинување на единаесетте припадници на Армијата, кои ги загубија своите животи враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Почит на загинатите припадници на Армијата им оддадоа делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена ...
Сподели Пет деца и еден возрасен беа заглавени поради снегот во селото Рајчани, во Општина Кочани. „Во 9:53 часот добиена е пријава преку бројот за итни повици 112 за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во Рајчани и не можат да се спуштат во Кочани. Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се ...
Сподели Денеска откриваме уште еден неприфатлив чин од страна на државна институција – Државниот пазарен инспекторат го укина албанскиот јазик од службена употреба! Во неговите нови документи, албанскиот јазик е целосно избришан, со што се прекршуваат сите законски и уставни норми што гарантираат употреба на двата службени јазици, се наведува во денешното соопштение на ДУИ. Овој чин не е техничка грешка – тоа е намерен акт и флагрантно кршење ...
Сподели СДСМ се противи на национализмот и поделбите кои ги шири ДУИ. ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните. Таквите изјави и дејствија се целосно неприфатливи и несоодветни за нашето мултиетничко и демократско општество. ДУИ мора да разбере дека граѓаните на Република Северна Македонија, независно од нивната етничка припадност, сакаат мир, стабилност и добри меѓуетнички ...
Сподели На 11.01.2025 во 19.55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 11.01.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР ...
Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во интервју за ТВ24 ги презентираше клучните чекори за реформа на јавната администрација, нагласувајќи ја неопходноста од политичка волја, квалитетни законски решенија и рационализација на кадровските ресурси. Министерот истакна дека основниот гарант за ефикасна јавна администрација е постоењето на политичка волја во структурата на власт. „Во оваа влада има политичка волја за да ги ...
Сподели Сара Мејс заедно со девојките приреди незаборавна празнична вечер на Божиќниот концерт што се одржа синоќа (10 јануари) во распродадената сала на Велешкиот театар. Со изведба на Божиќни песни, под музичка придружба на Камерниот оркестар од Битола, тие ја донесоа магијата на празничната атмосфера. „Вообичаено за Божик, семејството се собира дома, за да го одбележи овој голем христијански празник. Ви благодарам што нѐ примивте како дел ...
Сподели Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети, Бујар Османи и Блерим Беџети. Вчерашното гласање за интерпелацијата против Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група. Само 3 пратеници успеаја да гласаат „за“ интерпелацијата што е сериозна ...
Сподели За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието дека со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и спорт, госпоѓа Даути. Од вчерашната седница на Собранието на која беше изгласана интерпелацијата за г-ѓа Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието на Република ...
Сподели Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонија пат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Сподели „Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и интензивно работат на фрлање сол и расчистување на уличната мрежа, како и на критичните сообраќајни ...
Сподели По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 14 лица и Обвинителен предлог против две лица. Според наводите содржани во диспозитивот на обвинителниот акт 13 царински службеници ...
Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја поздрави брзата и професионална реакција на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), кој по применета претставка утврди дека огласот за вработување во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од Липково, е објавен во спротивност со важечките законски прописи. Државниот инспекторат за труд информираше дека на 8 јануари 2025 година, по добиената претставка, извршен е вонреден инспекциски ...
Сподели Од 17 до 26 јануари ќе се одржи зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион. Станува збор за заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали – Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“. Публиката од земјите чии фестивали се членки на Мрежата, ќе може бесплатно да погледне пет ...
Сподели По пријава од граѓани кои се пожалија на прекумерната бучава во реонот на населбата Карпош 2, овластениот инспектор за животна средина од Општина Карпош веднаш реагираше и излезе на терен, каде направи вонреден инспекциски надзор на местото каде што функционира правниот субјект ДПТУ „Делта Центар“ ДООЕЛ-Скопје, со основна дејност миење на моторни возила. Станува збор за самоуслужна автоперална која се наоѓа на булеварот 8-ми Септември ...
Сподели Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на социјалната мрежа Facebook, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава. Таквите злонамерни изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад ...
Сподели Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства. Соочен со сериозни закани кон сопствениот и животите на ...
Сподели МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла, а кон крајот на денот со повремен слаб дожд. За викенд ќе биде облачно и студено со врнежи претежно ...
Сподели ВЛЕН изразува загриженост и ги осудува изјавите на некој маргинален проруски политичар во Бугарија кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“. Ваквите изјави не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство, се обврза да ...
Сподели Бројот на загинати во застрашувачкиот бран шумски пожари што зафати неколку делови на Лос Анџелес се искачи на најмалку десет. Пожарот „проголта“ околу 10 000 куќи и други згради, а бројот на евакуирани граѓани се искачи на околу 180 000. Пет пожари сè уште се активни во и околу овој град во американската сојузна држава Калифорнија. Во пожарите што го зафатија Малибу, уништени се најмалку пет цркви, синагога, седум училишта, две ...
Сподели Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество. За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во единствена ...
Сподели Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија. Во објава на социјалната мрежа ФБ, Костадинов напиша дека претензиите на Трамп кон Канада се целосно оправдани и нема ништо пологично и понормално од тоа две земји со заедничка историја, ...
Сподели Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, ги осуди иредентистичките изјави на претседателот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов и побара реакција од Софија и осуда од страна на Европската унија. -Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна ...
Сподели На 08.01.2025 во 13.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Б.(28) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населба „Перо Чичо“ и исто така се сомничи дека од приватен имот на улица „Народна револуција“ одзел повеќе предмети. С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 08.01.2025 ...
Сподели Престижната француската издавачка куќа „Галимар“ денеска го објави своето издание на збирката раскази „Не одам никаде“ (Je ne bouge pas d’ici) од писателката и универзитетска професорка Румена Бужаровска, во превод на Марија Бежановска, информираат од Издавачки центар ТРИ. „Француското издание на ‘Не одам никаде’ од Бужаровска следува откако претходно ‘Галимар’ ја издаде и ‘Мојот маж’, додавајќи го своето издание на листата од ...
Сподели Борбата против загадувањето е долг процес кој бара стратешки пристап, континуирана посветеност и сериозни институционални мерки. За жал, повеќе од шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста, сведоци сме на недостиг од акција и преземање мерки. Скопје, Тетово, Куманово, Битола и други македонски градови постојано се на листата на најзагадени градови. Според Светската банка, загадувањето годишно одзема живот на 2.800 наши ...
Сподели Традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ оваа година ќе се одржи на 11 и на 13 јануари, со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет. Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии и дуети од светски познатите дела од композиторите Џ. Верди, Ф. Чилеа, Џ. Пучини, П. Маскањи, Г. Доницети и други. Под диригентската палка на гостинот од Шпанија, Оливер Диаз, врвен ...
Сподели Со почетокот на новата година словенечкиот град Нова Горица и германскиот Кемниц ја презедоа титулата европски престолнини на културата за 2025-та, со што во следните 12 месеци тие ќе бидат домаќини на повеќе културни настани, изложби и перформанси со кои ќе биде истакнато заедничкото богатството на европски култури. Како што соопшти денеска Европската комисија, дополнителна димензија на овие активности ќе им додаде и фактот што ...
Сподели Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници ...