Сподели Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик, како и за еден 26-годишник осомничен за помагање при извршување на кривичното дело. Осомничените, во периодот од март 2024 година до 04.02.2025 година, во повеќе наврати, со намера за себе да прибават ...

Сподели Денес го одбележуваме ликот и делото на нашиот најголем борец , револуционер и визионер, Гоце Делчев. Во неговата борба се вградени сите социјалдемократски вредности. Тој се борел за слободна Македонија, демократска во којашто се гарантирани индивидуалните слободи на луѓето и секако правдата. Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес. Tргнал во борба повикувајќи ги сите луѓе без разлика на нивната етничка, национална или ...

Сподели Одборот на фондацијата „Уметнички ефект“ од Фиренца ја награди нашата визуелна уметница Марија Павловска со меѓународна награда „Уметник за 2025 година“, една од најпрестижните уметнички награди што се доделуваат во Фиренца. Наградата на Павловска се однесува и за нејзината вклученост во проектот „Уметниците да собираат“, чија цел е запознавање на големите колекционери со нови таленти во кои може да се инвестира. Церемонијата на ...

Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се обрати на настанот посветен на презентацијата на Извештајот за мониторинг на СИГМА за 2024 година, нагласувајќи ја важноста на реформите во јавната администрација како еден од клучните приоритети во пристапниот процес кон Европската Унија. „Модернизацијата и унапредувањето на јавната администрација се темел на функционален јавен сектор, кој е двигател на секое демократско ...

Сподели Денеска се одбележува 153-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Премиерот Христијан Мицкоски положи свежо веќе на гробот на Гоце Делчев, во црквата Св. Спас. “Денеска со чест и гордост положивме свежо цвеќе во спомен на нашиот великан Гоце Делчев, симболот на македонската борба за слобода. Неговите идеи и жртва се вечен патоказ за сите што ја сакаат Македонија. Вечна му слава!”, изјави премиерот Мицкоски. Панихидата ...

Сподели Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска се сретна со Валентино Атанасоски, ученик во деветто одделение од ООУ „Кочо Рацин“ кој ја претставуваше општината и државата на 21 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Букурешт – Романија кадешто освои бронзен медал. „Честитки за нашиот Валентино кој освои бронзен медал. За неговиот успех и посветеност, му доделивме финансиски средства во висина од 10.000 ...

Сподели Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата “Козле” е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа. Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови. ...

Сподели Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10” на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Електронски комуникации во кој што е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа. „Во законот за електронски комуникации предвидуваме една измена каде што со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија лиценци за приредување онлјан игри на ...

Сподели Јон Деаконеску од Романија, Зоран Пејковски од Македонија и Никола Шимиќ Тонин од Хрватска се годинашни добитници на меѓународна награда „Гоцева мисла“, што се доделува по повод 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, за ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство. Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“. ...

Сподели Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ја доби специјалната награда за достигнување (Special Achievement Award) на Британското здружение на кинематографери (BSC). На директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски, признанието му беше врачено на свечена церемонија во Лондон, на која се доделуваа годишните награди на Британското здружение на кинематографери (BSC) за животно дело, за кинематографери на студентски, ...

Сподели Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по седми пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали ...

Сподели На 04.02.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево. Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип – Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Лицето било задржано во ...

Сподели По големиот број поплаки и барања на медицинските сестри, кои постојано пристигаат во Унијата на медицински сестри и техничари на Македонија, како и во Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, остро реагираме и заеднички го подигаме гласот со нашите колешки и колеги кои денес „останаа на улица“ по еднострано прекинатите договори за работа. Овие наши колеги, за жал, им се придружуваат на ...

Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 4-ти февруари, денот на раѓањето на големиот револуционер и визионер Гоце Делчев, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. Денес, оддаваме почит на човекот кој беше пред своето време – Гоце Делчев, симбол на борбата за слобода, правда и национална свест. Неговата визија за „свет како поле за културен натпревар меѓу народите“ останува инспирација за сите нас. Како ...

Сподели Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими професорите – добитници на признанието за посебен придонес за развој на научноистражувачката дејност и интернационализација и афирмација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2022 и 2024 година. Добитници на плакети за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови, индексирани во базата Web of Science, се: академик проф. д-р ...

Сподели Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Игор Лазаровски со швајцарската амбасадорка Вероник Улман потпишаа Меморандум за разбирање преку кој се договори взаемна соработка на проектот „Програмата за управување, користење и заштита на подземните ...

Сподели 4 ФЕВРУАРИ и 7 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК) 20:00 ч., „МУЛХОЛАНД ДРАЈВ“ (Mulholland Drive), Игран филм, САД, Франција, 2001, 146 мин., колор, 35 мм. Кинотека на Македонија Режија и сценарио: Дејвид Линч (David Lynch);, „Малхоланд Драјв“ („Mulholland Drive“) – Режија: Дејвид Линч Во чест на неодамна починатиот мајстор на нео-ноарот и соништата, Дејвид Линч, Кинотеката ќе организира специјална проекција на неговото ремек-дело „Малхоланд Драјв“. ...

Сподели Jавното соопштение на в.д. директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Д-р Каролина Симоновска со кое забранува да се споменува нејзиното име, претставува форма на јавeн притисок насочен кон медиумите. Ваквите објави се директна цензура врз новинарите и ја поткопуваат слободата на изразување и независноста на медиумите, се наведува во соопштението на ЗНМ Ги потсетуваме сите носители на јавни ...

Сподели Денес, во седиштето на Обединетите нации, остварив средба со генералниот секретар на United Nations, Антонио Гутереш. На средбата ја нагласив значајната улога на организацијата во време на комплексни глобални предизвици, како што се вооружените конфликти, кршењето на човековите права, тероризмот, насилниот екстремизам, новите технологии и климатските промени, напиша министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Во однос на Агендата ...

Сподели Првото добиено решение за ставање во промет лек во Виетнам го доби АД Алкалоид. Ова е иницијален чекор кон проширување на нашето портфолио во Виетнам, земја која е дел од Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН), изнформираат од Алкалоид АД-Скопје. За Одделот за регулаторни работи во АЛКАЛОИД ова претставува значајно достигнување, во согласност со компаниската стратегија за проширување на нови пазари. Во Виетнам е регистриран ...

Сподели Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција прегазувањето изјави дека станува збор за кривично дело сторено со умисла и против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. „Се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој кривично правен настан. Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. ...

Сподели Речиси 1.700 Македонци во 2024 година добиле бугарски пасоши, продолжувајќи ја тенденцијата на барање подобри можности за живот во европските земји. Ова го покажува годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство, кој го објави бугарското радио БНР, повикувајќи се на податоците од кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова. Според извештајот, вкупно 16.500 лица лани добиле бугарско државјанство, што е за ...

Сподели Мерката за одземање на мобилни телефони во текот на наставата прво започна во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и беше одлично прифатена од страна на родителите и учениците, изјави градоначалникот Горан Герасимовски во итервјуто за утринската програма на Сител телевизија. „И јас сум по занимање социолог, откако увидовме со какви проблеми се соочуваме, во 2024 година заедно со тимот на колеги од секторот образование и во соработка со ...

Сподели Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осудува постапката на вработена во болницата „8-ми Септември“, која го попречила новинарскиот тим на Клан телевизија при извршување на нивната работа. Ваквите обиди за ограничување на слободата на информирање претставуваат директен напад врз медиумските слободи и правото на јавноста да биде информирана за прашања од висок јавен интерес. Потсетуваме дека со последните измени на ...

Сподели Како резултат на вчерашната оперативна меѓународна акција под кодно име „Вардар“, предметен обвинител од ОЈО Скопје, овластен да постапува во овој предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека како организирана криминална група фалсификувале европска валута – евра во различни ...

Сподели По промоцијата во Македонија, книгата “Летот на мојата гулабица” од Светлана Јаневска имаше и втора промоција во Австралија, каде авторката живее 18 години. На 31.01.2025 година во престижната сала за евенти “Шелдон” во Мелбурн, Австралија беше промовирана “Летот на мојата гулабица” од Светлана Јаневска, како дел (во склоп) од форумот: подигање свест за женското здравје и респект. На овој настан учествуваа претставници од Владатата ...

Сподели Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка – Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија ...

Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на ООН во Македонија, Рита Колумбиа. На средбата беше разгледана досегашната соработка на министерството за внатрешни работи и агенциите на Обединетите нации во земјава, при што заеднички беше констатирано дека таа се одвива на исклучително продуктивно ниво. Министерот Тошковски ги спомена двата проекти кои беа реализирани со помош ...

Сподели Општина Центар информира дека општинските служби интензивно работат на подигнувње на хигиената на повисоко ниво. Денеска, се исчистија јавните површини околу пазарот Буњаковец. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека хигиеничарите од Општината и од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ секој ден работат на терен, во две смени за обезбедување почисто централно градско подрачје. „Денеска, ги исчистивме јавните ...

Сподели На 02.02.2025 во 21.05 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 02.02.2025 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
94%
1018
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
94%
1019
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
75%
1021
weather icon

Софија

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
85%
1019
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.63
89%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
95%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 23ᴼ
1.54
60%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
64%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
2.06
70%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
83%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
83%
1013
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

70.7075

Currency

34.4282

Currency

38.5891

Currency

65.7388

Currency

7.36476

Currency

0.66459

Currency

0.361

Currency

0.52461

Currency

1.30565

Currency

0.60613

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71