
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Сподели Во среда на 22 јануари во 19 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Милчо за Манчевски“, чиј приредувач е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски. Книгата опфаќа многубројни аспекти од животот и работата на Милчо Манчевски, еден од нашите најнаградувани и во светски рамки најреномирани македонски филмски автори. Промотори на изданието се проф. д-р Славица Србиновска, м-р Татјана Ќурчинска-Пепељугоска и филмскиот ...
Сподели Помина времето кога криминалците го имаа главниот збор во нашите градови, маали и улици. Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие макабри настани се минато. Граѓаните ја вратија надежта и довербата во државните институции, бидејќи владата воспостави ред и закон. Со ова се задоволува потребата граѓаните да бидат безбедни каде и да живеат и работат. Неодамнешните апсења се показател ...
Сподели Вчера, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои се наоѓале спроти ресторан „Кањон Матка“, на другата страна од езерото, односно акумулацијата „Матка“ и истите информирале дека се изгубиле и не можат во мракот да се движат, па побарале помош да преминат од спротивната страна каде што се наоѓа ресторанот и пешачката патека. За таа цел било потребно пловно превозно средство (кајче, чамец). Регионалниот ...
Сподели На 18 и 19.01.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14-члена организирана криминална група составена од лица од Скопје. ...
Сподели На 19.01.2025 околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, од кои три од Непал и три од Индија. Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на ...
Сподели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски упати честитка до сите граѓани од православна вероисповед по повод големиот празник Богојавление – Водици. “Во името на Владата и во мое лично име, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици, денот кога го славиме Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан. Како што се отворија небесата над Јордан, потврдувајќи ја светоста на овој чин, така ...
Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод празникот Богојавление – Водици упати честитка до граѓаните од православна вероисповед. “Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, дозволете ми да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици. Овој празник нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето. Нека Богојавление донесе мир, здравје и благосостојба ...
Сподели Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници. “На овој светол и благословен ден, кога небото се отвора и Божјата светлина се спушта ...
Сподели Неделава јавноста ја потресе трагична вест за уште еден згаснат детски живот на Клиниката за детски болести. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со голема загриженост ги следи информациите за случајот со смртта на 9-годишното дете на скопската детска Клиника. Она што засега е познато, се информациите во јавноста дека детето од болницата од Штип е донесено на скопската Клиника за детски болести во многу тешка состојба, каде што ...
Сподели Џез лектира: Quintessence by Quincy Jones! Концертот, кој ќе се одржи во Филхармонија на 24 јануари, со почеток од 20 часот, го покрива значајниот биг-бенд опус на сестраниот музички магнат Квинси Џонс, почнувајќи од неговиот прв албум издаден во 1959 година, ексклузивни неиздадени аранжмани; негови аранжмани за Френк Синатра и оркестарот на Каунт Бејси, како и биг-бенд аранжмани на композиции од подоцнежниот поп период кога Квинси ...
Сподели Во Националната опера и балет вечер од 20:00 часот ќе бидат изведени балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“. „Шехерезада“ од Николај Римски Корсаков, работен по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“, ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска. Кореографијата е на балет-мајсторот од Москва Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, костимите се на ...
Сподели По завршувањето на истражната постапка која ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во која учествуваа полициски службеници од Истражниот центар на ОЈОГОКК и од Одделот за организиран и сериозен криминал на МВР на РСМ, јавниот обвинител од ова обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против 10 лица и едно правно лице. Седуммина обвинети како членови на ...
Сподели На 16.01.2025 во 13.30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода А.Б.Ш.(31) од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе ...
Сподели Комисијата за одликувања и признанија одржа конститутивната седница, на којашто присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На седницата, членовите на Комисијата изразија благодарност за честа и довербата да учествуваат во вреднувањето и изборот на личности и институции што оставиле длабок печат и неизбришливи траги во македонското општество. Претседателката изрази задоволство за прифатеното членство, потенцирајќи ...
Сподели Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, учествуваше на настанот „Отворен ден“ организиран од Стопанската комора на Северо-западна Македонија, каде што истакна дека блиската соработка помеѓу Владата и деловната заедница е од суштинско значење за економскиот развој на земјата. Во своето обраќање, Меџити упати благодарност до претседателот на Комората, Менди Ќира, директорот на Агенцијата за странски ...
Сподели По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како службено лице – в.д. директор на ЈКП „Гази Баба – 2007“, со намера за друг да прибави противправна имотна корист присвоил пари доверени во ...
Сподели Основното јавно обвинителство Скопје, имајќи ја предвид пред се вознемиреноста што во јавноста ја предизвика видео снимка од мачење на куче во Момин Поток, веднаш по поднесувањето на кривичната пријава презеде дејствија и го прибра целокупниот доказен материјал и денеска поднесе обвинение против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го ...
Сподели Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојаноски одржаа состанок со дел од претставниците на производителите, дистрибутерите и трговците кои учествуваа во акцијата Новогодишна кошница која што се применуваше од 15 декември 2024 до 15 јануари 2025 година. Заменик министерот Ристески се заблагодари на сите производители, дистрибутери и трговци кои што се приклучија и ...
Сподели Претседателот на Собрание Африм Гаши, наместо да ги почитува деловничките одредби, Гаши го крши Деловникот, упоро не се доставуваат законите навреме до пратениците, реагираше пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница. – Ние вчера, како пратеници, ги добивме законските решенија во 17 часот. Денес претседателот на Собранието Гаши, ги става повторно на дневен ред. И сега, кога зборуваме за двојни стандарди и ...
Сподели Државниот архив откупува архивски материјал врз основа на определени критериуми, со цел Архивот да се збогати со нови приватни и семејни фондови, кои сведочат за животот и дејствувањето на заслужни личности. Формуларите за понуди за откуп се доставуваат во архивата на Државниот архив пропратени со Изјава за сопственост и основен попис на документите кои се нудат и самите документи. За понудата одлучува Комисија за откуп и подарување ...
Сподели По повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во организација на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви н.Илинден, каде главен покровител е Општина Илинден. За таа цел се повикуваат сите граѓани на ден 19 јануари (недела), со својата масовност да го одбележиме овој голем ден за сите христијани, а положувањето ...
Сподели Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, со своите постапки предизвикал продолжено вознемирување кај жителите на општината. Повод за ова е поставувањето спорна плоча на зградата на училиште изградено во 1934 година, објект кој е заштитен како културно наследство од исклучително значење. Поставената плоча, испишана на албански јазик, ја глорифицира фашистичката ...
Сподели Министерството за дигитална трансформација, денеска организираше јавна расправа за Нацрт-законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, на која министерот Стефан Андоновски, имаше поздравно обраќање. Андоновски ја истакна целта на Владата за создавање на целосно инклузивно дигитално општество. „Создаваме правна рамка што ќе им овозможи на лицата со попреченост, на лицата со оштетен ...
Сподели Од јануари, на првиот кат од Скопје Сити Мол започнува нова и возбудлива иницијатива – „Сити базар“. Оваа платформа подразбира организирање месечни настани, кои ќе го оживеат духот на оригиналните и современи производи, како и на традиционалните уметности, нудејќи широка палета продукти изработени од вештите раце на македонските ракотворци. Како општествено одговорна компанија, Скопје Сити Мол активно се грижи за поддршка на локалните ...
Сподели На 15.01.2025 во 16.30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Б.С.(37) од Штип, при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја. Б.С. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во утринската програма „Македонија наутро“ на МРТ информираше дека се прават напори новата сала „Работнички“ да биде пуштена во употреба до септември, најдоцна октомври оваа година. „После повеќе од педесеттина години, отпочнуваме со реконструкција на култната сала на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“. Отпочнавме со фазна реконструкција, во моментов се одвива првата фаза, а тоа е ...
Сподели Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како екс директорот на ДБК и осудениот Сашо Мијалков беше виден во Монако пред луксузен ресторан со црвено “ферари“ вредно околу 700 илјади долари. Што значи тоа, дека осудените живееле луксузен живот додека многу невини Албанци страдаат во затворите. Слободата на Сашо Мијалков не го донесе дедо мраз, туку Артан Груби, со ...
Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на РС Македонија Љупчо Коцевски потпишаа Договор за соработка и размена на податоци во електронска форма меѓу двете институции. Со Договорот се воспоставува меѓуинституционална размена на податоците во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, при што се уредува формата на поединечните барања врз основа на кои ќе се врши електронската размена ...
Сподели Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани. Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување на договор со сите синдикални организации преку дијалог. Секој предлог или сугестија од синдикатите се дискутира, се со цел да се изнајде решение прифатливо и во интерес на граѓаните. Изминатата година и покрај катастрофална состојба која ...
Сподели Македонскиот пијанист со светско реноме, Симон Трпчески, концертната 2025 година ја започнува утревечер (петок, 17 јануари) во Темишвар, Романија, со оркестарската изведба на проектот „Македонисимо“. Придружуван од Симфонискиот оркестар на Филхармонијата „Банатул“ од Темишвар, под диригентската палка на Раду Попа, квинтетот „Македонисимо“ на овој концерт ќе го сочинуваат и Владимир Крстев на виолина; Александар Сомов на виолончело; ...