Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Повеќе од 200.000 кондоми од Кина, лажно декларирани како играчки, ги заобиколија барањата за контрола на квалитетот на Европската Унија, изложувајќи ги потрошувачите на опасност и ризик од сексуално преносливи инфекции, несакани бремености и опасни хемикалии и материјали, објави „Евроњуз“ (Euronews). Во ЕУ, кондомите се класифицирани како медицински помагала и мора да ги исполнуваат строгите здравствени и безбедносни стандарди, вклучувајќи ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека времето утре ќе биде променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Потоа следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. ФОТО: УХМР Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека ...
Андреј Петров во емисијата „Во Центар“ покажа дека старите навики тешко се менуваат. Младите социјалдемократи кои не се согласуваат со неговата иницијатива ги нарече „носачи на плакати“, а обичните членови на СДСМ – луѓе со кои „не сака да седи на маса“ бидејќи не се на „иста бранова должина“ со интелектуалците, стои во соопштението од СДСМ што МИА го објавува интегрално. Ова доаѓа од човек кој како генерален секретар во 2013 година ја одведе ...
Со посветена работа од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се остварува стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот, истакна на денешната прес конференција Душко Иванов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Како никогаш до сега во поновата историја на државата се случува голем бум на градежништво, како еден од главните драјвери на економскиот развој, се градат патишта, автопатишта, експресни патиштата. Тоа го потврдуваат ...
Врз основа на одговори од повеќе од 24.000 жители за квалитетот на живот, заедницата и секојдневното задоволство, списанието „Тајмаут“ (TimeOut) објави листа од 20 најсреќни градови во светот за 2026 година. Прага, Чешка Само највисоко рангираниот град од секоја земја се наоѓа на конечната ранг-листа, така што списокот би имал глобален карактер. На тој начин, Бат во Обединетото Кралство (поточно југоисточна Англија) се најде на првото место. ...
„Гугл стрит вју“ (Google Street View) се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на „Гугл мапс“ (Google Maps). Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, „Стрит вју“ повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го ...
СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, а ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати се што ќе побараат, само дијаспората да гласа по електронски пат или по пошта. Македонксата јавност е сведок на целосна политичка конфузија од страна на СДС, Левица и ДУИ во однос на новиот Изборен законик, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на портпаролот Валентин Манасиевски, кое го објавуваме интегрално. Не ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не сака да тргува со Шпанија, нарекувајќи ја „ужасен партнер“ во НАТО. „Не сакаме повеќе да правиме никаква трговска размена со Шпанија. Патем, би сакал да ја пресечете. Шпанија е ужасен партнер во НАТО. Тие не учествуваат, не плаќаат. Не сакам ништо да имам со Шпанија“, рече Трамп на маргините на самитот на НАТО во главниот град на Турција, Анкара. Трамп, исто така, му нареди на ...
Цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти откако САД започнаа нови напади врз Иран по објавата дека Техеран нападна три брода во Ормуската Теснина. Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, рано утрово скокна за 2,6 проценти на 76,09 долари за барел, додека цената на американската референтна сурова нафта исто така се зголеми за 2,6 проценти на 72,25 долари за барел, објавија американските медиуми и ...
Судскиот совет денеска ја избра судијката Даниела Димовска за претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Советот кои ја поддржаа кандидатката, како клучни предности ги посочија нејзиниот акциски план, визионерскиот пристап во раководењето, капацитетот за унапредување на независноста и транспарентноста на судот, како и резултатите постигнати во текот на изминатата година додека ја извршуваше функцијата в.д. претседател. ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од самитот на НАТО во Анкара изјави дека новите американски напади врз Иран биле „апсолутно неопходни“, оценувајќи дека Вашингтон морал решително да реагира по, како што изјави, кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран. „Кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши, мислам дека е апсолутно клучно САД силно да реагираат“, изјави Руте пред почетокот на самитот во Анкара, јавија ...
Товарен авион со пет члена на екипажот синоќа исчезна во близина на пакистанското пристаниште Карачи, откако претходно почнал брзо да се спушта и изгубил контакт со контролата на летање на Обединетите Арапски Емирати. Пакистанската управа за цивилно воздухопловство објави на социјалните медиуми дека во тек се спасувачки операции во Арапското Море. Причината за исчезнувањето на авионот се уште не е позната. Авионот од типот „Боинг 737“ на „K2 ...
Американските вооружени сили извршија нови воздушни напади врз Иран, само неколку часа откако три трговски брода беа нападнати во Ормуската Теснина. Светските агенции јавуваат дека станува збор за нова ескалација во размената на удари меѓу двете земји, што дополнително го доведува во прашање привремениот договор за прекин на непријателствата. Според американски официјални претставници, нападите биле насочени кон повеќе воени цели и ...
Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан. Ова заслужува признание. Логиката на нашата финансиска поддршка е едноставна: колку повеќе една земја ги исполнува реформите, толку повеќе поддршка добива. Комисијата сега ги оценува перформансите на сите партнери од Западен Балкан, реформа по реформа, вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и ...
Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера (7 јули) во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе пристигне во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на планот за раст за Западен Балкан. До денес земјата доби 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи. За време на посетата комесарката Кос ќе се сретне со премиерот Христијан ...
Љупло ЦВЕТАНОВСКИ за Курир Стара фора, нова будала. Ова е најкусиот опис на инфантилните злодејанијата на опозициската СДС која деновиве влегува во финишот на патот кон пензионирање, друм кој паралелно води и кон историското буниште. Со многу пуканки и сеир, сведочиме на една СДС имплозија, во која направијата на Заев си се смачкува самата себеси. Самоништување за кое чичко Кумплунг може само да им носи вода. 35 години тоа и го прават на ...
Актуелниот светски првак Аргентина ја продолжува одбраната на титулата на мундијалскиот турнир, откако вечерва се пласираше во четвртфиналето совладувајќи го Египет по чудесен пресврт со 3-2 во Атланта. Египет имаше сензационално водство од 2-0 со головите на Ибрахим (15 минута) и Зико (67), кое го одржуваше до завршните десет минути од регуларниот дел. Аргентинската опсада на голот на Египет вроди со плод во 79 минута кога Ромеро ја ...
Во Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија негативните појави продолжуваат. Наместо да се насочи кон решавање на укажаните проблеми претседателката Станка Трајкова создава нови поделби меѓу зруженијата и пензионерите, продолжува со нерационално трошење на пензионерски пари од членарината и воведува уште поголема противзаконска цензура во весникот „Пензионер плус“. Очигледен пример за тоа е забраната да се објави не само моето ...
Франција и Сирија се договорија повторно да именуваат амбасадори, што претставува обнова на дипломатските односи по повеќе од една деценија. Именувањето на амбасадори беше најавена на заедничката прес-конференција во Дамаск на претседателот на Сирија, Ахмад ал Шара и францускиот претседател Емануел Макрон. – Нашиот состанок претставува историска пресвртница, посочи ал Шара. Макрон наведе дека двата бомбашки напади во Дамаск за време на ...
На денешниот Форум на НАТО за одбранбена индустрија во Анкара, што се одржа пред Самитот на Алијансата, беа потпишани нови договори во вредност од најмалку 50 милијарди долари, изјави неименуван извор. На Форумот беа објавени големи договори за оружје во вредност од десетици милијарди долари, a gенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објави серија иницијативи. – Можеме да постигнеме повеќе кога го правиме тоа заедно. И мора да направиме ...
На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ гостуваше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој на самиот почеток истакна дека мерката за студентско практикантство во локалните самоуправи има за цел да им овозможи на младите стекнување практично искуство, при што студентите во текот на август и септември ќе можат да бидат практиканти во општините од кои доаѓаат. Според него, иницијативата, која се реализира под водство на ...
Белгија обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, откако во осминафиналето убедливо ги совлада Соединетите Американски Држави со 4:1. Најзаслужен за победата беше Шарл де Кетеларе, кој двапати се запиша во листата на стрелците, додека конечниот резултат го постави Ромелу Лукаку во судиското продолжение. Белгиската репрезентација поведе уште во 9. минута, кога по асистенција на Николас Раскин, Де Кетеларе ја затресе мрежата на ...
Европскиот првак Шпанија ја продолжи серијата победи без примен гол на Светското првенство и со триумф во судиското продолжение над Португалија во Далас со 1-0 се пласираше во четвртфиналето. Победата на Шпанија ѝ ја донесе Микел Мерино во првата минута од судиското продолжение, само шест минути откако влезе на теренот на местото на Дани Олмо. Првото полувреме изобилуваше со шанси за гол на двете страни. Шпанија прва се закани во 3. минута ...
Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска изјави дека самитот на НАТО во Анкара ќе помогне во обликувањето на иднината на Алијансата и ќе ги прилагоди нејзините структури на сè посложената безбедносна средина, објавува Анадолија. Фидан, во објава на Икс, изјави дека одлуките донесени на самитот „не само што ќе се справат со непосредните предизвици“, туку „ќе ја обликуваат евроатлантската безбедносна средина во годините што доаѓаат“. ...
Со денешната одлука на Апелацискиот суд во Париз лидерката на француската крајно десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, останува осудена за проневера на пари од Европскиот парламент, но ѝ е дозволено потенцијално да се кандидира на претседателските избори во 2027 година. Судот ја ублажи претходно воведената забрана за јавна функција, што не ја спречува да се кандидира за претседател на Франција. Во исто време, таа беше осудена да ...
Танкер што пловел низ Ормуска Теснина е погоден од неидентификуван проектил. Бродот е оштетен, но нема информации за евентуални жртви и загадување на животната средина, објави Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО). Според неименувани извори погоден е катарски танкер за гас. Синоќа Иран истрела најмалку два проектила врз комерцијални бродови што транзитирале низ Ормуска Теснина. И во тој инцидент бродовите се оштетени, но ...
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамет Али денеска во Тиват учествува на Регионалната конференција посветена на системите 112 и модерните технологии за управување си кризни ситуации. – Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од местото на настанот, испраќање видеа од местото на настанот и ...