Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во моментов разговараат за тоа како да го заобиколат унгарското вето за членството на Украина во ЕУ. – Какво губење време! Никако. Треба да разговараат за тоа како да обезбедат никој да не загине при присилна регрутација, напиша Орбан во Фејсбук група на негови поддржувачи, пренесува Хирадо. ...

На 12.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 02:05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на ул.„Охридска” во Битола, при што биле оштетени паркирани патнички возила „фолксваген”, „бмв”, „тојота”, „киа”, „рено”, „матиз” и „тико”, сите со битолски регистарски ознаки. Биле оштетени и прозорци и врати од околните куќи. Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Битола и екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за ...

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овомзожени на товор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство. Ова, како што соопштија денеска генералните директори на Фондот Сашо Клековски и Бранко Аџигогов е една од законските измени усвоени на 10 јули годинава во Собранието. – Измените предвидуваат вклучување на БПО во основниот пакет на здравствени ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека новите, зголемени царини на САД за увоз од Европската Унија ја докажуваат и неспособноста на раководството во Брисел, и дека е време за патриотски пресврт. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно денеска објави дека Европската Унија од 1 август ќе се соочи со царина од 30 отсто. Министерството за надворешни работи на Унгарија во соопштение го цитираше Сијарто кој ...

Во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот од 16 март годинава во дискотеката „Пулс“, попладнево во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа комеморативен настан што го организираше Општината со подршка на Црвениот крст, како дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот. Со многу емоции, членовите на семејствата на настраданите, облечени во црни маички, два часа ја следеа актерката Наталија ...

На убав ден – Петровден, денес сум во убавото Тетово, на средба со тетовчани. Ги примив позитивните реакции и задоволствата на тетовчани, заради тоа што веќе не е Тетово како до сега. Заради тоа што интензивно се работи на автопатот од Тетово – Гостивар, заради тоа што се покачија пензиите за 5.000 денари, заради тоа што се покачија платите во образование, администрација, здравство и полиција, рече Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ...

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожартот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, бидејќи е ...

Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите, дека наводно бил вратен стариот систем на контрола на Граничниот премин Блаце. -Поради технички проблеми во текот на денешниот ден имаше краток прекин на системот на гранична контрола на неколку гранични премини кон Косово, Србија и Албанија. Во тој период се пристапи кон алтернативно евидентирање, по што за кратко време состојбата беше нормализирана. Но, ...

Дебарско-кичевската епархија ќе го добие новиот владика. Во храмот на светиот великомаченик Пантелејмон на Плаошник во Охрид попладнево беше извршено Наречение на архијерејот Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј. На свечената церемонија во присуство на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и владиците од Синодот и бројно свештенство беше прочитана одлуката на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архипескопија ...

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. – Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините ...

Важно е да се остане фокусиран на трговските преговори со САД и да се избегне натамошна поларизација, соопшти кабинетот на италијанската премиерка Џорџа Мелони откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави воведување царини од 30 отсто на европска стока. Премиерката Мелони е уверена дека е можно да се постигне „праведен договор“ за царини меѓу Европската Унија и САД, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет. Рим целосно ги поддржува ...

На покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на 18. издание на „Дубровник Форум“ – меѓународна конференција што се одржува денес и утре во Дубровник, Република Хрватска. Фокусот на дискусиите беше ставен на безбедноста на Западен Балкан и процесите на Евроатлантска интеграција. Министерот Муцунски имаше свое ...

Почитувани новинари, би сакал денес во Струмица да дадам една изјава со неколку поенти, прво по однос на состојбата во државата, задоволни сме што се дава акцент на големи инфраструктурни проекти и гледаме дека тоа помага во растот на економијата, но исто така овие капитални проекти се трајна вредност за целата држава. Второ, по однос на самиот крај во југоисточна Македонија мислам дека е битно да се напомене, имаше многу години со заостанати ...

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес во Париз, имаше посебна чест да се обрати во Националното Собрание на Француската Република по повод 50-та јубилејна сесија на Парламентарното Собрание на Франкофонијата. -Македонија има силна и долготрајна врска со франкофонијата, изразена преку своето активно членство во Меѓународната организација на франкофонијата (OIF) од 2006 година. Оваа врска претставува мост меѓу Македонија и франкофонскиот ...

Си-Ен-Ен Претседателот Доналд Трамп се закани со давачки од 30 проценти на производите од Мексико и Европската Унија во две писма објавени денеска на социјалните мрежи, со што се интензивира глобалната трговска војна што ја поттикна откако ја презеде функцијата во јануари. „Соединетите Американски Држави се согласија да продолжат да работат со Европската Унија, и покрај тоа што имаме еден од нашите најголеми трговски дефицити со вас. Сепак, ...

Словачка има за цел во вторник да постигне договор со Европската комисија (ЕК) и партнерите од ЕУ, што би гарантирал дека нема да трпи последици од прекинот на испораките на руски гас или нов пакет санкции против Русија, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо. Како што пренесуваат британските медиуми, Словачка го блокираше 18-тиот пакет санкции на ЕУ поради несогласувањето со посебниот предлог на ЕК за целосно суспендирање на увозот на ...

Два противпожарни авиони од типот канадер CL-415, испрати Грција за гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, што воедно е и втора помош од јужниот сосед во изминатите четири дена, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека во 16.53 часот по локално време двата канадери полетале од Солун за да помогнат во справувањето со ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, осомничени за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзани со вчерашниот напад на градоначалникот на Градот Скопје, донесе решенија со кои: – С.Љ., осомничени дека вербално и физички ја нападнал оштетената му се определува мерка куќен притвор во траење од 8 ...

Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Рашела Мизрахи објави статус на својот фејсбук профил во кој потенцира дека она што не е ново на бугарскиот репертоар е територијалната претензија кон Македонија. Во продолжение интергално објавата на паратеничката Мизрахи: „Барања за извинувања за искажана вистина е ново на бугарскиот репертоар на играме политика со соседите. Она што не е ново е територијалната претензија кон Македонија. За ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските во Охрид. -Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми. Не сличајно секторот туризам го додадовме до министерството култура, и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи споредн направените истражувања најголемиот дел од посетителите, ...

Некогаш големата СДС се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. И СДС во точно три случаи се јавува во јавноста за Данела. Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство. Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. И третиот случај, кога заедно со Бугарите ја брани Данела. Скопјани ја препознаваат вистината и добро знаат што седи во ...

Вчера заседавале во штаб на состанок за справување со кризата „шефе ми текна, а да кажеме таа го тепала командантот на ОВК“, објави денеска градоначалничката Данела Арсовска во врска со вчерашниот инцидент. „Смислиле ново сценарио, кога ќе имало пожари, да кажеле дека јас сум виновна ги организирам за да ја дестабилизирам државата. И со цел памет ова по пораки го пишувале по амбасадори да го најавеле планов кој го добиле од “сигурни” ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека руските воздушни напади во текот на ноќта опфатиле неколку области, вклучувајќи ги Харков, Суми, Л’вовскиот регион и Буковина, и дека притоа биле лансирани 26 крстосувачки ракети и 597 нападни дронови, од кои повеќе од половина биле од типот „Шахед“ од иранско производство. Зеленски потврди дека биле уништени над 20 ракети и огромното количество дронови, за што им се заблагодари на ...

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, побара од Европската Унија и САД веднаш да воведат нови построги санкции кон Русија, откако Москва ноќеска изведе масовен напад со ракети и беспилотни летала врз повеќе украински градови во западниот дел на земјата, јавија украинската агенција Униан. „Западните градови Черновци, Л’вов и Луцк беа особено тешко погодени, а погодени беа и други региони“, напиша Сибиха на социјалната мрежа X, ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила. „Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, рече Вучиќ. Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ ...

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека учеството на севернокорејските војници во борбите во рускиот Курски регион е директна потврда за „непобедливото воено братство“ меѓу двете земји. Зборувајќи на средбата со својот домаќин, севернокорејскиот министер за надворешни работи, Чои Сон Хје во Вонсан, Лавров рече дека во претходната рунда стратешки преговори, Северна Кореја го оценила новиот билатерален договор како „темел“ на тоа ...

Европската унија забрзано бара нови извори на финансирање за покривање на очекуваниот буџетски дефицит на Украина од 19 милијарди долари за следната година, објави Фајненшл тајмс (ФТ), повикувајќи се на извори во Европската комисија. Во рамките на Европската унија се разгледуваат различни идеи за тоа како да се постигне оваа цел. Можна е директна воена помош преку вонбуџетски грантови, однапред одобрување на заеми во рамките на веќе постоечката ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите. Како што изјави денеска, родот на грозјето, според проценките, треба да достигне 110 милиони килограми, а цената да биде за нијанса повисока од ланската во делот на откупот на „вранецот“ и „смедеревката“. -Минатата година кога ја формиравме Владата, министерот за земјоделство имаше состаноци со откупувачите и производителите и се постигна највисока цена на „вранецот“ и ...

Очигледен е очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, штом повторно се потпираат на лажни анкети, фабрикувани во нивната партиска лабораторија. Мицкоски, по примерот на неговиот ментор Никола Груевски, троши 400.000 евра народни пари за платени анкети и измислени рејтинзи, надевајќи се дека со лажна слика ќе ја прикрие реалноста. Ова се истакнува во денешната реакција од СДСМ за најновата анкета во која ВМРО-ДПМНЕ води со 4:1 а рејтингот на ...

Не очекувам од нашиот источен сосед и да испрати поинаква порака. Тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО да рефлектираат реторика со која ќе не обвинуваат нас, дека ние сме тие, а во суштина светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари. Вака денеска премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше реакциите на официјална Софија по неговата изјава во врска со бугарскиот министер за надворешни работи. -Целта на ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1021
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
43%
1022
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
45%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
38%
1025
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.18
32%
1023
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
0.51
62%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
7.6
41%
1020
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
54%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
27%
1021
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 24ᴼ
2.06
41%
1024
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
40%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
50%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409