Во периодот од вчера до утрово до 7 часот на отворен простор се активни пет пожари, а 19 се изгаснати. Од активните пожари еден е во општина Дојран во село Николич каде гори нискостеблеста шума, друг во општина Чучер Сандево, каде во село Горњани гори исто така нискостеблеста шума. Активен пожар има и во општина Велес кај село Џидимирци и Крушје, каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина ...

Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура во официјалната програма. Во една држава каде Албанците претставуваат значаен дел од населението и културниот живот, целосното исклучување на секој албански елемент од еден национален фестивал е неприфатливо и загрижувачко. Ова се истакнува во денешното соопштение од ДУИ кое го објавуваме ...

Бројот на туристите во мај 2025 година изнесувал 130 739, од кои 22.4 % се домашни, а 77.6 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Во мај се евидентирани 231 313 ноќевања, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од странските. Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 16.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај ...

Навистина, долго време граѓаните го чекаа. Практично до ова место кај што и официјално го отворивме овој прв дел од делница од Врбјани до Охрид, до Кичево има уште околу дваесетина километри, се вели во Фејсбук објавата на претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Од тунелите, оттаму е веќе завршен автопатот, до Кичево остануваат седумнаесет километри. Два километри се тунелите кои што се скоро завршени и остануваат петнаесет километри од ...

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа, во предвечерието на Денот на Бастилја, изјави дека „слободата никогаш не била толку загрозена“ од крајот на Втората светска војна во 1945 година како што е сега и „никогаш мирот на европскиот континент не зависел толку многу од непосредните одлуки“. -Живееме во момент на превирања. Одамна ја разбравме нивната неизбежност, рече Макрон во своето традиционално обраќање до вооружените сили пред Денот на ...

Камерунскиот претседател Пол Бија, кој има 92 години и е на власт речиси 43 години, синоќа на платформата X објави дека ќе се кандидира за осмиот седумгодишен мандат на претседателските избори закажани за октомври. „Јас сум кандидат на претседателските избори на 12 октомври 2025 година. Бидете сигурни дека мојата решеност да ви служам е соодветна на сериозноста на предизвиците со кои се соочуваме“, напиша шефот на државата. Бија, на власт од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија. -Рускиот претседател Владимир Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми. Тој не прецизираше колку ракети ќе бидат испратени во Украина, но истакна дека Европската Унија ќе ги надомести трошоците за ракетите. -Ќе ги испратиме „патриотите“ што ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа предупреди на можноста за „трговска војна на Западот“, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 30 проценти за производите на Европската унија (ЕУ). -Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно, рече Мелони. Според неа, Европа има економска и финансиска моќ да ја потврди својата позиција и да постигне фер и разумен ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 ...

Една од најнерамноправните и најкрвавите битки во историјата на Македонија по Илинденското востание се одиграла на денешен ден пред 118 години во Прилепско. На 14 јули 1907 година кај селото Ракле, на планинскиот врв Ножот, група од 45 костурски востаници, одбивајќи ја наредбата за повлекување и под мошне тешки услови, прифатиле борба со многубројната турска војска, командувана од мајорот Енвер беј. Јунаците од Ножот биле однапред решени на ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 јули. Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за ...

Денеска е 1 јули (по стар стил) и се слави Светите маченици Козма и Дамјан. Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус ...

До 18:30 часот евидентиран е вкупно 21 пожар, од кои осум се уште се активни. Изгаснати се 12 пожари, а еден е ставен под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во дојранско Николиќ, во велешките села Џидимирци и Крушје, во виничкото село Ласки, во село Локвица на територија на општина Македонски Брод. Активни пожари има и во гостиварското село Чегране и општина Куманово – Липково, над село Умин Дол кон село ...

Она што беше незамисливо, станува реалност. Почнува да се пушта во сообраќај автопатот Кичево-Охрид, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Од денеска за сообраќај се пушта потегот од Врбјани до Ботун, ова е првиот дел од автопатот Кичево -Охрид. Огромното е значењето на овој автопат како дел од коридор 8 кој ќе ја раздвижи економијата, туризмот и севкупното живеење во овој дел од Македонија. Нека е со среќа, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место. Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како ...

Лидерот на француската партија Патриот, Флоријан Филипо, го критикуваше отворањето на седиштето на „коалицијата на добронамерните“ во Париз. – Каква лудост! Макрон гордо објавува дека неговата „коалиција на добронамерните“, која треба да испрати војници во Украина за да се соочи со Русија, ќе има свое седиште… во Париз!, напиша Филипо на мрежата Х. Лидерот на Патриотите праша колку ова ќе ги чини Французите. – Најдобриот начин да се претвори ...

Европската Унија потроши повеќе за купување руски гас во 2024 година отколку за помош за Украина, изјави европскиот комесар за енергија, Ден Јоргенсен, во интервју за „Ла Република“. „Во 2024 година потрошивме повеќе за купување гас од Русија отколку за помош за Украина“, рече тој, нарекувајќи го тоа „парадокс“. „Мора да внимаваме да не ја повториме грешката и да не преминеме од една зависност на друга, поради што ги диверзифицираме нашите ...

Не се точни извештаите на западните медиуми дека Русија го повикува Иран да се откаже од збогатувањето ураниум како дел од потенцијалниот нуклеарен договор, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Станува збор за валкана, политизирана кампања што се покренува со цел ескалација на тензиите околу иранската нуклеарна програма“, се наведува во соопштението на министерството, пренесено од руските медиуми. Руското МНР нагласува дека ...

Европската Унија мора да преземе решителни мерки против САД доколку преговорите за царините не успеат да ја ублажат ескалацијата на глобалната трговска војна, изјави денеска германскиот министер за финансии, Ларс Клингбајл. „Ако не успееме да постигнеме фер преговарачко решение, тогаш мора да преземеме решителни контрамерки за да ги заштитиме работните места и бизнисите во Европа“, изјави Клингбајл за германскиот весник „Цдојче Цајтунг“. Тој во ...

Кире МИХАИЛОВ, заменик генерален директор на ЈП Национални шуми Сите тие кои не следат, знаат дека овде над Николиќ се случи една апокалиптична сцена со пожарот затоа што овде има смрека, брнар и други видови дрвја кои лесно горат. Сакам да ви покажам едно чудо и еден феномен кој што се случи овде. Да се придвижиме и да го видиме. Како што гледате, на стотици метра под нас е населенето место Николиќ. Со судни маки, заедно со месното население и ...

Македонските граѓани го поддржуваат потпишувањето на Македонија на стратешкото партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за стратешки инфраструктурни проекти. Повеќе од 41 отсто од испитаниците од истражувањето на МКД.мк, кое го изврши агенцијата Маркет вижн, целосно или делумно го поддржуваат овој проект. Негативен одговор дадоа 29,1 отсто од испитаниците. По новинарските написи за криминалот со набавката на јаглен за ...

Методологијата не беше донесена од страна на СДС, Владата и ресорното Mинистерство ја донесоа веднаш по доаѓањето на власта и превземањето на раководството на МЗШВ. Благодарение на методологијата, се распиша јавен повик и минатата и оваа година на која конкурираше земјоделски институт и ја пресмета производствената цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -На СДС им е смешно кога работиме за земјоделците и зголемуваме цени на субвенции и откуп. Кога СДС беше ...

Директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски присуствуваше на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид, во должина од 20 километри. Тој во своето обраќање истакна: „Големо е задоволството на овој убав ден да Ви објавам дека од денеска може да ги извозите првите километри од автопатот Кичево-Охрид кои заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицковски, министерот за транспорт, Александар Николоски, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава присуствуваше на „Галичка свадба“, проследувајќи ги свадбарските обичаи што ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет. Како што информира нејзиниот Кабинет, Сиљановска-Давкова, честитајќи им го бракот на годинашните младенци, Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски, им посака среќен заеднички живот, полн со љубов, ...

Дарко ЈАНЕВСКИ (текстот е преземен од ФБ профилот на авторот и ги одразува неговите лични ставови, а не нужно и ставовите Денешен.мк) Денеска Владата и ВМРО-ДПМНЕ го слават пуштањето на дел од автопатот Охрид-Кичево, работа што во изминатите седум години беше заглавена од Заев и СДСМ-ДУИ компанијата. Не вреди за тоа многу да се пишува – ако некој ја чувствува и гледа разликата меѓу тие порано и овие сега – ја гледа, ако не, бадијала и да му ...

Вујкото му се јавил на својот внук од сестра и го поканил во својот дом вчера околу 15 часот, но инсистрал со себе да го поведе и малолетното дете и за брзо од пристигнувањето биле убиени, информира МВР нагласувајќи дека СВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство. Како пто стои во објаснувањето на текот на настанот, вујкото, 63-годишниот П.Ѓоколу 15 часот му се јавил на внукот од сестра, 43-годишниот прилепчанец со иницијали П.Ч. да ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека Брисел до почетокот на август ќе ја продолжи суспензијата на контрамерките поради американските царини за челик и алуминиум. Унијата во меѓувреме се обидува да постигне договор со САД за да ги избегне царините од 30 проценти на Трамп за сите свои производи. -САД ни испратија писмо со мерки што ќе стапат во сила доколку не се постигне решение, и поради ова ние ќе ја ...

Во израелските напади врз Појасот Газа беа убиени најмалку 30 лица, меѓу кои и шест деца, на пункт за собирање вода во неделата, соопштија локалните здравствени власти. Службениците во болницата Ал-Авда во централна Газа изјавија дека примиле 10 тела по израелскиот напад врз пункт за собирање вода во Нусејрат, објави АП. Шест деца се меѓу загинатите, соопшти болницата. Рамадан Насар, сведок кој живее во областа, изјави за американската новинска ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека го напишал својот говор за Минхенската безбедносна конференција додека летал со авион, целосно преработувајќи го прелиминарниот нацрт подготвен од неговите колеги. „Го напишав мојот говор во Минхен додека летав со авион. Додека летавме за Минхен, го погледнав прелиминарниот нацрт на она што моите колеги го подготвија за мене, го ставив настрана и го напишав од почеток“, рече Путин во необјавен дел ...

Почитувани колеги од Владата, градоначалници, инженери, работници, пријатели, претставници на медиумите и сите што денеска одвоивте дел од вашето време да бидете присутни на овој посебен настан. Денес, заедно, сведочиме на нешто што за многумина веќе делуваше невозможно. Ова не е само пуштање во употреба на автопатска делница, туку ова е момент на враќање на вербата, доказ дека кога ќе ја преземеме одговорноста со чиста совест и искрена намера, ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1021
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
43%
1022
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
45%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
38%
1025
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.18
32%
1023
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
0.51
62%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
7.6
41%
1020
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
54%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
27%
1021
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 24ᴼ
2.06
41%
1024
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
40%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
50%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409