
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Најнапред зошто е потребата да имаме интерпелации, бидејќи станува збор за Судски совет и за тело во коешто неговите претставници, едноставно вака најпросто кажано не си ја вршат работата. Незадоволството од нивната работа е јасно изразено и добар дел е преточено во оние 2% доверба во правосудството, прецизираше во своето излагање пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во вчерашното гостување во 24 анализа. Јаревски говореше за ...
Морална одговорност и напуштање на позициите очекува премиерот Христијан Мицкоски од петмината членови на Судскиот Совет, на кои им беше изгласана недоверба во Собранието. Заменик министерот за правда Ален Деребан, пак, го повика Судскиот совет итно да закаже седница и да расправа за заклучоците на Собранието, а членовите опфатени со интерпелациите да си поднесат оставки. Собранието на седницата во вторникот изгласа недоверба на петмината ...
СДС и ДУИ обединети со нивните послушници во правосудството, ги штитат криминалците и мазут мафијата којашто го труела народот за време на енергетска криза. Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица ги штитат криминалците од СДС и ДУИ и мазут мафијата која сторила криминал тежок 167 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Судиите и обвинителите измеќари на СДС и ДУИ го штитат криминалот на нивните функционери и ги кочат и опструираат ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 февруари. Денеска е Свети Василиј Исповедник. Тој бил другар и соработник на Свети Прокопиј Декаполит. Василиј верно го следеше својот учител Прокопиј и во време на мир и кога беа гонењата. Претрпе многу маки од иконоборците. А кога иконоборците пропаднаа, по Божја промисла Василиј се врати заедно со Прокопиј во својот манастир и таму во пост и молитва поживеа долго и се упокои мирно ...
Денеска е 28 февруари (по стар стил) и се слави Св. Кирана Солунска. Света Кирана се родила во првата половина на 18 век, во солунското село Ависона, во семејство на благочестиви христијани. Како убава девојка, јаничари ја грабнале и ја однеле во Солун. Tие лажно тврделе дека Кирана се согласила да ја прими нивната вера. Кирана смело и непоколебливо одговорила дека таа не сака да се потурчи. Поради тоа и биле ставени окови и била фрлена во ...
Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Словенија со 26-32 (16-15) во рамки на квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2026 година. Иако одигравме добро прво полувреме и заминавме со водство, играта на ракометарите на Кирил Лазаров во вториот дел доживеа голем пад, па на крајот забележавме и убедлив пораз на домашен терен. Кузмановски со 10 и Митев со 5 голови беа најефикасни во македонската репрезентација, додека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ниту еден Палестинец нема да биде протеран од опколениот Појас Газа, иако тој продолжува со својот план за преземање и обнова на палестинската енклава. „Никој не ги протерува Палестинците“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање додека беше домаќин на ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалната соба. Коментарите на американскиот претседател доаѓаат откако израелскиот екстремно ...
Судот и Обвинителството со различна содржина во соопштенијата меѓусебно се обвинуваат кај кого е вината и различниот аршин при одредување на мерка за обезбедување на Асмир Јахоски и другите осомничени за тендерите за мазут за ТЕЦ Неготино. Обвинителството вчера соопшти дека побарало притвор за Асмир Јахоски, но судот му определи домашен притвор. Судот пак синоќа информира дека Јавниот обвинител се согласил за промена на предлогот за определување ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја „втурнал“ земјата во позиција на целосна зависност. Коментирајќи ја изјавата на Зеленски дека официјален Киев никогаш нема да ги признае Крим и Донбас како дел од Русија, таа рече дека е „смешно да се слушаат приказни за независност од човек кој ја турнал својата земја во целосна зависност“, пренесува РИА ...
Рускиот претседател Владимир Путин предложи вечерва, на состанокот што го одржа на едно од командните пунктови на групата на руската армија одговорна за регионот Курск, формирање безбедносна зона долж државната граница. Путин рече дека руските трупи треба да го „победат непријателот“ во областа Курск и целосно да го ослободат регионот, додавајќи дека војниците заробени во Курск ќе бидат третирани како терористи. Рускиот заменик-министер за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски. „Нема да признаеме ниту една територија окупирана од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи… Значи, никој нема да го заборави ова. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите главни црвени линии“, рече Зеленски на прес-конференција. Тој истакна дека државата ...
Доналд Трамп, кој е домаќин на ирскиот премиер во Белата куќа, ја искористи можноста да коментира за клучните меѓународни прашања пред светските медиуми. Тој рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ по вчерашните разговори за прекин на огнот со Украина во Саудиска Арабија. „Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“. „Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“, рече ...
Емфиземата е болест на белите дробови при која, лаички кажано, се деформираат алеволите и со тоа се нарушува разменета на кислород и јаглерод диоксид, па пациентот чувствува недостаток на воздух. Состојбата прогресира со години и на крај може да заврши до степен кога пациентот не може ни да направи неколку чекори бидејќи нема воздух и конечно – со смрт. Ова е една од болестите за кои апсоолутно не постои никаков лек. Постојат лекови кои можат да ...
Се финализира декларацијата за стратешко партнерство и соработка со Азербејџан, а покрај во енергетиката има многу можности за соработка и во економијата, туризмот, образованието, културата, науката, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова која е во официјална посета на Азербејџан. Сиљановска Давкова, по средбите во изминатите два дена со азербејџанскиот државен врв, информираше дека двете страни се усогласени дека нема никаква ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари средба со својот колега од Азербејџан, Парвиз Шахбазов, во рамки на официјалната посета посветена на унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји. Како што информираат од Министерството, на средбата била истакната заедничката заложба за зајакнување на партнерството во областа на снабдување со гас, со фокус на можностите за долгорочни договори за ...
Сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, избегна затворски притвор и доби куќен притвор, бидејќи судот ја уважил неговата улога како старател на четири деца, од кои три се малолетни, како и неговите цврсти врски со државата и здравствените проблеми, за кои приложил медицинска документација. Обвинителството тврди дека предложило притвор, но судот го одбил барањето, наведувајќи дека околностите се во корист на поблага мерка. „Судијата на ...
Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) започна масовно уништување на доверливи документи во нејзиното седиште во зградата Роналд Реган во Вашингтон, со помош на машина за уништување хартија и специјални „торби за изгореници“, пишуваат американски медиуми. Е-поштата, испратена од вршителот на должноста секретар на УСАИД, Ерика Џ. Кар, содржи упатства до вработените за постапката за уништување документи од сефови кои содржат ...
Еден од обвинетите за грозоморните убиства на Вања и Панче, Велибор Манев денеска даваше исказ во Кривичен суд за тоа како се случило грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска. Манев рече дека од трет пат им успеало да ја грабнат Вања, откако првите два обиди биле неуспешни, а потоа се упатиле кон местото Дупки, каде што Палчо испукал куршум во неа, и потоа ја закопале. Велибор Манев одговараше на прашања на својот бранител Горан Бошевски. ...
Кабинетот на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека ја поздравува одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да ги разгледа, како што наведуваат „сите наводи – и лажните на СДСМ и фактите кои ќе ги достават веднаш штом бидат побарани од Министерството“. – Помина времето кога СДСМ беше и обвинител и судија во оваа држава, и кога во монтирани процеси без докази, се жигосуваа луѓе ...
Различни аршини за исто дело – Ратко Капушевски оди во притвор, а Асмир Јахоски во домашен притвор. Така барало обвинителството, така одлучи истражната судијка. И Капушевски и Јахоски се сомничат за незаконски набавки на деривати, пишува скопска Република. -Капушевски оди во притвор, Пуцко Петрол во куќен притвор. Која е разликата помеѓу Капушевски и Пуцко Петрол, што обвинителот го преиначи барањето за притвор во куќен притвор? -запраша ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос акцијата на МВР за случајот канцероген мазут и мерките издадени од судот, изјави: -Па видете, јас не би ги коментирал одлуките на судот. Тоа сум го кажал многу пати во минатото. Но можам да кажам дека овие луѓе коишто правеле стотици милиони евра бизнис на грбот на граѓаните, практично се богателе на грбот на македонските граѓани ...
До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, а тоа е Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар. 60 километри фронт, решени имотно-правни односи, нешто што не можеше претходната Влада во рок од 2-3 години да го помисли, сега за неколку месеци е веќе решено, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. -Доброто е тоа што ќе се реализираат овие проекти и што граѓаните ...
По повеќе од 50 години денеска почнаа градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница. Со отворањето се очекува да се отвори простор за економска, туристичка соработка и културна размена меѓу двете држави. -Денеска е посебен ден за Преспа. Овој граничен премин е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи од едната и другата страна на границата и мислам дека ваквите примери се ...
Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома. Со години Македонија ја трујат со отровен, канцероген мазут, и за тоа се платени стотици милиони евра од буџетот преку разни тендери, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Шемата во којашто се вмешани врвни функционери на СДС, како Васко Ковачевски кој е во бегство, синот на пратеникот Јахоски кој ...
Новоизбраните 28 јавни обвинители од 8-мата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители денеска дадоа свечена изјава пред Советот на јавни обвинители. Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, посочи дека по првиот оглас од оваа генерација не се пополнети местата во осум јавни обвинителства. – Ние ќе продолжиме со постапката. Во текот на денешниот ден ќе објавиме огласи за пополнување на овие јавно обвинителски места, изјави ...
Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија со признание на вина е осудена минатата недела во скопскиот Кривичен суд за злоупотреба на службената положба и овластување, дознава „Слободен печат“. Таа според обвинителниот предлог на јавното обвинителство, додека беше организациска директорка на Клиниката за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица. ...
СДС и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи за заштита на криминал вреден 167 милиони евра. Трговија со канцероген мазут, кој го труел народот, а виновниците се ослободуваат со симболични мерки. Судиите и обвинителите на СДС и ДУИ, наместо да ги гонат криминалците, ги пуштаат на слобода со домашен притвор. Синот на омилениот пратеник на Филипче, Исмаил Јахоски, за кој има ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе утврдува дали има судир на интереси во случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација. -Во текот на вчерашниот ден по објавите во медиумите, Антикорупциска комисија оформи предмет по сопствена иницијатива и ќе постапува да се утврди дали има судир на интереси, изјавија кусо од ДКСК за МИА. Опозициската СДСМ во понеделникот обвини за конфликт на интерес, непотизам и ...
Членовите на Судскиот совет, кои ДУИ ги брани како свои љубимци, со изгласаната интерпелација против нив се само мрачно минато, оставени да се жалат на своите дела! Но, последиците од нивните постапки ги трпат Албанците! Ниту еден Албанец не е именуван во Кривичниот суд во Скопје! Тие исти за кои ДУИ плаче, ја држеа правдата во заложништво, именуваа партиски кадри и молчеа додека Албанците беа исклучувани под злокобниот принцип: „Со еден ...
СДСМ денеска го поздрави брзото постапување на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која, како што велат, оформила предмет за случајот со судирот на интереси, непотизам и корупција поврзан со тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка во Министерството за дигитална трансформација. – Повеќе од јасно е дека министерот Стефан Андоновски е вмешан и главен одговорен за овој случај. Чекорот на ДКСК е во вистинска насока, ...