Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Папата Лав XIV синоќа повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“. „Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот“, рече папата додека ја напушташе својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, пред да се врати во ...
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека САД сè уште се посветени на постигнување мировен договор, откако беше информиран за разговорите што украинските преговарачи ги водеа со американската страна. Како што објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница, Зеленски во своето редовно обраќање синоќа рече дека добил детален извештај од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров и началникот ...
Стејт департментот синоќа објави дека им забранува влез во САД на петмина Европејци обвинети за водење напори за притисок врз американските технолошки фирми да цензурираат или потиснуваат американски ставови. Државниот секретар Марко Рубио не ги именуваше оние за кои рече дека ја прекршиле новата визна политика објавена во мај, со која се ограничува влезот на странци одговорни за цензура на заштитениот говор во САД. Тој ги идентификуваше само ...
Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина. Како прва точка на дневниот ред е Предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали. Изборот на новите членови на Владата дојде ...
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до ...
Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Задсебе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на ...
Денеска 11 декември (по стар стил) и се слави Преподобен Данил Столпник. Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија, од родители христијани, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети светиот Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Данил го напушти манастирот и ...
Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос. Во Македонија централната прослава ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов. Божик утре го слават и Грчката, Бугарската, Романската, ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 декември. Денеска е Преподобен Данил Столпник. Се роди во Месопотамија, во селото Витара, во почетокот на петтиот век. Беше син единец на своите родители, измолен од Бога, бидејќи тие долго време немаа деца. Кога имаше 12 години Данил стапи во еден манастир. После долги години подвиг, тој се пресели близу Византион и се искачи на еден столб. На тој столб се подвизуваше цели 33 ...
НУ Завод и Музеј-Битола свечено ја одбележа 100 годишнината од раѓањето на Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“ и промовира Спомен соба со оставината на композиторот. Пред аудиториумот во Битола, вечерва беше прочитана телеграма од претседателката Гордана Силјановска Давкова, во која беше нагласено дека денешниот настан е особено значаен за македонската музичка уметност и за македонската култура. -Отворањето на Спомен ...
Од 25 до 27 декември, на Корзо во Ѓорче Петров, ќе оживее вистинската празнична приказна – светилки, музика, мирис на вкусна храна и топло вино, детска смеа и искрени насмевки, објави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Стојкоски ја објави програмата која како што наведува дека е забава за сите генерации. „GRIN-G Winter Street Festival носи радост и забава за сите генерации. За најмалите и најмилите – детска смеа и ...
Фактите не се навреда, туку реалност, објави Бране Петрушевски, пратеник во Собранието на Република Македонија. „Во мојата денешна прес-конференција не беше изнесена ниту една лага или невистина. Јавноста беше информирана за еден неспорен факт, дека ќерката на Талат Џафери била член на Надзорен одбор на државната компанија ЕСМ Снабдување со топлина, во време кога СДС и ДУИ ја третираа државата како партиски плен. Никој не тврдеше дека таа ...
На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој дискутираше за внесувањето на Бугарите во Уставот со одложено дејство, и посочи дека државата ќе продолжи да се грижи за состојбите со Бугарија, но истовремено земајќи ги во предвид и потребите на државата. „Наша должност е покрај тоа што имаме стабилен економски раст, три и пол пати поголем од тој којшто го имаа СДС, имаме 100% ...
Во денешната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека Јавното обвинителство не ја исполнило својата функција изминатиот период и дека довербата на граѓаните е на ниско ниво, воедно посочувајќи дека оставката на обвинителот Коцевски поднесена непосредно пред закажаната седница претставува избегнување јавна дебата и соочување со аргументите. ...
Локалниот пат кон росоманското село Трстеник е загрозен поради изместување на коритото на Црна Река, информираше денеска градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски. Крстевски посочи дека состојбата е сериозна и бара итна реакција од надлежните институции. – Заедно со директорот на АД Водостопанство Тиквеш и директорот на ЈПКД Росоман, сме на терен на Црна Река, на патниот правец кон село Трстеник, каде што е забележано загрозување на ...
Парични казни во вкупен износ од 87.000 евра им изрече денеска кошаркарската Евролига на белградските ривали Партизан и Црвена ѕвезда за инцидентите на натпреварот од 15. коло во елитното натпреварување. Во натпреварот, одигран на 12 декември, Партизан ја победи Црвена ѕвезда со 79:76, а Евролигата објави дека „црно-белите“ се казнети со 59.000 евра, а „црвено-белите“ со 28.000 евра. Партизан е казнет затоа што, меѓу другото, навивачите ...
Стопанствениците од Пелагонискиот регион го поздравуваат Законот за работно ангажирање лица кој стапува на сила од први јануари, но бараат да бидат опфатени и други дејности, освен сезонците ангажирани во угостителството, земјоделството и услужните дејности, беше еден од заклучоците на денешната седница на Регионалните стопански комори на Прилеп и на Битола што се одржа во Прилеп. Според Никола Мариноски, претседател на Прилепската регионална ...
Италијанскиот прволигаш Милан успеа по неколкумесечни преговори да издејствува спогодбен раскин на договорот белгискиот напаѓач Дивок Ориги (30), јавија денеска италијанските медиуми. Ориги пристигна од Ливерпул без обесштетување во летото 2022 година, но во дресот на Милан одигра само 36 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи два гола. По разочарувачката прва година во дресот на Милан, сезоната 2023/24, ја мина на позајмица во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп го номинира генерал-потполковник Франсис Л. Донован за нов командант на американските сили во Јужна и Централна Америка. Донован ќе раководи со Јужната команда на САД. Тој доаѓа на местото на адмирал Алвин Халси, кој ја напушта функцијата на 12 декември поради пензионирање. Според американските медиуми, Халси изразил резерви за нападите што Пентагон ги извршува врз бродови на осомничени шверцери на дрога во ...
Ако Али Ахмети мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине, вели лидерот на опозициската СДСМ за изјавата на лидерот на ДУИ. Претходно, Ахмети на конгрес на партијата, се пофали дека ја растурил Југославија. „Сметам дека тоа го кажува само за некаков негов политички бенефит во оваа консталација на односите. Гледам кажал ја растурил Југославија ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија можам да ...
Нема толеранција за никого – изречени се казни на загадувачите во Скопје, објави попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. „Почитувани скопјани, во изминативе денови Скопје се соочи со сериозно загадување на воздухот. Според податоците од државниот мониторинг, беше пробиен дозволениот праг и состојбата бараше итна и решителна реакција. Како градоначалник на Скопје, но пред сè како човек кој заедно со своето семејство го ...
Почина поранешниот фудбалер Васил Рингов, еден од најголемите фудбалери во македонскиот фудбал. Рингов е поранешен југословенски репрезентативец. На клупски план остави длабока трага во тимот на Вардар. Настапуваше и за белградски Партизан, Динамо Загреб, германскиот Ахнтрахт Брауншвајг. Во Македонија беше член и на Тетекс и на Беласица, каде што ја почна кариерата. За Вардар одигра повеќе од 200 натпревари, во кои постигна 93 гола. Рингов ...
Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на ...
Некогашниот репрезентативец на Македонија Гоце Седлоски ќе ја има втората авантура како селектор, прва како главен тренер. Во претходниот мандат, Седлоски беше в.д. селектор, има една победа на еден меч. „За мене ова е голема чест и најголема одговорност во кариерата. Свесен сум за очекувањата и за потенцијалот што го поседува репрезентацијата. Моја цел ќе биде да изградиме систем и селекција што ќе се бори за секоја топка и ќе го дава ...
Летото 1906 година во Солун избила тн. „Мацанова афера“. Имено, при еден претрес кај учителот Андреј Мацанов, отоманските власти го заплениле неговиот дневник. Во него, тој од некаква опседнатост, бележел сè што знаел за повидните револуционери. Следејќи го дневникот, Турците затвориле 36 членови на ВМРО. Мацанов, поради чувство на вина и гризење на совеста, полудел во затворот. Во таква неповолна состојба во јужна Македонија, по престојот во ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, повика на континуирана поддршка за Украина, предупредувајќи дека Европа „ќе се соочи со зголемени безбедносни ризици доколку нејзината решителност се разниша“, објави ДПА. За да се спречи рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да нападне членка на НАТО, Украина мора да остане силна, рече Руте во интервју за агенцијата. Тој, исто така, ја нагласи потребата членките на НАТО да ги зголемат своите ...
Кому му одговара да бидеме надвор од ЕУ, ако не на третите сили? Кој отвора влијание за трети сили? Зарем е можно тоа да биде земја – членка на ЕУ и наш прв сосед? Како ЕУ претендира да биде геополитичка Унија, а притоа да ја држи нашата земја и Западниот Балкан во геополитички вакуум? Македонските евроинтеграции се школски пример за последиците од занемарување од процедурата како гаранција за демократијата, истакна претседателката Гордана ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска во своето годишно обраќање пред пратениците во Собранието нагласи дека една од најважните работи за враќање на општествената доверба е потребата за право и непристрасна и навремена правда. Таа посочи дека проектот Безбеден град покажал дека навиките се менуваат тогаш кога правилата важат подеднакво за сите, без врски и протекции. -Но, потенцирам, нужен е системски пристап кон решавањето на ...
Власта на (Христијан) Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството, се наведува во соопштението од СДСМ, за судството и обвинителството, кои во време на нивниот лидер Зоран Заев беа „реформирани“ и, како што Заев тогаш изјавуваше, „отворени како пупка“. Во продолжение го пренесуваме интегрално соопштението на СДСМ: Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за ...