
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Денеска (15.03.2025) во 12.45 часот преку линијата 112 било пријавено дека во Мавровското езеро биле забележани две лица кои се качиле во чамец и почнале да се движат по езерото. Набргу, чамецот се превртел, а лицата се држеле за чамецот додека брановите ги воделе кон браната. За настанот биле известени Центарот за управување со кризи, Итна медицинска помош и Национален парк Маврово. Припадници на Специјалната антитерористичка единица Тигар и ...
Во Белград започна големот протест, наречен „15 за 15“ предводен од судентите во блокада, а кој првично беше планиран да се одржи пред Народното собрание во Белград. Но, студентите ја сменија локацијата и тој ќе се одржи на плоштадот Славија. Како што соопштија студентите на ЕТФ во блокадата, се решиле на овој чекор за да спречат евентуално насилство. Учениците кои синоќа од разни правци во Белград пристигнаа со велосипеди, пеш или со јавен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се намалуваат буџетите и надлежностите на „Гласот на Америка“ и уште шест федерални агенции. Според наредбата, овие институции мора да ги сведат своите активности на минимум, дозволени со закон. „Оваа наредба е продолжение на намалувањето на делови од федералната бирократија кои претседателот ги смета за непотребни“, се наведува во документот објавен доцна синоќа. Трамп, кој ...
Почнуваме со демаскирање на Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и неговите соработници, со информации кои до нас ги доставија членови на ССМ кои се незадоволни од неговиот апашлук, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст од прес-конеференцијата: Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Слободан Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни ...
Опозициската СДСМ утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори. Одговарајќи на новинарско прашање дали има некаков револт кај членството што не се пријавил никој друг кандидат, Филипче истакна дека немало и смета дека тоа е одраз на консолидацијата на партиското членство на кое што тој, како што рече, интензивно работел во ...
Навистина сум среќен што денес се наоѓам овде, на ова преубаво место. Немам што да додадам во однос на овој проект, на тоа што веќе претходните говорници го кажаа- од аспект на техничките карактеристики, од аспект на буџет, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на започнувањето со реконструкција на локалниот пат Драчево- Мотел Китка делница село Црвена Вода „Китка’’ во Општина Студеничани. -Мене ќе ми дозволите само да му ...
Министерството за транспорт дава силна подршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Во општина Студеничани со средства од Министерството за транспорт веќе работиме на подобрување на локалните патишта во населените места и овие средства се надвор од оние 100 милиони евра што Владата ги обезбеди за сите општините за реализација на капитални проекти, истaкна вицепремиерот Александар Николоски кој заедно со претседателот на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција околу обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ околу случајот со „Пуцко петрол“ истакна дека очекува брз и транспарентна истрага. Потенцира дека треба да одговара секој што го прекршил законот. -Прво да кажам дека очекувам брза и транспарентна истрага и секој кој што го прекршил законот, треба да одговара. Апсолутно некоректно и непринципиелно да се доведува СДСМ во некаква врска со тие ...
Заканите на премиерот Христијан Мицкоски дека на судството ќе му се случи народ е порака дека тој признава судство само по своја мерка и не сака ниту подобро, ниту независно судство. Ова денеска на прес-конференција го остакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче, посочувајќи дека вистински промени во судството се можни само со реформи, а не со партиски притисоци и закани. Изјавата на Филипче следи откако премиерот пред два дена рече, а вчера повтори, ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска информира дека работат на законот за студентски стандард и дека студенскиот оброк ќе остане 140 денари, но, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти. Прашана дали ќе има измена на моделот на студентскиот оброк и во кој правец се размислува, Јаневска одговори потврдно. – Да, се планира, во овој момент работиме на законот за студентски стандард. Според дописот што го имаме добиено од ...
Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години. 180 милиони евра завршиле само на сметката на Пуцко Петрол, без притоа да се пресметаат 167 милиони евра за мазутот кој преку РКМ е испорачан до ЕСМ, т.е. РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, истакна на денешната прес конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку се погледне целата сума се доаѓа до обрт од над 350 милиони евра кои СДС им ги овозможила ...
Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се објават во Службен весник, а веднаш потоа, Министерството за дигитална трансформација е подготвено да ја донесе методологијата со којашто ќе се забранат нелегалните онлјан приредувачи на среќа, најави денеска од Штип, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски кој денеска присуствуваше на отварање на Центарот ...
Забелешката на секој нормален граѓанин во земјава е дека нешто длабоко со судството не е во ред и дека се потребни реформи. И за мене лично, и на ниво на партија. Но, ова што го направи власта, со интерпелацијата, е многу опасна работа, затоа што е вонуставно и вонзаконски спроведена и е школски пример за мешање на извршната власт во судската власт, со нејзиното мнозинство во Собранието, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во попладневните и вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до ...
Слободан Трендафилов, претседател на ССМ одработува за опозициската СДС. Трендафилов не води никаква битка за правата на работниците, неговата борба е да се оддолжи и да одработи за СДС затоа што незаконски беше поставен за прв синдикалец кој ужива во бенефиции. Откако го премолчи периодот на владеење на СДС и за тоа време не бараше повисока плата за работниците, сега откако неговата партија народот ја испрати во опозиција, Трендафилов како на ...
Многу е важно да се фокусирате на тоа што сами можете да го сторите, да ги спроведете навистина потребните реформи, оти конечно, тоа е она на што се сведува, реформи во судството, фундаментите, или нешто друго многу важно. Значи – продолжете! Мојата порака генерално е дека не сакаме билатерални прашања да застанат на патот на процес што се базира на мерит, порача шведската министерка за Европа Јесика Розенкранц во интервјуто во „Агенда 35“ на ...
На 14.03.2025 во 18.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(24) од с.Буковиќ, скопско, патничко возило „пежо 2008“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(34) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка делница село Црвена Вода „Китка“ во Општина Студеничани, информираат од владата. Проектот е од првиот јавен повик на Владата во вредност од 63.537.537,78 денари, од ...
Членовите на Судскиот совет, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Миљазим Мустафа, на кои Собранието на Република Македонија со едногласна одлука им изгласа недоверба, не се легитимни претставници и ниту можат да вршат било каква работа во Судскиот совет и немаат право на плата. Ова во изјава за КУРИР го оценува Михајло Маневски, поранешен министер за правда. Како човек со децениско искуство во секторот, ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека бил „малку саркастичен“ кога тврдел дека ќе стави крај на војната во Украина за 24 часа. Тој беше прашан за ова ветување, кое го даваше повеќепати во кампањата, во интервју за емисијата Full Measure, додека неговата администрација се обидува да најде решение 54 дена по почетокот на неговиот втор мандат. – Бев малку саркастичен кога го кажав тоа, изјави Трамп во видео-најава за интервјуто, чија ...
Динамичниот систем на бури што може да предизвика моќни торнада и град со големина на безбол топки доби релативно ретка ознака од синоптичарите: „висок ризик“ за тешки временски услови. Вчера, најекстремни временски услови беа забележани во делови од Мисури, Ајова и Илиноис, додека денеска бурниот систем се движи кон јужните држави, вклучувајќи ги Луизијана, Мисисипи и Алабама. „Во сабота попладне и навечер се очекуваат повеќе значајни торнада, ...
Група републикански конгресмени од Претставничкиот дом на САД поднесе предлог-закон со кој би се забранило на кинески државјани да студираат во американски образовни институции. Овој потег е дел од пошироките напори на некои членови на Конгресот против Пекинг, мотивирани од загриженоста за националната безбедност. Конгресменот Рејли Мур од Западна Вирџинија е предлагач на законот, кој би им забранил на кинески државјани да добиваат студентски ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ бил подложен на планиран медицински зафат за корекција на повремени срцеви аритмии, соопшти утрово хрватската влада. Интервенцијата, која била изведена во Клиничкиот болнички центар Загреб, поминала успешно, а премиерот се чувствува добро. „Премиерот Пленковиќ вчера вечер беше хоспитализиран во Клиниката за кардиоваскуларни болести при КБЦ Загреб, каде што беше подложен на рутински зафат за корекција на срцева ...
Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на железничката станица во Нови Сад. Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад. Протестот во Белград доаѓа по масовните собири организирани од студентите во Нови ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 март. Денеска е свештеномаченик Теодот Киринејски. Во третиот век на островот Кипар дојде еден маж од Галатија (Мала Азија) и го проповедаше Христос. Неговата проповед остави силен впечаток кај мештаните. Многумина се крстија, па го избраа овој маж, по име Теодот, за епископ во градот Киринеја. Теодот беше затворен при гонењето од страна на Ликиниј. Долго време го држеа в затвор и го ...
Денеска е 2 март (по стар стил) и се слави Св. свештеномаченик Теодот. Епископ Киринејски, на островот Кипар. Заради неговата мудрост и доблеста го избраа за епископ, а тој со љубов и ревност управуваше со Црквата Божја. Кога настана гонење на христијаните, во времето на нечестивиот цар Ликиниј, овој Божји човек беше изведен на суд и подложен на маки. Кога мачителот Савин го советуваше да се одрече од Христа и да им се поклони на незнабожечките ...
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20:37 часот во Италија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 13 километри од Фоџа. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 9 километри под површината на земјата. Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска, одговарајќи на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги поштеди животите на украинските војници, рече дека за тоа е потребна наредба од украинското раководство до армијата да го положат оружјето и да се предадат. „Во таа насока, би сакал да нагласам дека доколку го положат оружјето и се предадат, ќе им се гарантира живот и достоинствен третман во согласност со нормите на меѓународното ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се очекува денеска да започне втор бран масовни отпуштања од владините институции, еден ден откако двајца федерални судии наредија враќање на илјадници работници на работа, пренесува Ројтерс. Американските владини агенции добија рок до четврток да поднесат планови за големи намалувања на персоналот како дел од напорите на Трамп за радикално намалување на федералната бирократија. Таа ...
Идниот германски канцелар Фридрих Мерц постигна договор со Зелените за огромен план за трошење, кој ќе пренасочи стотици милијарди евра за одбрана и инфраструктура, дознава „Политико“ од луѓе запознаени со преговорите. Мерц, лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), претходно овој месец склучи договор со Социјалдемократската партија (СПД) за ефикасно ослободување на трошоците за одбрана од строгите одредби на уставната сопирачка за долг и ...