Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес од Струмица соопшти дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка. Според договореното, ајварската пиперка ќе се откупува по цена од 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора класа и за индустриска класа, и 15 денари за пиперка класифицирана како најниска класа. Новите цени ќе почнат да ...
Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е блиску до можноста за безбедна употреба и за пиење, информираат од Локалниот кризен штаб од каде посочуваат дека резултати од микробиолошките анализи се поволни, а последните мерења потврдиле дека и нивото на хлор се враќа во дозволените граници. Координаторот на Локалниот кризен штаб и член на Централниот штаб, Зуди Џелили посочи дека одлуката за повлекување на забраната за користење на водата ...
Откако Изет Меџити го презеде раководењето со Општина Чаир, еден по еден пропаѓаат клубовите кои со години беа спортска гордост на Чаир, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Првиот и најдраматичен случај е ФК Шкупи. Клуб кој пред само неколку години беше шампион на С. Македонија, настапуваше во европските натпреварувања и беше гордост на Чаир, минатата сезона заврши на дното на табелата и испадна од Првата ...
Најновото лансирање на кинеската ракета „Лонг марч 7А“ (Long March 7A) заврши неуспешно откако леталото експлодираше само 85 секунди по полетувањето од вселенскиот центар Венчанг во провинцијата Хаинан, соопштија кинеските медиуми. Зад мисијата стои кинеската државна корпорација за аерокосмичка наука и технологија (China Aerospace Science and Technology Corporation – CASC). Според достапните информации, во текот на овој лет ракетата требало ...
Зачувувањето на националното единство и сплотеноста во услови на непријателство и надворешен притисок е најважната порака на врховниот лидер на Исламската Република Иран, Моџтаба Хаменеи, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкиан. Во изјавата што ја пренесуваат иранските медиуми, Пезешкиан посочува дека за време на неговата неодамнешна средба со врховниот лидер што траела седум часа разговарале за главните предизвици со кои се соочува Иран ...
Додека СДС го градеше својот летен наратив од паника и невистини, во сенка на нивните преписки излегоа официјалните податоци на Државниот завод за статистика за инфлацијата и цените на мало во јули годинава. И тие податоци се јасни, проверливи и за жал талогот од СДС, не може да ги побие. Инфлацијата во јули 2026 година изнесува 2,3% на годишно ниво. За споредба, просекот во Европа е 2,9%. Значи, Македонија денеска има една од најниските ...
Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар. Токму оние кои со години имаа политичка и институционална моќ денес најгласно се обидуваат да ја префрлат одговорноста, стои во соопштението од прес-конференцијата на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Мартин Андоновски, што МИА го пренесува интегрално. Наместо денес да морализираат, треба да одговорат зошто не постапиле по ...
Мировната мисија на НАТО во Косово (КФОР) започнува процес на постепено интегрирање на косовската полиција во безбедносниот систем за заштита на манастирот „Високи Дечани“ во западно Косово, објави весникот „Газета експрес“, повикувајќи се на официјално соопштение од мисијата. Според соопштението, процесот на предавање на контролата ќе се спроведува постепено и е строго координиран со Српската православна црква, косовските институции, ...
Талогот од СДС освен што сака да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, сака да ја види Македонија на колена, уништена и мизерна, затоа што тоа им е пасија. Но тоа, нема да го дозволиме, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објавата на партискиот портпарол Валентин Манасиевски со реакција на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Од СДС директно се против прославата на независноста која сите ...
Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието. Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека такa повторно ќе дојдат на власт, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец тајно ја напуштил Турција со воено-транспортен авион, додека Белата куќа тврдела дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс 1“ (Air Force One), а воената операција за измама била преземена поради веродостојна иранска закана за атентат, објави ексклузивно „Вашингтон пост“. Трамп на самитот на НАТО во Анкара допатувал со неодамна преуредениот авион што Катар им го донираше на САД. Меѓутоа, ...
Кривичен суд во Дамаск денеска, во отсуство, го осуди поранешниот сириски претседател Башар ал Асад на смрт, откако го прогласи за виновен за убиство со умисла на повеќе лица, меѓу кои и деца, тортура, произволно лишување од слобода и злосторства против човештвото. Судијата Ал Аријан од Четвртиот кривичен суд во Дамаск изјави дека врз основа на сослушаните сведочења е утврдено оти Асад ги користел сите државни институции за олеснување на овие ...
Македонија се наоѓа во групата земји со висока стапка на дневни корисници на тутун и сродни производи во Европа, при што речиси еден од четворица граѓани над 16 години (22,5% во 2022 година) е секојдневен консумент. Иако стапката на Македонија е под просекот на водечките земји од регионот како Турција (29,6%), Србија (26,6%) и Бугарија (26,3%), таа е значително повисока од просекот на Европската Унија, кој во 2025 година изнесува 16,5%. ...
Американскиот федерален апелациски суд ги отфрли жалбите на компаниите „Мета“ и „ТикТок“ против одлуките на пониските судови, со што правосилно овозможи да продолжат постапките по повеќе од 3.000 тужби во кои се тврди дека социјалните мрежи им нанесуваат сериозна штета и предизвикуваат зависност кај младите корисници. Тричлениот совет на Апелацискиот суд на САД за Деветтиот округ со седиште во Сан Франциско пресуди дека нема надлежност во ...
Во најголемиот дел од Англија во сила се портокалови предупредувања за опасност по здравјето поради високите температури, додека сушните услови веќе зафатија 71,3 отсто од нејзината територија и засегаа околу 45 милиони луѓе, соопштија британските метеоролошки и здравствени служби. Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) предупреди дека се очекуваат значителни последици врз здравствениот и социјалниот сектор, ...
Почитувани граѓани на денешен ден или во 1992 година, Македонија го усвои своето знаме и Македонија ја усвои својата химна. Ете точно кога Владата на Мицкоски го направи скандал, овој дебакл со нашето македонско знаме. На нивната официјална организирана прослава по 35 години од независноста на државата, платена со милиони евра народни пари, Мицкоски и неговата Влада ги понижаа државата и ги понижија граѓаните, се посочува во соопштението на ...
Предавничката СДС која до пред две години беше власт, не направи ништо важно за граѓаните и државата, само ги распродаваше националните интереси. Предавничката СДС се однесува како падната од Марс, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. Како денес да се појавиле на политичката сцена, а не како од независноста до сега во повеќе наврати ја воделе државата, а и само до пред само две години биле власт во ...
Во периодот јануари – јуни 2026 година вкупниот број на туристи е намален за 0,5 отсто во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето е за 3,1 процент, а кај странските има зголемување за 0,3 отсто. Намален е и вкупниот број ноќевања за 1,5 отсто – кај домашните туристи е забележан пад за 3,3, а кај странските за 0,7 проценти. Во јуни 2026 година 113.436 туристи оствариле 221.608 ноќевања. Од вкупниот број туристи 22,8 ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, а во четврток и во петок попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната ...
Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализација, образование, здравство, земјоделство, водостопанство и животна средина ја сочинуваат Првата конечна листа на јавни инвестиции, што ја објави Министерството за финансии, а претходно одобрена од Комитетот за јавните инвестиции и усвоена од Владата. Помеѓу проектите се реконструкцијата и изградбата на Клиничка Болница во Тетово, Клиничка болница во Штип, ...
Полициската статистика покажува дека во Албанија има речиси 40 илјади регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Поточно, според податоците од Државната полиција до 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните на Косово со 7.302 дозволи, што претставува околу 19 ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен утре и на 14 август, со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1.328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Утре (12 август) е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски ...
ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани, се наведува во соопштението од партијата кое МИА го пренесува интегрално. За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари. ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 ...
Владата го објави спотот со кој има намера да ја одбележи 35-годишнината од независноста на државата. Но, наместо овој јубилеј да ги претставува сите граѓани и заедничкиот пат на државата, Владата избра да прикаже исклучиво македонска верзија на нејзината историја, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во приказната што ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот ...
Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО со години ја практикуваат истата пропаганда што ја користел Ванчо Михајлов, се наведува во соопштението на СДСМ. Од Бихаќска од изутрина помешаа баби и жаби, историја и сегашност, новинарство и политика, и со бучкуруш оружје запукаа по власта и Мицкоски, а притоа не го штедат ни српскиот претседател Александар Вучиќ. Бучкуруш соопштението на СДСМ во продолжение го пренесуваме ...
Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени ја погоди Колумбија, и тоа е најсилниот земјотрес во оваа јужноамериканска земја досега во 21 век, според Колумбискиот геолошки завод Зградите се урнаа, започнаа евакуации, а повеќе од 130 луѓе загинаа. Владата ја прогласи кризата за „национална катастрофа“. Епицентарот е регистриран во Сан Хозе дел Палмар, околу 400 километри западно од колумбиската престолнина Богота. Меѓу најтешко погодените области е ...
Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 20 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод – во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во кумановската населба Средорек каде што е запалено ѓубре. Пожар под контрола е оижарот на градската ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека за скоро ќе започне асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, посочувајќи дека за нешто повеќе од три месеци биле надминати проблемите што со години ја попречувале реализацијата на проектот. Според него, трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, завршено е тампонирањето од едната страна, а следниот чекор е поставувањето на првиот слој асфалт. ...
Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности. ...