Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Здружението на новинари на Македонија алармира за директни закани по живот кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов. Во коментари се повикува на негово физичко елиминирање. Се бара „јунак“ што ќе „расчисти“ со него. Се бара да биде „решен на експресен начин“. Ова не е обичен интернет-инцидент. Ова е директна последица од политиката што ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го ...
Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на ...
Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно – здравствените препораки за заштита од топлото време. – Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, ...
Од јуни 2024 година до денес, ниту еден од првите албански заменици-премиери во оваа Влада нема претседавано со ниту една единствена седница на Владата. Изет Меџити – 0 седници. Беким Сали – 0 седници. Арбен Фетаи – 0 седници. Вкупно: нула, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Ова покажува појасно од која било пропагандна изјава каква е реалната тежина на Албанците во оваа Влада. Функцијата може да се нарекува „прв ...
Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2, а 2 пожара се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак (ниска вегетација), ...
Денеска официјално завршува семејното летување и екскурзијата на Мицкоски во Бриж. Многумина се прашуваат зошто Мицкоски одбра да летува токму во Брисел – административен центар на Европската Комисија, без плажа и без особена туристичка содржина, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Тој ги повика сите граѓани да останат во Македонија, да летуваат по планини и езера, да не се мачат со часови чекање на граница на жега. ...
Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, повика на брзо воспоставување центри за враќање на мигрантите во Африка, откако десетици илјади мигранти влегоа на шпанската територија Сеута. „Сеута покажа дека тесната соработка со соседните земји може да функционира. Мароко веднаш ги прими луѓето назад. Никој не можеше да патува подалеку во Шенген зоната. Европа мора брзо да воспостави центри за враќање во Африка“, напиша Вебер во ...
Земјите од Блискиот Исток повеќе не можат да се потпираат на тврдењата на САД дека ќе им осигуруваат безбедност како во минатото – изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. – Амбициите на ционистичкиот режим не се нешто за кое можеме да кажеме дека се скриени. Нападите на израелскиот режим врз Либан, Палестина и Сирија и заканите кон земјите од Блискиот Исток укажуваат дека земјите во регионот не ...
Американски борбени авиони пресретнале два авиона кои влегле во привремено ограничена зона за летање околу голф-клубот на претседателот Доналд Трамп во Бедминстер, во сојузната држава Њу Џерси, јавија американските медиуми и воените власти, пренесе ДПА. Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана (НОРАД) потврди дека борбени авиони Ф-16 вчера ги пресретнале двата авиона и безбедно ги придружувале надвор од ограничениот воздушен ...
Премиерките на Италија и на Данска, Џорџа Мелони и Мете Фредериксен, денеска објавија изјава насловена „Заедничка порака за Европа“, во која ја претставуваат својата заедничка визија за иднината на европскиот континент, безбедноста на европските граѓани и потребата од заштита на европските вредности и европскиот начин на живот. На почетокот на изјавата, Мелони и Фредериксен признаваат дека потекнуваат од различни политички семејства со многу ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните. Една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери. Пред изборите ветивме дека ќе направиме сѐ што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. И наместо тоа, Владата испорача уште повеќе и за ...
Голем број пожарникари, меѓу кои и силите од Романија и Франција кои се во Грција преку европскиот механизам за цивилна заштита, се ангажирани за гаснење на пожарот што околу 8 часот утрово избувна во областа Куварас во источниот дел на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на жителите и оние кои се наоѓаат во населено место што е во непосредна близина на огнената ...
Тајванската војска денеска симулираше одбрана од кинески десант на стратешки важниот остров Пенгу, а подоцна во текот на денот, за првпат во рамките на воена вежба, ќе биде намалена брзината на интернетот. Десетдневната воена вежба, која започна минатата недела, опфаќа различни сценарија за можен напад од Кина, која го смета Тајван за своја територија, и евентуално негово заземање со сила. Пенгу, кој е поблиску до главниот тајвански остров ...
Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот рече Мартин Андоновски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Гостивар. „Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го ...
Рускиот постојан претставник при меѓународните организации во Виена, Михаил Уљанов, изјави дека француските политичари и новинари кои зборуваат за наводна вмешаност на Русија во шумските пожари во Франција покажуваат непочитување кон сопственото население. „Некои француски функционери и новинари тврдат дека Русија на некој начин е вмешана во шумските пожари во Франција. Тие едноставно не го почитуваат населението на сопствената земја“, напиша ...
Ерол Маск, таткото на американскиот милијардер Илон Маск, на пријатели и познаници од Јужна Африка кои размислуваат да се иселат од земјата им препорачал, меѓу другите можности, да размислат за преселување во Русија. Како што пренесува српскиот весник „Политика“ Маск во интервју за руски агенции изјавил дека Русија ја смета за земја во која, според неговото мислење, многу луѓе би можеле да најдат добро место за живеење. „Ги советував луѓето ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за ново намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во земјава. Од 11 август 2026 година од 00:01 часот, горивата ќе поевтинат во просек за 5,81 отсто во однос на цените утврдени со претходната одлука од 4 август. Најголемо намалување има кај дизелот, чија максимална малопродажна цена се намалува за 8 денари за литар. ...
Нервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице. СДС долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Филипче фатен во паника откако се покажаа вистинските лица на „децата“ кои токму тој ги прати да направат инцидент во Ново Село. За ...
Американската кибер-команда покрена истрага по серијата од пет смртни случаи на нејзини припадници и лица кои тесно соработувале со таа воена единица. Петте смртни случаи регистрирани во периодот од почетокот на јуни до поечтокот на јули предизвикаа загриженост во воениот врв и во Конгресот, а раководството на Кибер-командата ситуацијата ја третира како таканаречен „кластер на самоубиства“, што подразбира примена на посебни процедури за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста на повторното отворање на Ормуската Теснина, додека дипломатски договор со Иран сè уште нема, објави американскиот портал „Аксиос“. – Не ѝ придаваме преголемо значење, го цитира „Аксиос“ Трамп, кој тоа го изјавил во телефонски разговор за порталот. Трамп истакна дека САД нема целосно да се посветат на преговорите со Иран. – Со нив преговараме само делумно. Само го набљудуваме Иран ...
Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Четири недели ...
Научници развија нов вид молекула што би можела да го промени начинот на којшто одредени сериозни болести се третираат во иднина. Станува збор за таканаречени молекуларни лепила што можат да поврзат еден штетен протеин со системот во клетката одговорен за негово отстранување. Во напис објавен во списанието „Сајенс“ (Science), научниците тврдат дека успеале да користат таква молекула за да го отстранат протеинот „KAT2A“, којшто има важна улога ...
Едно лице загина, а две се повредени во денешната експлозија на гас во рудникот за злато „Асачинскоје“ во рускиот регион Камчатка, соопштија локалните власти. Според првичните информации на Обвинителството, соопштени преку социјалната мрежа „Макс“, до несреќата дошло кога експлодирала боца со пропан додека работник на ангажирана фирма вршел заварувачки работи на градилиштето. „Обвинителството на градот Елизово започна истрага за инцидентот на ...
Високата вулканска активност на италијанската планина Етна денеска предизвика нарушувања во авиосообраќајот на аеродромот во Катанија на Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества пепел и вжештени парчиња карпи. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), густи текови лавина истекуваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри. Поради потенцијалната опасност за ...
На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Уживај во летото, создавај убави спомени и грижи се за своето здравје, е пораката што денеска ја упатија од Институтот за јавно здравје, споделувајќи информации за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции. – Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку незаштитен сексуален контакт – вагинален, анален или орален. Тие можат да бидат предизвикани од бактерии, вируси или други ...
На денешен ден се одбележуваат 25 години од трагичниот настан кај месноста Љуботенски Бачила, каде животите ги загубија осум припадници на резервниот состав на македонската Армија. По тој повод, министерот за одбрана Владо Мисајловски им оддаде почит на загинатите македонски бранители и порача дека нивната жртва за татковината никогаш не смее да биде заборавена. „На денешен датум, Македонија изгуби уште осум свои синови, осум македонски ...
Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена, наведува премиерот Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. – Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи ...
За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе не обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното ...