Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, е пуштен од ефективен притвор и почетокот на судскиот процес ќе го чека во домашен притвор. Оваа одлука на надлежниот суд следува откако Ѓорѓиоски депонираше банкарска гаранција во висина од 500.000 евра. Со одлука на судот, мерката притвор му е официјално заменета со куќен притвор сè до стартот на судењето. Во домашен притвор престојува и актуелниот ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки за унапредување на здравствениот систем, со јасен фокус на јакнење на медицинскиот кадар, примарната здравствена заштита и обезбедување поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално. Како потврда за оваа определба, годинава за здравството се обезбедени рекордни повеќе од ...

Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално. Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква ...

Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), полициски службеници од полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот, по што лицето Л.Х. било пронајдено со повреди, додека смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. – ...

Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата. – Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, ...

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“, Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и како наследничка на Јустинија Прва и на обновената Охридска Архиепископија, ...

По труењето со вода и здравствената криза во Гостивар, сега нова криза со епидемија од западно- нилска треска. Сега повторно, како и во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски и ВМРО закаснија со реакцијата, истакна Кети Штерјова од СДСМ на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално. Западно-нилската треска не е нова болест. Комарците не се појавија вчера, климатските услови не се појавија вчера, а ризикот од вектор-преносливи ...

Романското Министерство за национална одбрана соопшти дека ноќта меѓу 12 и 13 август испратило два борбени авиона Ф-16 откако во близина на границата со Украина биле откриени пет воздушни цели, од кои една навлегла во националниот воздушен простор. „Радарскиот систем за набљудување на романското Министерство за национална одбрана во ноќта од 12 кон 13 август, во 1:27 часот, откри група од пет воздушни цели во областа Измаил, над украинска ...

Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината, истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод 25 години од потпишувањето на Рамковниот договор. Во објава на Фејсбук пртседателот ...

Охридскиот рамковен договор ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество. Нашата одговорност денес е да се надоврземе на неговите поуки и да ги преточиме во одржливи стандарди на демократијата и соживотот, вели претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод одбележувањето на годишнината од договорот. -Денес, одбележувајќи ја годишнината од Охридскиот рамковен договор, се потсетуваме на еден од ...

Бројот на Хрвати кои не планираат летен одмор е зголемен во споредба со лани, при што финансиските ограничувања се најчеста причина за останување дома, според анкета на Alma Career Croatia, компанијата што го води порталот за барање работа МојПосао. Од речиси 500 испитаници, 32% рекле дека не планираат летен одмор, во споредба со 27% минатата година. Меѓу нив, 60% го навеле недостатиг на средства како главна причина, во споредба со 56% во ...

Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа. -Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Албанија е на второ место, по Романија, каде што овој процент ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од средствата да бидат обезбедени од даночните обврзници – објави „Вашингтон пост“. Според весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од ...

Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...

Единствениот македонски претставник на Европското првенство во пливање во Париз, Никола Ѓуретановиќ денес го имаше својот прв настап. Македонецот во квалификациите на 200 метри слободно постави нов државен рекорд со време – 1:52.59 минута и за 15 стотинки го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од Копенхаген. Воедно, Ѓуретановиќ за 27 стотинки пливаше побрзо од своето најдобро време постигнато во јуни годинава. Македонскиот ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети островот Итуруп во Курилскиот архипелаг, што е предмет на територијален спор меѓу Русија и Јапонија, објавија руските медиуми. Тоа е негова прва посета на Курилските Острови. Путин пристигна во Итуруп од Јужно-Сахалинск, каде вчера присуствуваше на последната фаза од вежбите на Тихоокеанската флота од гардискиот ракетен крстосувач „Варјаг“, водечкиот брод на руската Тихоокеанска флота. ...

Соединетите Американски Држави планираат до 30 септември да ги повлечат сите свои војници од Ирак, со што ќе биде ставен крај на американското воено присуство во земјата што започна со инвазијата во 2003 година и соборувањето на режимот на Садам Хусеин. Ирачкиот премиер, Али ел Заиди, денеска се сретнал со адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД, по што било соопштено дека 30 септември е „фиксен и конечен датум за ...

Струга е град што помирува и почитува етнички, верски и секакви разлики, град кој може да биде пример за соживот – порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба со струшкиот градоначалник, Менди Ќура, на која разговарале за состојбите во општината, меѓуетничките односи и предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот Регион под заштита на УНЕСКО. Сиљановска-Давкова истакна дека симболично ја избрала Струга за посета ...

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според информации на порталот станува збор за самоубиство. Повеќе од 16 години Хајредини беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат. Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција. Тој беше искусен менаџер во медиумскиот сектор со експертиза во маркетинг, бизнис стратегии и ...

Двајца американски војници загинаа откако воен хеликоптер „АХ-64 Апач“ од базата Форт Худ се урна во поле во Тексас и предизвика пожар, соопштија денеска официјални лица. Хеликоптерот се урнал во округот Бел, стотина километри северно од Остин, главниот град на Тексас. Портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Бел, Клиф Колман, потврди дека двајцата војници загинале во несреќата. Двајца американски војници загинаа откако воен ...

Претседателот на Движењето Самоопределување (ПС) и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, ги покани лидерите на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Демократската партија на Косово (ДПК) и Алијансата, на состанок со цел конституирање на институциите на Косово. За разлика од претходните повици, според косовски медиуми, овојпат Курти побарал заедничка средба со Љумир Абиџику од ДСК, Бедрим Хамза од ДПК и Адриан Џини од Алијансата. ...

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче му нарачува на СДС да прави хистерија за водата во Скопје од одмор на јахтата на Заев Венко Филипче од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДС да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. Претходно тераа лажна кампања и беа против прославата за независноста на Македонија, пишува во соопштението ан ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го пренесува интегрално. Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми ден е ...

Мета денеска соопшти дека отстранила помеѓу декември и јуни повеќе од 750.000 сметки на Инстаграм и Фејсбук за кои се сомнева дека им припаѓаат на корисници во Австралија под 16 години, пред и по стапувањето во сила на забраната за социјалните медиуми во Австралија за таа возрасна група. Мета соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни сметки на Инстаграм и 294.000 сметки на Фејсбук. Во јануари, компанијата соопшти дека дотогаш отстранила ...

Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија поврзана со Доналд Трамп да го одложи планираното дупчење на арктичката територија. Со тоа, тие директно се спротивставија на најавите на претставникот на Трамп, кој тврдеше дека екстракцијата на сурова нафта би можела да започне веќе следната година, пишува „Гардијан“. Тензиите на источниот брег на Гренланд се зголемуваат во контекст на најавите на Трамп за преземање на ...

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти, соопшти денеска Министерството за дигитална ...

И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците, се наведува во соопштението на ВРЕДИ што МИА го објавува интегрално. Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го ...

Досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Во соопштението се нагласува дека оваа информација е потврдена и од директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, како и од одговорни лица од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје. Од Министерството нагласија дека се ...

Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје. Вели дека ако во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител ТВ истакна дека во евроинтегративниот процес е неопходно јасно разграничување меѓу суштинските европски реформи и билатералните прашања. „Тоа што го бараме е јасно разграничување меѓу суштинските реформи и билатералните прашања. Јасно им укажуваме на сите земји членки дека треба да се стави крај на барањата што се однесуваат на ...

Граѓаните бараат да се пронајдат и соодветно да одговараат и да се казнат сите лица кои во текот на вчерашниот ден ширеа паника дека во водата од скопскиот водовод е пронајдена бактерија и истата не треба да се пие. Преку социјалните мрежи посочуваат дека „преку ова не смее да се помине“, и дека „граѓаните заслужуваат навремени и точни информации“. Во полициска станица на информативен разговор се повеќе лица кои преку социјални мрежи и ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42