Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија (МЕНР) во денешната реакција, околу посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград и неговата изјава дека Украина не го променила својот став за непризнавање на независноста на Косово, нагласува дека „нема паралела меѓу Косово и Украина“. Додава дека „исто како што Албанија цврсто стои и ќе продолжи да стои во поддршка на суверенитетот, независноста, територијалниот ...
Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување. -Пациентот е во добра ...
Пентагон бара од американската одбранбена индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, особено муниција која во голема мерка е исцрпена од војната со Иран, покажува допис кој заменик-министерот за одбрана на САД, Стив Фајнберг го испратил до директорите на компаниите во одбранбената индустрија. Во дописот во кој увид имал „Вашингтон пост“, Фајнберг навел дека одбранбените компании немаат повеќе од 21 ден да поднесат ...
Германија се соочува со секојдневни напади од хибридна војна од странство, изјави денеска министерот за внатрешни работи Александар Добриндт по сомнителниот обид за напад со дрон наполнет со експлозив на аеродромот Лајпциг/Хале. Добриндт изјави за „Билд ам Зонтаг“ дека странските сили сакаат политички и социјално да ја потчинат Германија со всадување страв. „Ние не сме во војна, но сме секојдневна цел на хибридна војна“, рече Добриндт. ...
Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги ...
Романија периодично ги анализира своите способности за брзо идентификување и соборување беспилотни летала, вели романскиот министер за одбрана Романија периодично ги анализира своите способности за брзо идентификување и соборување беспилотни летала што пристигнуваат на територијата на земјата, изјави министерот за одбрана Раду Мируца во интервју за телевизијата Диџи 24. Воената одлука за соборување на беспилотно летало означено како ...
Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на ...
Во Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американскиот нуклеарен напад врз тој град. Јапонската премиерка Санае Такаичи рече дека изјави дека Јапонија ги поддржува трите принципи на ненуклеарно оружје. Таа посочи дека Јапонија, како единствена земја што преживеала нуклеарно уништување за време на војна, ќе продолжи да вложува „реални и практични“ напори за постигнување свет без нуклеарно оружје. Такаичи исто така ...
Поминавме тешки десет дена, во кои преовладуваа силни ветрови и многу тешки и неповолни услови и се соочивме со над 400 пожари, истакна министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Евангелос Турнас во интервју за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Турнас се осврна на големите пожари на островот Парос, во јужниот дел на островот Крит и во областа Виотија во централна Грција, кои последователно избувнаа ...
Денеска во 20.30 часот на стадионот во Охрид е првиот од серијата концерти од блокот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност. Завршницата ќе биде на 8 септември со настап на Давид Гета на градскиот стадион. „Силно светнал ден! 35 години независност!“ напиша во објавата на Фејсбук претседателот на Владата , Христијан Мицкоски. Денеска во 20.30 часот на стадионот во Охрид е првиот од серијата концерти од блокот „Силно светнал ден“ ...
Британската кралска морнарица предупреди за зголемена руска активност околу британските територијални води откако помина 21 ден во јули следејќи ги руските бродови, објавија британската PА Media и ДПА. Операциите за набљудување на руската активност се зголемија за 25 проценти во јули споредено со изминатата година, при што воените бродови направија повеќекратни преминувања преку Ламанш и Северното Море. Крајбрежните патролни бродови „ХМС ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека посредниците и натаму „се обидуваат да најдат начини за повторно рестартирање на преговорите“ со САД, но дека во моментов нема можност за нивно продолжување. „Додека не се прекинат прекршувањата на меморандумот за разбирање од страна на САД и додека САД не го надоместат она што го прекршиле, според наше мислење, нема можност за продолжување на преговорите“, рече Аракчи на ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, рече Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац премолчено дадоа зелено светло за почеток на работата за обнова на јужниот дел од Појасот Газа, и покрај ветувањето дека обновата на таа територија ќе започне дури кога палестинската милитантна група Хамас ќе се разоружа, објави денеска израелското воено радио. Активностите во рамки на обновата, кои вклучуваат изградба на станбени објекти, се одвиваат во областа Источна ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Повеќе од еден месец луѓето во Гостивар се трујат со загадена вода. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница. А одговорност од власта досега нема од никого. Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност за труењето. Досега го нема ниту едното, ниту другото – изјави денеска на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ што МИА ја пренесува интегрално. Не може цел град да биде отруен, владата да им кажува дека ...
Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран ...
Венко Филипче со месеци ја плаши јавноста со тврдења дека цените неконтролирано растат, дека инфлацијата се разгорува и дека Владата не успева да ја стави под контрола. Но, за разлика од политичките прес-конференции на Филипче, бројките не можат да се приспособуваат според дневнополитичките потреби, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што го пренесуваme интегрално. На 27 март Филипче тврдеше: „Сведоци сме како цените на храната растат секој ...
Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание – не мора да чека никого да поднесе пријава. Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Кети Штерјова од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. А Обвинителството – молчи. Државниот јавен ...
Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС. Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога – соопшти ВМРО-ДПМНЕ. МИА интегрално го пренесува соопштението на партијата. Тоа е иднината ...
Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам. Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд. Според најновите показатели, ...
Според податоците од Системот за шумски пожари – МКФФИС, денеска во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али. Според него, во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Македонија се со многу висок FWI, што укажува на зголемен ...
Оваа сабота, на денот кога почина Хорхе Меси, таткото на Лионел Меси, секој што е барем малку запознаен со нивната семејна приказна го тврди истото – без таков татко, немаше да го има најдобар фудбалер на светот. Некогашниот талентиран фудбалер кој го напушти фудбалот поради повреда на тетивата се посвети на своето семејство уште од најраното детство на Меси. Тој не беше само татко и менаџер на еден од најдобрите играчи во историјата, туку и ...
На магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила. Денеска (08.08.2026) околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ...
Во срцето на италијанскиот југ, во регионот Базиликата, на рабовите на еден стрмен кањон, кој мајсторски со прецизност на врвен уметник го извајала реката Гравина, се издига Матера, градот од камен во кој времето како да застанало и како минатото никогаш да не станало сегашност. Градот е стар повеќе од 9.000 до 10.000 години или еден од најстарите постојано населени градови во светот и најстар град во Италија. Матера не е обичен град, таа ...
Македонската репрезентативка Катерина Ацевска постигна денеска голем успех на сениорското Светско првенство во џиу – џицу кое се одржува Абу Даби, освојувајќи го сребрениот медал. Со вицешампионската титула, Ацевска се искачи скала погоре на пиедесталот, во споредба со минатото Светско првенство во Тајланд и се зацврсти на првото место на светската ранг-листа во својата категорија над 70 килограми во џиу – џицу фајтинг. Ацевска на патот до ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека Иран го информирал Вашингтон дека не планира да воведува такса за поминување низ Ормуската теснина и дека ќе овозможи проток на нафта и гас од Персискиот Залив во обем кој постоел пред конфликтот, но нагласи дека САД ќе го проценуваат Техеран според постапките, а не според ветувањата. „Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот како пред ...
Во Албанија стапија во сила новите измени во Законот за сообраќај, со кои се заоструваат мерките против прекршителите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите. – Според законот, овие измени предвидуваат трајно одземање на возачките дозволи за возачите кои се фатени како возат под дејство на алкохол, односно повторно управуваат возило со повеќе од 0,5 промили во крвта, откако претходно биле предупредени или ...
Договорот меѓу Иран и Оман за нов механизам за регулирање на пловењето на бродовите низ Ормуската теснина нема нужно да доведе до повторно отворање на овој клучен морски пат, соопшти денеска Техеран, цитиран од ДПА. Пред теснината да биде отворена повторно, САД мора да ги исполнат барањата на Иран, изјави портпарол на влијателниот Корпус на Исламската револуционерна гарда, цитиран од иранска новинска агенција. Тој го повика Вашингтон да не се ...
Повеќе од 178.000 африкански имигранти ја напуштија Јужна Африка во последните месеци поради мерките на властите против нелегалната миграција и понекогаш насилните антиимиграциски протести. Повеќе од 115.000 луѓе се вратија во соседна Зимбабве од крајот на мај, а повеќе од 56.000 се вратија во Малави. Според податоците од Нигерија, Гана, Мозамбик и Лесото, повеќе од 1.000 граѓани се вратија од Јужна Африка во секоја од овие земји. Вратените ...