Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Европскиот парламент денеска ја усвои Резолуција за ставот на ЕУ во врска со предложениот план и ангажманот на Унијата за праведен и траен мир за Украина, а ги поддржа за новите правила за лобистите што застапуваат интереси на трети земји. Со Резолуцијата за мировниот план за Украина, усвоена со 401 глас „за“, 70 „против“ и 90 „воздржани“, европратениците ја повикуваат ЕУ да преземе поголема одговорност за европската безбедност и да го поддржи ...
Поделбата на Републиканската партија за Украина штотуку излезе во јавноста. Потпретседателот Џ.Д. Венс го нападна лидерот на Сенатот, Мич Меконел, откако Меконел го предупреди Трамп да најде „нови советници“ ако тие се „позагрижени да го смират Путин отколку да обезбедат вистински мир“, пренесува Еуромајдан Прес. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс јавно го нападна лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, откако сенаторот од Кентаки ...
Сеопфатни обуки за градење на капацитети веќе се спроведуваат во рамки на ЕУ-проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги“, како дел од тековните напори за унапредување на мониторингот, евалуацијата и обезбедувањето квалитет на социјалните услуги низ целата земја. Овие обуки се наменети за претставниците од јавните и приватните лиценцирани даватели на социјални услуги, центрите за социјална работа, единиците на ...
Данската влада воспостави таканаречена „ноќна стража“ во Министерството за надворешни работи за да ги следи изјавите и движењата на Доналд Трамп додека Копенхаген спие. Стражата започнува секој ден во 17 часот по локално време, а следното утро во 7 часот се подготвува извештај што се испраќа до данската влада и релевантните институции, со преглед на сè што Трамп кажал или направил, пишува Гардијан. Оваа позиција била воведена по дипломатскиот ...
Колегиумот на Јавното обвинителство за организиран криминал (ТОК) изјави дека нивните обвинители биле изложени на континуиран притисок во последните месеци преку јавните настапи на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претставници на законодавната и извршната власт,објави РСЕ. „Претседателот на Србија и извршната и законодавната власт се обидуваат на секој можен начин да го потчинат Јавното обвинителство на организиран криминал, бидејќи ...
Уставниот суд соопшти дека сè уште нема донесено конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, кој се однесува на членот 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување – делот што ја утврдува линеарната исплата на зголемувањето на пензиите. На 24. седница, одржана на 19 ноември 2025 година, Судот со мнозинство гласови оцени дека постојат сомнежи за уставноста на овој член. Во тек е втората фаза од постапката, во која се прибираат ...
Минатонеделниот мировен план од 28 точки, изготвен од Русија и САД во кој се наведува предложен крај на целосната руска инвазија врз Украина, предизвика неизвесност, особено кај Европејците кои не се вклучени во процесот. Едно од главните прашања во овој момент е дали Европа сѐ уште може да се потпре на системот базиран на правила што ја обликуваше нејзината безбедност со децении, со САД како нејзин заштитник, или пак ова ја отвори вратата за ...
САФИТ ЗЕЌИРИ Постојат изреки кои изгледаат поетски, но во суштина содржат горчлива политичка реалност. Една од нив е: „Како тогаш и сега, како сега од тогаш и повторно!“. Едноставна по звук, но тешка по значење, коja во една реченица ја доловува целата политичка транзиција на Северна Македонија. Историја која не напредува, туку се врти; механизам кој не се реформира, туку се повторува. Оваа изрека не е само метафора за времето, туку и точна ...
Во сите овие години, ЦИВИЛ остана симбол на храброст, посветеност и непоколеблива борба за човекови права, демократија и слобода. Борбата против говорот на омраза, дискриминацијата, национализмот и оруженото насилство е од огромно значење за целото општество. Особено вредна е доследната поддршка за Украина во овие тешки години, стоејќи цврсто на страната на правдата, мирот и суверенитетот. Срдечни честитки до ЦИВИЛ – Центар за слобода! И со ...
Француските службеници за спроведување на законот уапсија четири лица, од кои две имаат руско државјанство, под сомнение за шпионажа во име на странска држава, се наведува во статијата на Ројтерс, повикувајќи се на канцеларијата на парискиот обвинител, објави Укринформ. Според извештајот, канцеларијата на обвинителот идентификуваше едно од лицата како Ана Н, со двојно француско-руско државјанство, која е под надзор на француската агенција за ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на 26 ноември изјави дека пристапувањето на Украина во алијансата зависи од едногласна согласност меѓу земјите-членки – а не од руските барања, пренесува Кијив Индипендент. „Русија нема збор или вето за тоа кој може да биде член на НАТО“, изјави Руте за шпанскиот медиум „Ел Паис“. „Но, во рамките на Алијансата, членството бара едногласност“, додавајќи дека неколку сојузници на НАТО, вклучувајќи ги и САД, ...
Новата администрација на Мамдани побара оставки од 179 градски службеници, претежно политички назначени од градоначалникот Ерик Адамс, пред 1 јануари, пренесува АВС7. Повеќето од 179 вработени работат во канцеларијата на градоначалникот во Градското собрание. Некои се заменик-градоначалници, комесари или членови на единиците на градоначалникот за меѓувладини работи и прашања поврзани со заедницата. Некои сè уште се проверуваат за можни работни ...
Во еден дел од македонските медиуми, кои досега се покажаа како ревносни дистрибутери на руските пропагандни наративи, претежно преземени од сродни српски портали или од владините режимски новински агенции кака РИА Новости или ТАСС, како да се крена нивото за едно скалило повисоко. При последното пренесување на пропагандата на Кремљ, како веќе да не се потребни посредници. Во оваа проруска групација сега се пренесуваат наводите директно од, ни ...
Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 71. седница со единствена точка на дневен ред поставување на пратенички прашања. Вообичаено, вакви пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата. Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските ...
Крајно време е Република Северна Македонија да започне ефикасно гонење за сите напади врз Бугарите во земјата, реагира бугарскиот претседател Румен Радев по физичкиот напад во Скопје врз новинарот Владимир Перев, кој е дел од бугарската заедница во Македонија. Според Радев, брзата и ефикасна истрага за ваквите случаи е единствениот начин земјата да напредува на европскиот пат. „Многу јасно им кажав и на претседателот и на премиерот дека случајот ...
Кремљ го удвојува лажниот наратив за руските воени успеси за да ги притисне Украина и Западот да ја предадат територијата во Донецката област што руските сили веројатно нема да ја освојат без неколкугодишна кампања, се вели во анализата на Институтот за изучување на војната (ISW), тинк-тенк организацијата со седиште во Вашингтон. Кремљ го удвојува лажниот наратив дека руските успеси на бојното поле се толку раширени што руската победа е ...
Универзитетот Сорбона во Париз достави случај до обвинителите откако антисемитски и други забелешки со говор на омраза се појавија на екранот за време на предавањето на здравствениот факултет минатата недела, пренесува Euronews. За време на интерактивна сесија по специјалистичка општа медицина, студентите ја користеа алатката за настава Wooclap за да прикажат пораки на омраза, вклучувајќи ги зборовите „Хитлер“, „Евреи“ и нацистички симбол на ...
Нема да има нови ресори, ВЛЕН нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со пополнување на испразнетите ресори, поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир, имајќи предвид дека тој беше и прв вицеремиер и министер за животна средина. – Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но она што е сигурно е дека политичките партии ...
Протечената снимка до која дојде Блумберг отвори политичка линија на раздор што се протега директно низ Вашингтон, Москва и Кијив. Снимката го прикажува приватниот разговор помеѓу Стив Виткоф, претставникот на Доналд Трамп, и Јуриј Ушаков, висок помошник за надворешна политика на Владимир Путин, пренесува Ukraine:News Разговорот се случил кратко пред посетата на претседателот Зеленски на Белата куќа на 17 октомври – истата посета каде што ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Сакате ли да дознаете кој го уби Кенеди? Па тогаш гледајте го филмот на Оливер Стоун од 1991 година „JFK“, кој е преокупиран со таа тема. Каква е врската на ова прaшање со функционирањето на парламентарните комисии? Авторот е секако инспириран од наодите на Сенаторската комисија формирана во 1979 година која утврди постоење на заговор во атентатот на американскиот претседател. Ова секако треба да се прими како сознание за ...
Евроинтеграцијата не се гради во Брисел, туку дома, во нашите одлуки и начинот на кој постигнуваме консензус, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на осмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК), одржана денеска во Собранието. Гаши нагласи дека ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ, додавајќи дека примерите на Албанија и Црна Гора покажуваат дека процесот е ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека предложениот мировен план на САД од 28 точки за Украина, може да послужи како основа за преговори. Но, според Руте, и дека дел од неговите елементи бараат внимателно разгледување. Тој посочи дека планот има потенцијалда отвори реален дијалог меѓу САД и Украина, и дека преговорите што се воделе во Женева биле конструктивни и значајни за почетоток на овој ...
Мировниот план од 28 точки, поддржан од САД, за завршување на војната во Украина, кој стана јавен минатата недела, е базиран на документ напишан од руски автор, доставен до администрацијата на Трамп во октомври, според три извори запознаени со ова прашање, објави Ројтерс. Русите го споделиле документот, во кој се наведени условите на Москва за завршување на војната, со високи американски претставници кон средината на октомври, по состанокот меѓу ...
Германски суд пресуди дека 10 еко-активисти од организацијата „Последна генерација“ ќе треба да платат отштета во износ од над 400.000 евра поради штетите предизвикани од акцијата при која го блокираа аеродромот во Хамбург, пренесе радиото „Дојчланд рундфунк“. Дополнително, тие ќе треба да ги покријат и судските трошоци кои изнесуваат близу 700.000 евра. Износот што активистите се осудени да го платат покрива обесштетување на патниците, ...
Поранешниот новинар и публицист Владимир Перев (80), деклариран Бугарин од Македонија, објави дека бил вербално и физички нападнат во маркет во Скопје. Според неговата колумна на „Трибуна.мк“, нападот го извршил маж на околу 40 години кој заедно со него чекал на каса. Перев пишува дека непознатиот маж почнал да му се дере со навреди „да си оди во Бугарија“, дека ќе го „убие“ ако зборува за Македонија и го нарекувал „фашист“. Напаѓачот, вели тој, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го испрати специјалниот претставник Стив Виткоф да се сретне со Владимир Путин во Москва за да разговараат за развој на предлози за завршување на војната во Украина, но и покрај оптимизмот во Белата куќа, имаше малку знаци за напредок во основните точки на застој, објави Гардијан. Трамп рече дека преговорите оставиле „само неколку преостанати точки на несогласување“, но дека немало пробив во ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги поздрави мировните напори предводени од Трамп и изјави дека „знаеме дека е потребен многу повеќе напор, но… благодарение на работата на Украина, САД и нас Европејците во последните неколку дена во Женева, имаме почетна точка“. Таа вели дека договорот треба да обезбеди „праведен и траен мир“ и „вистинска безбедност за Украина и Европа“, без ограничување на вооружените сили на ...
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити во синоќешното гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма изјави дека меѓу него и градоначалникот на Тетово, Билал Касами ќе се избира идниот лидер на ВЛЕН. -Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија, посочи Меџити. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина е подготвена да ја унапреди рамката поддржана од САД за завршување на војната со Русија, и да разговара за спорните точки со американскиот претседател Доналд Трамп во разговори за кои рече дека треба да ги вклучат и европските сојузници, објави Ројтерс. Во говорот пред она што е познато како коалиција на волните, чија копија ја виде Ројтерс, Зеленски ги повика европските ...
Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Русија е критикуван како ефикасно наметнување на условите на Кремљ за предавање на Украина. Но, планот, исто така, претставува директна закана за безбедносната архитектура на Европа, сметаат аналитичарите и дипломатите, пишува Кијив Индипендент. Предлогот бара од Украина да отстапи територија, да ги ограничи своите сојузи и остро да ја намали својата војска – услови ...