Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
ДРАГАН МИШЕВ Додека директорот на фондот за здравство, Сашо Клековски преку социјалните мрежи ги убедува граѓаните на Северна Македонија колку „многу“ може да се купи со минималната бруто плата во Македонија, и дека земјата е далеку од дното и се искачува од 26. место номинално на 20. место во регионот, но и ЕУ+земји кандидати, здравјето на дијабетичарите повторно е доведено во прашање, откако по којзнае кој пат во инсулинските аптеки се ...
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, објави видео на кое се гледа синдикалниот лидер Слободан Трендафилов со своите малолетни деца. Таа го обвини дека злоупотребува службено возило, а владејачката партија отиде и подалеку, па преку својата Унија на жени побара од обвинителството да покрене истрага. Трендафилов реагираше остро и грубо. Премиерот Христијан Мицкоски застана во одбрана на пратеничката Дафина Стојановска и побара од ...
Северна Македонија Притисок врз синдикалниот лидер Премиерот Христијан Мицкоски цврсто застана во одбрана на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, која беше посочена дека врши притисок врз синдикалниот лидер Слободан Трендафилов. Таа објави видео од неговите деца на социјалните мрежи, што во јавноста отвори сериозни прашања за методите со кои се служи власта. Овој случај упатува на злоупотреба на политичката моќ и се вклопува во ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Ако иницијативата Отворен Балкан требаше да има регионални придобивки за повеќе држави од југоистокот на Европа, како економски, така и политички, се чини дека засега од истата најголема корист имаат криминалците. Ова го потврди и најновата афера која би ја нарекле „корнишоните од југот“ со која се покажа дека споменатата групација очевидно доби поодврзани раце во извршувањето на своите – во крајна линија – бизнис релации на ...
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во својот последен пост на социјалните мрежи објави за руските напади врз енергетската инфраструктура во Кијив, Днипро и Одеса со стотици дронови и ракети оставајќи илјадници мирни Украинци се без струја, греење и вода, а меѓу повредените има бебе и 4-годишно ...
Американскиот експерт за надворешна и безбедносна политика, Јан Бжежински од Атлантскиот совет, изрази загриженост за безбедноста на Западен Балкан во случај војната во Украина да продолжи под услови диктирани од Русија. „Ако дозволиме оваа војна да продолжи под услови диктирани од Русија, што е она што се случува, или уште полошо – ако Русија постигне целосна победа, тогаш целата безбедност на Европа драстично би се намалила. Сигурен сум ...
Влијанието на ерата на „слопагандата“ на Трамп, во Северна Македонија се забележува преку објавите на дел од локалните (трампистички) медиуми, инфлуенсери и профили на социјални мрежи, кои ги пренесуваат и ре-споделуваат ваквите манипулативни слики и мемиња генетирани со вештачка интелигенција. На пример, контроверзната ВИ-слика од т.н. „Трамп како папа“, која првично кружеше на американски канали, беше преземена од одредени македонски ...
Премиерот Христијан Мицкоски, на прашањето за дебатата во врска со правосудниот испит, рече дека ова прашање треба да се регулира со закон и дека е подготвен и има политичка волја истиот закон да се донесе, а потоа да се испрати на мислење до Венецијанската комисија. „Уставот е јасен и прецизен. Уставот наведува дека службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународна употреба е македонскиот јазик, но исто така, во согласност со ...
Уставот (kushtetutë) е основата на секој правен систем, темелот на кој почива државата. Тој е “основниот закон” за секој граѓанин, и особено за оние кои врз негова основа се избрани и именувани да “владеат” според неговите постулати. Во него се наоѓаат сите правила и сета правда. И тој е еднаков за сите, бидејќи е одраз на внатрешното и меѓународното постоење на државата. Зошто тогаш “битката” за него е селективна? А, примената селектирана – ...
Блокадата пред Собранието од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), фокусирана околу прашањето за минималната плата, и можноста за нејзино зголемување од 600 евра, покажа дека неможноста за поинаков дијалог води кон дебата од институционалите на улица – таму каде што, според нив, реално се чувствуваат последиците од ниските примања. Протестот беше придружен со транспаренти и остри пораки до пратениците, меѓу кои и пораката што стана ...
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во својот последен пост на социјалните мрежи објави за руските напади врз врз мирното население на Украина во кои животот го загубија 3 деца и нивниот татко, додека бремена мајка е повредена. рф не го запира теророт врз мирното население на🇺🇦: во Харкив дрон ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Нешто длабоко расипано и труло лежи под бучавата на нашите општества. Интелектуалците престанаа да мислат и почнаа да глумат. Зборуваат како дипломати не затоа што имаат моќ, туку затоа што копнеат по близина до неа. Нивните зборови се пресметани, внимателни и празни, одбрани така да не навредат никого и да не откријат ништо. Политиката, во меѓувреме, потона во хулиганство и јавни препукување. Лагите веќе не се кријат, туку со ...
Кога го дискутиравме денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ, еден член на Редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА утрово кратко искоментира: „Според мене, поврзувањето на поимите социјални политики и Влада во старт ќе предизвика контра-прашање – вие се за***вате?“ Иако ваквата реакција можеби е очекувана и сосема разбирлива, Редакцијата сепак реши да оди со прашањето: Што мислите за социјалните политики на Владата? Секој работен ден, од 2 септември 2024 година, ЦИВИЛ ...
Започна со слика од Трамп како крал насмеан на лажна насловна страница на списанието „Тајм“. Оттогаш, ова се разви во целосен феномен, што еден академик го нарекува „слопаганда“ – несвет сојуз на лесно достапни алатки за вештачка интелигенција и политички пораки. Слопаганда e нов збор за спин сo вештачка интелигенција, се однесува на несакана содржина генерирана од вештачка интелигенција насочена кон манипулирање со верувањата за политички ...
ДРАГАН МИШЕВ Шугата е кожна болест, за која се веруваше дека е минато, која се појавува во нехигиенски услови. Во 21 век, во армијата на Северна Македонија, земја членка на НАТО, меѓу војниците се појави – ШУГА. Во штурите, задоцнети соопштенија на АРМ и министерството за одбрана, од типот на „будно ја следиме ситуацијата“ и „се преземаат мерки“, во обид да го дезавуираат случајот, потврдија дека биле заразени двајца војници, иако ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Истрагата за таканаречените „викенд снајперисти“ во Сараево, кои наводно плаќале да убиваат – вклучувајќи жени, стари лица и деца – за време на опсадата на градот од страна на босанските Срби помеѓу 1992 и 1995 година го носи пред лицето на правдата еден 80-годишен шофер. Според информациите добиени како дел од истрагата што ја води Групата за специјални операции (ROS) на карабинерите, под координација на јавниот обвинител ...
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во својот последен пост на социјалните мрежи објави за руските напади врз украинскиот енергетски сектор што предизвика исклучување на електричната енергија на минуски температури. Ноќта на 7 февруари рф изврши ракетен напад врз 🇺🇦. Цел на нападот беше ...
Околу 385 студенти од правните факултети во Северна Македонија (Универзитетот во Тетово, Југоисточен Универзитет и Универзитетот „Мајка Тереза“) поднесоа официјална петиција за полагање на државниот испит по правни науки и на албански јазик. Испитот е предуслов за вршење на професионалните активности во правосудниот систем и досега се одржуваше исклучиво на македонски јазик. Студентите истакнаа дека испитот треба да ја оцени правната ...
Во последните недели, прашањето за минималната плата во Северна Македонија повторно се најде во фокусот на социјално-економската јавна дебата. Работниците и синдикатите за утре во 9 часот најавија блокади пред Собранието, со цел да се бара значително зголемување на минималната плата како дел од пошироките притисоци за подобрување на животниот стандард. Според податоците за 2025/2026 година, минималната плата во земјата изнесува околу 24.379 ...
ОЛИВЕР АНДОНОВ Да се чувствувате комотно во животот, значи дека се ви е по тамам. Е па драги мој, очигледно дека на премиерот и лидериште на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, сѐ му е по тамам во животот. Тоа што како претседател на владејачката коалиција и шеф на извршната власт во Македонија му е сѐ по тамам може да значи само две работи: Прво, дека во Македонија како држава и општество е сѐ дотерано до перфекција благодарение на неговото ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Врз основа на работата на Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ) Мониторингот на ЦИВИЛ покажува дека руските пропагандни наративи продолжуваат да се шират низ различни платформи и региони, додека демократските општества сè уште не успеваат ефикасно да се заштитат од долгорочна манипулација со информации и психолошки операции. Во овој извештај се претставени неколку клучни пропагандни наративи што ги турка Кремљ, ...
Ако деновиве го отворите Фејсбук, ќе помислите дека во Македонија се случила најголемата свадба во историјата на човештвото. Сите се дотерани, сите се насмеани и, што е најважно – сите ја имаат истата слика. На сликата е Тој. Премиерот. Младоженецот. Стои гордо, со онаа државничка поза која вели „Јас сум Алфата“, а до него, како на подвижна лента, се менуваат ликови со израз на лицето што варира помеѓу восхит на тинејџерка пред поп-ѕвезда и ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Пред да им подарите уште некој час од својот живот на ТВ вестите денеска, прочитајте го овој текст. Ова не е прилог кон дневниот потсмев, ниту обид за персонализирана пресуда на политичките лидери и високите државни функционери. Станува збор за нешто пошироко и подлабоко – за одговорноста што ја носи јавната функција. Со децении гледам политичари и цели структури на власт чие однесување е неодговорно, деструктивно и лишено од ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Десетици приватни вили, блиски до владејачката екипа во Словачка, биле финансирани со европски средства, започнат како поддршка на политиката на одржлив туризам во руралните средини. Таканаречениот скандал „Хациенда“ во мигот ја става Братислава под притисок. „Вака изгледа корупцијата во Словачка“ – коментира германскиот европратеник Даниел Фројнд од Зелената партија по повод откритијата, наречени од словачките медиуми ...
ДИЈАНА ТАХИРИ Како што големите кинески инфраструктурни проекти, кредити и технолошки партнерства привлекуваат внимание низ Европа, Пекинг се свртува и кон потивок, но стратешки канал на влијание: образованието. Тоа вклучува студиски програми финансирани од државата, бесплатни школарини, стипендии, размена на студенти и активно учество на социјалните мрежи за споделување на искуства од Кина. Овие активности не само што го надополнуваат ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Помина една недела од објавата на големиот картелски скандал со 5 тони дрога, запленета во соседна Србија која дошла од Македонија. Сè уште нема одговор како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој ќе одговара за овој картелски скандал и кој од власта е вмешан? – прашуваат од СДСМ. Бидејќи на сите им е јасно, без поддршка на структури во власта, МВР, Царина, невозможно е 5 тони дрога да се шверцуваат преку ...
ПРВ ДЕЛ од трудот „Интегрална анализа на управување со ризици и вонредни состојби (2007–2025)“ — сеопфатен преглед на начините на кои државата во изминатите речиси две децении континуирано не успеала да воспостави функционален, интегриран систем за превенција, управување и одговор на кризи, вклучително големи пожари, поплави и други вонредни состојби. АЛЕКСАНДАР ИВАНОВ Историјата на човештвото долго време ги третирала катастрофите како „Божја ...
ДРАГАН МИШЕВ Немилосрдното трошење народни пари за туристички екскурзии на голем број државните функционери и уште поголем број нивни пратители, и покрај изјавата на министерката Божиновска – „како што знаете буџетот не ни е во најдобра состојба“ – продолжува, и тоа со засилено темпо. И додека граѓаните мака мачат да го преживеат месецот со најмалата минимална плата во регионот, за која Владата нема ни слух ни воља да ја зголеми, и покрај ...
ЦИВИЛ – Центар за слобода започнува со објавување на обемна анализа на проф. д-р Александар Иванов, професор на Факултетот за безбедност, посветена на системските слабости во управувањето со ризици и вонредни состојби во Северна Македонија во периодот од 2007 до 2025 година. Анализата, насловена Интегрална анализа на управување со ризици и вонредни состојби (2007–2025), претставува сеопфатен преглед на начините на кои државата во изминатите ...
На партискиот настан под наслов „Предизвиците на Северна Македонија во 2026 година“, претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, изнесе сеопфатни оценки за состојбите во земјата и остро ја критикуваше власта. Хоџиќ истакна дека блокираните евроинтеграции, авторитарните тенденции на власта, лошата економска состојба и големите задолжувања во милијарди евра, како и негативното влијание на, како што рече, „српскиот свет“, ја довеле државата ...