Во огномет на Рајнкирмес во Дизелдорф, еден вид градски панаѓур, повредени се 19 лица, од кои четворица сериозно, пренесе ДојчеВеле. Службите за итни случаи ги потврдија повредите доцна во петокот откако ракетите, според сведоците, експлодирале невообичаено блиску до земјата. Според полицијата во градот во западна Германија, меѓу повредените има и најмалку едно дете. Очевидци изјавија за германскиот јавен радиодифузен сервис ВДР дека некои ...

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Присвојувањето на туѓите заслуги и достигнувања најчесто претпоставува дека на народот, кому му е наменета таа во случајот реторичка маневра е како бонбона која треба да биде завиткана во некаква конфета, која пак, треба да го зголемува прикривањето на лагата (грабежот, буквално речено), а да им се допадне како додатна уверливост на слушателите на таквите махинации. Задачата на партиските штабови секако би била првенствено ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот го тужеше „Волстрит џурнал“ и неговите сопственици, вклучувајќи го и Руперт Мардок, за најмалку 10 милијарди долари, поради извештајот на весникот дека неговото име се наоѓа на честитката за роденденот на Џефри Епштајн во 2003 година, која вклучуваше сексуално сугестивен цртеж и алузија на тајните што ги споделувале, објави Ројтерс. Тужбата поднесена во федералниот суд во Мајами ги именува ...

Подобри услови за работа, признавање на образованието, преквалификации од една специјалност во друга, доедукација, повисоки плати се меѓу причините поради кои медицински сестри заминуваат на работа во други земји. Со недостиг на медицински сестри се соочуваат земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, но и дел од другите европски земји… Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението „За ...

Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица помеѓу кои шест деца, вечер ќе го одржи 15. Марш на ангелите – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе почне во 18.5 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата. – Четири месеци по најголемата трагедија во поновата историја на нашата држава, ние, родителите и семејствата на трагично починатите деца, Ве известуваме ...

Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен пожарот во општина Велес, кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, во село Николиќ, општина ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека секојдневно има кибер-напади од Иран врз државните институции. Од градот Берат, на состанок со претставници на технолошкиот сектор, Рама рече дека не може да се дозволи напади врз институции, како банки или приватни болници. – Во војна сме, имаме систематски напади секој ден. Не можеме да го дозволиме ова. Утре би можеле да нападнат банка, болница, тоа би можело да биде голем проблем, посочи Рама, објави ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата, којшто заседавал денеска. За кандидат за градоначалник на Скопје ја најави потпретседателката на СДСМ Каја Шукова. -За кандидат за Општина Битола – претседателот на Општинската организација Методија Куновски, во Валандово актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница ...

Косовската полиција вчера го приведе помошникот-директор на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Игор Поповиќ, по говорот што го одржа во текот на денот во Раховец, град во југозападно Косово, јавуваат косовски медиуми. Според 24-часовниот полициски извештај, по сослушувањето тој бил приведен, додека два мобилни телефони биле привремено запленети како материјален доказ. Вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Косово, ...

Американскиот амбасадор во Анкара, Том Барак изјави дека Израел и Сирија се договорија за прекин на огнот предложен од Турција, Јордан и други земји во регионот. Израел на 16 јули го нападна Дамаск, како и сириските владини сили кои напредуваа на југ кон градот Свеида, барајќи од нив да се повлечат и дека тој ги штити сириските Друзи, мало, но влијателно етно религиозно малцинство кое има и следбеници во Израел и Либан. „Ги повикуваме Друзите, ...

Во текот на ноќта Русија употреби повеќе од 300 борбени дронови и над 30 ракети од различни видови против мирни украински градови, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм, пренесе Укринформ. „Синоќа, нашите војници од различни единици одбија уште еден руски напад. Повеќе од 300 ударни беспилотни летала и над 30 ракети од различни видови беа лансирани врз нашите градови. Елиминирањето на целите сè уште е во тек – ...

Велика Британија разоткри 18 руски шпиони и нивните единици одговорни за сајбер напади во Велика Британија и хакирање на една од жртвите од труењата во Солсбери, изјави министерот за надворешни работи Дејвид Лами, објави Гардијан. Најавувајќи индивидуални санкции, Лами рече дека Русија во последните години ги таргетирала медиумите, телекомуникациските оператори, политичките и демократските институции и енергетската инфраструктура во Велика ...

САД го отфрлија договорот усвоен од земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО), чија цел е да ја зголеми подготвеноста за идни пандемии по нееднаквите реакции на коронавирусот, соопшти денеска американската влада. Министерствата за надворешни работи и за здравство соопштија дека денеска официјално ја известиле СЗО дека САД го отфрлаат правно обврзувачкиот акт усвоен во мај во Женева по повеќегодишни преговори. Целта на договорот ...

Престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат ...

Словенија денеска легализираше потпомогнато самоубиство, што беше поддржано од граѓаните на минатогодишниот референдум. Законот им дава право на пациенти кои боледуваат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба се неподносливи, да си го завршат животот, освен во случај на ментални болести, пренесе Хина. Ова право ќе може да се примени и во случаи кога од лекувањето не се очекува закрепнување или подобрување на здравствената ...

До 11,6 милиони бегалци се во опасност да го изгубат пристапот до хуманитарна помош поради намалувањето на странската помош од земјите донатори, соопшти денеска агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР. Ова е приближно една третина од бегалците кои вообичаено ги поддржува оваа агенција на ОН, се наведува во извештајот. – Нашата финансиска состојба е драматична. Се плашиме дека до 11,6 милиони бегалци и луѓе принудени на бегство ќе го изгубат пристапот ...

Министрите за финансии на Групата 20 развиени и земји во развој се договорија за заедничка финална изјава на нивниот состанок во јужноафриканскиот град Дурбан, за првпат откако американскиот претседател Доналд Трамп го почна својот втор мандат. Во документот, објавен денеска од јужноафриканското претседателство, е постигната согласност клучните предизвици за глобалната економија. Тие вклучуваат тековни војни и конфликти, трговски спорови, ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при што го повтори својот апел за преговори и прекин на огнот во Газа, соопшти Канцеларијата за печат на Светата столица. – Утрово, во неговата резиденција во Кастел Гандолфо, неговата светост папата Лав XIV разговараше телефонски со неговата екселенција Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел, по вчерашниот воен напад на израелската армија што ја ...

ВЕСТ НА ДЕНОТ Претседателката на ДКСК обвинета за одавање службена тајна во случајот „Адитив“ Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои ...

Израел сруши илјадници згради низ Газа откако се повлече од прекинот на огнот со Хамас во март, а цели градови и предградија – некогаш дом на десетици илјади луѓе – беа срамнети со земја во последните неколку недели, пишува Би-Би-Си. Сателитските снимки покажуваат огромни количини на уништување во неколку области за кои израелската воена команда тврди дека се под „оперативна контрола“. Големи делови од тоа се предизвикани од планирани уривања, ...

Европската комисија предложи зголемување на таксата за дозвола за безвизно патување во ЕУ за странци од 7 на 20 евра поради инфлацијата, соопшти Комисијата. Цената на таксата не е променета од 2018 година. Дозволата за безвизно патување важи три години и се плаќа еднократно. Комисијата истакнува дека предлогот е усогласен со таксите што ги наплатуваат САД (21 долар за две години) и Обединетото Кралство (16 фунти за две години). Патниците под 18 ...

Милорад Додик, , објави дека ентитетот Република Српска ќе покрене судска постапка против одлуките донесени од високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, објавија српски медиуми. Додик и раководството на Република Српска одржаа прес-конференција во Бања Лука на 17 јули откако Шмит донесе одлуки за исплата на долг кон словенечката компанија Вијадукт од 56 милиони евра и обезбедување пари за Централната изборна комисија на Босна ...

Германскиот канцелар повика на стратешка оска меѓу Лондон, Париз и Берлин за справување со нелегалната миграција и продлабочување на одбранбената соработка, и покрај тоа што изјави дека „длабоко го осудува“ Брегзит, објави Гардијан. Фридрих Мерц се појави заедно со Кир Стармер на прес-конференција во Стивениџ по потпишувањето на договорот од Кенсингтон, првиот формален пакт меѓу Велика Британија и Германија од Втората светска војна. Договорот, ...

Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека обвинителниот акт е веќе доставен до сите обвинети и нивните адвокати, а откако ќе го примат, започнува рок од осум дена за приговор. По истекот на тој рок, судечкиот совет ќе заседава и ќе ја извести јавноста за следните чекори. Судот, исто така, потврди дека Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води ...

„Владата жали за впечатокот кој некои го добиле, но тие средби досега не се ни први, а ни последни и апелираме да не се прави сензација од средба наменета за поддршка и сочувство. Тоа беше втора средба со семејствата и ние би потсетиле дека премиерот за време на средбата од почетокот и до крајот разговараше и се поздрави изразувајќи сочувство со сите присутни поединечно и низа други гестови и иницијативи и работи кои од етички и човечки причини ...

Дискусијата околу улогата на верските заедници во политичкиот живот повторно се разгори меѓу граѓаните, откако на Фејсбук-страницата на CIVIL го поставивме прашањето: „Дали црквата има право да се меша во политиката?“ На ова прашање стотици граѓани реагираа бурно, а одговорите се движат од категорично НЕ, до енергично ДА, при што во коментарите се преплетуваат аргументи од секуларизмот, историјата, па сè до актуелната политичка состојба во ...

Во пресрет на локалните избори во октомври, државниот апарат повторно се користи како кадровски пазар за вдомување на партиски и блиски кадри. Повеќе од 730 активни огласи за вработување во јавниот сектор се појавија на страницата на Агенцијата за администрација, бројка што го надминува секој историски преседан. – Ова е највисока бројка на објавени огласи за вработување од кога постои Агенцијата за администрација, предупредуваат од Синдикатот на ...

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека испраќањето копнени трупи во Украина претставува реална опција во рамки на „Коалицијата на подготвените“, чија цел е обезбедување траен мир во земјата и спречување на нови агресии од Русија. – Воените планови на Коалицијата вклучуваат поддршка од воздух, море и копно – вклучително и евентуално распоредување трупи во Украина. Плановите се доволно развиени за да бидат ставени во функција веднаш, изјави ...

Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците, го усвои предлогот на претседателот Доналд Трамп за намалување на финансирањето на јавните медиуми и странската помош за девет милијарди долари и го испрати во Белата куќа за потпис, објавија светските агенции. Домот гласаше со 216-213 за усвојување на законот, кој веќе беше одобрен од Сенатот претходно во текот на денот. Законот предвидува намалување на трошоците во вкупен износ ...

Здружение на граѓани 16-ти Март 2025, родителите на починатите деца од трагедијата во дискотеката ПУЛС – Кочани, излегоа јавно со документ и со изјава за средбата со премиерот Христијан Мицкоски, поради шпекулациите и дезинформациите ки кружат околу таа средба и што точно се случило на неа. Во продолжени интегралното обраќање на родителите до јавноста, објавено на Фејсбук: Ние, родителите на починатите деца во пожарот во дискотеката ПУЛС – ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
45%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
47%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
38%
1024
weather icon

Софија

30ᴼ / 28ᴼ
4.12
36%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
2.26
29%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
89%
1024
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
7.2
42%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
33%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
27%
1015
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 31ᴼ
2.68
31%
1015
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
7.72
37%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
12.35
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3027

Currency

70.7827

Currency

34.4672

Currency

38.6827

Currency

66.0489

Currency

7.42703

Currency

0.66648

Currency

0.36134

Currency

0.52668

Currency

1.31103

Currency

0.60719

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.57

Иридиум

153726.40

Никел

14754.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.35

Сребро

1216.43

Злато

108509.98

Бакар

8.81

Паладиум

37487.77

Платина

42454.94

Родиум

221036.38

Цинк

2.75