Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Политичка конфигурација и институционален контекст 2025 година во Северна Македонија се одвиваше во услови на променета политичка конфигурација и изразена политичка поларизација. Извршната власт беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како најголема партија од македонскиот политички кампус, која формираше влада со учество на коалиција ВЛЕН. Во опозиција дејствуваа СДСМ, како главна македонска опозициска партија, и ДУИ, која по долг период на ...
Воената разузнавачка служба на Украина (УВР) ја лажирала смртта на Денис Капустин, командант на Рускиот доброволен корпус (РДК), и тврдела дека наградата за неговата глава е поставена од руската разузнавачка служба, откри шефот на УВР Кирило Буданов на 1 јануари, пренесува Кијив Индипендент. „Добредојдовте назад во живот“, рече Буданов во видео на Телеграм, честитајќи му на Капустин и на разузнавачкиот тим вклучен во операцијата. Објавата ...
Русите ја нападнаа Украина со 205 дронови за време на новогодишната ноќ, почнувајќи од вечерните часови на 31 декември до утрото на 1 јануари. Вкупно 176 беспилотни летала беа соборени или блокирани; во исто време, беа регистрирани удари од 24 напаѓачки беспилотни летала на 15 локации. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја продолжува својата војна „во Новата година“ со повеќе од 200 беспилотни летала, главно ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Новогодишното обраќање на германскиот канцелар Фридрих Мерц истовремено претставува стратешка проценка на денешницата и повик за национална самодоверба. Говорот на Мерц се издвојува од вообичаените рамки на германскиот политички дискурс по својата несекојдневна искреност и стратешка директност. Во контекст на нестабилното геополитичко опкружување и растечките внатрешни предизвици, Мерц ги изложи приоритетите на својата влада, кои ...
Премиерот Христијан Мицкоски, вчера пред медиумите истакна дека Владата постојано работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и на поголема еднаквост во распределбата на приходите. За време на вчерашната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски се осврна и на најновите статистички податоци за сиромаштијата во земјата. Говорејќи за стапката на сиромаштија ...
„Вистинска изборна реформа не може да се постигне со козметички измени на Изборниот законик. Без доследна примена на законот, ефективни санкции и институции што ќе одговараат за своите пропусти, изборните нерегуларности ќе продолжат да го поткопуваат демократскиот процес“, порачуваат од ЦИВИЛ – Центар за слобода во изјава за Фронтлајн. – И покрај честите измени на Изборниот законик и декларативната посветеност на демократските стандарди, ...
Русија соопшти дека нејзиниот најнов ракетен систем со нуклеарни боеви глави е распореден во Белорусија, еден ден откако Москва тврдеше дека Украина извршила голем напад со беспилотни летала врз резиденцијата на Владимир Путин, објави Гардијан. Снимките објавени од руското Министерство за одбрана ја покажуваат новата ракета „Орешник“ како се движи низ снежна шума. Војници се видени како маскираат борбени возила со зелена мрежа и креваат знаме ...
Украински проект „The Day After the War“ е исклучителна културна и медиумска иницијатива преку која за само 8 часа и 39 минути, речиси 500 учесници – млади автори, уредници, дизајнери и медиумски работници – заеднички напишаа, уредија, дизајнираа, продуцираа и испечатија цела книга во еден ден. Овој потфат беше официјално признаен како Национален рекорд на Украина. Проектот не е фокусиран само на брзината или рекордот. „The Day After the War“ ...
Израел објави дека ќе ги запре десетици хуманитарни организации да работат во Газа во рок од 36 часа поради тоа што не ги исполниле строгите нови барања за предавање на лични податоци на палестинскиот и меѓународниот персонал распореден на опустошената територија, објави Гардијан. На листата на групи погодени од забраната се наоѓаат некои од најпознатите хуманитарни организации во светот, како што се „Акшн Еид“, „Меѓународен комитет за ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Како е украсен московскиот Арбат? Ова беше единствената веста на главната најава за првиот, понеделнички преглед на вести на Телма, емитувани во 8 часот. Треба да се каже дека во поново време оваа ТВ куќа ги засили своите амбиции во емитување на политичките њуз – производи и тоа е секако за поздравување. Наутро постојат три обемни прегледи на вести од дома и странство и тоа во 8, во 10 и 12,30 часот. И пак да се вратиме во ...
Локалните избори 2025 во Северна Македонија формално се опишуваат како „мирни“ – без масовни инциденти на самиот ден на гласање. Но, хронологијата на настани пред, за време и веднаш по изборите покажува поинаква слика: Политичко насилство врз кандидати и партиски активисти, сериозни обвинувања за дезинформации и црна кампања, злоупотреба на деца како изборен реквизит, скандали со медиуми и јавни институции, како и контроверзни одлуки на ДИК. ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Продолжение од Огледалото што го создадовме: Кога машините научија да сонуваат ЦИВИЛ Медиа, 21 декември 2025 Ако првото поглавје на вештачката интелигенција беше напишано во духот на љубопитноста и восхитувањето, второто се одвиваше во услови на геополитичка напнатост и воена логика во еден остро поделен свет. Додека суперсилите ја претвораа науката во стратегија, вештачката интелигенција стана одраз на идеологијата — симбол на ...
На меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, д-р Волфганг Ресман, претседател на Медиа Дијалог, одржа силен и бескомпромисен говор за егзистенцијалните предизвици со кои се соочува европската демократија. Поврзувајќи ја демократската легитимност директно со економската сила, технолошкиот суверенитет и слободата на медиумите, Ресман предупреди на растечките внатрешни и надворешни закани – од авторитарни ...
ЏАБИР ДЕРАЛА и Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани Во последната недела од декември 2025 година, додека Европа се свртува кон себе за време на празниците, а дипломатијата се фокусира на обновените обиди да се стави крај на руската војна против Украина, нешто друго тивко се забрзува низ континентот и неговата периферија. Мрежите што ги засилуваат про-кремљовските наративи ја интензивираат својата активност, туркајќи некогаш познати ...
ВОЈО МАНЕВСКИ Штом се потроши декември секогаш се наоѓам пред дилемата. Што всушност им посакувам на тие на кои им честитам Нова година? Да им биде среќна? Ако треба да им е среќна мојата честитка сигурно нема да придонесе многу. Решив да си честитам среќна Нова година себеси. Е, овде настапува вистинската дилема. Што тоа јас сакам да ми донесе новата година. Во среќа веќе не верувам ама во нешто мора да се верува. Ако јас не знам да си ја ...
ОЛИВЕР АНДОНОВ Нов термин во современата македонска политика, пардон, политикантство. Може да го сретнете во повеќе различни форми на изразување, како полтронизам, лојализам, послушништво и други кои не е примерено да се изнесуваат во колумна. Најмногу се употребува терминот клиентелизам а се однесува на членови на политичка партија кои во партијата членуваат поради лични лукративни и кариеристички интереси. Некогаш, пред повеќе од 40 години ...
Едногласниот заклучок за дислокација на „Усје“ меѓу симболиката, институционалната празнина и реалноста на загадениот воздух Едногласното усвојување на заклучоците на Советот на Град Скопје за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ беше претставено како историски момент во борбата за чист воздух. По 13-часовна седница, сите советници гласаа „за“, а јавноста доби порака за институционално единство. Но, според аналитичарот ...
Безбедносните и политичките експерти ги сметаат за загрижувачки постапките на Белград за паралелно отворање конкурси во српските здравствени установи во Косово, нагласувајќи дека тие имаат директно изборно влијание врз српските граѓани и создаваат правен и уставен притисок врз Косово, пишуваат косовските медиуми. Тие нагласија дека Европската Унија мора веднаш да реагира на овие постапки, за да се спречи мешањето на српската држава во ...
Во Собранието мора да преовлада взаемната почит помеѓу пратениците, па и на различни политички партии. Ако не се почитуваме ние самите себеси едни кон други, немаме почит, не можеме да очекуваме дека граѓаните ќе не почитуваат. Оттука почнува се, вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Африм Гаши. -Премногу негативна енергија имаме, контаминирано општество создаваме. И Собранието треба на некој начин да биде предводник на ова ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп порачаа дека се направени значителни чекори кон можно завршување на војната во Украина, но истовремено нагласија дека остануваат сериозни отворени прашања, особено околу територијата, безбедносните гаранции и улогата на Русија, пренесува Би-Би-Си. На заедничката прес-конференција по средбата, .Зеленски изјави дека мировниот план од 20 точки е „90 проценти ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен информира дека заедно со уште неколку европски лидери синоќа разговарале со претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски. „Имавме добар едночасовен разговор за нивниот состанок за мировните преговори. Имаше добар напредок, што го поздравивме“, објави Фон дер Лајен на Икс. Таа во објавата додава дека Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и ...
Доналд Трамп изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“, но призна дека „трнливите“ прашања за иднината на источниот регион Донбас сè уште не се решени, по двочасовниот состанок во неделата со Володимир Зеленски во Флорида, објави Гардијан. Трамп рече дека нацрт-договорот за завршување на војната е речиси „95% готов“. „Навистина мислам дека сме поблиску од кога било со двете страни“, рече тој, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на средба со американскиот претседател Доналд Трамп во одморалиштето Мар-а-Лаго во Флорида. Обраќајќи се пред почетокот на состанокот, Трамп изјави дека постои реална основа за мировен договор и дека двете страни имаат интерес конфликтот да заврши. Американскиот тим предводен од Трамп и украинскиот тим предводен од Зеленски ги започнаа разговорите за мировниот план на Трамп. На новинарите ...
Русија ги нападна Кијив и други делови од Украина со стотици ракети и беспилотни летала во саботата, непосредно пред средбата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со претседателот на САД, Доналд Трамп, во рамките на напорите да се постигне договор за ставање крај на четиригодишната целосна руска инвазија. Зеленски изјави дека во огромниот напад во текот на ноќта биле вклучени околу 500 беспилотни летала и 40 ракети и бил прекинат ...
Заклучокот што го усвои Советот на град Скопје звучи навистина важно, силно, моќно. Но во суштина се работи за процедурален, симболичен и необврзувачки заклучок. Нема ништо да се случи. Како што не се случи ништо ни со веќе не знам колку слични иницијативи, па и разни одлуки за справување со големите загадувачи во Скопје, што ги наследивме од поранешната социјалистичка Федерација. Освен што се приватизираа и од општествена сопственост тие ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Вештачката интелигенција (ВИ) е родена од умовите на научници, визионери и уметници – и, до одреден степен, од манипулатори кои трчаат по слава и пари. Приказната за ВИ започнува речиси паралелно со раѓањето на компјутерската технологија. Денес, сакам да ви раскажам неколку од тие приказни – увиди во сториите што јас и мојот пријател ChatGPT ги одбравме од богатата историја на развојот на ВИ. Корените на вештачката интелигенција ...
На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина. „За првпат во историјата на Скопје, сите советнички групи застанаа обединето со граѓаните и едногласно порачаа: УСЈЕ НАДВОР ОД СКОПЈЕ! По 13-часовна седница, Советот на Град Скопје ја ...
Политички контекст и причини за предвремените избори во Косово Предвремените парламентарни избори во Косово во 2025 година се резултат на продлабочената политичка и институционална криза по редовните избори одржани на 9 февруари истата година. Иако Движењето Ветевендосје (Самоопределување), освои најмногу гласови, не беше во можност да обезбеди парламентарно мнозинство и да формира стабилна влада. Обидите за коалициско усогласување пропаднаа, ...
ЕРОЛ ШАКИРИ Постојат неколку добри светски примери за повратна миграција (Ирска, Полска, Естонија, Јужна Кореја) и знаете што им е заедничко, ниту една од овие земји тоа не го постигнала со патриотска реторика и морални апели туку со економска логика и функционални институции. Постојат и низа други фактори секако, но ниту во еден случај фактор не бил ниту пак ќе биде некаква си патетична „патриотска“ пропаганда. Повратната миграција е ...
Тензиите меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и главните советници на претседателот Доналд Трамп растат, а американскиот тим е „сè повеќе фрустриран“ од обидите на Нетанјаху да го поткопа мировниот процес, пренесе Анадолу Агенси. Според извештајот, внатрешниот круг на американскиот претседател, вклучувајќи го потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио, зетот на Трамп Џаред Кушнер, мировниот пратеник Стив Виткоф и ...