Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
ДРАГАН МИШЕВ На 1 јануари Скопје и официјално ќе влезе во 1984 година. Тоа го обзнани малку помалиот Голем Брат Панче Тошковки, министер за внатречни и адвокат на Големиот брат – Христијан Мицкоски. Ве молам, немојте да се правите изненадени и вџашени, демек не сте знајале кога сте гласале. Големиот брат Мицкоски ова го најавуваше претходно во повеќе наврати. И кога во јули го пушти пробниот балон со најавата дека Владата размислува да преземе ...
Опозициската СДСМ денеска поднесе официјална пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со тендери во вкупна вредност од околу 9 милиони евра, за кои, како што наведуваат, постојат сериозни индиции за корупција и фаворизирање. Петар Огњеновиќ од СДСМ информираа дека пријавата е доставена заедно со целокупната документација, докази и информации што партијата ги објавила во изминатите денови. „Премиерот Христијан ...
На прашањето на ЦИВИЛ на Фејсбук страната – Дали треба да има линеарно покачување на пензиите?, пристигнаа огромен број реакции и коментари, (над 1.200), каде што се гледа длабока поларизација, но и повеќе јасни линии на аргументација – економски, социјални, етички и политички. Двете страни зборуваат гласно, но не зборуваат за истото. Аргументи ЗА линеарно покачување (најчести, доминантни): Еднакви трошоци за сите Мнозинството граѓани велат дека ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби. Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појасни дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од Судот. Каква ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го посети централниот објект на системот „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој возачите ќе добиваат известувања за сообраќајни прекршоци регистрирани со технички средства. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите прекршоци документирани со камери, сензори и уреди за снимање ќе важат како валиден доказ во постапките. ...
Десетици илјади Бугари излегоа на масовен протест против нацрт-буџетот за 2026 година во ноќта на 1 декември во главниот град Софија и во неколку други градови во Бугарија. Според Sofia Globe, неколку коментатори во последните денови изјавија дека протестите – за кои катализатор е нацрт-буџетот за следната година – не се само за нацрт-буџетот, туку и знак за отфрлање на де факто владејачкото мнозинство доминирано од Делјан Пеевски, санкциониран ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Политичката ДНК на една влада излегува на површина и преку технологиите кои решава да ги воведе. Деновиве, Министерството за внатрешни работи со голема помпа го најави воведувањето на системот Безбеден град (Safe City) во Скопје — модел кој во демократските земји одамна е напуштен или радикално трансформиран во концептот Паметен град (Smart City). Во време на сиромаштија и несигурност, со очигледен раст на авторитарните тенденции, ...
Властите во Белгија приведоа тројца осомничени и извршија рации во Европската служба за надворешни работи (EEAS) и Колеџот на Европа како дел од истрагата за сомнителна измама поврзана со обука финансирана од ЕУ за помлади дипломати, објави Политико. Претресите – спроведени на барање на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (EPPO) и одобрени од истражниот судија и белгиската федерална полиција – беа спроведени во EEAS во Брисел, во ...
ЦИВИЛ го објавува првиот дел од големото ексклузивно интервју со проф. д-р Стево Пендаровски, поранешен претседател на Република Северна Македонија и еден од најискусните аналитичари за безбедност, разузнавање и геополитика во регионот и пошироко. Во ова интервју Пендаровски проговори отворено, аргументирано и со невидена прецизност за хибридните операции што ја погодуваат земјата – и ги изговори можеби најострите предупредувања досега. „Кратко ...
Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На минатото рочиште Судот ги прифати приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата на докази не е доставена до обвинетите, и информираше дека тоа ќе им бидат доставени, а следната закажана расправа се одложува за истите да имаат време да може да се запознаат со истите. За да нема проблем на одолговлекување на постапката, Судот донесе одлука главната ...
Просечната декемвриска пензија е зголемена за 12,2 проценти и, според засега познатите параметри, ќе изнесува околу 56.860 динари, односно 485 евра, што номинално ќе биде околу 6.000 динари повеќе од сегашниот просек, изјави Реља Огњеновиќ, директор на Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), пренесува Политика. Тој за најновото издание на „Гласот на осигурителот“ изјави дека Фондот ПИО ќе се стреми да ги исплати зголемените ...
Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, во Москва денеска, откако од Белата куќа изразија оптимизам за постигнувањето договор за прекин на војната во Украина, објави Би-Би-Си. Според Би-Би-Си, се очекува да присуствува и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, кој дејствуваше како надворешен советник во дипломатските разговори. Самитот доаѓа по дводневните преговори ...
АлеКсандро Паломбо го реинсталира своето контроверзно дело кое ги прикажува Тунберг и Албанезе прегрнати од терорист на Хамас, пред пропалестинскиот митинг во Милано, откако претходните верзии беа вандализирани во Рим, пренесува Ynetnews. Контроверзен мурал од италијанскиот поп-уметник АлеКсандро Паломбо, на кој се прикажани Грета Тунберг и известувачката на ОН Франческа Албанезе во прегратка со терорист на Хамас, повторно се појави во петок ...
Новинарот Војо Маневски за ЦИВИЛ објаснува дека не може да има линеарно зголемување на нелинеарни пензии. Според него, социјалната политика не се сведува само на линеарно покачување – важно е да се обезбеди минимална пензија која ги покрива основните трошоци за живот. Денеска пред Уставниот суд во Скопје се собраа пензионери од целата држава за да побараат продолжување на линеарното зголемување на пензиите. Иницијативниот одбор, предводен од ...
Лишено е од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник, и е спроведено во притвор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Во саботата во 18:20 часот во ОВР Кавадарци e задржан Н.Ј.(32) од Кавадарци, кој во 14:25 часот е лишен од слобода на подрачје на СВР Битола, а бил баран по централен распис од ОВР Кавадарци поради основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ казниво по ...
Повеќе од 70.000 Палестинци се убиени како последица на израелската воена кампања во Газа, соопштува Министерството за здравство во енклавата, кое е под раководство на Хамас. Бројката продолжува да расте и по стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, додека израелската армија изведува нови воздушни напади за, како што наведува, „повреди на примирјето“, а телата на жртвите и понатаму се извлекуваат од урнатините. Меѓу најновите жртви се и ...
ЕРОЛ ЕИЗАОВ Логореа на македонски би можело да се преведе со брбливост, или дрдорење. Тоа е лесно душевно заболување кога непрестано се зборува, зборува и зборува. На скопски жаргон така се вели кога некој ломоти и меле како воденица, или кога ќе се каже чука празна слама. Некои тоа го викаат паламудење. Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и во владата на чело со премиерот Христијан Мицкоски, како и претседателката на државата Гордана Сиљановска, од нивните ...
Голем скандал со собирање средства ги потресува исламистичките кругови од Истанбул до Аман по обвинувањата дека речиси 500 милиони долари собрани во име на Газа никогаш не стигнале до Појасот. Парите завршиле под контрола на мрежи поврзани со Муслиманското братство кои работат низ Турција и Јордан, предизвикувајќи невообичаено јавен прекин со Хамас, објави блискоисточната новинска агенција The Medialine. Хамас нагло се дистанцира од групата ...
Властите на Грузија користеле хемиско оружје од Првата светска војна за да ги смират антивладините демонстранти минатата година, сугерираат доказите собрани од Би-Би-Си. „Можеше да се почувствува [водата] како гори“, рече еден од демонстрантите за водените топови насочени кон него и другите на улиците на главниот град Тбилиси. Сензација, рече тој, која не можеше веднаш да се измие. Демонстрантите против суспензијата на грузиската влада на ...
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека во пресрет на празниците и очекуваниот зголемен број прослави ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угостителските објекти. Целта е да се спречат нерегуларности во работењето и да се обезбеди заштита на гостите. Од Инспекторатот апелираат до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на ...
Камерите поставени на улиците од системот „Безбеден град “ од денеска ќе регистрираат сообраќајни прекршоци во рамки на едномесечен пробен период, пред целосната примена на системот предвидена за почетокот на следниот месец. Во тек на пробниот период возачите ќе добиваат предупредувања, без изрекување казни. Според најавите, во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како што се: управување на возило со брзина поголема ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 декември 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...
Украинските делегати го завршија својот состанок со американските претставници во Флорида на 30 ноември, додека двете страни ги продолжија преговорите за мировниот план поддржан од Вашингтон, чија цел е да се стави крај на војната меѓу Русија и Украинам пренесува Кијив Индипендент. Украинска делегација предводена од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио, ...
ДРАГАН МИШЕВ Протечената снимка од телефонскиот разговори меѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на Доналд Трамп, и Јуриј Ушаков, висок помошник за надворешна политика на Владимир Путин – кои ги разоткриваат напорите на претставникот на Трамп да изврши притисок врз американскиот претседател и Украина во корист на Русија – ја разнишаaт меѓународната политичка сцена и отворија лавина прашања: кој стои зад објавувањето и со каква цел? Она што ...
Владимир Путин го потпиша претседателскиот декрет бр. 858 на 25 ноември 2025 година, со кој се воспоставува „Стратегијата за државна национална политика“ на Русија до 2036 година – документ кој експлицитно вклучува четири окупирани украински области во долгорочната рамка за етничка асимилација на Москва и поставува целни метрики за бришење на украинскиот идентитет, објави Еуромајдан Прес. Декретот доаѓа во време кога Русија се соочува со ...
Денешната конференција во Скопје посветена на хибридните и информациските закани, на која ќе говори и премиерот Христијан Мицкоски, заедно со британскиот амбасадор Метју Лосон, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и професори и експерти во областа од државата и од Европа. Настанот, организиран од Институтот за комуникациски студии (ИКС) и поддржан од Британската амбасада, има за цел да понуди системски одговор на ...
Нацрт‑заклучоците на Советот на Европската Унија предвидуваат дека Северна Македонија ќе може да започне нова преговарачка фаза веднаш штом ќе ги спроведе потребните уставни измени. Тоа се однесува на ветото што Бугарија го постави заради прашањето со признавањето на бугарската заедница во уставот. ЕУ во нацрт‑документот во кој Радио Слободна Европа имаше увид. нагласува дека почетокот на преговорите не е автоматски — земјата истовремено мора да ...
Украински поморски дронови „Морско бебе“ нападнаа два санкционирани руски танкери за нафта, „Каирос“ и „Вират“, на 28 ноември, онеспособувајќи ги бродовите поврзани со флотата во сенка на Кремљ, изјави извор од Безбедносната служба на Украина (СБУ) за „Кијив Индепендент“ на 29 ноември. Операцијата беше насочена кон бродови покрај брегот на Црното Море на Турција, кои, според изворот, можеле да транспортираат нафта во вредност од речиси 70 ...
Најмалку четири лица се убиени во масовно пукање на детска роденденска забава во Калифорнија. Десет други лица се повредени во пукотницата во ресторан во саботата навечер, во северниот град Стоктон во државата. Локалната полиција вели дека меѓу жртвите има и возрасни и деца. Состојбата на повредените не е потврдена, пренесува Би-би-си. Осомничениот е сè уште на слобода, а полицијата вели дека верува оти пукањето можеби било „целно“. ...
Како што најави претходно, СДСМ денес, со прес конференција започна да ги открива, како што се вели во партискоото соопштение, „скандалите за криминалот на Владата на Мицкоски“. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, изјави дека станува збор за првиот од серијата скандали на Владата. Притоа, посочи дека фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тенеди од ...