Руската војна во Украина не е само физичка, туку е и информациска војна, што е разбирливо. Јас работам сега во Германија и можам слободно ка кажам дека украинските бегалци тука се наоѓаат во еден таканаречен информациски балон, кој исто така и јас го чувствувам но и работам на тоа да се препознае руската пропаганда во информативниот аспект, изјави Д-р Јевген Цималенко од Институт за новинарство „Тарас Шевченко“, Национален универзитет во Кијив – ...

„Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, ЦИВИЛ – Центар за слобода со деветдневна стратешка, граѓанска и мултимедијална програма по повод Неделата на човековите права 2025. Конференцијата е отворена со воведни обраќања на: Петра Дрекслер – амбасадорка на Германија во Северна Македонија, Лариса Дир – амбасадорка на Украина во Северна Македонија, Д-р Волфган Ресман – претседател на Медиумски дијалог (Германија), Роџер Касале – директор ...

Изет Меџити, градоначалникот на Чаир, рече дека ќе даде согласност за одржување на регионален собир за поддршка на поранешните лидери на ОВК, на кои им се суди во Хаг, кој треба да се одржи на шлоштадот „Скендербег“ во сабота, на 13 декември, но не кажа дали ќе и тој ќе присуствува. Иницијативата е поддржана од организации произлезени од конфликтот во Косово, кои сметаат дека хашкиот процес е политички мотивиран и дека има за цел ревизија на ...

И покрај демантот на премиерот Христијан Мицкоски дека Северна Македонија нема да прими ниту еден мигрант од Британија, СДСМ предупредува дека британските медиуми повторно објавуваат детали за наводни разговори на Владата за прием, слободно движење и долгорочно населување мигранти во земјата, за по 20.000 фунти по лице. Опозицијата обвинува дека владата крие договори од јавноста, додека премиерот тврди дека вакви разговори никогаш не постоеле. ...

Пратениците на вториот ден од расправата го донесоа буџетот за 2026 година, тежок 6,7 милијарди евра. Вкупно гласаа 85 пратеници – 71 гласаа „за“, а 14 против, воздржани немаше. Буџетот за 2026 година тежи отприлика 6,7 милијарди евра и во него растот на БДП е проектиран на 3,8%, а инфлацијата на 2,5%. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5% од планираниот БДП. Расправата ...

Претседавачката на ОБСЕ, министерката за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен, повика на поддршка на Украина во постигнувањето праведен и траен мир, истакнувајќи дека начинот на кој ќе заврши руско-украинската војна ќе има одлучувачко влијание врз иднината на мирот и стабилноста не само во Европа, туку и низ целиот свет, пренесува Укринформ според обраќањето на Валтонен пред Советот за безбедност на ООН. „Руската агресивна војна против ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни, од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски. „Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни О.С.(49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично ...

Министерството за внатрешни работи (МВР), апелира до граѓаните за време на Новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки последици кои можат да го запечатат животот на младиот човек. Петардите се опасни и штетни. Aктивностите на ...

Денот на човековите права е потсетување дека демократијата не опстојува сама од себе, туку преку активното учество и будност на граѓаните. Во време на војни, дезинформации и сериозни удари врз слободите, молкот станува простор во кој неправдата се шири. Украина и понатаму се бори за своето право на слобода и достоинствен живот, додека страдањата во Газа укажуваат на длабока криза на човечноста и одговорноста на меѓународната заедница. „Молкот ...

Меѓународните разговори за промените во правилата за миграција на Европскиот суд за човекови права за револуција во начинот на кој ги решава случаите на миграција ќе започнат во среда, пренесува Би-би-си.Британската влада ги повикува партнерите да го модернизираат начинот на кој државите се справуваат со кризата со нелегална миграција низ целиот континент. Разговорите се најзначајниот знак досега дека меѓународното право за човекови права би ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ја најави првата сериозна граѓанска иницијатива против, како што наведе претседателот Венко Филипче, опасните и штетни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со можен прием на мигранти во земјата. Филипче истакна дека е време да се крене гласот на народот и најави покренување онлајн петиција како прв чекор за спречување на, како што го нарече, антидржавното и антинационално однесување на ...

По повод Денот на човековите права, ЕУ останува цврсто посветена на заштитата на човековите права дома и во светот, како и на обезбедувањето мир, вистина, правда и отчетност, изјави денес високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Таа потсети на непоколебливата поддршка на ЕУ за Обединетите нации, Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права и сите нејзини партнери ширум светот во повикувањето до сите држави да ги почитуваат и исполнуваат ...

Украина би можела да биде подготвена да одржи избори за време на целосна војна на Русија доколку американските и европските партнери помогнат во обезбедувањето на безбедноста, изјави претседателот Володимир Зеленски пред новинарите на 9 декември, пренесува Кијив Индипендент. Изјавата на Зеленски следи по неодамнешните забелешки на американскиот претседател Доналд Трамп за изборите во Украина. Кога беше запрашан, Трамп рече во интервју за ...

Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во македонското Собрание денеска закажа седница, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во писмото на Здружението се посочува дека ова за нив не е политичка тема, туку борба за правда за нивните деца и спречување на идни ...

СДСМ остро реагира на објавите во британските медиуми за можни преговори за прием на мигранти, обвинувајќи ја владата на Христијан Мицкоски за изолација, сиромаштија и бегство на младите. Од друга страна, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски уверува дека такви договори за бегалски кампови нема и дека станува збор за спин. СДСМ оценува дека Мицкоски и ВМРО–ДПМНЕ со своите погрешни и криминални политики ја туркаат Македонија во изолација, ...

„Демократијата преживува само кога активно се брани. Ние сме тука токму за тоа – да ја браниме, да ја унапредуваме и да ја споделиме таа обврска со целото општество“, истакнаа од ЦИВИЛ, при најавата на деветдневната општествена, стратешка и мултимедијална програма „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, посветена на човековите права, демократската отпорност и современите хибридни закани кои се закануваат на слободата и стабилноста на ...

Претседателот на Европскиот совет, Антониу Кошта, порача дека САД треба да се воздржат од „закани за мешање во демократскиот живот“ на европските сојузници. Ова се првите покритични реакции од високите институции на ЕУ по објавувањето на новата Национална стратегија за безбедност на САД, каде Вашингтон ја претстави својата визија за глобалните геополитички предизвици, пишува Политико. Говорејќи на Конференцијата „Жак Делор“ во Париз, Кошта ...

Украина се подготвува да презентира ревидиран мировен план до Белата куќа, бидејќи се обидува да избегне територијални отстапки кон Русија, пренесува Би-би-си. Кијив е подготвен да предложи алтернативи на САД откако претседателот Володимир Зеленски повторно ја исклучи можноста за откажување од земјиште, велејќи дека „нема право“ да го стори тоа според украинското или меѓународното право. Тој ги даде коментарите за време на средбата со европските ...

Обновените борби меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се проширија, бидејќи се пријавуваат повеќе смртни случаи и илјадници се раселени, пренесува Би-би-си. Камбоџа вели дека уште двајца цивили се убиени во гранатирањето на тајландските сили во текот на ноќта, со што вкупниот број на жртви од нејзина страна се искачи на седум. Тајланд објави дека најмалку тројца војници се убиени Двете страни се обвинуваат меѓусебно за судирите, кои го ...

Реакциите на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски во врска со скандалот со семејната фирма која добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра се обид за бегање од одговорност, оценија денеска од опозициската СДСМ. Според партијата, одбраната на Томовски е полна со контрадикторности, бидејќи тој ги потврдува семејните релации и личните податоци поврзани со фирмата, но ја негира деловната поврзаност. „Што ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба, нови факти, докази и документи, како, според нивните сознанија, семејната фирма на Томовски го чисти буџетот. Или со бројки, 5.3 милиони евра, 161 тендер. Толку многу има добиено семејната фирма на Томовски, велат од СДСМ и посочуваат дека особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт, за 306% во2024 година! А оваа 2025 година има тендери од речиси половина милион евра. Од ...

ДРАГАН МИШЕВ Претседателот на САД, Франклин Д. Рузвелт, во 1941 година го заврши американскиот изолационизам и ги вклучи САД во конфликтот како дел од сојузниците против силите на Оската, борејќи се и на европските и на пацифичките фронтови. Но дури и за време на таканаречениот изолационизам, со Законот за заем и наем, од март 1941 година, САД почнаа да снабдуваат воен материјал со Велика Британија и другите сојузници (вклучително и СССР), во ...

„Најважното прашање при сумирањето на изборните резултати не е само бројот на гласови. Клучно е да се прашаме: колку од тие гласови се купени и од каде доаѓаат средствата што се користат за тоа?“, изјави професорот по безбедност Владимир Пивоваров во интервју за ЦИВИЛ Медиа. Во повеќето случаи, одговорот лежи во корупцијата – системска и тешко видлива. Со самото учество во вакви избори, со нашето молчење и немоќ да се спротивставиме, ние ...

Новата руска воена единица што ја замени платеничката група Вагнер врши злосторства, вклучувајќи силувања и обезглавувања, додека се здружува со војската на Мали за да ги лови екстремистите, изјавија за Асошиејтед Прес (АП) десетици цивили кои избегале од борбите. Африканскиот корпус ја користи истата тактика како Вагнер, рекоа бегалците, во извештаи што досега не ги објавија меѓународните медиуми. Двајца бегалци покажаа видеа од села изгорени ...

Русија ја поздрави новата Национална безбедносна стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ја „во голема мера конзистентна“ со визијата на Москва, пренесува Би-би-си. Документот од 33 страници, кој го откри американската администрација оваа недела, сугерира дека Европа се соочува со „цивилизациско бришење“ и не ја претставува Русија како закана за САД. Борбата против странското влијание, прекинувањето на масовната ...

Мигрантските кампови повторно се вратија на политичката сцена. Според „Тајмс“, Владата на Мицкоски преговара со Велика Британија за отворање кампови во Македонија, и покрај порано дадените уверувања дека тоа нема да се случи. „Тајмс“, еден од најреномираните британски медиуми, објави дека Владата на Мицкоски официјално преговара со Велика Британија за отворање мигрантски кампови во Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, ...

Сикорски и Маск повторно се расправаат за нападот на САД врз ЕУ. Полскиот министер за надворешни работи му порача на Илон Маск да „Оди на Марс“ откако милијардерот повика на укинување на Европската Унија – дел од бранот критики од страна на високи американски личности насочени кон миграциската политика на блокот и демократските акредитиви, пренесува TVP World. Радослав Сикорски повторно го разгоре спорot на дуото во саботата навечер откако Маск ...

Добро би било малку да одмориме од силната тензија, би рекол секојдневна, од настапите на премиерот. Еве сега, по трет пат стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ, едногласно и без конкуренција и време е малку човекот да одмори. Се напна човекот, водеше неизвесна борба за местото претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во ептен тесна конкуренција. Веројатно прашање беше дали сите едногласно ќе го изгласаат или некој ќе апстинира. И му апстинираа, ама сега ќе го ...

Во пожар во популарен ноќен клуб во крајбрежниот регион Гоа во Индија загинаа 25 лица, според локалните власти, пренесува Би-би-си. Се верува дека повеќето од жртвите се вработени во ноќниот клуб „Бирч бај Ромео Лејн“, кој се наоѓа во близина на популарна плажа. Се вели дека меѓу загинатите има и туристи. Полицијата верува дека експлодирала гасна боца во кујната на клубот, предизвикувајќи пожар што го зафатил местото во саботата на полноќ по ...

Операциите на Меѓународниот аеродром во Вилнус беа накратко прекинати на 6 декември откако неидентификувани објекти – за кои се верува дека се белоруски балони – беа откриени во околниот воздушен простор, соопшти аеродромот. Како што пренесува Кијив Индипендент, овој инцидент е трет ваков прекин во Литванија оваа недела, при што Вилнус се соочува со повторени прекини на летовите во текот на изминатите месеци. Европските аеродроми сè повеќе се ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
76%
1027
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1029
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.6
74%
1028
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
0.88
86%
1026
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1026
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
58%
1027
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 5ᴼ
2.24
80%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
94%
1027
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
82%
1027
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Сребро

2105.58

Родиум

258813.51

Злато

139298.91

Платина

62683.26

Калај

43.15

Паладиум

53788.20

Бакар

10.93

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.92

Цинк

3.04

Кобалт

58.42