
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Вечерва Одеса се соочува со кошмар. Руски беспилотни летала камикази намерно гаѓаа станбени згради, трговски центар и претпријатија. Меѓу повредените има и млада девојка до 18 години, пренесува фејсбук страната Meanwhile in Ukraine. Окупаторите ја сменија тактиката – сега лансираат беспилотни летала во масивни бранови за да ја совладаат воздушната одбрана и мобилните единици. Овие дронови нуркаат од 2.000 метри за прецизни удари, предизвикувајќи ...
Во тек е полициска акција по наредба на ОЈО Кочани во врска со пожарот во клубот „Пулс“. Приведени се поранешните градоначалници на Кочани: Николчо Илијев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов. Акцијата ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации ќе има утре. Папазов, кој поднесе оставка по пожарот, беше на распит на 17 март, а неговиот статус во истрагата сè уште не е одреден. Димитровски беше градоначалник од 2009-2017, а Илијев од 2017-2021. ...
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е приведен поради обвиненија за корупција и тероризам, го повика турскиот народ да застане против, како што рече, „злото“. – Како нација мораме да застанеме против ова зло. Ова е мојот повик до мојот народ, напиша Имамоглу денеска на Х, пренесе МИА. Како што пренесе ДПА, тој ја обвини владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган дека го таргетира неговото семејство и имотот, повикувајќи ги јавните ...
ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите медиуми да ги почитуваат етичките и професионалните стандарди за известување и да ја почитуваат приватноста и достоинството на ужалените семејства од трагедијата во Кочани. ЦИВИЛ ги повикува медиумите да ја испочитуваат болката и тагата на семејствата и во деновите кои следат. Уште еднаш ЦИВИЛ и ЦивилМедиа изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на настраданите во трагедијата во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ќе потпише долгонајавуваната извршна наредба која има за цел затворање на Министерството за образование, постапувајќи по клучното предизборно ветување, според резимето на Белата куќа до кое дојде Ројтерс, пренесува ЦивилМедиа. Дури и пред да биде потпишан, наредбата беше оспорена од група демократски државни јавни обвинители, кои поднесоа тужба со цел да го блокираат Трамп да го распушти одделот ...
Двајцата највисоки републикански пратеници кои ги водат надзорните комисии на Пентагон во Конгресот на САД, во средата издадоа ретко, заедничко соопштение во кое алармираат за потенцијално потресување на командите на американската војска од страна на администрацијата на Трамп, објави Ројтерс, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Во соопштението од канцелариите на сенаторот Роџер Викер и на претставникот Мајк Роџерс се цитираат извештаи во печатот, вклучително ...
Додека лидерите на ЕУ и Володимир Зеленски пристигнуваат на самит во Брисел, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, уште еднаш ја обвини Европа дека не ги поддржува напорите на Русија и САД да се постигне, како што рече, „мирно решение“ во Украина. „Европа почна да се милитаризира и се претвори во воена партија“, рече тој на дневниот брифинг со новинарите, според Би-би-си. „Плановите за милитаризација на Европа, кои очигледно се во спротивност со ...
ДЕХРАН МУРАТОВ „Куририте“ на власта грчевито се борат да ги замолчат сите што бараат правда за загинатите млади животи во Кочани. Цела „курирска“ машинерија е пуштена на најјако и се обидува да го оцрни ЦИВИЛ, активистите и граѓанското општество дека организираат протести, дека тоа е злоупотреба на трагедијата итн. итн… Нека им служи на чест на тие „гласници“ кои прифатија да бидат дел од една крајно нечовечка кампања, само колку да нè замолчат ...
И покрај сите предупредувања и договорениот Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани, денеска е забележано нарушување на основниот кодекс за почитување на приватноста на погодените, што беше опфатено и во протоколот кој со направија Владата на РСМ, ССНМ и ЗНМ. – Главнината од домашните медиуми, со неколку отстапки, го испочитуваат договорот и се придржуваа до насоките и информираа ...
„Владата изразува најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај континуираните апели за почитување на етичкото новинарство, денеска ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за погребот во Кочани“, се наведува во соопштение на Владата на РСМ. Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на ...
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) ги повика медиумите во државата што известуваат за погребот во Кочани веднаш да ги избришат фотографиите и да ги приспособат вестите на етички и професионални стандарди, јавува МИА од Белград. НУНС смета дека денешното известување на повеќе српски медиуми што објавија потресни и вознемирувачки фотографии е длабоко неморално и неприфатливо. Објавувањето фотографии и видеа од гробни места, членови ...
Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип и Облешево. Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи. Со починатите, од кои голем ...
Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите, и замолуваме да не се шпекулира со невистините информации, соопштија од Министерство за здравство. 1-Алексова Стефанија 2004 2-Џамов Јорданчо 1993 3-Трајчев Иван 2000 4-Ѓоргиев Џоко 2000 5-Коларов Александар 1981 6-Величков Иван 1998 7-Стојанов Андреј 2000 ...
Европската комисија денеска соопшти дека исплатила дополнителна транша од една милијарда евра од заемот за макрофинансиска помош за Украина, која ќе биде отплатена со приходите од замрзнатиот руски имот во Европската унија. „Со денешната исплата од една милијарда евра, ја потврдуваме нашата цврста посветеност на Украина. Ние и помагаме на економијата на земјата да закрепне и да биде обновена критичната инфраструктура оштетена од руската ...
Во Турција се притворени 27 лица под сомнение дека на социјалните мрежи објавиле провокативни коментари за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамолу, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој на платформата Икс објави дека осомничените „објавувале провокативни коментари за апсењето на Имамоглу кои поттикнуваат на злосторства и омраза“. Јерликаја наведе и дека турските власти идентификувале 261 спорни објави на ...
Денес ќе бидат погребани загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани . Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други места од каде што има починати ќе бидат во различни временски периоди. Штип ќе се прости од петмината загинати во пожарот во дискотеката во ...
Раните знаци по повиците на Трамп со Путин и Зеленски за ставање крај на војната во Украина од руската инвазија пред три години, се обесхрабрувачки, откако Путин го одби предлогот на Трамп за 30-дневен прекин на огнот. Но, Трамп го обликува отворањето на секој дијалог како триумф. И секој лидер се обидува да манипулира со дипломатијата за свои цели и да ја игра играта за односи со јавноста, не само за да ја избегне вината ако сè се распадне, ...
Во Турција избија масовни протести откако властите го приведоа градоначалникот на Истанбул, само неколку дена пред тој да биде избран за претседателски кандидат, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Обвинителите го обвинија Екрем Имамоглу, од секуларната Републиканска народна партија (ЦХП), кој се смета за еден од најсилните политички ривали на претседателот Реџеп Таип Ердоган, за корупција и помагање на терористичка група, нарекувајќи го ...
Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. – Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и ...
Од Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ) упатија апел до медиумските работници кои се во моментов на терен во Кочани и другите градови од каде што имаше жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“. Тие велат да се почитува приватноста и етичките стандарди и дека новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство. ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со ...
Обединетото Кралство во четврток е домаќин на затворен состанок на високи воени лидери од „коалицијата на подготвените“, додека тие подготвуваат планови за предложени мировни сили за Украина, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Се смета дека се вклучени повеќе од 20 земји. Се очекува премиерот Сер Кир Стармер да присуствува во четврток попладне по првата посета на Бароу, каде што треба да ја стави во употерба HMS Dreadnought, една од ...
Владата на Република Северна Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани. За претставниците на медиумите кои ќе известуваат за настанот, полициските ...
На 19 март полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше. Тој бил фатен во угостителски објект во Скопје при примање поткуп. Имено, тој побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од ...
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов апелира до граѓаните кои денеска во Кочани ќе оддадат почит на настраданите во пожарот, да не ја попречуваат погребната церемонија. Денес, треба да ги оставиме најблиските, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда, порача Ангелов. -Невозможно е, нехумано и непотребно, сите во исто време да пријдат околу телата на починатите. На родителите им треба ...
Тимот за итна медицинска помош на ОК е распореден во Северна Македонија за да обезбеди критична рехабилитациска поддршка за повредените во трагичниот пожар во Кочани. Државниот секретар од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој, пратеникот Дејвид Лами го одобри одговорот на барање за помош од Владата на еверна Македонија, објави амбасадорот на ОК во земјава, Метју Лосон. на социјалната мрежа Х. The UK Emergency Medical Team has ...
Протестите во Србија, но и настаните во Босна и Херцеговина и Косово, сепак го привлекоа вниманието на меѓународната политика. По неколкумесечно игнорирање на студентскиот и граѓанскиот бунт, се огласија некои западни политичари, кои меѓу другото дадоа поддршка за територијалниот интегритет на БиХ, но и некакви претпазливи коментари за бранот незадоволство на српските улици, се наведува во анализа на ДВ на српски јазик. Се чини дека донекаде ...
Сите пациенти кои се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат, а од вкупно 20 критични, 10 се потешки, но и тие се стабилни, надвор од животна опасност, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Како што изјави Таравари, во државава се лекуваат 72 пациента, а надвор 101. Од оние што се лекуваат во земјава, тројца се вчера веќе испишани, а утре се планира да бидат испишани уште три. ...
Полицијата ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје за непочитување на одлуката за седумдневна жалост. „На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска ...
Израелската војска во средата соопшти дека започнала „целни копнени активности“ во Газа, делумно заземајќи клучна област на територијата, еден ден по лансирањето на воздушното бомбардирање на појасот што го урна двомесечниот прекин на огнот со Хамас, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Операцијата започна еден ден откако Израел го обнови бомбардирањето на Газа, рушејќи го кревкиот прекин на огнот со Хамас. Израел го обвини Хамас дека ...
Доналд Трамп сугерираше дека САД би можеле да преземат сопственост на електрани во Украина за да ја осигураат нивната безбедност Претставници на Белата куќа велат дека предлогот дошол во телефонскиот разговор на Трамп со Зеленски во средата – но украинскиот претседател вели дека се разговарало само за електраната во Запарижја. Зеленски рече дека траен мир е можен оваа година по „позитивниот“ телефонски повик. Трамп го опиша телефонскиот разговор ...