Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
За прв пат, украинските сили погодија два руски амфибиски авиони Бе-12 Чајка во окупираниот Крим, објави военото разузнавање на Украина (HUR) на 22 септември, пренесува Кијив Индипендент. Нападот беше извршен на 21 септември од страна на специјалната единица Примари („фантоми“) на HUR, според соопштението. „Ова е првиот напад врз Бе-12 во историјата“, соопшти агенцијата. Единицата Примари е одговорна за голем број успешни напади со беспилотни ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, како дел од новите мерки за граѓаните, најави зголемување на пензиите, минималните плати и платите во здравството и образованието, пренесува РСЕ. Меѓу мерките е и новиот закон „Свој на своето“, чија цел е легализирање на 4,8 милиони згради кои немаат регистрирани права или дозволи за користење. Обраќајќи се до јавноста од Палатата на Србија, Вучиќ најави зголемување од 5 проценти на платите во ...
Европските претставници наводно го предупредиле Израел да не анектира делови од окупираниот Западен Брег како одмазда за признавањето на палестинската државност од западните земји, објави Гардијан. Велика Британија, Австралија и Канада формално ја признаа палестинската државност во неделата, во историски потег што ги стави трите главни сојузници на САД во конфликт со администрацијата на Трамп и предизвика непосреден, гневен одговор од Израел. ...
Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер вели дека го предупредила Израел да не анектира делови од Западниот Брег како одмазда за признавањето на палестинската државност од страна на Велика Британија. Купер зборуваше за Би-Би-Си пред да присуствува на конференција во понеделник во ОН во Њујорк, каде што Франција и други европски држави треба да дадат слична најава. Во она што беше значајна промена во политиката, премиерот Сер ...
ДИЈАНА ТАХИРИ Партиските вработувања со децении претставуваат еден од најтешките тумори на јавната администрација во Северна Македонија. Иако минатата недела министерот за јавна администрација најави крај на оваа практика, јавноста со право останува скептична – прашањето е дали навистина ќе има промена или ќе станеме сведоци на уште една формална реформа без суштина. Практиките на партизација почнаа масовно да се вкоренуваат во времето на ...
По повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест – 21 Септември, Здружението на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и невронаука во Македонскиот народен театар (МНТ) организира настан „Алцхајмер матине – Патување низ времето“. Целта, според организатоторот, е да се влијае на подигнување на јавната свест за болеста, која ја нарекуваат епидемија на 21 век. – „Алцхајмер матине“ е топол и поддржувачки собир кој преку реминисцентна терапија и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Сиљановска-Давкова ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво, што се одржуваат по повод 80. Генерално собрание на ОН. Претседателката ќе оствари средба со Генералниот секретар на ...
Во вториот дел од разговорот со проф. д-р Оливер Андонов, универзитетски професор на Воената академија во Скопје и еден од основачите на Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, фокусот го насочуваме кон европските перспективи на Северна Македонија, иднината на неговата матична партија, визиите за одбранбениот систем и меѓународните предизвици. Европската перспектива – реалност или илузија? Андонов остро ги анализира ...
Вкупно 34 пожари на отворен простор на територија на државата се евидентирани изминатото деноноќие, до седум часот утрово. Два се сѐ уште активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Букова шума гори на Кожуф планина, кај село Петрово, општина Гевгелија. Ниска вегетација е опожарена на планината Добра Вода, општина Македонски Брод. Од пожарите што се ставени под контрола, два ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2025 година изнесува 65 077 денари и е намалена за 430 денари споредено со август годинава, кога беше 65 507 денари. Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, изнесува 80 452 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 394 денари или 35,9 отсто, ...
Во ова издание на КОЛЕГИУМ разговараме отворено и без ракавици за лагите кои ги трујат граѓанките и граѓаните. Без пардон, директно и со аргументи – разобличуваме наративи, манипулации и политички игри што ја загрозуваат демократијата. КОЛЕГИУМ ја отвора секоја тема без страв и калкулации. Сите жешки теми од земјата, регионот и светот на едно место – КОЛЕГИУМ. Предизборните наративи во македонскиот и албанскиот политички блок. Хибридни закани ...
Одговорот на НАТО на најновата провокација на Русија покажа дека алијансата е подготвена да употреби сила доколку е потребно, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур за естонскиот медиум ERR на 20 септември, пренесува Кијив Индипендент. Изјавата следи по неодамнешните ескалации на руските провокации во воздушниот простор на НАТО. „Во петокот видовме дека НАТО функционира многу ефикасно… дури и до тој степен што ако навистина бевме ...
Велика Британија сега формално ја признава палестинска држава, вели премиерот Кир Стармер во видео изјава на социјалните медиуми, пренесува Би-би-си. Пред објавата, Канада стана првата земја од Г7 што го прави истиот потег, по што следува Австралија Стармер вели дека ја одржува „жива можноста за мир“ и инсистира дека Велика Британија ќе „продолжи да се бори за да ги врати“ дома израелските заложници што сè уште се во Газа Но, израелското ...
На вчерашната парламентарна седница, пратеници од оопзицијата го фрлија деловникот врз албанскиот премиер Рама, во моментот кога тој се обидуваше да ја поврза дигиталната министерка Диела со собранискиот систем. По нередите, претседателот на парламентот ги прекина дискусиите и прејде кон гласање на владината програма. Од делегацијата на ЕУ во Албанија, излегоа со реакција дека е жално што албанската јавност беше лишена од можноста правилно и ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Во говорот на премиерот Христијан Мицкоски на промотивен настан за кандидатот за градоначалник на главниот град, Орце Ѓорѓиевски, од 20 септември, се појавија неколку клучни и често повторувани наративи кои бараат внимателна анализа. На прв поглед тие звучат убедливо и оптимистички, но зад себе носат пораки и импликации што можат да ги замаглат фактите и да создадат погрешна претстава кај јавноста. Оваа анализа е претставена како ...
Холандската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера насилните антиимиграциски демонстранти во Хаг во саботата, пренесува Би-би-си. Триесет лица беа уапсени, а двајца полицајци беа повредени додека големи групи луѓе се судрија со полицијата, при што некои фрлаа камења и шишиња. Околу 1.500 луѓе блокираа автопат што минува низ градот, додека полициско возило беше запалено, објави холандската новинска агенција ANP, ...
Прилепската полиција приведе 13 лица по масовна тепачка пред градската болница „Борка Талески“ во Прилеп. Физичката пресметка била меѓу две групи кои, за полицијата да ги смири, службено лице пукало во воздух. Инаку, на три лица им е укажана лекарска помош кои се здобиле со полесни телесни повреди од удари по главата. Како што информираат од СВР Битола во прилепската полиција денеска околу 12 часот било пријавено дека пред Градската општа ...
Со приближувањето на денот на изборите, се зајакнува и воспалувачката меѓупартиска реторика. На досегашните доминантни наративи се надоврзаа и неколку нови, како -прислушување во АНБ, хибридни закани од странски центри на моќ и морбидната кампања со фотомонтажи– кои пред се служат за меѓусебно препукување и оцрнување на противникот, особено се кај најголемите претставници на македонското гласачко тело. Во контекст на анализата на Драган Мишев ...
НАТО мора да остане обединет и решително да одговори на руските провокации, изјави чешкиот претседател Петр Павел на 20 септември, во услови на зголемени руски нарушувања на воздушниот простор на НАТО, пренесува Кијив Индипендент. „Во овие времиња, мора да дејствуваме цврсто, а доколку се случат нарушувања, мора да одговориме соодветно, вклучително и воено. Русија многу брзо ќе сфати дека направила грешка и ги пречекорила своите граници. За ...
Се очекува Сер Кир Стармер да објави признавање на палестинската држава од страна на Велика Британија во изјава во недела попладне, пренесува Би-би-си. Премиерот во јули изјави дека Велика Британија ќе ја промени својата позиција доколку Израел не исполни неколку услови, вклучително и согласност за прекин на огнот во Појасот Газа и посветеност на долгорочен мировен процес што ќе доведе до коегзистирање на палестинска држава покрај Израел. ...
На 17 септември 1939 година, советските сили влегоа во Полска од исток, во договор со нацистичка Германија, извршувајќи го својот дел од Пактот Молотов-Рибентроп. Како и во другите кампањи и пред и потоа, Кремљ ќе следи позната шема, користејќи пропаганда за да ја маскира својата агресија и да се претстави како ослободители. Осумдесет и шест години подоцна, апсурдните лаги кажани од советската пропаганда одекнуваат до ден-денес. Објавувајќи ...
Владата во соопштение до медиумите реагираше на критиките од опозициската СДСМ, поврзани со мерката за ангажирање 400 пожарникари, нарекувајќи ги тврдењата на опозицијата „манипулации и политички напади“. -СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Полските и сојузничките авиони беа распоредени рано наутро во саботата за да се обезбеди полскиот воздушен простор откако Русија започна воздушни напади врз западна Украина во близина на границата со Полска, соопштија вооружените сили на земјата членка на НАТО, објави Франс 24. Во 03:40 часот по Гринич (05:40 по средноевропско време), речиси цела Украина беше под тревога за воздушен напад од руски ракети и беспилотни летала. ...
Повеќе од 70 лица се убиени во нападот со дрон врз џамија во регионот Дарфур, во Судан, изјави за Би-Би-Си висок медицински извор. За денешниот напад во градот ал-Фашер беа обвинети паравоените Сили за брза поддршка –РСФ (RSF), група која не ја презеде одговорноста за настанот. Регуларната армија и паравоените РСФ повеќе од две години водат жестока граѓанска војна во Судан. Паравоилните сили добиваат на сила во битката за целосна контрола врз ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера на прес конференцијата со британскиот премиер Кир Стармер, навести дека сака да ја врати воздухопловната база Баграм во Авганистан под контрола на САД, четири години по повлекувањето на американските трупи од земјата. Пред Стармер тој даде изјава за овој план што го споменуваше и претходно, но кој, се чини, сега доаѓа во центарот на неговото внимание. -Ја сакаме назад таа база, рече Трамп за време ...
Три руски борбени авиони МИГ-31 денеска, без дозвола, влегоа во естонскиот воздушен простор во областа на островот Виндло и останаа во естонскиот воздушен простор речиси 12 минути, објави естонскиот портал „Err.ee“. Според извештаите, авионите немале планови за лет, а нивните транспондери биле исклучени. Во моментот на прекршувањето, авионите немале и двонасочна радио комуникација со естонските служби за воздушен сообраќај. Министерството за ...
Шеснаесет држави од Европа, меѓу кои и Северна Македонија, денеска во малтешкиот главен град Ла Валета го потпишаа Третиот дополнителен протокол кон Европската конвенција за меѓусебна помош во кривичната материја, соопшти Советот на Европа. Во соопштението се нагласува дека Протоколот бил потпишан во рамки на неформалната Конференција на министрите за правда на земјите членки на Советот на Европа, што се одржува во Ла Валета. Покрај земјава, ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ Европската комисијата денеска го усвои новиот 19-ти пакет санкции кон Русија На денешниот редовен прес брифинг главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо, соопшти дека Европската комисијата денеска го усвои новиот, 19-ти пакет санкции кон Русија. Пињо нагласи дека повеќе детали за пакетот санкции ќе соопшти претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен во изјава што ќе биде објавена попладнево. Според претходните најави, ...
Нема да одиме на предвремени парламентарни избори, бидејќи претставниците на владината коалиција ќе победат на локалните избори на 19 октомври, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Владата е стабилна и кохерентна, а владината коалиција ќе победи на овие локални избори, рече Мицкоски на денешната средба со новинарите. Тој нагласи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да ги реализира ветените проекти, а ...
Неколку медиуми објавија дека ВМРО-ДПМНЕ е драстично пред СДСМ еден месец пред локалните избори во Македонија, покажува анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), изработена за потребите на МРТ. Според резултатите, 42,6% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека за СДСМ се изјасниле само 7,9%. Левица има 7,8%, а останатите партии и независни листи добиваат минимална поддршка. Кога пак се прашани која ...