
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



Студентите во блокадата најавија дека ќе ја прекинат блокадата на Радио и телевизија на Србија доколку денес на седницата на Комисијата за култура и информации на Собранието на Србија се донесе одлука за распишување конкурс за членови на Советот на РЕМ, што е едно од нивните клучни барања поради кои го блокираа јавниот сервис, пренесе Еуроњуз. Тие во емисијата „Впечаток на неделата“ изјавија дека доколку се донесе таква одлука, ќе се повлечат од ...
Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на петтата сесија на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавја 5 – јавни набавки, 18 – статистика, 32 – финансиска контрола) во организација на Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ). Тема на настанот е „Борба против корупцијата преку транспарентност и отчетност: Препораки и можности во Република Северна Македонија низ перспективата на европските ...
Морнарицата на Индија тестираше ракети во неделата, покажувајќи ја својата способност да изведува „ прецизни и офанзивни напади со долг дострел “, додека тензиите со Пакистан растат по терористичкиот напад од минатата недела во индискиот дел од Кашмир, во кој загинаа 26 цивили. „Бродовите на индиската морнарица извршија успешни повеќекратни противбродски истрели за повторно да ја потврдат и демонстрираат подготвеноста на платформите, системите и ...
Северна Кореја за прв пат потврди дека испратила војници да се борат заедно со руските сили во Курската област по наредба на лидерот Ким Џонг-ун, пренесува Кијив Индипендент. Во соопштение објавено од државната новинска агенција KCNA, владејачката Работничка партија го опиша распоредувањето како демонстрација на „највисокото стратешко ниво на цврсто милитантно пријателство“ меѓу Северна Кореја и Русија. Објавата дојде откако вршителот на ...
Почнувајќи од 1 мај 2025 година, граничните контроли за возила и патници на Република Косово и Албанија повторно ќе бидат укинати, јавуваат косовските медиуми. Оваа одлука важи за возила со косовски и албански регистарски таблички. Одлуката доаѓа во спроведување на договорот меѓу владите на Косово и Албанија, за премин на возила и патници меѓу двете земји без гранични контроли. Се очекува граничниот премин Морина да го спроведе овој договор од ...
Тимот на ЦИВИЛ, на почетокот на пролетта, 2011 година, направи мега интервју со Амбасадорот Ерван Фуере, тогашен Специјален претставник на ЕУ и Шеф на Делегацијата на ЕУ. Во воведот кон интервјуто, авторите Џабир Дерала, Харалд Шенкер, Илир Ајдини и Звездан Георгиевски, тогаш напишаа: „Амбасадорот Ерван Фуере беше еден од главните инспиратори на нашиот проект за политичка култура и дијалог од кој произлегува и ова списание, а врз основа на ...
Според јеменските Хути, американски воздушен напад погодил затвор во кој се чуваат африкански мигранти, при што загинале најмалку 68 лица, а 47 биле ранети. Од американската војска досега нема коментар, пренесува Си-Ен-Ен. Нападот во губернијата Саада во Јемен, упориште на Хутите, е најновиот инцидент во децениската војна на земјата за убивање африкански мигранти од Етиопија и други земји кои ризикуваат да ја преминат земјата за шанса да работат ...
Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ вчера изјави дека земјите-членки на НАТО ќе вршат надзор на хрватскиот воздушен простор до крајот на оваа година, или најдоцна до почетокот на следната година, до кога авионите „Рафал“ ќе бидат целосно опремени, а пилотите обучени. Откако ја презентираше изборната програма на кандидатот на ХДЗ за градоначалник на Осиек, Иван Радиќ, на новинарско прашање кога авионите „Рафал“ што ги набави ...
Германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) денеска ќе одржи партиска конференција, на која ќе биде ставен на гласање постигнатиот договор со социјалдемократите за коалициска влада на федерално ниво, јави ДПА, пренесе МИА. Конференцијата ќе се одржи повеќе од една недела пред очекуваниот избор на лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, за канцелар на Германија. На партиската конференција во Берлин, се очекува Мерц да ги претстави кандидатите на ЦДУ ...
Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во вторник ќе организираат ,,Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција. Според најавата, маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје, по што ќе се продолжи пред собранието на Македонија, пренесува Слободен печат. ,,Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на ...
Триесетгодишен маж е обвинет за осум обвиненија за убиство од втор степен откако автомобил влетал во толпа на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, оставајќи најмалку 11 мртви и десетици повредени, објави Би-би-си. Каи-Џи Адам Ло, жител на градот, се појави на суд доцна во неделата и беше pратен во притвор, соопшти полициската управа на Ванкувер, додавајќи дека се очекуваат дополнителни обвиненија. Вршителот на должноста шеф на полицијата Стив ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека мисли дека неговиот украински колега, Володимир Зеленски, е подготвен да го отстапи Крим на Русија како дел од мировниот договор – и покрај претходните отфрлања на таков предлог од страна на Кијив, пренесува Би-би-си. На прашањето дали мисли дека украинскиот претседател е подготвен да ја отстапи контролата врз својот јужен полуостров, кој беше нелегално анектиран од Русија во 2014 година, Трамп ...
КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК: Земјата тој ден стоеше на работ на бездната што можеше лесно да доведе до диктатура, хаос и насилство, а веројатно и до внатрешен вооружен конфликт. Тоа впрочем, беше и цената што ја истакнаа тие што не сакаа да го признаат политичкиот пораз и да заминат во опозиција. Осум години подоцна, македонското општество реши да молчи на овој критичен датум. Џабир Дерала – ЦИВИЛ МЕДИА, 27 април 2025, Крвавиот четврток: Обид за убиство ...
Во законодавниот дом денеска ќе се одржат 22. и 27. седница на Комисијата за прашања на избори и именувања. На продолжението на 22. седица на Комисијата на дневен ред се останати Утврдување Предлог – одлука за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Утврдување Предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Утврдување Предлог – одлука за разрешување и именување на претседател и ...
Српските студенти кои го започнаа штафетниот маратон за Брисел утрово го продолжија своето патување од Вараждин до Марибор. Се очекува тие да пристигнат во Грац навечер, пренесува Н1. Студентите од Јагодина сè уште пешачат кон Нови Сад, на протест по повод шестгодишнината од падот на настрешницата на железничката станица, под која загинаа 16 лица. Блокадата на РТС продолжува. Студентите од Суботица во блокадата синоќа во центарот на градот ...
Путин гласно кажува дека Вучиќ треба да дојде на прославата на Денот на победата на Црвениот плоштад. Раководството на СПЦ во претходница потврдува – Вучиќ ветил дека ќе дојде. Двете цркви се гледаат себеси како подвижна цитадела за рускиот поглед на светот. Може ли МПЦ да се најде притисната во таа маневра, кога најгласните проруски владици и онака ја водат политиката која е целосно спротивна на геополитичките определби за кои се изјасниле ...
Во Брјанск, Русија, беспилотни летала повторно ја нападнаа фабриката во Кремни, каде што се произведува микроелектроника за ракетни системи, системи за воздушна одбрана Панцир, ракети Искандер, радарски системи (RLS), системи за електронско војување (EW) и беспилотни летала, објави Андриј Коваленко, раководител на Центарот за борба против дезинформации (CCD) при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, на Телеграм, пренесув ...
ОЛИВЕР АНДОНОВ Оваа фраза во насловот на неделнава колумна која е соодветна за редовните војнички рапорти, се однесува на непроменетост на состојбата во однос на претходната состојба, односно дека се е според воспоставениот РЕД, НАВИКА и ВООБИЧАЕНА ПРАКСА. А тоа вообичаеноста на која сме навикнати е многу лоша работа и не претставува ред, поредок, владеење на правото и спроведување на законите. Тоа е однесување исто како кај пролите во делото на ...
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница, на која се дискутираше актуелната политичка ситуација во државата и подготовките за претстојните избори. На седницата беше констатирано дека Владата е стабилна и силна, успешно ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и економската катастрофа што беше наследена од претходната власт. Општиот став на партиските членови е дека сите сили се насочени на ...
Во ова 15-то издание на КОЛЕГИУМ, како и секогаш, без ракавици и заобиколувања, ЦИВИЛ-ите дискутираат за дел од најжешките теми во земјата, регионот и светот. Дехран Муратов дискутира за Мицкоски и Тошкоски кои ја „даваат главата“ на министерот без ресор Шабан Салиу за да ја спасат својата – политичка глава, се разбира. Ариан Мехмети дискутираше за реакциите на прашањето „Дали ќе има правда за Кочани“. Луѓето се разочарани и гневни, не веруваат ...
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на 15 милиони евра помош во рамките на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Армијата на Република Северна Македонија и нејзината оперативна подготвеност, јави дописникот на МИА од Брисел. – Денеска се согласивме да и обезбедиме на Северна Македонија дополнителна поддршка од ЕУ во вредност од 15 милиони евра за нејзината Армија, изјави во ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Ништо не беше случајно тој ден. Ништо не беше спонтано. Пролевањето крв беше испланирано, намерно, добредојдено… Крвавиот четврток, 27 април 2017 година, беше кулминација на операцијата што беше подготвувана по нарачка од режимот кој сѐ уште ги имаше сите лостови на моќта, во блиска соработка со полициското подземје и помогнато од разузнавачки оперативци од Белград и Москва. Со месеци пред тоа, медиумско-пропагандната машинерија ја ...
Демократската Унија за Интеграција изразува сериозна загриженост за погрешниот правец во кои Власта ја води државата, за што граѓаните сѐ погласно бараат ново политичко преиспитување. По клучните прашања од стратешки интерес, Власта се соочува со целосен пораз на приоритетите кои самата ги престави како државен интерес, што несомнено треба да резултира со предвремени парламентарни избори Водени од популистичките мотиви во пресрет на претстојните ...
На 27 април 2017 година познат како „Крвавиот четврток“, се случи насилен упад во македонското Собрание по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Упадот следеше по месеци политичка криза, откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави влада, а коалицијата на СДСМ и ДУИ успеа да обезбеди парламентарно мнозинство. Дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со организирани групи од иницијативата „За заедничка Македонија“, го блокираа ...
Индиските и пакистанските војници разменија оган трета ноќ по ред долж контролната линија што ги разделува двете земји, соопшти индиската војска. Односите меѓу соседите се влошија откако Индија го обвини Пакистан за напад врз туристи во индиската држава Џаму и Кашмир претходно оваа недела, во кој загинаа 26 туристи. Индиската армија соопшти дека нејзините војници одговориле на оган од лесно оружје отворен од пакистанските војници, објави Ал ...
Ноќеска, два часа по полноќ загина малолетен мотоциклист на возраст од 16 години, кога се судрил со електричен тротинет управуван од 14-годишно момче. Трагедијата се случила на улицата „Цветан Димов“ во Чаир. „Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“, изјавиле од ...
СДСМ се консолидира, но е подготвена и за предвремени парламентарни избори и за локални избори, доколку дојде до таков развој на настаните, изјави вечерва претседателот на партијата Венко Филипче. – Тој процес на консолидација, за кој сум свесен дека ќе трае и дека не сме го завршиле целосно… Апсолутно партијата е во кондиција да трча и на локални и на парламентарни избори, истакна претседателот на СДСМ во Тема на денот на ТВ Сител. Сепак, ...
Пред точно осум години беше организиран и изведен насилниот упад во македонското Собрание, познат како „Крвавиот четврток“. На 27 април 2017 година, додека во Собранието се избираше новиот претседател Талат Џафери, толпа демонстранти, поттикнати од иницијативата „За заедничка Македонија“, го проби полицискиот кордон и насилно влезе во законодавниот дом. Пратеници, новинари и службеници беа нападнати, а повеќе од 100 лица беа повредени. Судските ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста од денеска до вторник ќе престојува во посета на Бугарија во чии рамки со највисоките претставници на бугарските власти ќе разговара за клучните приоритети на ЕУ, регионалната стабилност и важноста од координирана акција за справување со заедничките предизвици. – Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Бугарија за да разговарам за приоритетите на Европската Унија и да дознам повеќе за придонесите ...
Неколку лица загинаа, а поголем број се повредени кога возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, соопшти полицијата, без да го прецизира точниот број на жртви. Полицијата соопшти дека возачот е во притвор по инцидентот во саботата во близина на улицата Фрејзер и Источна 41-ва авенија, објави канадската мрежа Си-Би-Си. Се наведува дека полицијата ќе објави повеќе информации како што ќе се одвива истрагата. Извор: МИА ...