Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за локалните избори 2025 продолжува и денеска, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово. Предизборниот караван на СДСМ е во Дојран Богданци, Гевгелија и Валандово. Од Левица за денеска најавија средба со граѓани во ...
Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана информира дека добила известување од словенечката полиција дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ Втора недела изборна кампања Втората недела од кампањата за локалните избори 2025 започнува денеска. Претставувањата на кандидатите за градоначалници и советници продолжува, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии… ИЗЈАВА НА ДЕНОТ „Не можам и не сакам да учествувам во Парламент кој, демократски осиромашен и целосно подреден на одговорноста на мнозинството, не е во состојба да ја исполни улогата што ...
Во нов пост на социјалната мрежа X, поранешната српска премиерка и актуелна претседателка на Собранието, Ана Брнабиќ ги обвини „медиумите под влијание на Шолак“ дека се „екстремисти кои се залагаат за насилна промена на власта“, тврдејќи дека тоа го прават „заради бизнис интересите на Драган Шолак“, кој, како што наведува, „ги продал за 1,6 милијарди евра“. Покрај тоа, Брнабиќ повторно го користи терминот „обоена револуција“ и ги повикува ...
55 членови на Европскиот парламент од 19 земји-членки на ЕУ го повикаа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, веднаш да ги унапреди преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, објави потпретседателот на Европскиот парламент, Виктор Негреску на Фејсбук. „Тоа е силен политички сигнал: Европскиот парламент безрезервно ја поддржува европската иднина на Република Молдавија, ги признава постигнатите реформи и бара опцијата на ...
Ноќта на 6 октомври, беспилотни летала нападнаа неколку воено-индустриски објекти во Русија, меѓу кои и „една од најголемите руски“ фабрики за експлозиви далеку од фронтовските линии. Украинските сили ја нападнаа државната руска фабрика Свердлов во текот на ноќта на 6 октомври, еден од главните производители на експлозиви и муниција во земјата, објави Генералштабот на Украина, пренесува Кијив Индипендент. Фабриката, која се наоѓа во градот ...
Албанскиот премиер Еди Рама во петокот објави дека ќе ја укине владината одлука и дел од законот што им дозволуваше на големите градители да легализираат нелегални доградби по цени далеку пониски од пазарните и со ослободувања од фискални обврски, пишуваат албанските медиуми. Косовската претседателка Вјоса Османи, во изјава за медиумите по самитот Брдо-Брион во Драч, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ се обидел да го прекине ...
Делегација на Хамас пристигна во египетскиот туристички град Шарм Ел Шеик како дел од новата рунда индиректни преговори меѓу палестинската и израелската страна, со посредство на Египет и Катар, со цел постигнување договор за спроведување на мировниот план на Доналд Трамп за прекин на огнот во Газа – Хамас се согласи на некои, но не на сите услови. Палестински и египетски претставници изјавија за Би-Би-Си дека состаноците се фокусирани на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека претпоставува дека Русија стои зад многу од беспилотните летала забележани над Германија овој викенд, објави Дојче Веле (DW) на 5 октомври. Појавата на беспилотни летала го затворија главниот аеродром во Минхен во текот на викендот, прекинувајќи многу летови и оставајќи илјадници патници блокирани. „Нашата претпоставка е дека Русија стои зад повеќето од овие летови на беспилотни летала“, рече Мерц. ...
Поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас соопшти дека поднесува оставка на функцијата пратеник на левичарската партија Сириза, јави државната телевизија ЕРТ. Во објавата на платформата Икс, Ципрас наведе дека ја напушта грчката собраниска сала, но не и политиката. Тој го соопштил решението и во писмо до претседателот на Парламентот, Никитас Какламанис. Како причина за оставката, Ципрас посочува желба да се врати кон „општествена дејност, ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска повторно ќе се соочи со Европскиот парламент, вторпат за помалку од три месеци, за да се брани од предлозите за изгласување недоверба што ги поднесоа опозициските пратеници, обвинувајќи ја за низа пропусти – од недостиг на транспарентност до неуспех во преговорите за трансатлантскиот трговски договор. Процедурата започнува денеска во парламентот, а гласањето за двата предлога – ...
Локалната изборна кампања влезе во нова фаза на политичка напнатост, во чиј центар се најде реториката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски. Наместо фокус на општините, проектите и развојните програми, Мицкоски избра дискурс за „политичко исчезнување на ДУИ и Али Ахмети“, што според аналитичарите ја префрла кампањата во етничка и поларизирачка насока. Политичкиот аналитичар Ќенан Алиу, во изјава за Фронтлајн, оценува дека Мицкоски користи ...
Кандидатите за градоначалници деновиве ја презентираа својата изборна програма, фокусирајќи се на инфраструктурни подобрувања, спортски и еколошки проекти, како и услуги за ранливите категории граѓани. Меџити ќе инсталира модерни лифтови во стари згради во Чаир Кандидатот на ВРЕДИ за градоначлник на Општина Чаир, Изет Меџити на денешната прес-конференција најави инсталирање на модерни лифтови во постарите станбени згради со четири и пет спратови ...
Украински беспилотни летала го погодија Крим, окупиран од Русија, во текот на ноќта на 6 октомври, погодувајќи го нафтениот терминал во Феодосија, објави проукраинскиот Телеграм канал „Кримски ветер“, пренесува Кијив Индипендент. Терминалот, кој се наоѓа на околу 250 километри (155 милји) од територијата контролирана од Украина, е најголемиот објект за складирање нафта во Крим. Може да собере до 250.000 тони гориво, кое ги снабдува руските сили. ...
Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија иницираа до Европската комисија промена на процесот на одлучувањето за пристапувањето на земјите кандидатки и тоа со употреба на квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, а едногласност за почетокот и крајот на преговорите. Оваа инцијатива е веќе во Европската комисија, ја поддржуваат 16 земји членки, а како што појаснија денеска во Скопје австриската сојузна министерка за Европа, ...
Лидерите на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, денеска ќе се сретнат во Драч на самитот на иницијативата „Брдо-Бриони“. Во фокусот на состанокот ќе бидат европската перспектива на Западен Балкан, Планот на ЕУ за раст на регионот, младинската политика и одливот на мозоци, како и регионалната соработка и безбедност. Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка словенечко-хрватска иницијатива ...
Украинската криза предизвика широки геополитички, воени и економски последици што влијаат на целиот европски континент. Во веќе флуиден контекст на меѓународниот систем, каде што се појавуваат и консолидираат нови столбови и агрегации, изборите на Москва и Вашингтон се чини дека се спојуваат околу логиката на дестабилизација и поделба на Европа. Притоа, тие повторно ја воведуваат, иако со различни методи и цели, логиката на Студената војна, ...
Синоќа околу 20:45 часот до полициската управа во Нови Сад е пријавено дека чамец со најмалку десет лица, меѓу кои и државјани на Народна Република Кина, се превртел на Дунав во близина на Плавна, соопшти српското МВР, пренесува N1. Веднаш по пријавата, испратени се патроли на Полициската управа во Нови Сад, граничната полиција и припадници на Одделот за вонредни ситуации, а контактирана е и полицијата на Република Хрватска, се додава во ...
Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни “куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија” како невистини и како очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси кон неговите измислици, вели во реакција на поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Зоран Заев, по синоќешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски кој рече дека „завршува времето кога ...
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, по само еден ден откако беше претставен неговиот кабинет и помалку од еден месец откако беше назначен на функцијата. „Условите не беа исполнети за да продолжам како премиер“, рече Лекорну во понеделник наутро и ја критикуваше неподготвеноста на политичките партии да постигнат компромиси, пренесува Би-би-си. Елисејската палата го објави ова откако Лекорну се сретна со претседателот Емануел ...
Балони што превезувале илјадници пакувања цигари ги попречија летовите во Литванија, бидејќи аеродромот во Вилнус беше принуден да се затвори со часови кога десетици од нив лебдеа во воздушниот простор на земјата. Националниот центар за управување со кризи (NCMC) изјави за Би-Би-Си дека се откриени 25 метеоролошки балони што влегуваат во Литванија од соседна Белорусија, од кои два завршија директно над аеродромот. Аеродромот соопшти дека ...
ЦИВИЛ –Центар за слобода, во соработка со Вестминистерски сојуз за Украина, Глобална иницијатива за одбрана на демократијата, Нов европски форум на народите и Медија дијалог, ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“ во Скопје од 8–10 октомври 2025 година. Конференцијата ќе ги истражи дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските општества, ...
Британска џамија беше запалена, а две лица сè уште беа внатре, во сомнителен напад со палење, кој полицијата го третира како злосторство од омраза, објави Си-Ен-Ен. Ова е најновиот насилен инцидент пријавен во политички наелектризираното британско лето, во кое инцидентите на исламофобија и антисемитска омраза останаа високи, и се случува само неколку дена по смртоносниот напад пред синагога во Манчестер. Двајца лица со балаклави се обидоа ...
Република Северна Македонија (РСМ) е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот Румен Радев на „Икс“, по телефонскиот разговор со неговата колешка Гордана Сиљановска Давкова, пренесува БТА. -Благодарност до претседателката Гордан Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на РСМ да ...
Под слоганот „Стоп на геноцидот – Маршираме за Палестина“ денеска во Скопје се одржа протестен марш во знак на солидарност со палестинскиот народ и осуда на воените злосторства и опсадата на Газа. Како што соопшти организаторот – иницијативата „Сите за Палестина“, стотици граѓани се собраа пред споменикот „Симфонија на мирот“ од каде што маршот тргна кон зградата на Владата на Република Северна Македонија. Организаторите на маршот нагласија дека ...
Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и Хамас денеска треба да се сретнат во Египет за да разговараат за мировниот план што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп. Како што пренесе ДПА, двете страни ќе се обидат да постигнат договор заснован на планот од 20 точки што Трамп го објави пред една недела. Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека првичниот фокус на ...
Изминува шестиот ден од официјалната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, кандидатите за градоначалници денеска низ различни општини имаа средби со граѓаните, дел од нив ги презентираа програмите, други со укажувања кон не-сработеното од актуелните градоначалници, како и со собири. Граѓански иницијативи Шанса за Центар – Независни заедно: Жителите на капиштец живеат со бучава, отпад и несовесно однесување – нудиме ...
Втората недела од кампањата за локалните избори 2025 започнува денеска. Претставувањата на кандидатите за градоначалници и советници продолжува, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Долнени, Македонски Брод и во Кичево. Караванот на СДСМ е во Илинден, Петровец, Карпош и Центар. Левица ќе одржи средби со граѓани на градски плоштад во ...
Седум милитанти на Ал Шабаб кои нападнаа затвор со висок степен на безбедност во главниот град на Сомалија се убиени, соопшти владата на земјата, пренесува Би-би-си. Огромна експлозија и пукотници се слушнаа од Годка Јиликов – притворен центар во кој се наоѓаат милитанти на Ал Шабаб – во Могадишу во саботата навечер. Во соопштението, Ал Шабаб соопшти дека ги ослободил „сите муслимански затвореници“ од објектот и им нанел големи жртви на оние што ...
Од Катманду до Лима, востанијата предводени од млади луѓе ги оттргнуваат илјадниците од нивните екрани на улиците, барајќи одговорност, промени и, во некои случаи, соборување на владите. Како што пренесува Си-ен-ен, овие демонстранти од Генерацијата Z доаѓаат од различни средини и имаат различни барања. Но, поентата е јасна: Растечката нееднаквост и маргинализација ги уништуваат надежите на младите луѓе за иднината – а единствениот пат напред е ...