
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



ДЕСТАН ЈОНУЗИ / Фронтлајн Во момент кога Европскиот парламент испраќа позитивни сигнали кон Северна Македонија, Владата предводена од Христијан Мицкоски сѐ повеќе го продлабочува застојот и го зголемува јазот меѓу реториката за „европска иднина“ и реалната политичка акција. Додека Албанија го забрзува интеграцискиот процес и ужива отворена поддршка од Бугарија и Европската унија, Македонија останува заглавена во домашни конфликти, стравови од ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска од Охрид изрази поддршка за Извештајот на Европскиот парламент, оценувајќи го како поттик за евроинтегративниот пат на земјава. Според него, извештајот го потврдува ангажманот на ЕУ за напредок на државата, особено во делот на правосудните реформи, борбата против корупцијата и справувањето со актуелните предизвици. Говорејќи за контроверзните формулации поврзани со прашањата за јазикот и идентитетот, Рокас ...
Армијата на Република Северна Македонија излезе со соопштение за нивната улога во гаснењето на пожарите што беснеат низ територијата на целата држава. Согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на Армијата во гаснењето на пожарите одлуката за кризна состојба донесена од Владата и побарувањата на Центарот за управување со кризи Армијата се вклучи во гаснење на пожарите со над 150 припадници. Армијата е вклучена во ...
Преведувач присутен за време на состанок на високо ниво, зад затворени врати, со украинскиот претседател Володимир Зеленски кон крајот на 2024 година, бил фатен како фаќа белешки, нешто што е строго забрането на ваков вид состаноци, пишува францускиот весник „Le Monde“. Инцидентот се случи на 19 декември 2024 година, за време на состанокот на Европскиот совет во Брисел, на кој присуствуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски. Наодите од ...
Политичката ситуација во Косово и понатаму останува во ќорсокак, додека одземањето на мандатите на пратениците – опција спомената во случај Собранието да не се конституира до 26 јули – не се смета за изводливо. Експертите предупредуваат дека, доколку овој рок се пропушти, земјата ќе се соочи со политичка и правна криза непозната досега, се наведува во статија на Радио Слободна Европа на албански јазик. Никој нема јасен одговор што ќе се случи во ...
САД воведуваат санкции против високa функционерка на ОН, Франческа Албанезе, фокусирана на човековите права на Палестинците, објави американскиот државен секретар Марко Рубио вчера, пренесе Си-Ен-Ен. Во објава на X, Рубио рече дека ги воведува санкциите против Франческа Албанезе, која ја носи титулата специјален известувач на ОН за состојбата со човековите права на палестинските територии, „за нејзините нелегитимни и срамни напори да поттикне ...
Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не треба да се сфаќа така, зашто тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање, вели словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева. – Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на ...
Русија започна голем воздушен напад врз главниот град на Украина, Кијив, рано утрово во четврток, што претставува втора ноќ по ред на жестоки напади врз земјата, додека Русија го засилува бомбардирањето повеќе од три години по почетокот на војната, јавува Си-Ен-Ен. Најмалку две лица беа убиени, вклучувајќи 22-годишен полицаец, а повеќе од десетина беа ранети во нападите, според властите. Масивни, огнени експлозии го осветлија ноќното небо, ...
Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ ја стави во мирување одлуката за штрајк што требаше да се реализира денеска, потврди за МИА претседателот на ССКЛМ, Александар Тасевски. – Тоа што го баравме се придвижuва, одобрено е барањето за вработувања на контролорите и за спроведување на функционалната анализа која ќе определи кои се работни места и број на извршители треба да постојат, изјави Тасевски. Сепак, најавува дека ќе го оспорат ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во емисијата Отворено на Телевизија 24, остро реагираше на повторното отворање на прашањето за македонскиот јазик и идентитет во најновиот извештај на Европскиот парламент. „Ова прашање беше затворено и институционално потврдено. Во скрининг процесот се користеше македонски јазик, со официјални преведувачи во Европската Комисија. Имаме и билатерална изјава која го гарантира нашиот јазик со ...
Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во село Визбегово во Шуто Оризари каде гори депонија, во Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки рид, мешана ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се подготвува да се соочи со ретко гласање за неодобрување во Европскиот парламент, кое веројатно ќе открие незадоволство од десно приклонување на политиките на ЕУ, пишува Гардијан. Се очекува фон дер Лајен лесно да го преживее гласањето во четврток за предлогот за неодобрување, што во теорија би можело да предизвика пад на нејзината комисија. Иако нејзиното преживување се смета за ...
Европската комисија објави извештај за Србија, во кој се презентирани проблемите за кои граѓаните зборуваат на улиците во последните осум месеци – судството, борбата против корупцијата и слободата на медиумите. Во извештајот се истакнува дека истрагите за корупција не се завршени и дека постојат значителни тешкотии во водењето евиденција за обвиненијата и пресудите во случаите на корупција на високо ниво, пренесуваат српски медиуми. Иако ...
Литванија и Финска планираат да започнат со домашно производство на противпешадиски мини во 2026 година, а дел од залихите потенцијално ќе бидат наменети за Украина за борба против руската закана. Двете членки на НАТО ќе започнат со производство откако ќе го завршат своето повлекување од Конвенцијата од Отава од 1997 година, која ги забранува ваквите мини, шестмесечен процес што ги нагласува променливите одбранбени приоритети на Европа. ...
Србија се наоѓа на критична и општествена крстосница. Она што започна како протест предводен од студенти, прерасна во пошироко граѓанско движење, разоткривајќи две силно спротивставени визии за иднината на земјата. Притисокот расте на сите фронтови. Прашањето што ќе го обликува наредниот период е дали сегашниот моментум ќе се искористи за спроведување реформи и враќање на довербата, или ќе доведе до уште построга државна контрола. Решавањето на ...
Велика Британија и Франција се согласија за прв пат да ја координираат употребата на нуклеарно оружје за да ја одбранат Европа од „екстремни“ закани, пишува Телеграф. Во декларацијата потпишана за време на државната посета на Емануел Макрон на Велика Британија, францускиот претседател и Сер Кир Стармер ветија дека ќе соработуваат „поблиску од кога било досега“ за нуклеарно одвраќање. Со растечката закана од Русија, договорот им отвора врата на ...
Во рамки на рубриката „Прашање на денот“, CIVIL ги праша граѓаните: Какво е водоснабдувањето во вашата општина? Одговорите беа директни, емотивни и загрижувачки – од недостаток на вода со денови, до целосно отсуство на водоводна мрежа во одредени населени места. Во општина Студеничани, како што изјави еден граѓанин, „секојдневно нема вода скоро пола ден“. Во слична состојба е и Горно Нерези, каде, според друг коментар, „немаме водовод во 21 век“ ...
Во населбата Лозанови и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните. – Сите екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се на терен, повикана е помош и од општина Ранковце, каде има активен пожар во село Милутинци, а на терен се и екипи од Јавно претпријатие Македонски шуми и голем број месно население. Една од најновите дојави ...
Се поврзуваме со гасоводите на соседите, што ќе нè направи регионална енергетска крстосница, што ќе значи повеќе избори, повеќе стабилност и пониски трошоци, а државава повеќе нема да биде на крајот од мрежата, туку во срцето на регионалниот енергетски тек, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на стартот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција. Мицкоски истакна дека овој интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, ...
Градот Бајан Обо е дом на половина од светските залихи на група метали познати како ретки земни метали. Тие се клучни компоненти во речиси сè што вклучуваме: паметни телефони, Bluetooth звучници, компјутери, ТВ екрани, дури и електрични возила. И една земја, пред сите други, скокна напред во нивното рударење и рафинирање: Кина. Оваа доминација му дава на Пекинг огромна предност – и економски и политички, како на пример кога преговара со ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и ...
Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за нашата држава за 2023 и 2024 година. Извештајот ги опфаќа клучните реформи и предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, но вниманието на јавноста го привлече фактот што во неговата конечна форма се отстранети сите конкретни референци на „македонскиот јазик и идентитет“, кои претходно беа присутни ...
Во пожарот кој избувна утринава на депонија во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари, според информациите на МИА од терен, интервенираат еден Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, еден хермелин и повеќе возила на Бригатата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, како и возила од ЈП Комунална хигиена. Едно лице е повредено во пожарот што денеска избувна на дивата ...
Европскиот парламент денеска го усвои својот прв извештај за напредокот на Северна Македонија од 2022 година. Европратеникот од Зелените/ЕФА, Томас Вајц од Австрија, известувач на Европскиот парламент за извештајот изјави дека некои бугарски европратеници го искористија извештајот за сопствени цели. „Северна Македонија е лидер во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели ...
Во ноќта на 7 јули се случи сериозен инцидент во градот Липљан, Косово, каде што 27-годишниот Агон Зејнулаху го загуби животот по полициска интервенција, јавуваат косовските медиуми. Случајот сега е класифициран како сомнителна смрт, додека пет полицајци се уапсени и суспендирани од должност под сомнение за „убиство од небрежност“. Според косовската полиција, инцидентот се случил околу 00:15 часот, кога Зејнулаху е осомничен за напад врз ...
Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, нешто што досега беше незамисливо за многу семејства, соопшти Рашела Мизрахи, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Правиме чекор напред кон достоинствен пристап до ин-витро оплодување. Чекор кон здравство што не исклучува, здравство посветено на секој еден. Со измените на законот за здравствено осигурување, храбро се исправиме пред ...
Сексуалното насилство и родовите злосторства што се случија на 7 октомври 2023 година и нивните последици, особено сексуалното насилство што сè уште се случува врз заложниците во Газа, се крајната манифестација на CSRV(Сексуално насилство поврзано со конфликт). Истрагата за нападот од 7 октомври, особено неговиот дел CSRV, претставува еден од најзначајните предизвици со кои се соочуваат истражните органи: огромното мнозинство од жртвите повеќе ...
ДРАГАН МИШЕВ Македонската економија е рангирана на 4-то место според растот на бруто домашниот производ, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска, истакна премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција на почетокот на јуни. Доколку од удобноста на службеното возило, помеѓу многубројните прошетките во странство, премиерот се реши да прошета по скопските улици, и доколку погледне без розовите наочари, ќе види 1 слика која ...
Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираше на Предлог-законот за верски училишта објавен на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), оценувајќи го како противуставен, правно неусогласен и опасен обид за поткопување на секуларниот карактер на државата и за институционализација на верското образование во формалниот образовен систем. „Предлог-законот е во колизија со Уставот на Република Северна Македонија“, наведуваат од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово изјави дека Русија се обидела да нападне 741 цел со 728 дронови и 13 ракети, пренесе Гардијан. Нападот бил толку интензивен што соседна Полска ги кренала своите и сојузничките авиони за да ја обезбеди безбедноста на полскиот воздушен простор. Зеленски го опиша нападот како исклучително силен и рече дека доаѓа токму во време кога се вложени толку многу напори за постигнување мир, за воспоставување ...