
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Некои историски настани фрлаат сенка што се пренесува со генерации – геноцидот во Сребреница е еден од нив, кој е меѓу најмрачните поглавја во колективната меморија на Европа, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по повод 30-годишнината од масакрот во Сребреница. – Поминаа 30 години од овие злосторства. Денеска, сакам да им оддадам почит на повеќето од 8.300 бошњачки момчиња и мажи кои беа убиени и на оние кои се ...
На 5 јули, руските сили лансираа две хиперсонични ракети Kh-47M2 Kinzhal врз воздухопловната база Старокостјантинов во Украина, честа цел поради нејзината стратешка важност. Ракетите беа испалени од авиони МиГ-31К и предизвикаа национални предупредувања за воздушен напад – но не предизвикаа штета или жртви, според локалните власти. Митот за „незапирливиот“ Kinzhal Русија долго време ја промовираше ракетата Kinzhal како „незапирливо“ хиперсонично ...
Комесарката за проширување на Европска Унија, Марта Кос денеска преку видео-порака објавена на Икс им одаде почит на жртвите на геноцидот во Сребреница, истакнувајќи оти тоа е „длабока рана во европската историја“ и оти „мора да кажеме не на омразата и величањето на воените злосторници“. – Денеска сум во Сребреница за да им оддадам почит на жртвите од геноцидот извршен во оваа област пред 30 години, наведе Кос. Таа посочи дека 8.372 Бошњаци биле ...
Русија активно учествува во задушувањето на студентските и граѓанските протести во Србија, исто како што интервенираше безброј пати за да ја зачува власта во Белград, објави денеска полската приватна телевизија Полсат. -Обидите на српската полиција насилно да ги разбие протестите резултираа со нивно прелевање од Белград во 30 други градови. Протестите беа поврзани само со внатрешната ситуација во земјата сè додека Русија неочекувано не ...
Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН за Западниот Брег и Газа, одговори на веста дека администрацијата на Трамп ќе ја санкционира со објава на X во која вели дека „моќните ги казнуваат оние што зборуваат во име на немоќните, тоа не е знак на сила, туку на вина“, пренесе Гардијан. Во среда, како дел од напорите да ги казни критичарите на 21-месечната војна на Израел во Газа, Стејт департментот ја санкционираше Албанезе, независна ...
Европската комисија се подготвува да ги засили механизмите за условување на исплатите од буџетот на ЕУ со почитувањето на владеењето на правото, што најмногу ќе ги погоди државите како Унгарија, кои се обвинети за нарушување на демократските стандарди. Според нацрт-документ до кој дојде „Политико“, во новиот седумгодишен буџет на ЕУ за периодот 2028–2034 година, кој треба да биде објавен в среда, ќе биде вграден „хармонизиран систем на ...
Денес одбележуваме 30 години од геноцидот во Сребреница во јули 1995 година, кога повеќе од 8.000 мажи и момчиња од босанските муслимани беа брутално убиени и закопани во масовни гробници. Изразуваме почит кон споменот на жртвите и им изразуваме искрено сочувство на нивните семејства. Продолжуваме да бидеме солидарни со преживеаните, се вели во заедничкото соопштение на Претседавачот на ОБСЕ и генералниот секретар на ОБСЕ. „И покрај изминатите ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на гостувањето во утринската програма на телевизијата БТВ. Како што соопшти МНРиНТ, во врска со ова, Министерството денеска го повика ...
ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ / Фронтлајн Не знам за вас, ама јас олку национал-идентитетски горд не сум се чувствувал никогаш. Еве, не знам што да правам со гордосва од радости. Ми иди да ја пратам гордосва да ги изгаси сите пожари, да ги зголеми платите, да ги намали цените, да го воскресне здравството и образованието… Ама пак, од друга страна, не ќе си ја мачам гордоста со простосмртни работи. Премиерот Мицкоски ни кажа, цитирам: – „Ќе остане запишано и за ...
Во израелски напад загинаа 15 лица, вклучувајќи жени и деца, собрани пред здравствен центар во централниот град Деир Ал Балах во Газа во четврток, според медицинскиот персонал и службениците во енклавата, јави Си-Ен-Ен. Болницата „Мачениците Акса“ во Газа соопшти дека осум од убиените во нападот биле деца, најмладиот има две години, а најстариот 14 години. Исто така, се наведува дека се убиени три жени и четири мажи. На снимките добиени од ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што информира ЈО, осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во „Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два ...
Според Обединетите нации, повеќе од половина милион Авганистанци се протерани од Иран во 16-те дена откако заврши конфликтот со Израел, во она што може да биде едно од најголемите присилни преселби на населението оваа деценија, пренесе Си-Ен-Ен. Со месеци, Техеран ја објавува својата намера да ги отстрани милионите недокументирани Авганистанци кои работат пониско платена работна сила низ Иран, честопати во тешки услови. Меѓународната ...
Конференцијата за обнова на Украина е годишен меѓународен настан посветен на приоритетите за обнова и реконструкција на Украина. Овогодинешната конференција се одржува во Рим, а „New Europeans People’s Forum“ им се придружи на стотици гости на настанот во резиденцијата на британскиот амбасадор во пресрет на конференцијата за да ја изрази својата поддршка. Успеавме да продолжиме да ја градиме меѓународната мрежа за поддршка на нашата иницијатива ...
Неколку илјади учесници кои учествуваа во „Маршот на мирот“ пристигнаа во Поточаре синоќа -10 јули. На 8 јули, тие тргнаа од Незук, во близина на Тузла, на стокилометарско патување кон Сребреница, со цел да им оддадат почит на жртвите од геноцидот извршен во 1995 година во заштитената зона на Обединетите нации (ОН). Тие пешачеа три дена по истите патеки што луѓето од Сребреница ги користеа во јули 1995 година за да се пробијат до слободната ...
ДЕХРАН МУРАТОВ Додека пожарите пустошат низ земјата, Северна Македонија доби ладен туш од Европскиот парламент. Извештајот на европратеникот Вајц беше усвоен, но без „македонскиот јазик и идентитет“, што предизвика жестоки реакции во јавноста. Во вонредно обраќање до јавноста, премиерот Христијан Мицкоски, не од Влада, туку од „Белата палата“ истакна – „остануваме горди“, и „не сакам никогаш никој да ми споменува дека бугарското малцинство е ...
Активни пожари, две жртви, Армијата се приклучи во гаснење на оганот Според утринскиот извештај од Центарот за управување со кризи, активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, Визбегово во Шуто Оризари Прилеп – село Бешиште, Македонски Брод, ...
Пратеничките групи на СДСМ и коалицијата ВРЕДИ на вчерашната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет соопштија дека ги повлекуваат поднесените амандмани по ребалансот на Буџетот. Повлекувањето на преостанатите 142 поднесени аманди на седница го соопшти координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој најави дека ќе поднесат два нови комисиски амандмани насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во ...
Денес, целиот свет ќе застане за момент за да се сети на невините жртви на злосторството над злосторствата – геноцидот во Сребреница што се случи пред точно 30 години, пред целиот свет. Во Меморијалниот центар на Сребреница – Поточари, денес ќе се одржи програма по повод 30-годишнината од геноцидот во „Безбедносната зона на ОН“ во Сребреница. Исто така, ќе бидат погребани останките на 7 жртви од геноцидот извршен во 1995 година во Сребреница. За ...
„Факт е дека врз Бошњаците се спроведува десеттата фаза од геноцидот, што подразбира негирање. Јасно е дека официјалната српска политика во Белград намерно учествува во овој нехуман и нечесен чин насочен против Бошњаците“, пишува Адмир Лисица, регионален истражувач за политички односи и историчар од БиХ, на својот Фејсбук профил. Лисица во својата колумна за Радио Сараево, зборува за геноцидот и територилајната експанзија кон Босна и ...
До 7:30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари, соопштија од ЦУК. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево – помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки Рид (приземен во мешана шума); Општина Македонски Брод – ...
Во рамки на засилените активности на полицијата поради пожарите во скопскиот регион, на 9 јули во 23:40 часот полициски службеници од ЕВР Гази Баба на подрачјето кај месноста Ајватовски рид, кај Илинден, извршиле преглед на три малолетни странски државјани. Во нивниот ранец биле пронајдени две шишиња бензин (по 1,5 литар), две петарди, запалка и течен лепак. Малолетниците веднаш биле приведени. Со нив е извршен службен разговор во присуство на ...
Учесниците на конференцијата за економско закрепнување на Украина во Рим ветија повеќе од 10 милијарди евра помош, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони. Конференцијата, на која присуствуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, се одржува во сенка на интензивните руски напади со беспилотни летала и ракети врз Киев. Зборувајќи на отворањето на конференцијата, Зеленски ги опиша нападите како „чист тероризам“. Русија треба да се соочи ...
Во извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија се нагласува дека проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми и се повикува Северна Македонија да ги спроведе потребните реформи. Пратениците го поздравуваат новиот Заеднички механизам за реформи и раст од 750 милиони евра, поздравувајќи ја амбициозната агенда на Северна Македонија. Европратениците ја повикуваат државата да стави фокус на ...
Украина изразува почит кон историјата на украинскиот и полскиот народ и ја препознава чувствителноста на Волинската трагедија за полската јавност. Украина повикува на единство во борбата против Русија и изразува благодарност до Полска за поддршката од почетокот на руската инвазија. Заедничката историја треба да биде основа за заедничка европска иднина, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина по повод трагичното ...
Конференцијата за обнова на Украина (URC2025) оваа година се одржува во Рим на 10 и 11 јули 2025 година. Четвртата Конференција за обнова на Украина, ја продолжува годишната серија политички настани на високо ниво посветени на брзата обнова и долгорочната реконструкција на Украина од почетокот на целосната агресивна војна на Русија против Украина. Владите, меѓународните организации, финансиските институции, бизнисите, регионите, општините и ...
По четиринаесет години успешна работа на Балканот, регионалниот телевизиски проект „Ал Џезира Балканс“ се гаси, потврдено е за сараевскиот портал „Klix.ba“, пренесува Новатв.мк „Ал Џезира Балканс“ е филијала на катарскиот медиумски концерн кој работи со голем успех на Балканот, со седиште во Сараево од 2011 година. „Ал Џезира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопјe, Љубљана и Приштина. Во ...
Нападот врз Кијив траеше 5 часа. Има жртви и разрушувања. Потребно е да се зајакне противвоздушната одбрана и да се зацврсти Коалицијата на оние што сакаат да го зауздат кремљовското зло, напиша украинската амбасадорка Лариса Дир на платформата X, денеска, 1233 ден од руската агресија врз Украина. Ден 1233. Нападот врз Кијив траеше 5 часа. Има жртви и разрушувања. Потребно е да се зајакне противвоздушната одбрана и да се зацврсти Коалицијата на ...
Во рамки на сесијата што се одржува неделава во Стразбур, Европскиот парламент со убедливо мнозинство ја одби иницијативата за изгласување недоверба на Европската комисија, поднесена од романскиот европратеник Георге Пипереа. Предлогот доби поддршка од 175 пратеници, додека 360 гласаа против, а 18 беа воздржани. За иницијативата да биде прифатена, беше потребна двотретинска поддршка од пратениците што учествуваа во гласањето, при што вкупниот ...
ТОМ ХАРТМАН / The Hartmann Report Историјата ретко се најавува себе си. Таа тивко се вовлекува, завиткана во јазикот на „закон и ред“, „национална безбедност“ и „патриотизам“. Но, одвреме-навреме, таа вреска. Минатата недела, врескаше. Доналд Трамп, кој сега повторно седи зад бирото „Резолут“ и неговиот секретар за домашна безбедност, Кристи Ноем, отворено му се заканија на Си-Ен-Ен со кривично гонење поради известување за постоењето и ...
Триесет години по масовните убиства, вкупно 54 лица беа осудени на 781 година затвор за геноцид и други злосторства во Сребреница. Но, има сè помалку судења, како и доволно квалитетни докази, додека бројот на недостапни расте. На 30-годишнината од геноцидот, Детектор, во соработка со Justice Info, претставува преглед на пресудите за геноцид, со потсетување на клучните моменти во работата на меѓународната и домашната правда во гонењето на овие ...