Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп предвидено во член 357 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од 23 април до 24 јули годинава, како службено лице – виш референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Прилеп, побарал и примил поткуп во вкупен ...

На 24/25.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(20), лице (27), лице (26), лице (20), 16-годишен малолетник, сите од Скопје и лице (23) од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 24/25.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски ...

На 24.07.2026 во 09:10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Кичево, 61-годишниик., управувајќи мопед со кичевки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, при што е констатирано дека го управувал мопедот без возачка дозвола. По целосно документирање на ...

На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода маж (53) од с.Стримница, тетовско. Пријавениот, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, не застанал на знак за запирање, даден од полициски слуижбеници, и со возилото удрил полициски службеник. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен ...

На 24.07.2026 во 23:40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар ги лишија од слобода Б.Д.(23) и Е.Д.(54), двете од Турција, со регуилиран престој во Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Двете биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 24.07.2026 во 23:40 часот ...

Комисијата за заразни болести предупреди дека во наредниот период во Гостивар постои можност да се појават случаи на хепатит А и хепатит Е како задоцнета последица од загадувањето на водата. Засега нема потврдени случаи на овие заболувања, но здравствените власти најавуваат засилен надзор поради периодот на инкубација на вирусите. Според претседателката на Комисијата, Жаклина Шопова, во изминатите десет дена околу 3.850 жители побарале ...

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа. На граничниот премин Табановце, пак, за влез во ...

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА на Јулија Тушевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Пред две години во земјоделство затекнавме институции во застој, нерешени предмети, неисплатени плати и субвенции, блокирани проекти и континуиран пад на земјоделското производство. Само кај производителите на млеко имаше неисплатени субвенции за цели 17 месеци, додека бројни обврски од периодот 2020 – 2024 останаа нерешени и над 1.600 вработени во ЈП Национални ...

Општина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Заклучно со 31 јуни 2026 година се исплатени субвенции во вкупен износ од околу 710.000 денари, а обезбедени се средства за сите заинтересирани до крајот на годината. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека мерката е важна поддршка за младите и нивните семејства, но и за безбедноста во ...

Соопштение на СДСМ: Во Хрватска бензинските пумпи веќе ограничија точење гориво пред најавеното драстично поскапување. Информациите протекоа денеска. Од вторник се очекува значителен скок на цените. Прашањето е едноставно: Дали Христијан Мицкоски повторно ќе ги повика соседите да доаѓаат да точат гориво во Македонија? Лани, со намалувањето на ДДВ-то на горивата, Македонија стана бензинска пумпа за регионот. Соседите доаѓаа, полнеа и си ...

На 24.07.2026 во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. Имено, при контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ...

На 24.07.2026 од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско. При претресот пронајдени се над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Б.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против истиот ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека протоколите со Бугарија не претставуваат правен дел од Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија. Тој нагласи дека Софија има поинакво толкување и се обидува билатералните прашања да ги поврзе со пристапниот процес. По неговата изјава реагираше поранешниот министер Бујар Османи, кој посочи дека со години тврдел оти протоколите формално не се дел од рамката. Муцунски ...

Со Законот за високи раководители се најавува единствен систем за избор на лица на највисоките раководни позиции во јавната администрација. Изборот треба да се врши преку јавни огласи и однапред определени критериуми за знаење, искуство и компетентност. Според информациите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ќе се воведат и механизми за следење на работата и одговорноста на избраните раководители. Академијата за јавна администрација ќе продолжи да ги ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претстави нов план за оданочување на увозот, како одговор на одлуката на Врховниот суд кој претходно оваа година ги блокираше неговите најагресивни царини. Трамп тогаш најави дека ќе најде други начини за спроведување на својата трговска политика, објави Си-ен-ен. Канцеларијата на американскиот трговски претставник соопшти дека од петок во 00:01 часот по локално време ќе стапат во ...

Логистички центри на најголемата руска онлајн продавница Wildberries, позната како „рускиот Амазон“, во Санкт Петербург, Твер и на окупираниот Крим биле погодени во напад со украински беспилотни летала, објави Kyiv Independent, повикувајќи се на руски извори. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, потврди напад со дронови врз објекти на цивилната инфраструктура, додека гувернерот на Ленинградската област соопшти дека во нападот врз ...

Српската министерка за државна администрација и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, е прогласена за непожелна личност во Косово откако изјави дека доколку била на власт за време на војната, ќе спровела „етничко чистење“ на Косово. Одлуката ја објави вчера косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, кој потврди дека ја потпишал и ја проследил до надлежните органи. Свечла изјави дека со својата реторика, српската министерка го ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио и српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ во Вашингтон го предводеа првиот стратешки дијалог меѓу САД и Србија, со кој, според заедничкото соопштение, започнува нова фаза во партнерството меѓу двете земји. Во рамки на дијалогот, САД и Србија потпишаа Меморандум за разбирање за енергетската инфраструктура и регионалната енергетска безбедност. Вашингтон ја поздрави и одлуката Србија да ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДС, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните. Да не беше градоначалник од нивните, редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој патем самиот ...

Соопштение на СДСМ: Додека во шест населени места водата е неисправна за пиење, а низ Лепенец и Вардар тече бела пена, ВМРО-ОКГ продолжува со истата тактика: не прифаќаат никаква одговорност и упорно ја обвинуваат опозицијата. Сега велат дека СДСМ прави „хистерија“ за да дефокусира. Oд што да дефокусира? Од изјавата на Тимчо Муцунски дека Протоколите не се дел од преговарачката рамка? Не. Хистерија е да ја обвинуваш опозицијата додека ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за воена акција во западноафриканската земја Мали за да нападне група поврзана со Ал Каеда, позната како ЈНИМ (JNIM) , рекоа сегашни и поранешни американски официјални лица запознаени со дискусиите, објави „Вашингтон пост“. Ако биде одобрено, Мали ќе биде осмата земја на листата на земји каде претседателот Доналд Трамп наредил напади од почетокот на неговиот втор мандат — ...

Грција прогласи состојба на „многу висок“ ризик од пожари во Солун и Кукуш, додека Атика и други делови од земјата се ставени под „жолто ниво“ на тревога. Државниот механизам е во зголемена тревога за денес, бидејќи мапата за прогноза на ризик од пожар на Генералниот секретаријат за цивилна заштита предвидува „многу висок“ и „висок“ ризик од пожар во голем дел од земјата, објавува „ЕРТ“. Категоријата на ризик 4, односно „многу висок“ ризик ги ...

Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ беше уапсен во заедничка акција на локалната полиција и Дирекцијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК). Шимиќ беше уапсен заедно со Неда Ливљаниќ, поранешна директорка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија. Се сомнева дека Шимиќ нелегално ги добил потребните дозволи за кампот во Тисно преку ...

Потрошувачката на електрична енергија за користење на клима уреди во Грција е двојно зголемена во споредба со периодот од пред неколку години, објавува денес „Катимерини“, повикувајќи се на податоците од „Евростат“. Според извештаите, приближно 70 проценти од домаќинствата во Грција имаат барем еден клима уред, а земјата потрошила 11.900 тераџули за ладење на згради во 2024 година, во споредба со 5.850 TJ во 2018 година. Ова значи дека 7,4 ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде свежо, особено во повисоките места и котлините, каде минималните температури ќе се движат од околу 5 до 10 степени. Во текот на денот ќе преовладува пријатно топло време, со максимални температури од 22 степени во западните и повисоките предели, до 30 степени во ...

Сооптштение на ВМРО ДПМНЕ: Во изминатите две години реализирани беа реформи во јавната администрација, кои придонесуваат кон создавање професионални, ефикасни и одговорни институции, за да им се обезбедат поквалитетни услуги на граѓаните. Клучен чекор е донесувањето на Законот за високи раководители, со кој за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции преку јавен оглас, јасни критериуми и избор според ...

На 24.07.2026 околу 01:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со косовски национални ознаки, управувано од К.Ц.(33) од Косово и патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од С.Ј.(61) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото ...

На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(55) од Кочани, вработен во ЈКП „Водовод“ Кочани. Според пријавеното, Т.Ј. се здобил со повредите при пад од висина околу 08:00 часот на ул.„Лазар Андонов“ во Кочани додека извршувал работни задачи на мостот на Кочанска река. За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Џ.(22) од Штип и Д.С.(22) од с.Псача, општина Ранковце, кривопаланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. На 02.07.2026, пријавените во Штип се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, претставувајќи се како полициски службеници, но биле спречени и пријавени од сосетка, која се посомневала во нивната намера. Набргу потоа, тие биле ...

На 23.07.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.З.(26) од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Центар, додека се движела со нејзиното возило едно лице кое управувало мотоцикл за вршење на достава ѝ се доближило и агресивно се однесувало кон неа, по што почнало да ја следи. Откако застанала на семафор се обидел да ја отвори возачката врата, но откако не успеал ѝ го оштетил возилото. Се преземаат мерки за расчистување на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Калај

46.54

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Платина

49319.25