„СДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела вода во Кривогаштани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. ...

Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. „Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола ...

Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од РСМакедонија во РСрбија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на РСрбија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка ...

Шест лица беа убиени, а четворица други беа повредени во ноќните украински ракетни напади врз рускиот регион Белгород, изјави вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Шуваев, рано утрово на Телеграм дека меѓу повредените е и 14-годишно дете, објавува Би-Би-Си. Напади од двете страни на границата Новите напади се случија само една ноќ по она што руските власти го опишаа како „најголемиот“ украински напад оваа година, во кој беа ...

Рускиот независен портал „Медиазона“ и рускиот сервис на Би-Би-Си ги потврдија идентитетите на 239.354 припадници на руските сили убиени во Украина од почетокот на целосната руска инвазија на 24 февруари 2022 година до 13 август оваа година. Идентификуваните мртви вклучуваат 87.749 волонтери, 26.416 затвореници регрутирани за војната и 19.778 мобилизирани војници. Потврдена е и смртта на 7.530 офицери. Вистинскиот број на мртви веројатно е ...

Општина Илинден ја започна реализацијата на значаен инфраструктурен проект со отпочнување на изградбата на улицата „3“ во локалната економска зона во „Марино – Кадино“. Станува збор за капитална инвестиција која има за цел да ја подобри современата патна инфраструктура и да создаде поквалитетни услови за функционирање и развој на стопанството. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните ...

„По враќањето на Христијан Мицкоски од „научната екскурзија“, речникот на ВМРО-ОКГ стана уште поарогантен. Сега ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните. СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците“, велат од СДСМ. „Поради таа тајност еден цел град од 50.000 жители беше изложен на труење – над 5.000 луѓе побараа ...

Пет тинејџери загинаа, а четворица други се тешко повредени во директен судир меѓу два автомобила на автопатот М9 во Ирска. Ирската полиција беше повикана поради пријави за возило кое се движело во погрешна насока, кон југ по северниот дел од автопатот. Кратко потоа, се случил челен судир со друг автомобил. Телата на пет тинејџери, сите во едно возило, беа пронајдени на местото на настанот. Нивните тела беа однесени во Општата болница Наас, ...

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго одзеде 2.325 животи, покажаа вчера владини бројки, надминувајќи го бројот на смртни случаи од епидемијата од 2018-2020 година и правејќи ја најсмртоносна во историјата на земјата. Рекорден број на инфекции Конгоскиот институт за јавно здравје во својот последен извештај соопшти дека бројот на потврдени случаи се искачил на 4.945, вклучувајќи 101 нов случај откриени во последните 24 часа. ...

ЕУ е подготвена значително да ги прошири санкциите против Русија во наредните месеци, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, за германски весник. „Санкциите на ЕУ веќе скапо ја чинеа Русија, лишувајќи ја нејзината воена машинерија од повеќе од еден билион евра, а за есен предлагам најдалекусежни санкции и додавање нови поединци и субјекти на списокот на санкционирани од почетокот на војната“, изјави таа за германскиот ...

Пожарникарите во текот на целата ноќ ги бранеа куќите и викендичките од големиот пожар што избувна кај Брбиње на Долги Оток, но огнот утрово сè уште не е ставен под контрола, соопштија надлежните служби. Гаснењето го отежнуваат непристапниот и стрмен терен, како и густата макија, а во помош пристигнаа и канадери, пренесува „Индекс“. На терен се околу 100 пожарникари, меѓу кои локални сили и 50 пожарникари од копното со 17 противпожарни ...

Граѓаните од православна вероисповед следува празникот Успение на Пресвета Богородица кој се паѓа во петок, со што за голем дел од граѓаните се создава уште еден продолжен викенд. Во септември пак имаме важен неработен ден по повод Независноста и тоа на 8-ми септември кој се паѓа во вторник. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени. Времето во наредните денови Следува период на стабилно и потопло време, ...

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на Богородица се чека околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата./Извор:Makfax Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните ...

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија се зголеми на 34, откако се регистрирани уште три нови случаи, соопшти Центарот за јавно здравје. За првпат оваа сезона вирусот е детектиран и кај жител на Арачиново, каде што, според епидемиологот Љуљзиме Бајрами, постојат услови за размножување на комарците поради канали, базени и застојани води. Најголем број случаи досега се регистрирани во општините Кисела Вода и Аеродром, ...

Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден. На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната ...

Надежите за пронаоѓање преживеани по силниот земјотрес во западна Колумбија згаснуваат, откако спасувачките екипи и петтиот ден по катастрофата продолжуваат да извлекуваат тела од под урнатините. Најмалку 294 лица загинаа, 320 и натаму се водат како исчезнати, а речиси 4.000 се повредени, покажуваат најновите податоци на колумбиската служба за управување со катастрофи. Повеќе од две третини од жртвите се регистрирани во градовите Кали и ...

Родители возеле околу 100 километри на автопат во Италија без да знаат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Тие биле убедени дека спие, пишува „Кориере дела Сера“. Трагедијата се случила вчера околу 7:30 часот на автопатот А21 Торино-Пјаченца. Семејството од романско потекло патувало кон Торино. Таткото возел, мајката седела на совозачкото седиште, а нивниот син на задното седиште. Починал од срцев удар ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека му наредил на Пентагон значително да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја, во објава на социјалните мрежи во која се споменува и одбивањето на Сеул да учествува во акции против Иран. Трамп во објава на својот профил на Truth Social изјави дека е предоцна целосно да се откажат вежбите, но дека „не е задоволен“ што САД се согласиле да учествуваат во нив претходно. „Вежбите ...

Вкупно 40 лица повредени во големиот пожар што го зафати Омиш и околината биле згрижени во КБЦ Сплит во текот на ноќта и денеска, соопштија лекарите на прес-конференција. Од нив, 14 се хоспитализирани, а меѓу повредените има лица со тешки изгореници и повреди настанати поради вдишување чад. Седум пациенти се на респиратор, од кои шест возрасни и едно 17-годишно лице, според првично изнесените информации на прес-конференцијата. Кај најтешко ...

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што синоќа избувна во Локва Рогозница се прошири кон Омиш и загрози бројни куќи и објекти, а дел од жителите и туристите беа евакуирани, јави „Индекс“. Во текот на ноќта 36 лица побарале лекарска помош, од кои 14 биле задржани во болница, а седум се во тешка состојба. Снимките направени од морето покажуваат каква ...

Шест пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, според најновите податоци на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 13 часот на 15 август. Во текот на денот биле регистрирани вкупно 11 пожари. Покрај шесте активни, три се ставени под контрола, а еден пожар е целосно изгаснат. Активни се пожарите во општина Студеничани, во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Во Македонски Брод пожарот ...

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, освен ...

Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална новинска агенција. Спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините за други евентуални жртви. Тој воздушен напад е еден од најсмртоносните откако Либан и Израел објавија „рамковен договор“ на 16 јуни, во кој е наведен план за повлекување на израелските сили од јужен Лиан во замена за разоружување на милитантната ...

Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што рано утрово го погоди индонезискиот остров Флорес. По потресот било регистрирано и цунами, со највисок бран од 94 сантиметри, но предупредувањето за цунами во меѓувреме е укинато. Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините, бидејќи постои сомнеж дека има луѓе заробени под урнатите објекти. Според досегашните информации, шест лица се повредени, а ...

Силен земјотрес со магнитуда од 5 степени ја погоди туристички популарната област во јужниот дел на Шпанија, предизвикувајќи паника меѓу туристите и оставајќи зад себе оштетени домови и автомобили. Земјотресот ја потресе Гранада, град познат по импресивната палата Алхамбра, околу 1 часот по полноќ по локално време. Според првичните информации, во делови од градот се регистрирани значителни оштетувања на куќи и автомобили, а исплашени туристи ...

Русија смета дека САД се длабоко вклучени во украинските напади врз руска територија и дека американската поддршка вклучува и разузнавачки информации, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „До Стејт департментот упативме низа прашања, вклучително и за разузнавачките информации и фактот дека САД се многу вклучени во подготовката и изведувањето на напади врз цивилни цели длабоко на руската територија. Го очекуваме ...

Колумбиските спасувачки екипи водеа трка со времето за да спасат маж пронајден жив под урнатините на срушен хотел во градот Перејра, што претставува редок зрак надеж речиси четири дена по разорниот земјотрес од 7,4 степени кој ја погоди земјата и однесе најмалку 285 животи. Според последните податоци што властите ги соопштија вчера, во катастрофата загинале 285 лица, речиси 4.000 се повредени, а околу 400 луѓе и натаму се водат како ...

Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје се во согласност со правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на 14 август, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот се спроведува согласно Правилникот за барањата ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07