Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Американската технолошка компанија Мета го претстави новиот генератор за слики заснован на вештачка интелигенција „Мјуз имиџ“ (Muse Image), што бесплатно им е достапен на корисниците преку апликацијата Мета ВИ, како и на платформите Инстаграм и Вацап. Корисниците се загрижени поради можност за нарушување на приватноста. „Мјуз имиџ“ овозможува генерирање и уредување слики врз основа на текстуални упатства, со однапред подготвени предлози кои ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отвори можноста за дополнително намалување на бројот на американските војници во Европа, поврзувајќи ја таквата одлука со евентуалниот договор за иднината на Гренланд. – Сè уште ја немам донесено таа конечна одлука. Многу нешта ќе зависат од Гренланд – изјави Трамп во претседателскиот авион „Ер Форс Ван“ (Air Force One), на прашањето дали ќе повлече уште американски трупи од Европа. Како што пренесе ...
Обезбедување европски начин на електронско плаќање, намалување на зависноста на Европската Унија од странските платежни системи, зајакнување на отпорноста на европската економија и поттикнување на иновациите и технолошкиот развој се целите на планот за воведување на дигиталното евро, чија регулаторна рамка доби поддршка од Европскиот парламент. Европратениците го поддржаа користењето на дигитални активи и создавање средина погодна за иновации ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека секој натамошен напад врз бродови ќе наиде на уште поостар одговор, откако американската војска изврши нови напади врз земјата. „Ова е одмазда за вчерашното бомбардирање на бродови од страна на Иран. Ако тоа се повтори, ќе стане многу полошо!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social). Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека лансирала нов бран ...
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен денеска на Х му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за гостопримството самитот на НАТО во Анкара. „ЕУ и Турција се стратешки партнери и ние сме посветени за зајакнување на нашите односи. Во еден попредизвикувачки свет, нашето партнерство е поважно од кога било. Турција е важен партнер во справувањето со кризите на Блискиот Исток и во поддршката на напорите за ...
Бројот загинати во двата разорни земјотреса што ја потресоа Венецуела на 24 јуни се искачи на 3.811, додека 16.740 лица се повредени, а 17.907 луѓе останале без покрив над главата, соопшти денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, повторно повика на укинување на меѓународните санкции и ослободување на замрзнатите државни средства во странство, со цел ...
Западна Европа го имаше најтоплиот јуни откако постојат мерења, соопшти Службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“. Кон крајот на изминатиот месец регионот беше зафатен од силен топлотен бран што постави температурни рекорди, го наруши снабдувањето со електрична енергија и доведе до затворање училишта. Според месечниот извештај на „Коперник“ објавен денеска, изминатиот јуни бил втор најтопол месец на глобално ниво откако се ...
Бројот починати во актуелната епидемија на ебола во Демократска Република Конго достигна 600, а сомнителни случаи се пријавени и во уште една провинција, соопштија денеска националните здравствени власти. Според најновиот извештај на Владата на Конго, епидемијата прогласена на 15 мај досега е потврдена кај 1.759 заразени лица во источните провинции Итури, Северен Киву и Јужен Киву. Во официјалниот број случаи засега не се вклучени два нови ...
Европска комисија и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска предложија Европска Унија да има можност да воведе санкции за кривични дела како што се шверцување мигранти и учество во организирани криминални групи. Се предлага да се воведат санкции за трговија со луѓе, огнено оружје, дрога и перење пари. Според предлогот, овие мерки би се вовеле за активности надвор од ЕУ кои директно влијаат на ...
Иран денеска лансира ракети кон Јордан, но сите се пресретнати – соопшти јорданската влада. – Управата за јавна безбедност ги активира сирените откога ракети лансирани од Иран го нарушија воздушниот простор на Кралството. Заканите се пресретнати и неутрализирани – објави портпаролот на јорданската влада, Мохамад ал-Момани, на платформата „Икс“. Тој додаде дека армијата на Јордан е подготвена да се соочи со каква било закана. МИА Иран денеска ...
Турција ќе изгради радарски сателитски систем вреден 300 милиони долари за НАТО, наречен „очите на НАТО во вселената“. Сателитскиот систем со кодно име „ИМЕЧЕ“ е најавен на Самитот на НАТО во Анкара. За радарскиот сателитски систем ќе бидат ангажирани турската државната компанија за вселенска технологија „Тубитак узај“ и турската најголема компанија за одбранбена електроника „Аселсан“. Турскиот сателитски систем ќе поддржува брза ...
Поради вирус на Африканска чума ќе бидат еутанизирани 11.000 свињи од српска фарма, лоцирана во близина на Рума. Српскиот министер за земјоделство Драган Гламочиќ наведе дека свињите ќе бидат еутанизирани денеска и утре. – Вирусот мора што побрзо да се отстрани. Државата ќе го обесштети сопственикот на фармата, но сега тој нема да може повторно да чува нови свињи шест месеци до една година, посочи Гламочиќ. Тој додаде дека штетата од ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на Буџетот. Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот буџет за 2026 година. Вкупните расходи се проектирани на 425,2 ...
По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар – соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Како што наведува МЕРМС, уредбата е донесена во согласност со член 257 ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод ...
Пензионерите се украдени, а државата се соочува со сериозен недостиг од пари за плати, субвенции и социјална помош, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија. Тој посочи дека ребалансот на Буџетот е уште еден доказ за целосниот економски дебакл на Владата. „Буџетот е празен. Ребалансот е страшен дебакл. Огромен раст на дефицитот. Нема предвидено пари ниту за соодветен раст на ...
Коалиција од девет европски земји го повикува Брисел да ја продолжи итната флексибилност за Системот за влез/излез (ЕЕС), со аргумент дека блокот сè уште не е подготвен да ги укине моменталните заштитни мерки. Во заедничкото писмо со датум од 7 јули, во кое „Политико“ имаше увид, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија му порачаа на комесарот за внатрешни работи, Магнус Брунер, дека првите ...
Македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот во следните пет години, дури и Косово е пред нас. Меѓународниот монетарен фонд ги разби лагите и пропагандата на Мицкоски за некаква „трета“ економија во Европа. Според ММФ – во следните пет години македонската економија во просек ќе расте само 3 проценти. Пред Македонија се Албанија со 3,19 проценти, Србија со 3,5 проценти, Молдавија, Украина, Косово со 3,95 проценти. Ова е ...
Албанските царински власти реагираа на обвинувањата на двајцата пратеници и функционер на ВРЕДИ, негирајќи дека биле спречени да влезат во Албанија. Пратеникот и координатор на пратеничката група на партијата, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата на Македонија, Хасим Муртезани, претходно изјавија дека им било спречено да влезат на албанска територија. – Тие патуваа заедно со четврто лице, кое имаше ...
Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени, откако обвинетиот се изјасни за невин, а неговиот бранител го откажа полномошното. Во воведниот збор, Јавното обвинителство најави дека преку доказната постапка ќе докажува дека доминантен мотив за извршување на делата била некрофилијата. Обвинетиот беше спроведен од ...
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата на денешната седница на собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, предложи воведување на две нови државни награди – „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“, со цел да им се оддаде највисоко признание на личностите кои имаат со исклучителен придонес во областа на јазикот, науката и културата. За наградата „Блаже Конески“ се предвидени 416.950 денари, а исто толку, 416.950 денари, и ...
Со презентација на докази од телефонски апарати на дел од обвинетите, комуникации меѓу нив, како размена на пораки на Фејсбук, Вибер и Месинџер во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Од одбраната имаше реакции дека во дел од презентираните документи, никаде не се спомнува „Пулс“. Воедно, еден од адвокатите рече дека по обвинетите се плука по медиуми, биле нарекувани со погрдни зборови, ...
Центарот за јавно здравје-Штип вчера добило пријава за труење од храна за шест лица, кои се вработени во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Штип. Во писменото соопштение се наведува дека по пристигнување на пријавите, одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје-Штип веднаш постапило согласно националниот протокол во случај на појава на алиментарни инфекции и интоксикации. Епидемиолозите веднаш излегле на ...
Малолетник се здобил со повреди откако возејќи електричен тротинет се судрил со патнички автомобил во Гостивар. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека незгодата се случила вчера околу 19 часот. – На 08.07.2026 во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Ристо Оџаклиески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,пежо“ со гостиварски ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јуни 2026 година. -Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат ...
Авионска дезинсекција против ларви од комарци ќе се изврши утре (10 јули) рано наутро на подрачјето на Скопје. Како што соопшти Град Скопје, доколку временските услови не дозволуваат дезинсекција, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. МИА Авионска дезинсекција против ларви од комарци ќе се ...
Репрезентацијата на Швајцарија е последната која обезбеди пласман во четвртфиналето на Мундијалот откако синоќа по изведување на пенали ја победи Колумбија со 4:3, а дуелот заврши без голови. Нивни противник ќе им биде светскиот првак Аргентина, која со 3:2 го победи Египет. Во натпревар со многу тактизирање, двете репрезентации играа без премногу ризик и на крајот нерешениот резултат беше очекуван и пеналите го решија победникот. При ...
Еден од најдобрите тенисери на светот Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Вимблдон, откако во најдолгото четвртфинале (5 часа и 14 минути) со 3-2 во сетови (7:6(10), 3:6, 6:3, 7:6(4) и 7:6 (10-4) го совлада канадскиот Феликс Оже-Алиасиме. Ѓоковиќ во текот на мечот постојано имаше водство од еден сет, но противникот не дозволи седумкратниот шампион на Вимблдон да го заврши мечот порано, па решаваше петтиот сет и тајбрејк во ...
Репрезентацијата на Египет и покрај водството од 2:0 против светскиот првак Аргентина го загуби осминафиналето со 3:2. Но, во таборот на Египет беа исклучително незадоволни и бесни пред сè од судиските одлуки, па дури и од ВАР проверки. – Значи, велам дека ова е незаслужена победа за Аргентина. Ветувам, откако ќе се вратам, воопшто нема да ги гледам другите натпревари на ова Светско првенство бидејќи во него нема правда. Она што ни се случи ...
Пејачката Северина Вучковиќ неправосилно е ослободена од обвиненијата за наметливо однесување кон директорката на основното училиште Љиљана Клингер и поранешната директорка на поликлиниката за заштита на деца, Гордана Буљан Фландер, одлучи Општинскиот кривичен суд во Загреб. „Првостепената пресуда била донесена во петокот. Судот заклучил дека во текот на постапката не било докажано дека пејачката го сторила кривичното дело“, пренесе Јутарњи ...