Рускиот претседател Владимир Путин и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов вчера објавија заземање на источноукраинскиот град Северск, отворајќи го патот за понатамошни офанзиви, објави ДПА. -Ова значи дека сега се можни и други успешни напади во други насоки во источен Донбас, рече Путин за време на состанокот, емитуван на државната телевизија и делумно преку видео врска. Украинската страна првично официјално не коментираше за ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на единиците на Корејската народна армија во ослободувањето на Курската област од украинските формации го истакна статусот на Северна Кореја светската сцена. Тој, на Пленумот на Работничката партија на Кореја, што се одржа од 9 до 11 декември, ги посочи постигнатите резултати од тековната година. – За помалку од една година, единиците од различни видови војници на нашата армија ...

Протест на пристаништето во Солун за претпладнево закажаа земјоделците од северна Грција, каде што ќе пристигнат со трактори, автобуси и земјоделски возила од блокадите поставени во околината на градот, а поради собирот граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, барем додека трае протестот, се очекува да останат отворени, јави дописничката на МИА од Атина. Во Солун, намерата на земјоделците е симболично неколку часа да го блокираат ...

Никој, без прашање, не треба да се меша во европската демократија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во интервју за бриселскиот портал „Политико“. – Кога станува збор за избори, не е наша работа да одлучиме кој ќе биде лидер на некоја земја, туку на народот на таа држава. Тоа е суверено право на гласачите и мора да се почитува, вели Фон дер Лајен во коментар на најновите критики на сметка на европските лидери ...

Парламентот на Бугарија со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ денеска ја прифати оставката на владата н Росен Жељазков. Тој вчера на итна конференција во Парламентот изјави дека владата поднесува оставка. Оставката е дадена пред гласањето за недоверба на владата поднесена минатиот петок од партијата Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) и поддржано со потписите на пратениците од Алијанса за права и слободи ...

Велика Британија ја предводи иницијативата за „модернизација“ на Европската конвенција за човекови права и бара ревизија на овој договор поради притисокот од крајната десница, што предизвика предупредувања за ризиците по заштитата на мигрантите. Како што се посочува во анализата Ал Џезира и на британски „Сан“, британскиот премиер Кир Стармер ги повика европските лидери да „одат понатаму“ во модернизацијата на Европската конвенција за човекови ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска објави дека рафинеријата на Нафтена индустрија на Србија (НИС) во Панчево нема да работи од вторник и дека Србија ќе мора да „снаоѓа на различни начини“. Вучиќ рече дека граѓаните треба да бидат мирни, бидејќи државата ќе има „доволно решенија и доволно пари“. Тој најави дека вечерва ќе се обиде да има дополнителни разговори со Американците, но дека не верува дека тие ќе ја променат одлуката. ...

Единствената горанска партија (ЈГП) која ги претставува жителите на областа Гора во Косово ги почна активностите за предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 28 декември. -Денеска Единствената Горанска партија одржа седница на Генералниот одбор која го означи почетокот на интензивни подготовки за вонредните парламентарни избори, објави партијата. На средбата биле дефинирани клучните приоритети, стратешките цели и насоки кои ќе ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека избори ќе се одржат во мај или декември следната година, но дека е пореално тие да се одржат кон крајот на ноември или во декември. На прашањето дали ќе има претседателски и парламентарни избори, Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека надлежната институција ќе одлучи за тоа навреме. Toj додаде дека Србија нема да има проблеми во снабдувањето со гас бидејќи очекува да се потпише краткорочен договор ...

Во Србија 84 отсто жени и девојки сметаат дека самите се одговорни за дигитално насилство што го доживеале, беше објавено во рамките на презентацијата на анкетата „Дигитално насилство врз жените и девојките во Србија“ спроведена од здружението „Атина“. Педесет и четири отсто анкетирани веруваат дека сторителите не се свесни за последиците и веруваат дека нивните постапки се безопасни и минливи. „Испитаниците под 30 години во дури 43 проценти ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека годинава достигнала значајна пресвртница во Србија, инвестирајќи повеќе од 10 милијарди евра во државата од 2001 година преку речиси 400 проекти. Во Белград, Банката ги финансираше мостовите Газела и Ада, комуналните услуги и реновирање на јавни згради, како и две значајни јавно-приватни партнерства – аеродромот и проектот за претворање на отпадот во енергија во Винча, се наведува во ...

Суд во Истанбул денеска ја продолжи мерката притвор за поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, и за уште 104 лица уапсени во март во обемна антикорупциска истрага во Големата општина Истанбул, јави приватната телевизија „Халк ТВ“. Имамоглу беше уапсен на 19 март под обвинение за корупција, а неколку дена подоцна градскиот совет го суспендираше од функцијата. Во истиот случај беа уапсени и повеќе општински службеници. Апсењата ...

Група судии и обвинители од цела Србија се собраа попладнево пред Уставниот суд во Белград, во знак на протест против политички притисок врз судството. Како што најавија претходно, протестот се одржува првенствено затоа што на обвинителка од Првото основно јавно обвинителство во Белград не и беше дозволено да спроведе истрага по инцидент во шаторската населба пред Собранието. Група судии и обвинители од цела Србија ги повикаа судиите, ...

Албанската Влада официјално го одобри Националниот план за непредвидени ситуации за мешани миграциски текови за периодот 2026-2028, стратешки документ кој има за цел да ги подготви албанските институции да се справат со зголемените миграциски текови на територијата на земјата. Одлуката е донесена врз основа на член 100 од Уставот а по предлог на министерот за внатрешни работи, додека нејзиното спроведување е доверено на Министерството за ...

Двата клучни услови за напредок на Косово на европскиот пат се спроведување реформи и нормализација на односите со Србија, изјави денеска портпаролката на Европската комисија задолжена за надворешни прашања и безбедносна политика, соседски односи и проширување, Јулија Мацик. Според неа, ЕУ сака да ги укине мерките што беа воведени против Косово во 2023 година и да им помогне на косовските власти да го продолжат патот кон членство во Унијата. ...

Обвинителите, со помош на надлежните полициски органи да интервенираат во случаите кога се вршат кривични дела што се гонат по службена должност, побарал обвинителот од Врховниот суд на Грција, Константинос Ѕавелас, во наредбата испратена до обвинителите во целата земја доколку со земјоделските блокади се нарушува безбедноста во сообраќајот, јави дописничката на МИА од Атина. – Во последниот период се забележува појавата на нарушување на ...

Судот во Истанбул нареди апсење на 20 осомничени, меѓу кои и неколку професионални фудбалери, како дел од проширената истрага за местење натпревари и обложување во турскиот фудбал. Меѓу уапсените фудбалери се Мерт Хакан Јандаш од Фенербахче, Метехан Балтачи од Галатасарај и сенегалскиот интернационалец во редовите на Коњаспор, Аласане Ндао. Јандаш (31) има еден настап за турската репрезентација, Балтачи (23) беше стандарден во турската ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на работна вечера во Брисел организирана од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. „Во разговорот, посебно внимание посветивме на енергетскиот сектор, со фокус на енергетската безбедност и стабилност на Србија“, објави Вучиќ на Инстаграм. „Србија е цврсто посветена на својата стратешка цел, членство во ЕУ, и останува ...

Повлекување на државната телевизија ЕРТ и Грција од Евровизија следната година, поради учеството на Израел, бара грчката опозициска партија СИРИЗА, додека пак владиниот портпарол Павлос Маринакис нагласи дека станува збор за музички натпревар што обединува, јави дописничката на МИА од Атина. Од СИРИЗА преку соопштение посочија дека во време кога голем број европски земји, Ирска, Шпанија, Холандија и Словенија се повлекуваат од Евровизија, во ...

Високиот совет на обвинители на Албанија, попладнево со мнозинство гласови го избра Клодиан Брахо за нов шеф на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК). Од вкупно 11 членови, колку што брои советот, за Брахо гласале седум, тројца за Аднан Џоли и еден за Елвин Ѓокај, додека обвинителката Долореза Мусабелиу, не добила ниту еден глас. По презентирањето на нивните платформи, во траење од по 45 минути, советот ...

Прехранбената индустрија „Кристал 1923“ АД Велес попозната како Маслодајна оваа година откупи 4.950 тони домашен сончоглед и увезе 2.262 тона сончоглед или вупно околу 7.300 тона сончоглед иако капацитетот на оваа фабрика е далеку поголем. Со оваа количество само за еден месец во годината може да се задоволи домашниот пазар, но поради малиот интерес на земјоделците за производство на сончоглед фабриката е принудена најголемиот дел од ...

Обилните врнежи од дожд и поплавите во одредени региони во источна Македонија ја пролонгираа сеидбата на јачменот и пченицата. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов вели дека околу 40 проценти од површините не се посеани со жито. – Есенската сеидба се уште е во тек и не е завршена поради временските услови. Во последно време имаше пообилни дождови и заради тешко се одвива сеидбата. Мислеме дека 40 проценти има се уште ...

Управата за јавни приходи информира дека до крајот на ноември спроведени се околу 4.000 контроли при што евидентирани се неправилности во делот на неиздавање на фискални сметки при што изречени се над 2.500 глоби, а на 113 даночни обврзници им е изречена забрана за вршење дејност. – Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на ...

Цените на бакарот достигнаа историски рекорд на светските пазари. Во петокот, металот се тргуваше над 11.700 долари за тон, откако „Сити“ ја зголеми својата целна цена поради ограничената понуда. Иако во изминатата недела цената благо се намали, бакарот останува близу највисоките нивоа досега. Покрај тоа, златото продолжува да ја привлекува вниманието на централните банки. Оваа година, златото за прв пат од 1996 година сочинува поголем дел од ...

Од први јануари почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија, најавува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Ристески посочува дека во земјава за првпат се воведува ваков закон и дека опфатени ќе бидат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да заработат, без да ги загубат ...

Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот на амандманската расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет, беа прифатени 20-тина амандмани од вкупно поднесените околу 200 амандмани. Предлог-буџетот за 2026 година е еден од стратешките економски документи што се усвојува при крајот на годината, а со кој се трасира патот на економијата во следната ...

Можеше да биде многу полошо. Во април, кога претседателот Доналд Трамп ја започна трговската војна, инвеститорите и многу економисти се подготвуваа за остра глобална рецесија. На крајот, глобалниот БДП веројатно ќе порасне за околу 3 отсто оваа година, исто како и лани. Невработеноста останува ниска речиси насекаде. Берзите забележаа уште една година со солидни добивки. Единствената вистинска грижа е инфлацијата. Во земјите од ОЕЦД таа сè ...

Индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година бележи зголемување од 4 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 е зголемена за 0,5 проценти. Зголемувањето е резултат на порастот на трошоците на животот во групите: Транспорт за 1.7 %, ...

По два дена расправа, Собранието денеска го донесе Буџетот за 2026 година. Поддршка дадоа 71 пратеник, 14 беа против, а воздржани немаше. Буџетот за 2026 година тежи отприлика 6,7 милијарди евра и во него растот на БДП е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од ...

Во октомври 2025 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10 596 843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе во споредба со октомври лани. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
54%
1015
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
41%
1019
weather icon

Загреб

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
46%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
4.12
50%
1019
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
6.21
52%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
52%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
7.15
76%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1011
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
38%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
49%
1021
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
31%
1021
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
9.26
78%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Калај

47.03

Иридиум

258288.78

Злато

166450.52

Цинк

3.19

Платина

66937.85

Бакар

11.49

Паладиум

50058.71

Кобалт

66.14

Родиум

366518.51

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.36

Сребро

2840.84