Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш потврди дека владата поднела предлог-закон за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, со цел да се ограничи времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефоните во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели. Полска овој месец го ...
Светски признатиот психотерапевт Габор Мате, пред неколку месеци наполни осумдесет години. На прашањето како се чувствува во врска со оваа „информација“, гостувајќи кај подкастерот Ранган Чатерџи (британски доктор по општа медицина, пред да се посвети на здравствена едукација преку медиуми), одговара: „Во еден период од животот тоа ми изгледаше како невозможно геријатриска бројка. Сега е само бројка, речиси бесмислена”. И додава: „Не сосема ...
Холандскиот Кралски метеоролошки институт издаде портокалов метеоаларм поради екстремните високи температури на воздухот во сите покраини, со исклучок на Фризија, Дренте и Гронинген, каде во сила е жолт метеоаларм. Портокаловиот метеоаларм е воведен бидејќи се очекува температурата на воздухот да се искачи најмалку до 34 степени Целзиусови во следните три дена. Додека во Велика Британија е прогласен црвен метеоаларм на подрачјата од Лондон до ...
Поројни дождови и бури погодија осум окрузи во Романија и предизвикаа штети на многу места, објави романскиот Оддел за вонредни ситуации. Во Крајова и Сибиу, улиците се поплавени. Десетици возачи беа заглавени во своите автомобили откако нивото на водата надмина половина метар. Во округот Арад, силни налети на ветер ги однесоа покривите на неколку куќи. „Пожарникарите интервенираа во 21 населба во осум окрузи во последните 24 часа. Последици ...
Нуклеарна централа во Франција го прекина работењето поради „еколошки ограничувања“ поврзани со топлотниот бран, изјави нејзиниот портпарол. Нуклеарната централа Голфеш, која се наоѓа на југозападот од земјата, има два реактори со вода под притисок од 1,3 гигавати и ги користи водите на реката Гарон за ладење на своите реактори. Еден реактор е исклучен после полноќ како превентивна мерка поради очекуваното зголемување на температурата на ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина напаѓа цивилни објекти на руска територија во обид да го дестабилизира општеството. Во обраќањето пред дипломците на воените и безбедносните институции, Путин рече дека не гледа основа за директни преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, имајќи ги предвид, како што наведе, нападите на Киев врз цивилни цели. МИА Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави ...
Неколку големи пожари избувнаа во различни делови на Далмација, а пожарникарите цел ден и ноќ се борат со огнената стихија која се шири поради високите температури и ветерот. На островот Хвар, во местото Света Недела, шумски пожар зафатил околу десет хектари борова шума и делови од лозја. Во гаснењето учествувале околу 50 пожарникари со 15 возила, а од воздух помагале и пет канадери. Огнот во еден момент се приближил до куќите, но ...
За 36,9 проценти се зголемиле приходите од туризмот во Грција во периодот од јануари до април годинава, а пораст има и на бројот на посетители, кои биле за 27,1 отсто повеќе споредбено со истиот период лани, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Приходите од туризмот за Грција за првите четири месеци од годинава достигнале 2,79 милијарди евра, пораст од речиси 37 проценти, што се должи како на ...
Турските обвинители издадоа налози за апсења на 241 осомничен за поврзаност со екстремистички групи, меѓу кои и Исламска држава. Во рациите на полицијата и жандармеријата во Анкара приведени се 209 лица. Апсењата се спроведени пред Самитот на НАТО, што на 7 и 8 јули треба да се одржи во главниот град на Турција, Анкара. Помеѓу приведените, 56 лица се осомничени за поврзаност со ИД, а уапсени се и 35 членови на ултралевичарската Револуционерно ...
Три лица се уапсени, а уште 105 се осомничени дека се дел од криминална организација, која со специјализирани манипулации на електрични броила крадела струја во повеќе делови на Грција, при што нанела штета што надминува девет милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција во Солун во соработка со Операторот на дистрибутивната мрежа за електрична енергија (ДЕДДИЕ) за ...
Сојузот на синдикати на Албанија денеска одржа протест пред Министерството за финансии, презентирајќи низа прашања, при тоа ставајќи акцент главно на потребата од подобри плати, достоинствени услови за работа, стопирање на имиграција и оставка на премиерот Еди Рама. -Под итно бараме повеќе инвестиции во јавните услуги, повисоки плати и достоинствени услови за работа, заштита на работните места и синдикалните права, мерки за спречување на ...
Цените на нафтата продолжија да се намалуваат и денеска, откако инвеститорите видоа знаци за враќање на превозот низ Ормуската теснина и напредок во мировните преговори меѓу САД и Иран, пренесуваат светските агенции. Фјучерсите за суровата нафта од типот Брент поевтинија за 94 центи, или 1,22 проценти, на 77,7 долари за барел. Американската лесна сурова нафта поевтини за 77 центи, или 1,04 проценти, на 73,09 долари за барел. Двата главни ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април годинава изнесуваше 48.779 денари, а во однос на април минатата година е повисока за 7.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 27 проценти, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, ...
Под влијание на циклонска активност од Турција, денеска се најавува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна ...
Од денеска до 26 јуни, Скопје е домаќин на Четвртата светска конференција за религиски дијалог и соработка на тема „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан на вечерашното ...
Министерката за финансии Гордана Кочоска денеска призна дека во буџетот нема пари. Целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината. Со најавениот ребаланс, Владата планира дополнително да го зголеми дефицитот, и покрај претходните ветувања дека ќе го намалува. Ова не е изненадување. Тоа е директна потврда на она што СДСМ го предупредуваше уште од почетокот на мандатот на оваа Влада. Граѓаните ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува промена на временските услови поради влијание на циклонска активност. Ќе се развива нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, локално временските процеси ќе бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд, силни налети на ...
Навршуваат две години од владеењето на Христијан Мицкоски и Организираната криминална група ВМРО, составена од тендер коалиција и остатоци од распаднатото здружение ЗНАМ. Две години во кои Македонија се движи наназад на секое поле. Две години во кои наместо напредок и европска интеграција, добивме економски колапс, институционален распад и политичка изолација. Економијата е во тешка криза. Буџетскиот дефицит е потрошен за шест месеци, јавниот ...
Уште еден скандал во Владата на Мицкоски. Според документи објавени од медиуми во Бугарија, генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште Ќустендил. Како што стои во овие документи дејноста е „патен линиски превоз на стока“, управител е Кире Гешоски а има и трет партнер – Сашо Апостоловски. Инаку сите од кругот на Мицкоски. Фирмата пријавува годишен промет од околу 320.000 ...
Две години лажни ветувања, економски дебакл, влошување на животниот стандард – нула резултати има ВМРО, нагласи потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Топ тема“, на телевизија Телма. Тренчевска посочи дека Владата на ВМРО за овие две години не направи ништо освен што ги донесе во ситуација на уште поголема сиромаштија работниците, младите, пензионерите, социјално ранливите граѓани. „Нула во реформи, немаме ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Зголемувањето на дефицитот е потврда дека буџетот е празен и неизвесно е дали ќе има пари за плати и пензии. Ете колку на ВМРО им е грижа за граѓаните – толку што заради нивниото расипничко однесување, во ризик е ставена исплатата на платите и пензиите. Со најавата за зголемување на буџетскиот дефицит, власта брутално ги прекрши фискалните правила и Законот за буџети. Законските одредби јасно кажуваат дека буџетскиот дефицит не смее да ...
За да се гарантира безбедна туристичка сезона, албанската полиција ќе соработува и со хомологни структури во соседните земји. -Меѓународната полициска соработка за летото ќе биде со Македонија, Косово, Црна Гора и Италија. Нашата полиција ќе обезбеди заеднички патролни служби, со овие земји, чии полицајци ќе доаѓаат во нашата земја, а се во интерес на туристите. Заедничките патроли ќе бидат долж крајбрежјето но и на најфреквентните патни ...
Германската фудбалска репрезентација до крајот на Светското првенство ќе биде без дефанзивецот Нико Шлотербек, кој го заврши настапот на мундијалскиот турнир поради повреда на глуждот, јавија денеска германските медиуми. Според извештаите на „Билд“ и „Скај“, репрезентативецот од редовите на Борусија Дортмунд ги скинал лигаментите на левиот глужд за време на натпреварот во саботата против Брегот на Слоновата Коска, на кој Германија победи со ...
Во Кутрал Ко, град во Патагонија со население од 35.000 жители, е поставена монументална статуа, висока 26 метри и тешка 70 тони, посветена на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси. Автор на ова монументално дело е локалниот уметник Алдо Бероиса и го прикажува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во дресот на аргентинската репрезентација, како клекнува со крената и стегната десна тупаница, а пред него се ...
Против осомничениот сторител е формиран предмет за кривично дело убиство со умисла, што денеска беше доставен до Основното јавно обвинителство во Ханија, по што ќе следуваат предвидените судски постапки, информираше директорот на полицијата во Ханија Канелос Николау за убиството на 45-годишната Гркинка, кое го стори и призна 43-годишен македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина. Николау, заедно со генералниот полициски директор ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска го пофали државникот кој помогна Европа и Украина да станат побезбедни, по објавувањето на оставката на британскиот премиер Кир Стармер. „Станавте државник за две години – нешто што на некои лидери им требаат години за да го постигнат. Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми. Ви благодарам, драг Кир!“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс. ...
Албанските иселеници испраќаат сè повеќе пари дома. Само во периодот јануари-март оваа година, дознаките, според Централна банка на Албанија, достигнале 274 милиони евра, што е зголемување од девет отсто споредено со првиот квартал минатата година. -Дознаките од странство остануваат еден од најважните извори на приход за албанската економија. Нивниот раст, според банката, е забележан во овој период и преку формални канали и во готово. ...
Серија пожари избувнаа во Сплитско-далматинската жупанија во јужна Хрватска по силното невреме проследено со грмотевици што вчера попладне го зафати регионот, јави хрватската национална телевизија ХРТ. Пожарникарите до доцна синоќа се бореа со огнените жаришта во близина на Вргорац, Омиш, Клис и Триљ, а најверојатна причина за нивното избувнување беа удари од гром. Првото жариште беше регистрирано во близина на Биско, недалеку од Триљ, каде ...
Властите поставени од Москва на окупираниот украински полуостров Крим денеска го забранија организирањето одмори за деца на црноморскиот полуостров до 1 септември, повикувајќи се на актуелната безбедносна состојба. „Овие мерки се неопходни за одржување на јавната безбедност“, напиша на Телеграм, Сергеј Аксјонов, политички лидер на Крим назначен од Москва. Тој побара разбирање од јавноста. Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа ...